Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК убаво понеделничко утро :) После подолго време да е така..
    И покрај тоа што викендов не се завртев дома, сепак се чувствувам одморено.

    СДК дека махер сум за трошење пари, успеав за 2 дена да ја потрошам речиси цела плата, сега ќе морам да си штедам и тоа убаво до наредната .
    Што да правам кога не можам да им одолеам на некои работи. Си направив убав шопинг, потребен ми беше, ги почестив најблиските, уживам да подарувам работи кога сум во можност. :)
    Шетањето овие два дена со најблиските беше преубаво, па зарем и тука да штедам, кога веќе си излегол барем уживај.
    Не можам да ги разберам оние кои решиле да одат некаде и да се забавуваат, а да не си дозволат едно кафе, па ако немам да си дозволам барем едно кафенце да седнам и да се опуштам, воопшто не тргнувам. Јас сум таква ако треба и последниот денар ќе го дадам, ама сакам да ми биде убаво на душичкава и да уживам во моментот.
     
    На Barbie20, Girl-50, esperanca и 3 други им се допаѓа ова.
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Конечно се заврши добро.Сега ке земам воздишка и ке кажам:ти благодарам господи што се добро заврши.
    Јас научив една лекција од ова што го доживеав дека секоја секунда е важна,животов бил многу краток и треба добро да се живее....затоа јадете пијте смејте се правете добри дела сакајте се себе за да можете да сака и верувајте во себе

    Воедно им се заблагодарувам на сите феминки кои ме бодреа.

    Едноставно ке кажам ве сакам мои феминки и имајте убав ден :*

    [​IMG]
     
    На Barbie20, Girl-50, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  3. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Убаво понеделничко утро, сите сме дома на куп го пиеме првото кафе :D
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Благо сум разочарана од животецот...седиме вчера во двор кај баба ми...тетка ми од одмор поминаа тука па да се видиме, притоа една изјава ми допре толку до сржта, толку ме здоболе што во моментот ќе рикнев да плачам.
    Мајка ми прашува како си поминале и тетка ми на тоа „знаеш како на одмор“.
    Знаеш?WTF?Единствено што мајка ми знае дека во овие 22 години брачен живот немаат видено ни о од одмор, како таа да знае.
    И ја видов болката во очите на мајка ми и ме запече онака горчливо.

    Нека имаат ако, нека шетаат, нека отидат уште на 10 одмори повеќе од овие 10 кои ги имаа само оваа година, ама криво ми е, многу ми е криво што баба ми ги гледа со други очи и што татко ми се осеќа како помалку вредно дете, а зошто, затоа што не нашол богата жена, туку со мајка ми од петни жили се трудат да ни овозможат колку толку добар живот.Секогаш кога седиме кај нив таа упорно коментира за тоа каде била тетка ми, што правела тетка ми...во домот ако верувате нема жива слика од татко ми, само од ќерката, од ќерката и децата, од ќерката, од ќерката...Секогаш кога седиме таму и јас осеќам како мајка ми се чувствува понижено и како издишува тешко затоа што тие ништо не му овозможиле на татко ми, никогаш не му помогнале за ништо, како го сметаат за помалку вреден, ми се иде веќе никогаш во живот да не ги видам.
    Секогаш си велев мене ми се баба и дедо, па имам должност да одам да ги видам и да ги почитувам ако не да ги сакам, ама луѓе не можам...кога истата таа баба што денес ми се филма дека е многу добра баба оти ми дава пари од пензија, кога јас сум била мала и кога мајка ми работела 16 саати за да ми купи нешто ново како за бебе, таа правела долг во продавница за да и купи на тетка ми и да и однесе и го оставала мајка ми да го плати.А таа млада, на мои години да не згреши, плачејки си ги оставала сите пари таму, за што, за да ја гази цел живот милата свекрва.Како можеш да сакаш ваков човек кој кога го гледаш , гледаш материјалист кој смета дека оние кои имаат повеќе се повеќе вредни личности.

    Никогаш не сум сакала да имам, а да не се потрудам за тоа, никогаш не сум сметала дека оние што имаат богатство се повредни луѓе и сум ги мразела оние кои се такви, а што да правиш кога таквите ти се во кругот на семејството?А најмалку ги сфаќам родителите кои си ги делат децата или братот и сестрата кои те гледат како одвај сврзуваш крај со крај и не те поткрепуваат додека да застанеш на нозе.

    Јас не велам дека тетка ми не не сака мене ми брат ми, но тетин ми е оној кој секогаш скришно татко ми го прашува дали му требаат пари за нешто, секогаш мене или на брат ми ни тутка повеќе пари од што треба онака од срце...не можам да речам дека не ни даваат, јас и брат ми сме добивале од нив безброј работи ама сите тие би ги дала само да видам како тетка ми и баба ми го гледаат татко ми како вреден за почит.

    И така се испожалив јас, ама толку ми е тешко што Господ на некој се заборава со давање, а на други од недавање.Стварно несакам да ги преиспитувам неговите постапките, ама некогаш и тоа се почесто се прашувам дали заборавил дека постоиме?Стварно не барам многу, само сакам мајка ми и татко ми да се осеќаат толку удобно во животот како количеството на време што го поминале работејки деноноќно.Сакам да си дозволат еден одмор за да си ги одморат коските и душата без грижа на совест, зошто заслужиле и многу повеќе.Еден ден да се разбудат и да бидат среќни зошто им стигнуваат пари за да ги платат сите сметки, да купат храна и да имаат за мене и брат ми доволно за се што ни треба и да престанат да се грижат, оти сериозно сум јас загрижена да не ги мавне некој срцев удар.

    Јас си го сакам животот, ама на моменти ми е толку тежок и горчлив и неправеден и толку боли луѓе.И јас се осеќам мизерно што се жалам покрај толку фамилии што немаат ни за леб, страдам и за нив и не велам дека не е праведен само кон нас, туку општо не е фер.Стварно не е фер.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Sweetheart87, kate21 и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Моите комшичиња си пеат „чке београдске“... :x
     
  6. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Почитувајте се меѓусебно, бидете си подршка еден на друг, сакајте се, поминувајте го времето заедно тоа е највредното нешто што може да одржи едно семејство, сите некогаш во некој период од животот сме поминале низ тој трнлив пат од кој мислиш дека нема излез, во тие моменти покажете си дека има нешто многу помоќно од парите, во тие моменти треба да се покаже што значи зборот семејство покажете си секој ден од вашиот живот колку сте си важни еден на друг ,нема нешто поубаво од тоа, не заборавај на никој не му е идеално. Имај убав ден :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Не дека некои луѓе никој не ги разбира, колку страдаат и колку им е тежок животот - туку се ненормални, и кукавици. Ако мислите дека никој не ве разбира проверете се себеси два пати пред да го превземете наредниот чекор. Може и до вас да е.
     
  8. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Ако некогаш си помислите дека сте баксузи, сетете се на мене :

    Отидов до продавница.. Зедов што требаше да земам, и баш пред вратата се лизнав и си ја свиткав десната нога.. Не можев да ја мрдам од толку што ме болеше :doh: .. И ајде некако успеав да одам, иако не ја осеќав ногата.

    И повторно, на една нерамна удолница згазнав накриво, и (крц) отиде ногата :doh: Си ја скршив долу, кај стапалото :worried: Не можам да го опишам чувството.. Грозно :( И не е само тоа, како јаготка на шлагот, не можејќи да стојам паднав наземи и си ја пукнав подколеницата :doh: Среќа што несреќата беше пред куќата на вујко ми . Веднаш излегоа и ме однесоа на болница :sweat:

    Ми се плаче кога ќе помислам на тоа ;( Нема да можам да одам ? Нема да можам да трчам заедно со внучињата ? Ќе мора цело време да сум легната на кревет ? :@

    Како и да е, внимавајте на себе, никогаш не знаете што може да ви се случи..
     
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Се мразам себеси.
    Многу.
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Срекна сум... најсрекна... посрекна здравје :D уффф... колку ме израдува од сабајле, иако не знаеш каде ти е глевата од работа успеа да најдеш време и да дојдеш да ме изненадиш... :inlove: колку ми беше најпрекрасно кога ги отворив очите и те видов до мене на креветот :o како те пуштила мама не ми е јасно :rofl: среката моја си ти дојде заедно се напивме кафе и денот ми тргна , не , не ми тргна ми летна како ластовица :clap: ТЕ САКАМ, ТЕ САКАМ , ТЕ САКААААААААААААААААМ секогаш засекогаш :*
     
    На Barbie20, Serafima, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.560
    Пол:
    Женски
    Одлепувам луѓе ,ни супер лепак нема да ме залепи.Депресијата се враќа на голема врата,ме мава апатија и безволност зачинето со некој необјаснив умор.Супер, нели?
    И така сабајлево како ранобудник,уживам во тивкото утро,ги слушам врапчињата со нивните песни.И ете...се опуштам.Ама јас не сум јас ако и во опуштањето не заебам нешто.Си ги бркам мислите,си велам ај доста филозофираш мисли нешто паметно.И така се ројат идеите за ручек,па префрлив на шајката која вчера 5 пати ја ковев,дали се уште стои,па се префрлив на мајка ми,па....како да ја натерам машината за перење на центрифуга да не го изигрува Елвис Присли и тука се блокирам.И околу сите ситни заебанции кои морам да ти правам ,бидејќи мојот сопруг-љубимец,често пати знае да постави дијагноза најчесто смртна...јас поправам ,доштрафувам..и толку.Бездната пред мене се отвара.Не чини многу да се мисли.
    И тогаш ,пак се преслушувам себеси,која сум била,што сум и што ќе бидам.
    Сопруга,мајка,кралица.
    Ова сопруга е по игра на случајноста,ова мајка благодарение на природата.Е кралица не сум била.Ова кралица не знам од каде ми текна.Никогаш досега не сум се послужила со аргументот -јас сум женско,јас сум дама,да се покондирам и да го подигнам прчестото носе(кое патем не е прчесто),да ме боли она што не ме боли,да ми се јаде она што не ми се јаде.Кога сакам да сум кралица а не иде,тогаш се исплачувам и одам понатаму.Колку сум смотана дури ни штрајкот со секс не ми успева.Проста жена.Ништо од мене не направија оние списанија со силни совети.
    Ама во овој мој мал и прост живот на сите оние кои биле во допир со мене,и кои налетале на мене можеби како кец на десетка,имале некоја корист од мене.Дали болничарка,рамо за плачење,често пати финансиер без камата,мајстор,молер....И си ги набројувам така работите каде што секаде сум ги замешала прстињата.И одеднаш гром од небо,од сите тие работи јас всушност ништо не знам да работам професионално.
    И така , животов често пати ми се има случено да ме турне на сцената и да ти каже декларирај-сакаш монолог сакаш рецитација,и се разбира гледај на крајот публиката да ти плеска со рацете.А мене нешто ме штрецка и ме гуши.Се губам и потонувам.
    Аплауз,ќе го има ли на крајот?
     
    На Trnche, Sweetheart87, stetoskop и 24 други им се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сакам да упатам еден огромен поздрав и благодарност на чуднава животиња што ми се котрља по канцеларија, ми го направи денот забавен и со фискултура. Не е ниту скакулец, ниту оса, ниту гасеница, нешто специфично смешно и грозно. Пола саат се обидувам да го мавнам од тука на сите постоечки начини, ама не сака да слушне. Пробав да го плеснам 3-4 пати, има некаков оловен оклоп и едни очи огромни со антени црни, ме гледа во стилот - немој да ти станам да те размавам, ти со папката што ме чешкаш тука, јас имам цел во твојов офис, остај ме да си одам по патот. И сега му се смачи на величеството бубачко моето константно посматрање, па се скри под полиците, и сега дека ќе чепнам таму да извадам документ. Пред неколку дена ми се јавува мајка ми, и вика знаеш дека има една оса што се испозакачи на завесата, и има две боцки. Газот и се дели на две боцки. ОК викам, шлапни ја со некоја книга подебела, и толку од неа. Арно ама и таа некоја оловна, не се утепувала, среќа се мавнала од дома. И си размислувам јас така, што побогу направивме?! Гледам некој прилог некни во Јапан таму од радијација почнале прилично чудни створови да растат, чудни земјоделски култури. Кај нас некои чудни оловни летачки створења со одело а-ла Ајрон мен, куршум не ги бие, сабја не ги сече. Да не почнеме да раѓаме (чувај Боже) и вакви оловни деца за едно 300 години?!?!?! Онаа популарната изјава на нашиот дотичен спортист - Леле што направивме некако многу ми е блиска во последно време. Да не ни се криви вонземјани што си ја направивме планетата каша-попара? Колку сме безобразно себични, стварно заслужуваме да не изедат некои грди бубачки и да се испотруеме со радиоактивни чудни зеленчуци. Да ти е страв компир да купиш, гледаш сечеш и ОП! Внатре лубеница. Прстот на глава луѓенца, не е планетава само за нашата генерација! Да не го дозаебеме она што нашите ептен блиски претци го заебаа...
     
    На la-chicka, MandyLane, imelda и 10 други им се допаѓа ова.
  13. NiagaraBoy

    NiagaraBoy Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Сите овие години во светот се менувало се по нешто, се развиле дури и техничко-технолошките промени но само едно останало безпроменето, а тоа е љубовта кон мајката :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Ајде веќе да наполнам и јас 18 и таа лична карта да ја земам веќе и да завршам школо и да се вработам веќе да не трпам никого да ми кажува каде одиш и не смееш и дома да бидеш до 11ипол и несмееш дечко да имаш :@ ми се свачи веќе,4-5 години го трпам ова и ако ми пукне филмот тогаш јас сум ненормалната и лудачата и што тоа они лошо ми направиле.. АААААААААААА :devil: :@ :@ :@
     
  15. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Како по некое непишано правило , одиш некаде подалеку од својот дом и среќаваш луѓе што најмалку сакаш да ги сретнеш. :!:
    Ту баксуз. |( :tmi:
     
    На Glossy-girl, Barbie20, Dog-lover и 7 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    една поранешна колешка и сегашна пријателка ме просветли пред малку-не е од злато ама исто ко да е
    патем, дознав кога и е роденден :)
    кога некој ке биде вработен/а во некоја фирма/компанија на некое работно место тогаш објавувале надлежните оглас-тоа било законски-пред некое време слушав од луге, а ние невработените што ги следиме огласите гледај огласи и пракај цва со апликациони писма ко луди :doh: :fubar:
    кој знае што далавери се прават низ фирмиве :x

    и толку од мојата крштевка-ме просветли жената што е одговорна за тие работи во црквата св. Петар & Павле-денес ептен сум просветлена нема што :D дека била на 12тти Јули во Велес а во Скопје веке 3 години нема групна крштевка-здравје летото 2014тта со Господ напред-криво ми е толку сакав да се крстам :doh:
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Нека го утепа некој Понеделников.Неподнослив ден е !
     
  18. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска ми е роденден,и дека моите другарки го направија овој ден да биде уште поубав. Ги сакам најмногу :inlove:
     
    На L0ve, Barbie20, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Girl-50

    Girl-50 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    842
    Животинчиња :sun: Абе сите си ги сакам, душичиња се.
    Ама кај кучињата има нешто посебно :wasntme: Како малечка многу се плашев од кучиња. Мало, големо јас бегав :lol: Еден ден си зедовме малечко кученце. Тоооолку многу го сакав...
    Заради него ги засакав сите кучиња. Тие разбираат кога се плашиш од нив, а кога ги гледаш со љубов.
    Како луѓе се. Кучето навистина може да ти биде пријател, ако ти му дозволиш и кон него се однесуваш пријателски.
    Никогаш не го разбрав насилството кон животните. Каква душа имаат тие луѓе? Што ти сторило едно мало, невино маченце..? :worried:
    Како и да е... И сега јас имам кученце, кученце кое најмногу си го сакам.
    Ништо не ве чини да му подарите малку љубов, да го вдомите. Верувајте, и тоа како знае да возврати на дадената љубов.
    [​IMG] :rofl: Поздрав
     
    На Sweety-90, Barbie20, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    За да кажеш дека познаваш одреден странски јазик ти треба многу повеќе знаење од броење до 10, Здраво, Чао и мама, тато...
    Подобро да кажеш дека не зборуваш странски јазици отколку да се резилиш.
    И да, српски баш не е некој странски јазик. |(
    Сезнајковци - Незнајковци :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.