Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ... го љубам дечко ми и му се предавам целосно, со срце, ум и душа. И би го дала и едното око за него и бубрег и се` што ќе посака, доколку е потребно.
    Не верувам дека некој друг на светов би имал повеќе љубов, волја и нерви за ваква компликувана хистерична женка и тоа е чистата вистина г-дине судија.
    Те сакам и животот ми започна откако те сретнав тебе.
    Се` друго пред тоа биле некои фрагменти на кои се сеќавам бледо,
    некои мочковци кои сум ги удостоила со епитет дечковци.

    Ти си ТОЈ.
    Јас сум ТАА.
    Ние сме ЉУБОВ.
    :l:
     
    На sanja.burgundy, Unica, Simonna7 и 66 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Животот е игра играј и ти!
    Животот е ризик ризикувај и ти!
    Животот е радост радувај се и ти!
    Животот е градба гради и ти!
    Животот е еден и нема реприза!!!
    Добра ноќ и живејте најдобро што можете :)
     
    На Agawa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Деновиве ме демнат работи од минатото.Ми се враќаат спомени. А мене ни око да ми трепне.
    Не сум веќе истата. И мило ми е. Ќе се однесувам со луѓето како што се однесувале тие со мене.

    * * * * *
    После подолго време,вчера конечно си дозволив еден цел ден само за мене и моите пријателки. Плажа,сонце,сладолед....Уживанција :)

    * * * * *
    Го знаете она чувство кога бевте мали и се заљубувавте по 468833 пати дневно?
    Епа,таква сум постанала.
    Ми се допаѓа момче кое не го ни знам.Сум го видела неколку пати и тоа е се. Нема никаква комуникација измеѓу нас (а се надевам ќе има) :lol: Добро, освен оној контакт со очи пред некоја вечер,кога цела вечер не ги тргнавме очите еден од друг.
    Интересно ми е :) Се навратив на времето кога бев малечка.Кога само сакав,без да барам од другиот да ме сака и да биде со мене,а и не ми беше битно дали ќе биде или не. Интересно ми беше секое излегување кога знаев дека ќе го видам.И тоа ми беше доволно.Така е и сега.
    Не се чудете ако деновиве ве известам дека пак сум се заљубила.Не ми замерувајте.Во таков период сум.Ќе помине :)
     

    Прикачени фајлови:

    • largerewrfwe.jpg
      largerewrfwe.jpg
      Големина на фајлот:
      45,8 KB
      Прегледи:
      537
    На SparkyAngel, ludoto19, WarriorAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Добро утро Фемина.
    Утрово е прекрасно.Блеска сонце :sun: просто ме мами да погледнам надвор.Мирис на цвеќиња, на печени пиперки кои јас многу ги сакам ,се шири низ воздухот како најскап парфем.Мириса на лето.
    Убавини..

    Денес сум сама дома.
    Во последно време како да ми годи самотијата.
    Затворена, сама себе се анализирам.
    Се изменив луге, не се препознавам самата себе,не пак некој друг да ме препознае.
    Се почесто ме прашуваат што ти е?
    Јас пак, како некој изморен патник по непознат пат, си најдов починка под сенка и убаво ми е така сама, одмарам, земам здив, дишам..
    Ех да знам , каков е патот понатаму?

    а да посетам гиниколог, може е втор пуберитет,или криза на четерисетите :?:
     
    На Serafima, ludoto19, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.247
    Допаѓања:
    157.386
    Не знам за сите луѓе, ама мене кога ќе ми каже некој дека во исто време, на исто место ќе биде на одмор со мене, јас се нервиркам така по малку и се молам да не го сретнам. Зошто не сакам! Зошто не сакам да гледам познати фаци! Па уште и на плажа каде што сакам да ја имам сета комоција,а не по протокол да се понашам како кај кралица Елизабета, зошто едноставно таа личност ја знам од таква релација за која е окврд таков момент. Ете таква сум, не сакам!
    Некад е окврд во сред град облечен кога ќе се сретнеш со некого, не пак на плажа. Сите најсмотани случајни средби ми се дешавале на плажа... Одам да одморам со моите луѓе и точка, не ми е гајле за цела плажа и сите со мене за мојот целулит и не знам веќе што, ама некој си таму со кој сум се гледала у кошула до врат закопчана, сега го гледам на плажа... ЕПА НЕ САКАМ! |(
    И Марфи е копиле, ко порачано одма под нос ќе ти ги стави сите луѓе што ги знаеш колку и да е уџум местото, колку и да е големо...И како бе баш таму? Како?

    Цело сабајле ми се врти и ми се гади. Мислам дека клинички случај сум, трудна на психичка основа од атмосферата на форумчево, друго објаснување и да немам. Или ок, некој стомачен вирус ме има фатено...ама тоа ќе го дознаеме во текот на денов и баш пред викенд бе! Бре!

    А и се изначитав тужни приказни од земјотресот, ја чув на мајка ми приказната по 50ти пат у животот како ја заборавиле дома сите во паника,кога се вратила имала мазници малтер во креветчето и рикала...душиче бе... мислам дека тоа и ги објаснува сите однесувања у животот потоа,трауматизирано дете хих, добро не е смешно,ама јас ја зезам. ;( Да се изначитав и сега ми е шо знам, шубе. Приказната на вујко ми како го депортирале со брат му во Тузла и како се плашел, не му било јасно дека не е војна, туку нешто друго. Се надевам дека никогаш нема да се повтори...
    Сликичкава ми е опасно добра...најдобра!
    [​IMG]
     
    На sesilija, la-chicka, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Уф,беа тоа предобри 10 дена на море.Мислам најдобар одмор до сега којшто сум го имала.
    Многу ми се допаѓа кога одиме секоја година на различно место,различни градби,различни плажи и нови места за истражување.Од морето задоволна,солидно беше,но не се жалам,добро пливање истерав.И :!: се изнашмркав солена вода за сите пари. :smirk:
    Многу сакам вечерни прошетки покрај море,па влегување во оние стандардни грчки продавнички за производи од маслинка,маслиново масло,маслиново дрво и ред други работи.Па полека ги разгледуваме со мајка ми,а овој толчников,м?Еј,што е убав :o Уф,29 евра е. Мувинг он.
    И од хотелот задоволна,скромен,со мало базенче,доволно за пливање.Убаво уредено дворче,со палми и маслинки.
    Најнов "специјалитет" на мајка ми,салата со домати,сирење,босилок и маслиново масло. :mm:
    Зајдисонце на плажа,ветерче пирка,испружена со некое книгиче... Да не ти се станува бре.Единствено женско од неколку деца,ама убаво беше,добро време пројдов.Не се бројат колку партии макао,бриџ и кент изигравме секоја вечер :D
    На враќање,поминавме да ги видиме легендарните икеа и космос.Од икеа ептен сум разочарана,ништо посебно не ме изненади.Да,се наоѓа нешто,ама цените.... Постелнини три пати поскапи од кај нас,во јиск гледав убави за пола од таа цена.
    Од космос задоволна сум,иако некои продавници ги има кај нас,таму се наоѓаат истите работи за реални цени,реално намалени.
    И така,јас одмарам од одмор,се излежувам по цел ден,планирам повторен ескејп од Скопје,ама ќе видеме што ќе биде :)
    Останете ми поздравени,и не излегувајте ако не ви е итно,ќе ве спржи сонцево на лице место :hai:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Лелле имам многу згодни туристи, се запознав и кје излезиме царсија :D
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Оздравеееееееев :D :D :D
    Си уживкам,не ми се излева на сонце,си учам текстот.После треба да идам до грааад,а кој ќе оди на жешково?? :D :D :D
     
    На Divinebutterfly и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Денес уште сабајлечки заедно со мм прошетавме во град...додека го држев за рака и скришум го гледав бидејки е многу ослабен си помислив....колку е убаво ова чуство.Душичка тој со цела своја сила исправено чекореше,а на ликот му пишуваше:''оф ќе можам ли''?...полека така чекорејки му велам многу се гордеам со тебе што се трудиш...биди силен бидејки си ми потребен....тој ми вели морам...не миличок на овој свет ништо не се мора,само треба да се сака...потоа влеговме во такси,ме донесе во дукан,таксито замина и му велам а сега миличок нога за нога оди дома. По некое време звони телефонот.... тој вели еве ставав....му велам браво бе убавецу мој....тој малку закуте и потоа ми вели знаеш дека те сакам?...му велам аха :!: и јас тебе....
    Ке успееме и ова ке го надминеме. Штом лошото замина сега ни останува само да се опоравиме но и тоа ке биде....се што се сака се може...само треба да се има желба.
     
    На Serafima, ludoto19, CuteEva и 10 други им се допаѓа ова.
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Добро утро! Што има за мрчење денес? :D
     
  11. kaRRma

    kaRRma Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    32
    Марфиев закон број 1.
    Секогаш се случува наајубавото парче облека или пак накит или пак нешто од козметика што ти треба да ти излезат пред очи кога немаш скршен денар |( И тогаш во позадина си свири песнава http://www.youtube.com/watch?v=3MQaYbwDLuw
     
    На Girl-50, WarriorAngel, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Ми фалиш Скопјенце, ама старото ТИ, она што беше Скопје-град на солидарноста, не ова новово кичерајско... Но никогаш никој нема да ми ги одземе старите спомени! :l:
     
  13. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    ... етее, конечно утре заминувам на одмор :D
    Поретко ќе се читкаме ама Охрид ме чека 8)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Уживај во одморот :*
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.360
    Допаѓања:
    103.060
    Пол:
    Женски
    Вака во една скопска општина се разладуваме, богами жешково ме утепа и не знам како да се справам веќе со фактот што цело лето ќе останам во градов :worried: :drunk: :sweat:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Izaabella, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.710
    Пол:
    Женски
    ...имам ново слатко откритие - маченцето од аватарот на Дивајн. :D
    Tоа уствари да ти било познат интернет лик, ама јас сега го откривам. Е сега заклучете колку сум во тек со настаните. :wasntme:
    Сега баш му ги наоѓам сите можни пози и состојби, срцка е. Cuteness overload. :inlove:
    А и личи по карактер на мене... по мрзливоста и љубовта кон храната. :wasntme:
    Ај да не филозофирам многу, ви праќам гушки, од мене и од слаткишчево. :*

    [​IMG]
     
    На bittersweet, LaraSolare, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Не е за секој телефон, компјутер, интернет. Посебно ова третово.
    Страшно и жално ми е кога ќе видам кој се` се докопа до него. Седам на фејс и ми се појавува на почетна линк од блог, со трагичен наслов, далеку потрагичен од тоа да се шеташ пред зграда и да ти падне саксија на глава онака од немај каде. Го знам детево, знам дека му беше желба да студира новинарство, меѓутоа едно е желба друго талент, а сосема трето пак тоа што завзема место таму на некој далеку поспособен и пописмен од него. Зошто тука за неписменост се работи.

    Тадам, насловот: „Ја фрлив ќерка ми со се душек од четврти кат, само таа преживеа!“
    Сто пати го препрочитав, цело време се надевав дека ќе си ја сфати грешката и дека ќе се поправи, но ко за беља упорно и упорно го ставаше линков од неговиот катастрофално лош прекопиран блог на фејзбук, по што јас изгубив секаква надеж и стварно оково ми засузи од глупоќа.
    По онаа Марија, или Лајла или Фукајла кој како сака озбилно ми беше доста од споделување копирани текстови од песни, од други дела поезија, проза кој како сака и кој што препознае и не сфаќам зошто луѓево мислат дека се интересни, нови, свежи на пазарот и дека секој би се потепал баш нив да ги чита?
    Уствари кога малку ќе подразмислам сфаќам зошто. Зошто тв екраните се преполни со невоспитани дебили и дебилки, па било и од која бранша да се небитно, зошто тие се неписмени па и овие си викаат зошто кога тие успеале со купена диплома од факултет да успеат да не пробам и јас, народот е глуп, народот е жеден за нови фаци на телевизија, народот е сеирџиски настроен и затоа плука по се` живо и диво (повеќе диво) што ќе се појави зошто веќе нема верба во тоа дека постојат писмени, образовани, паметни и интелегентни луѓе што знаат да склопат две реченици за доброто на човештвото.

    Ете од отворање на еден линк после последиците кои се.. па после нека пишува овој надарениов „Се фрлила сама од 5ти спрат, раскажува прадедо и што е починат пред повеќе од 10 години„

    ;(
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    13.040
    Пол:
    Женски
    :!: Доказ дека сеуште постојат такви луѓе,иако ретко кој би го сторил истото.
    Во секој случај големо браво за човекот :clap:
     
  19. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Кога сум нерасположена пуштам музика,кога сум тажна -музика,кога сум радосна -пак музика.
    Музиката ме смирува. :inlove: Не ми поминува ден без музика. :music:
    [​IMG]
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Конечно, ви пишувам од мојот hp mini. :inlove:
    Конечно го добив. :D Ептен е убав, сега имам нова љубов. :inlove: :D
    Порано бев ограничена, сега секаде шетам со мојот hp mini.
    Де сум во дневна, де во кујна, де во тоалет :lol:
    Малечок е, лесен, но, неверојатно брз и паметен. :D
    Ајде, бидете ми поздравени. :*
     
    На sara3 и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.