Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК да се пазите од тие мирните испод мира триста вира што викаат србите,а не од тие што имаат цврст карактер,немаат влакна на јазикот и ви кажуваат се во лице!!!
     
    На srcekrsacka и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Дали ќе дојди тој ден да ме моли една личност која се прави дека е нешто,а е ништо?
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.996
    Пол:
    Женски
    Да ти се плукнам во докторите во маливе градови, абе цркни бре стоко една необразована, ти ли најде доктор да бидеш, на тебе ли остана луѓе да лечиш, идиоте еден, дај одлучи се што сакаш во животот, да бидеш доктор или политичар, алкохоличар еден. Не ми се верува што се добива диплома на денешницава :@ :swear: :x Да, лута сум му, не разговарам со него, го мразам што и го крати на мајка ми животот константно, ама не значи дека ми е сеедно што во моментов се борат за неговиот живот во болница ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Викендот ми беше најубав. :inlove:
    Плажа, море, сонце, јас и тој заедно малце подалеку од нашиот град и од луѓето кои секојдневно ги гледаме и слушаме. Без интернет, без телефон едноставно никој друг не ни беше потребен. Си уживавме заедно. :$ Плавање, сончање, шетање, романтични вечери...колку ни беше само убаво... :)
    Добро ни дојде ова се одморивме малку. :D Беше кратко ама слатко. :P
     
    На srcekrsacka и ljubovche им се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Решив да ги носам сите танга гаќички кои некогаш сум ги купила, а така нови си седеа доста долго. Секогаш кога си купувам гаќички многу ми се убави тангите, така цаканки - имам некоја чипкана со срценца, некоја свилена со уснички, друга санта танга, па триста други бели невестински :D (едно време белите ги купував налудничаво). И незнам зашто јас само си ги купував и после не ги облекував. Мислам знам, не ми беа удобни!
    Ама еве, откако си ги изгубив мистериозно пола од обичните мои омилени гаќи сега се учам да носам и танга. Во време на криза се привикнувам на тоа што ми е на располагање. Признавам дека кога ги носам со кратка суќничка се осеќам како некоја распуштеница чија следна дестинација и е некаде кадешто би си одржала некое сексуално општење. :tmi: Пусти предрасуди.

    Уште нешто, од кога е убаво низ град да шеташ со кратки панталончињА или суќна од кои пола газе се таласи и гледа? Јас разбирам така да шетате на туристичко место, таму и јас сум таква. Ама неможеш бе така да одиш на кафе во 1 часот на улица Македонија или никако на работа. Се знае поштено кратко кое е а кое распуштеничко. Искрено обожавам да видам девојка која е згодна и која носи кратко. Сакам кратки работи, но се знае истите да не откриваат газ, туку да прикажуваат добри и убаво одржувани нозе.
    --- --- ---
    Абе напатена душичката си ти. Сиротица! Сигурно ти е тешко како што и ми кажуваш. Едвај си ставила крај на долга врска. Ама некако само на зборови како да ти е тешко. Некако многу им се пушташ на сите машки бе, а нели па велиш тажна си затоа што си му раскинала на бившиот. Ќути не зборувај. Продолжи да флертуваш дека нели ти се можело.
     
    На Barbie20, Markusa2 и ljubovche им се допаѓа ова.
  6. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да дојде другиден и да ги видам другарките аххх конечно да се собереме и да се расприкажеме како порано и да се смееме бесконечно.Едната засекогаш заљубена, другата како моден гуру, добро третата е малце лошка ама ај си ја сакам и тоа многу ;) . И да мило ми е сто сме четири што се дружиме највеќе бидејќи ако сме повеке би настанало збрка и да со другите сум само пријателка а со вас девојки сум најдобра другарка (да се разбереме знам дека пријателка и другарка е исто но пријателка некако и е поформално) :rofl: ииии да добро е што ве имам вас и жал ми е што кје се разделиме во септември бидејќе не знам што би правела без вас девојки имате најголем поздрав од мене и се надевам дека знаете колку ве сакам но не си ги покажувам чувствата... :$ :* :*
     
  7. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    положив и диплома зедов
     
    На gothchick, Dog-lover, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Многу брзо ми помина летото,дур се свестам дека сум на распуст тоа помнало.Досадно е веќе ај нека иде Септември ми се оди во школо,ова е прво лето во последниве 3 години да сакам да одам во школо.Иначе си ставив вештачки нокти прв пат у живот ставам ии сега како фатена сум во рацете.Јас имам убави нокти и сите ми се чудеа зашто ставам ама ај и јас да пробам,не можам да пишувам многу е глупо ама ај ќе чекам до задутре да ги извадам ептен денес ги ставив да не биде џабе за парите :D И така,иначе ова го пишувам 3 саати заради ноктиве :rofl:
     
  9. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Библиотека .

    Сакам една прекрасна просторна библиотека.
    Каде би можела да бирам помеѓу најубавите наслови некогаш издадени.Да се губам помеѓу тие совршено исткаени редови.Да тонам во тој чудесен свет.
    Секогаш да имам избор.

    Родена сум со листа на книги кои треба да ги прочитам, и сеуште мислам дека нема да ја завршам таа листа.

    Премногу се.
    А би сакала да се и повеќе. :)
     
    На L0ve, Primavera, Butterfly14 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ех...
    кога веке не се може да се оди на одмор, базен опцијата е ок :)
    што незнам да пливам незнам-ама колку да не се удавам знам :D мавтај со раце, нозе и не бери галје 8)
    а сега како што почна со работа Аква паркот-рај за очи, тело и душа да се нурнеш во подлабоко и да им се препуштиш на водените таласи да те носат а за животот ке се погрижат лајф гардите не дај боже ако дојде до толку па и вештачко дишење ке ти даде тој што ке те спаси-ке биде усни на усни работава :D
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... hDEEGcV4k-б-блазе Ина :$
     
    На Barbie20 и leighton23 им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Тоа сонцево како излезе оваа година, тук там по некое бело памучно облаче, растера облаци и од небо и над глава, а богами и згреав коски конечно. :sun: :sun: :sun:

    Последниве неколку дена се чувствувам по жива од било кога. Не ми е од сонцето, ама не ви кажувам зошто :P
     
    На tessie, Annath, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сама дома + две мали брлави деца на гости (кои се уште не знаат да пливаат, ама имаат голема желба да се брцкаат во вода). Изгледа универзумов ја става на тест мојата трпеливост...
    - Дада Ане ај напрај ми цедевита.
    - Мене донеси ми сладолед! Ама не од тој со вишни, туку од тој со лешници!
    - Ај сликај ме како пливам!
    - Ај мене сликај ме под вода! Само чекај да земам воздух...
    - Дада Ане ај речи и на сестра ми да не ме прска! А бе ти реков да не ме прскаш!!

    Трчај горе-долу по скали, носи им цедевити, сокови, сладоледи, сликај ги во вода, сликај ги под вода, викај по нив... ме шизнаа! Oткако ме направија жива вода, ме натераа да се дерам по нив затоа што не сакаа да излезат надвор. И замислете ме мене како викам по две блесави деца, а тие само си се кикотат и си седат на средина на базентот, затоа што не можам да ги дофатам од страна!
    Сега ја сфаќам мајка ми кога ми викаше да излезам од вода затоа што ми помодрела устата :lol:
    Ама ги разбирам и нив - детска радост :angel:

    Некако успеав да ги извадам од вода, па да ги легнам на лежалки на сонце, за да се згреат и исушат. Не знам дали беше од пливањето или од ладната вода, ама после кога седнаа да ручаат, изедоа повеќе од вообичаено. Па со мерак ги гледав како слатко си се гостат :wasntme:
    - Дада Ане, ти си најдобра дада на цел свет! Извини што те нервиравме (и ми приоѓаат да ме гушнат).
    Ајде, ајде - им викам. Не мора да ми се умилкувате за да дојдете и утре.
    Ама утре и јас облекувам купачи, па само нека се осмелат да не излезат кога ќе им речам ]:)
     
    На CoverGirl10, Sanniii, sweet-cherry и 37 други им се допаѓа ова.
  13. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира која им е потребата на луѓето да ставаат слики од само што родени бебенца на фб???
    Значи уште во болница ги сликаат, само што породени, уште немаат отворено очиња тие блицеви и трап право на фб.Според мене е несватливо.
     
    На Buttterfly, sweet-cherry, Sweetheart87 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    За да видат роднините од Австралија, да фрлат по некој долар.
    Понеделник, за некои обичен работен ден, почеток на нова напорна недела, мене денес ми беше прекрасен зошто си направив нешто што многу сакам за мене, си се подновив 8). После разделбата ми требаше и мене малце опуштање. За некој ден фејс ту фејс, ќе фрчат шамари, клоци и боксови... Тепачка сум од мала и изгледа сега тоа потиснатото во мене исплива на површина :rofl: :rofl: ]:) :rofl: :rofl:
    Треба да почнам да учам ама се ми е накако поинтересно од графиците и табелите. Ајде за пола час и ќе почнам, да се надеваме. :!:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сите се плашиме од нешто :!: барем јас да!.
    како помала кога ке ми болеше заб лелеее колу страв имам да одам на заболекар :^) плачев де плачев :!: ама ке одев ке правев заби еднш па уште еднаш и некако стравот од тоа измина е сега има малце болка ама сепак стравот не е толку голем :D сега се смеам од тоа...
    се плашев и од други работи и помина и тие ете се случија и сега иде и други стравови :!: си мислам како иде нов предизвик и кога се случува тој си викам помина и тој пред него па ке помине и овој п. I после него тој што ке биде :!: значи ке ги поминиме нашите стравови а потоа и се смееме дека сме биле плашливи :D таков е животов!. UBAV :)
     
  16. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    На почетокот на месецот времево ме натера да се подразмислам дали да одам на одмор оваа година ама пак решив да одам.Да се откажев сега ќе се каев.Неможам повеќе, едвај чекам да дојде сабота, да се брцнам во вода и да се опуштам малку пливајки. 8)
     
    На Perina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Значи фала богу што не сум се метнала на мајками,абе пред секое тргнување некаде мора нешто да заборави каде ставила и ајде натаму наваму бркај,барај,и тоа се случува буквално пред секое тргнување некаде,секогаш ја чекаме,е денес ми пукна филмот,заборавила кај го ставила писмото од банката бидејки требаше да се плати кредит кој она заборавила дека треба да се плати или пак се водела шо тоа што некој друг и го кажал а не во банката и ајде таткоми сиротиот трчај ваму таму пребирај пари од 3 вида картички,до скоро си мислев дека он е крив кога се нервира ама имал челични нерви штом го истрпе ова од денес,и ајде го најдов јас листот ама после одиме да смениме пари во денари и само што сменивме ми вика а можеби на друго место повеке ке ни дадат за тие пари и стои и се мисли и викам незнам и зема праша на друго место и се врати зема парите и незнам како и ги вратиле и ги однесе на другото место и после пак ги зема од другото место и ги оденсе на првото место а јас само чекам надвор и гледам па неможеш да убедиш поинаку треба да се скараш,и ајде отидовме пред банката да го чекаме таткоми и и текна дека требало до друг банкомат да одиме и ајде одиме и за малер не работеше а и не беше блиску,едно кило сум ослабела денес секако,а требаше на работа да дојдам и изморена дојдов на работа и закаснив 10 минути и ајде овде со газдарицава и она ме подбра со работа,па пак ме прати по жешкото по ситни пари она си отиде,сама останав да работам па ајде луѓево ме зајадеа се на некој нешто му фали,некои па ногу си дозволуват само ке те гњават за некоја ситница,уште нервозава неможам да си ја оттарасам некој срцев ке ме сполети некој ден,па уште кога дознав дека земам најбедна плата а најмногу работам и крај,и како капак на се ми го нема клучот од работа во ташна којзнае кај сум го истресела во брканицава денес.
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Конечно фатив интернет тука. Прекрасна е Будва и топли поздрави од Јадранско. Предобро си минам. Се одмарам за сите пари и кусурот 8)
     
    На tweety26, eliesaab, Dog-lover и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Се повеќе тралалајки песни стануваат хитови и се повеќе девојки со целулит се растресуваат по спотовите. Дали имам јас многу истенчен вкус или се дешава некоја гадна космичка промена?!
     
  20. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Љубовта мора да има за кого да се лета со пар крила со едно едвај се балансира...Ништо не почнува со толку големи надежи и очекувања како љубовта, а кои ретко изневеруваат.
    Повеќето од нас проблемот на љубовта го сваќаме пред се како проблем со сакањето, односно на можностите да сакаш.Затоа прашањето е како да бидеш сакан, како да бидеш вреден за некој да те сака?
    Ние мажите на тоа прашање си одговараме на следниов начин:
    -Треба да постигнам успех, моќ, богатство.
    Впрочем за да се биде вреден за сакање во нашата култура подразбира една комбинација помеѓу тоа да бидеш популарен и да бидеш сексипилен.
    А јас пак велам земи го човек како човек и неговиот однос кон светот како човечки однос, само тогаш можеш љубовта со љубов да ја замениш...имајте прекрасна вечер :*
     
    На Sara123, Serafima, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.