Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе го заебеш тој што некогаш те заебал.
    НЕПРОЦЕНЛИВО! 8) :rofl:

    * * * * * * * * *

    И поздрав до сите трудници на форумов.Честитки.Имајте лесна бременост :) :*
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, Jagoda123 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Денес видов жена со розева коса :^) |(
    Сепак си ја одржува уникатноста, нема што :rofl:
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ептен ми е мило што пишувате толку убави работи, што сте среќни, што таков некој убав бран ја зафатил фемина, што дечиња ви играат фудбал, брејкденс и слично во мешињата... значи мераци. Честито нека ви е, нека ви е лесна бременоста на сите. :sun:

    ***

    Мене со денови ме имаше фатено блага, ок, тешка депресија, не ме смееше ниту радуваше ништо деновиве... ама вечерва кога мавнав еден сендвиЧ, се се врати во нормала :D

    Шала на страна стварно поминував низ тежок период, дополнително на се ми беше кавгата со другарка ми. Ауууу тоа беше нов вид на болка која до сега ја немав почувствувано. Претежно секогаш се контролирам, се обидувам работите да поминат помирни, луѓе сме, со различни карактери, со многу дефекти и секако ќе дојде до конфликт, ама до ваква бура прв пат доаѓа. Некои 19 години се дружиме и прв пат беше да и повишам глас и тоа асолно да повишам глас, ама премногу бев повредена значи премногу што секако не е оправдување за моето викање. Во лутината си кажавме некои работи па двете си спуштивме слушалка. И јас мразам и таа мрази да и спуштаат и така како договорени двете си спуштивме. Во истиот момент кога спуштив се покаав затоа што и се раздрав затоа што и таа како мене мразни некој да и се дере (не дека таа тивка беше во разговорот хаха). На сите проблеми периодов оваа болка ме дотепа. Се чувствував како да паѓам во некој бунар, и како упорно да се обидувам да се искачам пак горе но некој постојано ми фрла цигли врз главата и ме симнува се подоле и подоле.

    Денес ми прекипе, го јавнав сабајле точакот и возев додека не се цедев како перен пешкир, си дојдов, се истуширав, ги избркав сите од кујна и цел ден го поминав во кујна. Триста работи зготвив и максимално си ги смирив нервите. Па уште кога овие прсти излижаа од јадењата тогаш веќе срцето ми се нормализираше (зошто нели некогаш од моите турлитави може да испадне нешто што во уста не се става, шансите се 50-50 хаха). Не знам зошто ама кога правам нешто во кујна сакам да сум сама... едноставно си чепкам, си правам, си мислам, музиче си пуштам, мозокот ми е на пасење и некако многу убава терапија ми е тоа, си уживам максимално (што секако има спротивен ефект ако баба ми ми седи над глава и ми попува целото тоа време хаха).

    И така исцрпена си дојдов во соба и гледам на телефонот пораката од другарка ми... две минути собирав сила да ја отворам зошто не знаев што има внатре, а внатре... извинување и прашање дали ќе биде прифатено. Знаев дека не ми се јавила зошто не знаела дали воопшто ќе сакам да зборуваме па и пишав дека извинувањето е прифатено и дека јас се извинувам за моето дерење, таа ми пиша уф ми падна камен од срце па тек тогаш се слушнавме. Овој разговор течеше како мед и млеко, леле пукнав деновиве без тебе, што се имам да ти кажувам, леле и јас без тебе, извини, извини, некоја пауза, не можам да живеам без тебе беее, ни јас без тебе, и така... пројде. Ако не се смиревме верувајте ми дека ќе ја преболев потешко и од раскинувањето, ама значи сериозна сум :D

    ***

    Ако имате страшлив задник не треба да гледате страшни серии. Се навлеков на supernatural и изгледав сезона и пол за два дена и една ноќ и сега само чекам да ми влезе некој врколак, вештер, вампир, дух од тераса и да отидам на другиот свет :D Пак, шала на страна, може вие ќе ми се смеете, ама брат ми не е дома веќе некои 10 дена, а јас кога тој не е дома потешко спијам а сега па и со серијава леле леле. Жими се, чудна работа, кога си е во соба и знам дека е тука ептен лесно си заспивам и некогаш во сон ќе го слушнам како оди доле и сум спокојна, или ќе влезе да ме ѕирне и немам страв едноставно многу мирно си спијам, така се чувствувам и за татко ми, и тој не беше дома до пред некој ден и јас седев до ниедно време навечер зошто не можев да спијам ниту еден од нив не беше дома, а вака кога е дома барем татко ми ќе отидам до вц ќе го слушнам дека грчи (или хрчи поим немам :tmi: ) и се чувствувам мирно некако. Не оти ако ме грабне некој дух тие ќе ме спасат, ама ете таква сум.
    Како и да е брат ми утре си доаѓа па се враќаат работите во нормала. Се се врати денес во нормала и време е за нов убав период што јас со раширени раце ќе го пречекам и ќе го гушнам.

    Не знам што е тоа со животов, таман ќе си речеш добро е ги држам конците во рака и бум некој ќе ти ги исече, таман ќе си речеш аман нека потрае доброво, ќе почнеш во кал да тонеш, сериозно, не е фер. Сфаќам јас јинг јанг и сите тие работи ама дај бре еднаш нека потрае среќата без да ти е страв дека утре светот врз глава ќе ти се руши. Пааа ви се молам.

    ***

    Туку кажете како да се почне со учење и спремање испити кога имате едно купче симнати серии за гледање? Значи треба да се најде стручен медицински термин за филмоманите и сериоманите и соодветна лекарска помош за истите. Кревам два прста дека мене ми е потребна итекако. :D

    ***

    Ај да ви кажам нешто и за него, не оти ми се кажува, ама знам дека ве интересира :P
    Се видовме неколку пати, кога пронајдовме време и простор, чисто за физички потреби(една средба беше така малку со емоции, ама тој беше малку под дејство на алкохол а јас се оправив успешно од таа вечер со една кофа солзи), и не знае апсолутно никој дека сме се виделе(освен 10 илјади членови на форумов), и навистина е тешко целото време да си повторуваш како некоја мантра мече остави ги чувствата заклучени, заклучени мече, заклучениии, закопании, мече слушаш ли заклученииииии а тие пустите со сите сили се борат да излезат на површина поготово кога 4 години сте барале нешто од него во врската а го добивате откако раскинавте... ама нема да дозволам да чувствувам зошто ја немам силата пак да издржам повредување и толкава болка. На крај краева да бидеме искрени нас двајца не бива само во една работа... да не нагласувам сега која, кхм, се разбираме. Друго ништо од нас не бидува. Тоа е што е. Чувствата заклучени, (доказ за ова е тоа што се договоривме заедно да го гледаме деспикбл ми 2, ама по моето длабоко анализирање на ситуацијата заклучив дека тоа ќе биде како нашето претходно романтично гледање на првиот дел од цртанот со некои непотребни емоции па си го изгледав сама :D )

    ***

    Годинава нема одмор, нема море, нема ништо, затоа со мајка ми овие 7/8 дена додека бевме сами дома купивме нови прекривачи за во дневната, купивме и многу други работи, претходно земавме и нови теписи за во мојата и на брат ми собата, си купив и џогер за терасата ехеее... па на кој му треба одмор? И онака еднаш неделно ги држам стапалата во леген со вода и сол, ете ми море, ќе замижам и ќе си замислувам некоја плажа :D Ај оваа година ќе се слабее (тука не го приметувајте горенаведениот факт за сендвичот хаха) и ќе се спремаат испити, а наредната со дипломско капче на глава и добро тело ќе се фрцкаме на некоја плажа. Ми лајк ит.

    ***

    И за крај да ве поздравам и да ве известам дека ако се прогласи во светот дефицит на лубеници и индиски ореви во мојот стомак се. :D

    Бидете умни, ви праќам гушка.
    Добра ноЌ.
     

    Прикачени фајлови:

    На Libera, ana-girl, Neytiri и 40 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    ^Еј па ти Теди чекаш вампири, духови да ти влезат, јас и после 8 сезони и тоа секоја епизода по 2,3 пати изгледано го чекам Дин да ми дојде :P вампириве итн не ги ни приметувам покрај него (да не ме слушне Кравче ќе има тепачка) :rofl:


    Само да ве поздравам со сликава од сабајлево, нема само Скопје двојно/дупло виножито има и Мелбурн ]:) :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Libera, Foreveryoungiwannabe, ozbilnazena и 23 други им се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Си читкав во темата Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично :) и едно мислење така ме погоди и ме натера да размислам убавоо. Човекот го засакува и тоа што не го сака, само да го заборави она што го сакал.. мислењето е на кикав
    Ќе можам ли и јас кој ме знае дали ќе биде лесно да го сакам него а да заборавам некој што сум сакала повеќе од година дена :x Се плашам и јас да си дадам одговор на ова прашање а кога ќе подразмислам всушност во мојава ситуација можеби и нема одговор.
    Нели велат ако пробаш ништо не губиш, е јас ќе изгубам и тоа нешто скапоцено можеби :!: ќе ја изгубам насмевката на моето лице што цело лето си ја имам. :|

    *********
    Мразев мразам и ќе мразам луѓе кои се самобендисани |(
    Се кај нив е најарно се тие имат нај нај убавооо они имат се у животот а у фаца ти плескат дека ти немаш, :doh: па имајте осет бе луѓе нели знаете дека можеби со тоа некого повредувате и тоа многу, но не очигледно не знаат, илии можеби не им е гајле за другите ни малку како ќе се почувствуваат. А најтажно е што ти и да знаеш нешто и да имаш или можеби ќе имаш можност да го имаш ти немаш можност да го кажеш оти се разбира само тие зборат. Секоја ден комуницирам со ваква личност, за жал :emo: ама верувајте една ден има се да и изнакажам па ќе видиме кој е кој.

    *********
    Инаку гледам форумот во последно време ни е труден :rofl: постојано по некоја феминка ни кажува дека е бремена. Па нека ви е со среќа на сите бремени феминки, имаје лесна бременсот ви посакувам од се :l: ве :hug: сите.
     
    На Serafima, Barbie20, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Хахаха на секој саат пишувам нешто шала на страна дома се чуствува расположението пред одмор,сите го чекаме петок ајде еве го кај и да е ќе дојде како дошло така пошло :lol:
    Ми дојде и мене редот да одам да се исунчам и да уживам на плажите на Парга со некоја добра книга,музика освежувачки ладен сок кога пишувам добивам се повеќе и повеќе желба за уживање :D


    Епа сега по 363 дена без плажа дојде ред за одморот :D



    Незаменлив поглед мора да признаам и по првпат на јонско море :) Ќе ми фалите гушки до сите :hug: :hug: :hug: :hug: Иако одам за 2 дена се повеќе и повеќе ми фалите :$ :$
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, Someonespecial, Agawa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    3.628
    Ако ЖЕНА реши да се одмазди, НИКОЈ и НИШТО нема да ја спречи во тоа!
     
    На swrcii, Agawa и Butterfly14 им се допаѓа ова.
  8. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    На растанку срце само каже....ја чу се вратити....
    А сад адиооо...а сад адиоооо...и ко зна где, и ко зна кад.....
     
    На WarriorAngel и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. jovana.stojanovska

    jovana.stojanovska Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    се вратив од одмор... ии секогаш сум разочарана кога ќе се вратам боја никако не фаќам :(
    сонце,море,друштво,плажа и он.Нешто најубаво :D
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Оф Боже! ЈАс сум отворила прозорец за да се луфтира и влегува воздух,тоа ми влегува мирис на лепче печено,од пекара,има една во близина,ќе полудам! Лиги ќе почнат да ми течат,и онака ми се јади,ама нема сега!

    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, Foreveryoungiwannabe, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    3.628
    Па... полесно е да се остане буден до 6 часот од колку тогаш да се стане.
    Неколку дена по ред истава приказна и за некое чудо, да не се урочам, добро функционирам.
    Добрата ствар во сиот овој неред и хаос наречен мој живот е тоа што сепак си наоѓам ситници за среќа.
    Без разлика дали тоа се изгревањето на сонцето додека месечината сеуште е на небото, утринското кафе со мајка ми пред да оди на работа (ретки се овие кафиња, затоа и ме радуваат), разлистување на Фемина, некое добро филмче кое би ме мотивирало на начин несфатлив за другите... Всушност, поголемиот дел од работите што ги правам се несфатливи за другите. На крајот на краиштата, кому му е гајле?! Јас сум јас, другите луѓе се други луѓе!

    Ја сфативте поентата?! Мислам дека не.
    Нема врска, како и да е. Ајде убав ден.
     
    На Divinebutterfly, Katerinceee и Agawa им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.368
    Доброутро вие нормални и паметни луѓе и сите оние богати и распрдени деца што се прават паметни,а начукале 28 години и завршиле арт и дизајн на ФОН! (не-не, никад нема да ве земам за пресериозни, кој ви е тој факултет о вие уметнички души? Ве обединува идејата дека засекогаш ќе живеете од парите на вашите родители.)
    Си галка сонценцево, ама има да не спржне до крај на денов!
    Ден за кокос и ме боли некој (полов) орган што Македонија нема море и што ќе ме носат на убавини в доцно попладне!
    Ла-ла-ла лаааа-ле-ли-лаааа!
    http://www.youtube.com/watch?v=V9A1JLlwUaM

    И да... факт е дека светот е убав и сите тие негови валина скајс од зајдисонца, така што земјата си пали цигарче после феноменален оргазам откако водела љубов 12 часа со сонцето! Облаченца...
    Сан Франциско е редок амерички град кој го сакам!
    http://vimeo.com/69445362
     
    На Trnche, WarriorAngel, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ... И така утрото ми поминуваше убаво, свежо, хармонично, со мирис на загорен зејтин и пржени виршли, што доаѓа од комшиите до мене стандард секое утро ( и ако евентуално некогаш спржат нешто друго, има пакетче виршли од Меин да им купам и да им го тутнам - затоа што мирисот ми стана синоним за утро во мојот ценет комшилук ), и чат пат мирис од трендафилите на мајка ми дома, кога наеднаш бам - на Сител ти се појавува Снеже на утринска програма! И тука целата утринска хармонија и благосостојба паѓаат во вода. Немам пуштено телевизија уште од пред 3 месеца кога бев 2 дена на диета, и нешто длабоко во мене ме тераше да ја гледам Алачки како прави сирењак со баба Зора во природа - според некој си рецепт од прабабата на баба и на баба Зора, така да не знаев што да очекувам од телевизијава општо. :D

    Намонтирана и извештачена насмевка налик Џокер, арогантна појава и глупав лажен став што ме тераат да ми се мотаат црни мисли во глава, пример како стои пред мене со црвен кармин - умачкан на краевите и лудачки аплаудира пополека. :sweat:

    Јас навечер под кревет не барам и очекувам чудни чудовишта што допираат за рака и нога, него Снеже како психопатски најавува реклами. Не дека мене ми е крајно антипатична, ама... размислете два пати кога пуштате телевизија. :(

    ***

    Уште мириса на загорен зејтин, понекогаш дури мислам дека имаат сендвичара дома...
    :drunk:

    И ми дојде идеја дека ми се оди во Крушево, ми се диши воздух Крушевски, ми се јаде локум со ореви што се топи во уста и ми се седи под борови сенки! И ќе се чувствувам преродено ми се чини....


    *слика со локум што се топи во уста*
     
    На ana-girl, CoverGirl10, sweet-cherry и 30 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.565
    Пол:
    Женски
    Не заспав цела ноќ.Не знам колку чекори направив одејќи од една тераса на друга,едно време и на лулашката од дворот.Месечината цело време мој верен придружник.Мисли и сомнежи.За на крај да се спуштам на троседот,и сонував град.Град луѓе ме тепаше.Се обидува ли тоа моето внатрешно јас да ми каже нешто?Решив..не одам.Штом ми се грчи желудникот од помислата таму да работам,не одам.Не сакам да мислам дека ова е последна шанса...ќе има сигурно уште можности.Со сомнежов само си створувам нови тешкотии...не сакам да мислам на тоа повеќе...се опуштам и пуштам нека оди.И така секогаш кога сум се обидувала грчевито нешто да направам не сум успевала.Затоа здравје..до некоја следна можност.
     
    На la-chicka, Katerinceee, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Гуд мооооооооооооооооорниГ расположение до даска чект, музика чект, кола чект и возимеееее. Не се сеќавам кога последен пат било толку убаво. Времево на сабајле е мераци, јас исто мераци и сум спремна за журка. Летото не го сакам многу многу ама оваа година се променија работиве :lol:
    Имајте убав и весел ден сите ситеее ол араунд д врлддддд :*
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека си направила вистински избор.
    Инаку град да врне значело дека ќе ти се исполни некоја желба.
    А ако бараш засолниште од град-некој ќе го искористи твојот труд во своја полза.

    Добро утро и од мене.
    Ништо посебно не се случува, тоа страшно ме нервира.
    Се чувствувам дека ќе закржлавам ако продолжам да не работам ништо (односно да продолжам да работам нешто неинтересно и непродуктивно)
    Мене одамна ми се грчи желудникот и тоа почнувајќи наутро, кога нозете сами се враќаат. :(
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... ај боженце, до кога секое едно одење некаде со Хугото сами, ќе се прогнозира дека од некаде ќе пркне веренички прстен пред моите очи? :D
    И чудно е како луѓето отпосле ми признаваат дека тогаш и тогаш мислеле дека ќе се случи... :D
    Еееееј, абе ти текнува кога отидовте таму? Епа ние стварно мислевме тогаш ќе се случи.
    Лилит прогнозираше дека ќе биде кога ги упознавме родителите и ги носевме на целодневна излет-дружба, Сноу мислам дека кога бевме во Истанбул... или и Лилит тогаш беше... :D
    Другарките кога сме биле во Неготино лани за мрсното безобразно коледе, hint - оти и другарите негови беа со нас, па така имало логика. Зошто - страв ли ќе му држат, серенада ли ќе пеат под прозорец?

    Јас претпоставувам ќе биде кога ќе имам некој тежок облик на дијареа и така нервозна, исцедена и напната ќе квачам врз шољата и за да ме развесели од маката - тадаааааааам! Еве го душо, моментот што сите го чекаа.
    Каква приказна за нашите внуци - како те побара дедо, каде?
    - Ааааааа, пролив кога имав, во wc ме побара.

    Во секој случај јас вистински се грижам за тоа кога веќе ке почнеме да делиме ист покрив, ама сите други блиски се повеќе загрижени за тоа кога ќе ме земел, ДАЛИ ќе ме земел... па суптилно разгледуваме фустани, коментираме туѓи покани, еееееј абе тебе убаво ти стојат тие пунџите тофте, јас така мислам...

    А другарките сакаат да ме намамат со луда моминска вечер.
    A татко ми веќе си скрои план за мојата соба - ќе ја издавал на студент, конечно да спечалел и он нешто, јас сум го ставала вечно во минус.
    Викам - само издавај ја, ќе си го видиш ѓаволот во соседната соба.
    - Ооо, од тебе полош не може да биде и да ми разнесува вампири во 3 сабајле!
    (ова кога дечко ми кришум доаѓаше и си одеше, па татко ми еднаш праша - дали Едвард ми е дечко) |(

    Овај да - сите нервозно чекаат да ме омажат!
    Минус дечко ми. И јас.
    Ете.
     
    На Nade-sunrise, antonina, Trnche и 45 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.368
    Леле луѓе мили какви луѓе чудни запознавам деновиве...се прашувам дали се они чудни или јас...ама не,не, до нив е. Ова е богатство од чуда на чуден начин, ако се прашувам јас,па и не многу убав. Не можам да се начудам,па мора да си се истиштам тука.
    Ама многу се бре!!! Многу ги има!
    Бидете среќни што сте здрави барем малку со паметот. Ова е тотално аутирано.
    Жими се едвај чекам да помине ова искуство со луѓе од Западноевропски земји и некои тро посеверни земји во Европа,зошто стварно не ги разбирам и не се пронаоѓам меѓу нив. Дајте некоја топла крв и некоја животна нормалност. ОВА Е БРЕ СВЕ НЕНОРМАЛНО!!! Затоа сум неарна деновиве, од нив ми е, како суѓер ги впивам.
    Леле,леле,да не почнам да раскажувам од каде до каде се овие лудости. Мене ми е луд овој себичлук, егоцентризам и занесеност по глупости. Гледам, се чудам и си кажувам молитва Лилиткова у себе да си останам присебна да не им се изнасмеам без грам срам,ама онака од срце да се изнасмеам.
    Не можам со ладни луѓе и точка! И не можам со баш вакви. Толку посветени на себе, толку затворено посветени, себично посветени, досадни, ЛАДНИ!!! Значи од Словенци ако почнам друг свет се, не пак нагоре кога почнувам да ги гледам... Зинувам, зинувам од воодушевеност колку може на ниво на континетов толку социопати да има. Абе не ги занима кој како се осеќа,ама кога се работи за нив, уау! Они се скапоценост изгубена во прашина, ете толку се вредни.

    А Трендафилке, не бев јас, Сноу тоа со Истанбул. Јас еднаш на шала со пикникот, не бев сериозна. :D
     
    На Katerinceee, Hipster, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.356
    Допаѓања:
    103.044
    Пол:
    Женски
    Морам да ви се пофалам пошто сум преокупирана со дешавкава, значи колешка од работа ќе организира Shower party за бебето кое треба наскоро да се роди и сум повикана заедно со останатите колешки, а покрај тоа сум ангажирана од страна на колешкиве за правењето на Diaper Cake и остала организација на подароците, посреќна не можеше да ме направат колешкиве. Сфатив дека ако некогаш менувам професија ќе бидам Gift Man :lol: т.е. Girl :lol: Многу сум возбудена и едвај чекам да дојде Сабота да се фатам за работа :D Иако ја сметам за оваа практика за помодарство, прифаќање на некои нелокални адети, некако интересна ми се гледа работава ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, la-chicka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Добро сериозно што се случува на некои 20+ годишњаци ,мислам јас ве преценив или... Аман веќе со тоа лигавењето на фејсбук кога ке си фатите дечко , девојка и наредните месеци и месеци и месеци... Сериозно ? Не го надминавте тој период во основно кога прв пат испофаќавте дечковци и девојки и трчавте на сите да се пофалите дека конечно сте се лапале со некој? Мислите дека сите не интересира како ви е у вашата "квази врска" и како со срцушот ваш уживате ваму , правите толку и толку месеци , се сакате највеќе и повеќе од највеќе , ама она тебе повише , не он тебе повише ... Као имате нешто многу свето и возвиштно и нешто што го немаат другите бла бла бла , епа зашто упорно се трудите да комерцијализирате нешто толку свое и убаво ? А ви шараат погледите кога ке излезете сами или на чет обавезно имате по некоја резерва , па сите мање више на овие години сме имале дечко девојка па не се помочавме со него , ја сфаќам од време на време по некој гест ама нели ви е досадно секој ден едни исти фрази , линкчиња и фотографии? А и немој да заборавите да ги сликате свеќите околу креветот , розите во него , романтичната вечера и да ја објавите на фејсбук пред друго било што да праите . па како иначе , треба ли цел град да знае колку "уживате " !
     
    На Nade-sunrise, Monna.Monna, COollLady и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.