Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.868
    Му посакувам на тој што го измислил протоколот, мислам на делот со облеката, да дојде еднаш тука на +45 степени во долги ракави, затворени кондури, и хулахопки, ако е женско де...
    И после да правиме муабет како се облекувало за по официјални настани.
    А не вака таму некој од Енглеска или којзнае каде кај што над 20 степени нема кренато ми измислува некои правила кои тука сериозно ти го загрозуваат животот.

    Туку оваа година се трпи, летово се погоди. Лани мислев дека ќе умрам кога имав една конференција сред јули, на еден од најтоплите денови во секако многу топлото лето. Затворени кондури, хулахопки, долги ракави и пешки преку камени мост... незаборавно искуство!
     
    На Trnche, tweety26, Buttterfly и 29 други им се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сонував како се наоѓам во огромен хотел - град. И секако сите ме бркале од таму. И секако не сум можела да го најдам излеЗот. Успеале момакот мој да го убијат. Мене не! Сум ја киднала јас по стрмнините. Но ме пронашле во тоалетот на друг хотел. :D

    Сопствената психа си игра со мене. Исти сонови ги сонувам со паузи од три години. Сонувам и оп додека уште сум таму на тоа ниво кадешто се сонува, си велам: па јас сето ова сум го поминала некогаш порано - сега ги мирисам истите мириси како тогаш, истите слики ги гледам и поминувам низ истите чувства!

    Барем живеам во соновите. Си креирам светови кадешто правам спој на цел еден Рим и го вклопувам истиот во мистериозен хотел.

    Не би за тие кои лажно се филмаат! Секогаш кога друг ќе ви каже дека сте нешто од оние суперлативи е значајно појако од она кога вие ќе си се испофалите.
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мислев дека добив нова шанса за работа-требаше да биде практиканство со платен превоз до таму па ако се беше ок да премине во работа ама испадна замка-или фирмата не постои, или некој се обиде да ме сопне ама не паднав за срека во таа стапица :whew: и ова беше од страна на Заводот организирано-тие ме известија за оваа т н фирма:!: убаво што татко ми дојде со мене друштво да ми прави-ваков или таков секогаш е тука кога ке ми затреба :hug: мајка ми само се потресува и затоа никогаш не може да биде со мене кога ми треба па најчесто одам сама, сум била на многу интервјуа не ми е страв, ама понекогаш имам потреба од морална поддршка :wasntme:

    и мислам дека е вистинско време да послушам што ми кажа една жена за
    нешто што и го сменило животот како на неа така и на нејзините најблиски -се работи за камен-турмалин во комбинација со молитви и солена вода белки работиве ке тргнат на подобро барем во мојот живот :!: не за џабе се рекло не слушај гаталец туку паталец :!:
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Биваше ли сите 5 другарки едно исто да сонуваме бре ?? :o
    Хауевр.
    Ми се иде на одмор.Мнооооооооооооооооооогу.
    И топло ми е.
    И така. :hai:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    20.973

    Сигурно можеше да бидеш кандидат за Мис мокра кошула :lol: :lol:
    Знам како е...ужасно е. Ама барем нема да добиеш изгореници и алергија од сонцето :lol:
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Татко ми по сé изгледа го фаќаат midlife crisis, па сé почесто почна да добива некои чудни идеи...
    Најново од него - ќе станувал копаничар.
    Пред некое време си купи целосен алат, па згора на сé и книги. Допрва ќе учи да резба.
    И веќе има идеа за првото негово дело - ќе изработел резбана рамка и ќе ги врамел ѓоновите од неговите стари гојзерици (кои веќе се излижани од толку планинарење), па ќе напишел кои планиниски врвови по колку пати со нив ги освоил.
    Морам да признаам дека идејата не му е толку лоша, особено затоа што јас сум си носталгичар, па сакам предмети по дома што ќе ми носат убави спомени. Неодамна неговите гојзерици добија нови ѓонови, па старите не би можеле за ништо друго да се искористат освен за украс.

    Сестра ми пред да отиде на одмор, ми напиша цел ферман за грижа за нејзиново желче.
    Колку пати дневно да јаде, што треба да јаде, колку често да го изнесувам да се сонча...
    Денес земав да му го преуредувам аквариумчево, па му ставив украсни каменчиња за да му биде интересно. А откако успеа да се качи на нив и да излезе од аквариумов, си реков: Алал да ти е мори Ано, желчево има повисок коефициент на интелигенција од тебе |(

    Патем, многу ми е забавно по дома, сама си се забавувам со едно желче и едно кутре.
    Па си викам: Ех, што ти значи кучешка лојалност - јас на диета, па и кутрево не јаде :lol:

    Од жешково не сака да јаде де, ама така си се залажувам :wasntme:
     
    На ana-girl, tweety26, CoverGirl10 и 24 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК станав и отидов до парфимеријата во мојата населба и купив 4 лака од заштедените пари сега сум гола вода на мама и се ближи роденден за 4 месеци и нешто и колку ли ќе успеам да заштедам којзнае :?:
    Бај д веј имајте убав ден :*
     
  8. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    дека брат ми веќе ми оди на нерви.. :@
    Секој што кје дојде, или пак баба ми кога ќе ми понуди сок, благо,пржени компирчиња ја одбивам со „Не ми се јаде“ а брат ми секогаш додава остави на диета е... :devil:
    Аман веќе како мене да не ми се јаде, како јас да сакам што сум волкава... Мислам стварно не е фер да го гледаш јадењето а да не можеш да јадеш

    [​IMG]
     
    На Sara123, rici.aaaaa и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Жешко,тешко страшно е дури....е сега би било добро да сум покрај :?: ;) река,езерце,море а бе може и покрај некој базен па да си пливам да си се изладам малку...ама нема :( :D ке се задоволам со плискање вода.....уф многу ми е жешко :sweat:
     
    На Vik4e и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Постои ли љубовна треска?!
    Од утрово ми се гади.Повраќав. :( :D
     
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.200
    Допаѓања:
    13.037
    Пол:
    Женски
    СДК ... :!: чувството е непроценливо
     

    Прикачени фајлови:

    • 03.jpg
      03.jpg
      Големина на фајлот:
      116,8 KB
      Прегледи:
      678
    На LaraSolare, Agawa, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Се повеќе среќавам млади а неинформирани, дрско и безобразни незаинтересирани за знаење, само млатање во празно, гракање, фолирање со некои елементарни непознавања.

    Жално, навистина жално.
    На сиот тој луксуз, можности и удобности, да се замижува на култура и едукација.

    А мајка ми се осеќала загрозена на нејзини 50+ што немала добро познавање на англиски и се труди да научи нешто плус, чисто за себе, зашто ја осеќа јазичната бариера.
    Што да и кажам, кога гледам 20годишни што уште не ги знаат деновите од неделата да ги именуваат, па не се ни срамат од тоа, туку напротив го кажуваат тоа како нешто нормално, што да и кажам.

    Бесрамно ќе кажам, ме иритираат такви заостанати, затуцани не желни за знаење млади личности, ме нервираат и не сакам да го делам воздухот ни времето со нив.
     
    На Ema.Sk, Neytiri, CoverGirl10 и 47 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    ❤ Сон на летната манџа ❤

    Eте тоа би бил одговорот на денешниов чудесен ден. Топол, напнат, шести по ред како станувам наутро и со првиот зрак сонце читам Нова Македонија, како пензионер, со кафе и коцка лед во него и гувеам. Зелени зраци сонце. Кај се видело! И црвен воздух од пре пре пренагласени уморни испарени мисли.
    Летна манџа. Ја макавме со леб со лук, ко во македонски народни приказни, натофтани и нахранети ко мечиња се валкавме низ соба. Јас и тој. Колку само едвај чекам да одиме на одмор. Не знам веќе. Полудувам од рутинава на работа, ми треба свежа крв, ми треба да требам, во смисла на конструктивни идеи и професија што ќе ме спаси, а нема да ме умира.
    Па ти текнува дека мора да си благодарен за она што е, за утре да бидеш нешто сосема друго. Мириса на пинџури од сите страни. Танц, буквално, од пиперки и домати.
    Вчера во Љубов, пиевме виски и се разглабаа скопските неодговорни лета, кога чекаш до средина на јули да фати припек, се ладиш со коцки мраз по тело ко Ким Бесинџер во Девет ипол недели. Мачето не го земавме, на ветеринар го испитале дали е добро - и утредента пцовисало. Го отплакавме ко да е недајбоже човече. Во постелава спиеме со перници измеѓу, од што ни е топло. Човек, жими се, му се одмилува и секс и се’ зошто не може да се намести ко што треба, жива вода и пот се цеди, ама не од сладострастија, да се разбереме! :x
    И тушот ни е најдобар пријател, кабината ни е кревет.
    А што да се прави. Проблеми.
    Си добив преран подарок за роденден од либето - искористениот му лап топ :lol: :lol:
    Прво не сакав, после си реков - е ајде де. Мозоков ми испари, практично, и сега ми е сеедно. Лап топ. Се запрашав да не сум јас нешто мрдната, што ми е сеедно за нешто такво? :drunk:
    Па јас повеќе сакам кога ми дроби салата, отколку тоа. Ај да не мислам, поарно. :drunk:
    Отиде да купи пиво и вечер ќе шетаме.
    Само да падне ноќ, ќе си излезам од себеси колку ми е топло!

    А да. Најдов паднато размачкано мачмалоу во кујна. Веќе и слаткиве се откажуваат!
     
    На la-chicka, Barbie20, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Постои,како не :D За 9 месеци ќе ти помини :D
     
    На CoverGirl10, sweet-cherry, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Време поминато во активно читање книги и гледање документарци, во молк и отсуство од скоро се околу мене.
    Период на soul searching.
    Ми треба умствена хибернација до која никако да стигнам, а ми се чини и дека постојано одам во спротивен правец. Ми треба за да не доживеам психичка имплозија.
    Сликата што ја имаме во глава за тоа како треба да течат работите во светот и нашите животи е нож со две острици, а мене како да ме сечат и двете.

    Постојан губитник во трката со времето. Не сум сигурен дали пресилно го чувствувам како тече, дали ми е цело тоа преувеличено во главата, но имав друга слика за мене за периодот околу 26-та година.

    До каде сум стигнал? Кои се моите успеси, реално?

    Летово не го чувствувам, и сега дефинитивно знам дека многу работи ги земам здраво за готово.
    Ги гледам луѓето и не ми е јасно од каде ја наоаѓаат цела таа опуштеност и среќа, макар привидна.

    Одлука падна да започнам блог. Односно два. Знам дека во главава и душава лежи доволно материјал за два блога, ама никако да започнам.
    Постојано наоѓам маани и мрчам на околностите дека не се погодени и тогаш сам се замолчувам со изреката дека Ако се чекале идеалните околности, ништо никогаш немало да биде постигнато.

    Хипстер, и јас ја учам мајка ми Англиски. И таа многу често се чувствувала непријатно пред помлади колешки да употреби англиски зборчиња од пусти страв да не згреши.
    Во една пригода кога згрешила, некоја злобна колешка почнала да се смешка и за да не и дозволи да се извлече ја прашувала како кажа? Ајде повтори да чуеме пак? (А не дека нејзиниот Англиски ја надминува Фејсбук сферата, ама наишла на меко па притиснала)

    Мајка ми ја погледнала и ја прашала А да те запознаам со син ми?

    Онемела.
     
    На Buttterfly, Serafima, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден една помала откачена другарка ми рече дека се чувствувала озбилна кога ќе ѝ текне да пишува кирилица онлајн, па уште и со интерпункциски знаци. :D Да ме види како пишувам на форумов, ќе ме рачуна за ептен озбилна. :lol:

    Во контекст на ова... сум почнала ептен да приметувам печатни грешки на интернет. :^)
    Grammar nazi и spelling nazi во едно. Можеби e поради тоа што кога беше актуелен 9gag немаше пост којшто го пропуштав. Ама озбилно, многу неубаво изгледа кога некој објавува нешто на некоја страница и кога ќе видиш некаква глупава грешка уште во насловот.

    А откако читам и пишувам на фемина, убаво ми е и да си читнам и на интернет нешто уредно напишано, со точки, запирки и сите други марифети. :D
    Aбе си сакам јас уредност, и во пишување и во сè. 8)
     
    На Serafima, LaraSolare, Agawa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Спијам на тастатурава |-) бев на базен и сега очиве едвај ги држам отворени :yawn:
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    "Фасцинирана" сум кога ќе слушнам коментари како: Зар женска со целулит е убава? или Како може некоја толку да се ослободи и да шета со виснат стомак?
    Факт е дека 85% од женскиот род има целулит! Ретки се тие девојки кои го немаат. И плус што ако некоја има целулит?! Тоа не и го менува нејзиниот памет и карактер. И тоа не ја прави помалку атрактивна!
    Целулит, стрии, опуштени вени, пивски стомак... Самите си решаваме дали и колку ќе ни пречат ваквите работи. Ако ни пречат ќе се потрудиме да ги промениме лично за нас.

    А пак вакви муабети за физичкиот изглед може да започнат само личности кои немаат идеја за што попродуктивно да разговараат (и затоа оговараат). И само за тоа зборуваат. За затегнати тела! И сум приметила дека девојките кои се обземени со тоа да имаат презгодно тело најчесто имаат просечно лице.
    И се ќе биде ОК, нека се трудат и нека го имаат тоа тело, само да престанат да говорат за другите како се дебели! Бидејќи некој може да им врати таква воспитна кажувајќи им колку лошо лице пак дотичниве имаат.

    Скоро секоја втора женска сака да критикува и да превртува очи на секоја една женска која ја гледа. Почнува да проработува љубомората или не знам што па започнуваат со коментари - Ја виде ли Ена каква беше на плажа, целата со целулит, цицки немаше, а пак газот колкав и е гаденнн... А ја виде ли онаа каква лоша и беше косата, целата неисчешлана (нели на плажа мораме да имаме строго средена фризура и вештачки трепки)...

    Ова затоа што идол им е Никол од пусикет долс - жена која за сите е најубава, а каква е :puke: и со каков распон на интелигенција располага. Таа е толку секси бе! Страшно ако мислите дека таа е секси. По вештачки цицки немам видено, ниту трепки... Сега и јас критикувам малку де :wasntme:.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      16,4 KB
      Прегледи:
      356
    На eliesaab, prettyliar, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Толку ли е жешко, па да одиме речиси голи :tmi: ?
    Вчера го сменив мислењето што го имав за еден дечко кој за неколку недели ке биде младожења.
    Од полавината нагоре гол без мајца, се шета низ продавници со невестата.
    Застанаа да се поздравиме. :o Пропаднав од срам. :$
    Мене тоа на ништо не ми личи.Што ако е машко.Голотијата е срамна за двата пола.
    Добро бре дечки, мажи.. како ќе ви биде ако ние жените се шетаме голи од половината нагоре, нели е тоа исто? :wasntme:
     
    На Serafima, 1209, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37

    Ова особено е многу вистинито :!:
    Обично поттикнати од нивниот просек се фаќаат за тривијални работи како нечии вени. Да им се даде до знаење на таквите дека вените едно спрејче и ќе се средат, и целулит ако има малку ќе се среди, ама вашите фаци (пот)просечни тешко :D ни операции не ве оправаат :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.