Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Многу добро накај одлично ќе им биди :D.Ама во право си нелагодно е надвор од плажа или базен.
     
  2. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Секогаш постои некој кој ќе ти ги растури плановите. |(
     
    На eliesaab, CuteEva, Vik4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Многу често се затекнувам себеси во ситуација да возвраќам на луѓе што ме повредиле, навредиле или на било каков друг начин понижиле. Претходно не се замарав, но веќе почнувам да ја чувствувам таа потреба да вратам.
    Можеби ќе му дојде како начин за да си ги смирам емоциите, за да си се убедам самата дека не се ништо над мене, дека можам и јас да бидам гад како нив. Најтрагично е тоа што ми прејде во навика.
    Сега уживам да возвраќам и на најмало нешто што ќе ме здоболи. Од ќутење и од гушење во сопствени солзи не можеш да добиеш ништо освен нервен слом или разни болести. Кажи што ти лежи на срцето, крај краева, кој на светов е над некој друг, а кој е под некој? Секојдневно слушаме дека сите сме еднакви, нели?

    Не знам дали ми е жал или пак дали сум можеби среќна затоа што сум сфатила порано како функционираат луѓето и општо животот до некоја мера, зошто сум созреала и сум решавала фамилијарни проблеми и сум тешела возврасни додека сум ги слушала своите врсници како се прскаат со вода пред зграда, како играат секакви игри, а мене совеста не ми давала. Уште кога бев мала, беше делот од психата што е најразвиен..

    Сега се сеќавам на бивши другари, другарки, се сеќавам на настани, денови, на многу споделени солзи и насмевки кои останале таму некаде во минатото. Ништо не е исто.
    Умре убавото, настапи на сцена лошото. Она после другарството. Непријателството.
    Нема полошо.

    Живот, викаат.
    Таков е.
     
    На Someonespecial, bittersweet, MandyLane и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Bye, bye Skopje, Ohrid here I come. ^_^ :hai:
     
    На ludoto19, Someonespecial, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Абе 16 год има ејј не е можно такво нешто :lol:
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Морам да си се самоцитирам,за да не објаснувам многу. :lol:
    Со мало закаснување од 3 дена, денес конечно го видов малечкото. Има речиси 2 месеци и ПРЕМНОГУ е слатко. Ова му било прв пат да се оддели од мајка му и братчињата и е малку исплашено.
    Вчера вечерта спиело во собата на дечко ми, до неговиот кревет и му ја барало раката за да спие до неа бидејќи му било страв :D Абе срценце, ви велам многу е исплашено дека нова средина, нови луѓе, се ново. А во дечко ми тотално се заљубило, дури и во ВЦ оди со него :D
    Денес си се изнаигравме, како среќно семејство си бевме сите тројца :lol:
    Еве ви сликичка во спојлер да видите какво е. :inlove:
    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, thinkerbell, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    тенкото црево-според некои луге е безначителен орган-уште едно црево во стомакот де :D
    долго 6 метри-ми кажа лекарот кога ми го снимаа а доктор Оз вели дека е второто срце во организмот :!: па видете дали е уште едно обично црево во стомакот :!:
     
  8. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Колку е убаво она чуството кога конечно ќе го видеш резултатот на твоето долго и макотрпно штедење на некои од заработените пари за да можеш конечно да го направиш тоа за кое што си сонувал подолго време...
    Е денес конечно ми се остари тој сон, денес конечно постанав споственик на своја кола, за некои стара за мене нова, неизмерна радост која што не можам да ја сокријам и која изнудува огромна насмевка на моето тажно лице.
    На сите вас ви посакувам убава и пријатна вечер и никогаш никогаш не се откажувате се од вашите соништа, следете ги и работете макотрпно за нив да ги остварите затоа што крајниот резултат е пресладок :* .
     
    На duffi, sesilija, Neytiri и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.917
    Како сте ми?
    Инаку јас жива, здрава и весела само мртва уморна :D
    Периодов ми е лудница буквално,но чат пат ве читам по малку ,неможам јас без вас.Пишувајте и понатаму за убави работи,честитки на сите идни мамички. :*

    BTW подалеку од љубопитни жениишта!Нека си гледаат во браздата,кобили низаедни :D
     
    На Serafima, Someonespecial, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Денес ќе си легнам малку разочарана. А не знам ни зошто точно. Ама ќе помине. Да се надеваме дека наскоро некои работи ќе си застанат на свое место и се ова нема да биде залудно... Добра ноќ! :hug:
    |-) |-) |-)
     
    На srcekrsacka и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Знаете што ??

    Сакам да заработам доволно за да се тргнам макар на 3 дена надвор од светов. И сакам дда му избегам и на светот и на времето а и на луѓето . Не ги сакам !

    Сакам животни и природа. Ми треба тоа да гледам пред мене. Природа, зеленило, вода, планина .... Ужасно ми треба таа тишина, тој воздух.
    И сакам да зборам и да зборам со некој да си изнакажам се што имам, ама кога иде таков момент молчам, и се навраќам на Ацо Шопов - Тишина
    Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина ,
    тишината сама ќе го рече.


    Зарем не е така ?
    Ова е за мене, ама тишината да е некаде далеку само таму би сакала да слушнам кај што шепоти за се што ја неможам да изустам ...
     
    На CoverGirl10, Serafima, sweetgirl92 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.436
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ќе наумам да дознаам некоја работа ( не мислам на трачеви или вести за други луѓе, туку нешта што ме засегаат само мене и мојата психичка благосостојба ) абе ко сивоња, ко магаре на мост се запнувам. Наоѓам милион приоди и аспекти на тоа нешто што ме интересира и ќе го дознаам кога-тогаш па што и да биде.
    Дури и ако се случи, во краен случај да се откажам, веста по која сум трагала ме наоѓа сама и повторно ја дознавам, само на поинаков начин.
    И сето ова не го правам без причина. Туку, има некој глас во мене, некој инстинкт, за кој не знам дали е проклетство или спротивното, и тој глас ми наговестува каде има чад за јас понатаму сама да го откријам огнот.
    А за жал или за среќа, вистина е, секогаш има оган.
    Го знам она curiosity killed the cat, ама пак не ми доаѓа памет и е посилно од мене...
     
    На anuskaNESTLE, anabel-a, dream.queen и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Dream-girl во денешно време се е можно,како што е можно тоа вечерва што го видов. Народов ептен откачил,ни култура ни ништо,многу филмови гледаат,ама не ми е чудно во денешно време...

    Туку...
    Денес еве вечерва бев до црква,Св. Архангел Михаил е и секоја година се оди и тоа оди цел град. Сите се прават побожни,а се облекле за излегување,по кратки суќнички,кратки фустанчиња,на прерамки,на штикла и влегуваат в црква,епа на што личи тоа бе,кај си тргнала знаеш ли? Не се да ги пуштиш негде културно да направат нешто... А пред некој ден една бремена,бапнала наочари,бел комбинезон проѕирен и танга,тоа газот и рипа,напред стомакот и тргнала накај корзо |( Е на што личи тоа? Ви се молам... Да,секој има право да се облекува како сака,ама со усул малце бре!

    Преге татко ми застанал пред црква во редица за да влезе,сите чекаат,а едни жени постари,од другата страна на редицата се туркаат ли се туркаат,се изнапикаа преку ред.Епа никој не е должен да чека со сати,а некој да се турка таму,в црква влегуваш имај малце култура,арно што не падна некој од таа скалата. Добро што и тезгите веќе неколку години не ги оставаат да продаваат во дворот на црквата,пошто уште поголем хаос ќе беше.
    И ај после барај некој културен и нормален... Ни таму не почитуваат,а не па на друго место да треба со луѓе да се разбериш. :x
     
    На Monna.Monna, Neytiri, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Во животот ништо не се заборава.
    Многумина отишле да живеат на сосем други места од светот ама неможат да ги преболат спомените, не никогаш. Каде и да одиш секогаш се сеќаваш на она што си го доживеал, сето тоа што си го направил и ти го направиле. Никогаш во животот не е ништо случајност, тоа што требало да биде се случило и останува вечен спомен за сеќавање. Колку и да сакаме да го прегрнеме минатото, да живееме за денес секогаш не мачат некој стари спомени некој стари рани во минатото. Не велам дека секое минато е со црни дамки има некој и со убави светлосни моменто кои вечно се памтат како убав спомен, има и такви кои не научиле на многу нешта, некој кој не поттикнале да чекориме кон иднината, а некој кој воопшто не би ги повториле сето тоа се спомените.Каде и да одиш, се враќаш таму каде што си бил среќен но може само да се вратиш на местото а повеќе да ги нема луѓето кои те правеле среќни и можеме да се сетиме на се убаво но тоа повеќе да не го гледаме во сегашноста, во иднината-во реалноста.
    Мене ме мачат некој спомени, да многу ме мачат. Ме мачат стари убави спомени од детството, но кога ке се сетам дека се само "спомени" срцето ми се кине. Кога вев мала кога одевме на одмор се преправав дека сум сирена на плажата се правев важна и се бев во вода :rofl: , кога одев на градинка кога плачев кога ме носеа па кога се смирував и се заигрував со децата :) , кога си играв во старото маало со многу деца, кога возев пластични колички на батерии и кога велев "кога ке пораснам ваква кола ке имам" ахаххахаха :rofl: :lol: , кога си ја ставав се ногата на уво и викав "алоооо има некој" :call: :rofl: , кога прв пат го видов прнцот и се заљубив (првата детска љувов) :inlove: :inlove: :inlove: .. ахх сите убави детски спомени ми се вртат во глава само кога бев среќна и без грижи...Ама тоа е само спомени, нема враќање назад за жал...zivot ide daljde тоа е, мора да чекорам кон иднината а сеќавајки се на минатото.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.005
    Пол:
    Женски
    Убаво е во вакви ноќи кога има со кого да се љубиш под ѕвездите, кога некој ќе ти донесе свежо цвеќе и стол кој се клацка :D Ми се вклопи во собата за милина.
    И така си гугуткавме со пивце и печен леб со сирење и босилок...Убави се горештиниве, кога некој ти ги прави уште потопли, убаво е да се љуби, впрочем што друго ни останува...
     
    На sesilija, Buttterfly, ines.h и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Да мразам...
    Никогаш не сум сакала некому да му го посветам ова чувство.
    Едноставно ,омразата за мене е сурова.
    Повќе сакам да немам никакви чувства кон одредена личност.
    Рамнодушност.
    Но само да не мразам и да не бидам огорчена.
    Не сакам никој да го предизвика тоа чувство во мене.
    Зошто таква сум верувам во добрите страни налуѓето.Оптимист.
    Би сакала да нема омраза, суровост.

    Денес ,сум само разочарана.
    Тоа е врвот кој може да се предзвика во мене.
     
    На leighton23, Antoninaaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Измешани чувства кај мене денес. Цела една бура од емоции.
    Иста како и онаа надвор што беснееше прееска.
    И на крај, ќе си пукнам од мака.
     
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Знаеш..ветровито е. Разбрането е се!Разбранети се и моите чувства.Месечината високо извиена,моето јас исто така! Има моменти кога човек нема причина ниту за насмевка,но има моменти кога нема причина да престане да се смее.Има моменти кога оставаш ветрот да те носи.На кој пат ке те носи-тој ке одбери!Остави го,тоа е дело на судбината.
    -------
    Ги сакам непознатите луѓе.Обожавам да ги анализирам.Сакам преку изразот на нивното лице да заклучам кои се и како се.Тоа е невозможно.Можеби изгледаат едно,а вслушност се друго! Само една црта која се протега на нивното лице укажува како се чувствуваат.
    -------
    Срекна сум бидејки не си дома.Смирена,нормална,срекна.Не само јас,и тие две се чувстуваат исто!
    ------
    Ти благодарам цимерке,пријателке,другарке,сестро,братучедо за советите кои ми ги даде.Да не се вракам повторно кај него,да не мислам на него.Ми даде примери што би можело да се случи доколку сме заедно а ти сеуште си со исто однесување и размислување.

    Мозокот,душата ми се отворени...Ослободени се од трауми.(барем сега за сега)
    Секогаш имам нешто да кажам во СДК но не секогаш се искажувам..

    Ветру мој..каде ме носиш? Каде ли ке ме однесеш? На која страна од светот?На која страна од животот?На која страна од човештвото?
     
    На francais, vinozito1, Marjan007 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Sometimes Love Just Ain't Enough
    Тоа се стиховите од песната,измешани со ветрот,кој нежно го милува моето разголено тело.
    Седната на балконот,замислена и непродуктивна.
    Свиркањето на штурчинава,како да и даваат посебен шмек на оваа нема вечер.
    Очите ми се затвараат,а јас упорно чекам нешто да се случи.
    чекам,и чекам.
    Нешто што ќе ме воодушеви,ќе ми го запри здивот.
    Ќе ми ги испоти рацете,и ќе ми го забрза биењето на срцето.

    Го знаете она "Таму каде што некогаш имало оган секогаш ќе има и жар"
    И јас...
     

    Прикачени фајлови:

    • cat.jpg
      cat.jpg
      Големина на фајлот:
      22,3 KB
      Прегледи:
      312
    На CoverGirl10, dream.queen, Foreveryoungiwannabe и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial, eliesaab, Butterfly-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.