1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Колку убави мигови доаѓаат поминати со семејството. Има ли нешто поубаво од тоа? Не. Не сакам оваа среќа да престане туку да трае вечно. Иако е пекол надвор сепак има љубов, многу љубов. Малце река, малце ветре, малце храна од се по нешто и мнооогу многу спорт и искачување имаше денот.

    Како и да е многу туристи Скопјево, откако се средија некои работи насекаде ги има тоа многу ми се допадна. Не знам друго што да кажам освен дека ми е убаво и имајте убав пеколен ден :devil: :lol:
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почнам да земам плата, ќе изнакупам коланчиња во сите бои,неколку така поубави чанти, куп кошулчиња, убави фармерки што нема да се кинат за 6 месеци до година носесње, комплет сако и сукња, чевли ко ќе се намалени по три рала ќе си земам :lol: Наочари едни оригинал,да ми траат,пошто стално фуш се земаат и 2-3 оригинални парфеми,што ми се допаѓаат (за почеток еден ама после повеќе). Е така планирам,доста е со овој студенскиов живот што некако продолжува пошто не сакам да им барам многу од дома,даваат тие самите да си купам по нешто,ама иначе ќе се средам да заличам на човек и на работа да одам средена. А и нив им сум благодарна за се што ми пружиле до сега. :bow: Секако,од првата плата планирам за сите по нешто, а потоа се со ред :)

    P.S. И благодарам на lolyta777 за убавиот комплимент :*
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, lolyta777 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    изедов некоја расипана храна,и цела ноќ повраќав..
    цел ден по болница,инјекции,инфузии,крвни слики..
    аман веќе..
    само да заврши ова! ;(
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.401
    Пол:
    Женски
    За 9 часа го напуштам Скопје :)
    Си го спакував куферот седнав врз него и се молев да ми се затвори секоја година непотребни работи носам ама ете стандард :)
    Сега ќе дојде брат ми јас ќе треба да го чувам зошто тато ќе спие треба да се одмори цела ноќ ќе вози нема да имам време за да се збогувам со вас.Лаптопот не го носам за да се одморам ако фатам wifi ќе се пуштам преку мобилен :) Преку туристичката имаме уплатено до 5 август ама после ќе си останеме уште 5-6 дена така да кога ќе си дојдам ќе ви пишам ни јас сама незнам кога ќе си дојдам :)
    Дојде времето и за мојот одмор :) Ве сакам ќе ми фалите ама едвај чекам да газам по топлиот песок и да пливам во јонското чисто и тиркизно море.Ве сакам останете здрави и живи.Имајте убав ден и најдете начин како да се справите со топлово време и сонце :sun:
    Ве засакав навистина :*
    Кога ќе се вратам ќе ви пишувам реферати и ќе ви надоместам тродупло зошто не сум овде :devil: :lol:
    Ве сака вашата Дрим т.е Катерина :*
     
    На BlackPiano, vinozito1, HollyWoodGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Во сеќавање.
    За сите оние кои не го преживеаа тоа утро.
    За сите скршени соништа и стари рани.
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Buttterfly, sweet-cherry и 30 други им се допаѓа ова.
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Незнам каква потреба имаат луѓето од тоа секој ден по 10 пати да си ја искажуваат љубовта на фејсбук. Незнам дали се посреќни, можеби така се чувствуваат посакано, сепак мислам дека вистинската лубов се искажува на друг начин, а не преку срциња на фејсбук. И јас имам дечко кој многу го сакам, и јас сум среќна и ние знааме понекогаш да ставиме по некоја слика и слично. Но секој час љубовни поезиии, срциња, песни... :x
     
    На sekerchetto, Someonespecial, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  7. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    263
    СДК...
    -Епа доста ми е веќе!
    -Е, шо ми ти е бе злато, шо ти биде, сите бродови ти потонале!
    -Абе не! У недела треба да одам у тоа како се викаше, Аква парк ли беше???
    -Ееее, тоа ли е абе шо се нервираш, треба да рипаш од среќа!
    -Ама како да одам кога у четвртоко ми дојде, ќе одам тамо и ќе гледам другите како си шљапат у тоа водата,а ја ќе си шљапкам у тоа потта шо ќе тече од мене? (на 40 степени може и да се избањам, нема проблем) :@
    -Еее, ништо де, знаеш дека тоа се’ на тебе ти се случува, баксусче си, тоа е!!! Не, баксусче ипол!
    -Ама па и да идам у гаќичките ли ќе се бањам? Да, полани си купи едни розови купачи со бели точки (тоа точките од водата ги однема), ама малечки ми се!
    - :o Е, ништо де! Ќе си купеш нови!
    -Да бе, у недела сите продавници се отворени! Избор има кооолку сакаш! Ќе си земам едни купачи, па ни срам-ни перде ќе се врткам како не знам шо (ќе гледам да бидат црвенки-помалку да се познава) и тоа стриите шо се на мене-ништо!!! Тоа од пубертето (шо вика другарка ми пубертитето)-ќе ми ги однема, да не се секирам |-)
    have a nice day
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сум добро кога и пишувам порака за добра ноќ на другарката што страшно ме нервира.
    Знам дека не сум добро кога косата ми мириса на цигари и ми е мрсна до врвовите, и не ми се прави ништо во врска со тоа.
    Знам дека не сум добро кога си легнувам на ѓаќи и си велам дека не ми е гајле ако мајка ми конечно сфати дека си ја бричам интимата.
    Си легнувам во најшироката можна маица на мајка ми, без прслук, и не ми е гајле дали згодниот комшија ќе биде сведок на цицкотрес утре.
    Знам дека не сум добро кога ќе отидам во маалската продавничка по улошки каде продавачот не наслушнува баш најдобро, па морам погласно да кажам што ми треба за да сите ме слушнат, нели. И тогаш ќе добијам 'уат д фак' погледи од сите машки примероци. Тогаш, ќе ми дојде да им се раздерам и да им одговорам со подеднакво прост поглед, ама ми текнува дека ќе му речат на тато дека е време да се женам, сум добила. Море требаше да ги изругам. И без тоа ќе му речат. |( Тогаш дефинитивно знам дека не сум добро.
    Знам дека не сум добро кога прозорецот го затворам веднаш после последниот дим без да ми е гајле дали и колку собата ми мириса на цигари.
    Знам дека не сум добро кога на доделувањето на дипломите ќе отидам во стартки и тотално незаинтересирана за лицемерните прегратки. Хмм, ќе размислам дали да ги избричам нозете.
    Ее, за гаќите што нонстоп ми се буткаат во газов, ми е гајле. На добар пат сум нели? Да, да ги фрлам во буниште. :!:

    Ах месечино, што ми правиш???
     
    На Trnche, Antoninaaa, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК....бидејќи труднички муабети се заклучени,тогаш овде.
    СДК...Девојки, денес бев на контрола...
    [​IMG]
     
    На BoaVista, Neytiri, bittersweet и 61 други им се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.746
    Допаѓања:
    17.711
    НЕ сакам кога ми ги призимаат идеите. Скржава сум за нив.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^ ма нас ни перење на мозоци нема да не спаси, туку многу мрчам деновиве не знам што ми е.
    Не се сите мајки како тебе Пеперминт, да знаеш тоа само!

    Туку јас за друго дојдов, добро бре жени, девојки, дами, на многумина од женскиов род, главите само за фризури им служат дефинитивно.
    Се собрале жени и девојчици млади се разгракале развиле дискусија, аргументирано и жестоко дебатирирање, мислиш светски мир расправаат.И се зачудив, отворив спремна дека ќе прочитам нешто изненадувачки паметно. Али не, ни под разно, тоа они длабоко да навлегле во дискустијата-како мажите гледале на макси здолништата, балетанките и омбре фризури, небаре ја дискутираат на широко Рат и Мир(Војна и Мир) засукале рукавите и куцале и куцале.
    Не ми се верувам, ама стварно не ми се верува.....
     
    На CoverGirl10, Neytiri, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Добив повик синоќа. Молчеше, а знаев дека е тој. Уште му го чувам бројот.
    Глупавата насмевка на моето лице кажа се. Љубов било...
    Што е најтрагично уште е.
     
    На Buttterfly, kala21, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Му се радуваш ли на животот, како тој тебе?

    Во меѓувреме, во пдф формат си ја гледам книгата. Последни подготовки пред финале. Ми мириса дека во август ќе се роди, впрочем како и јас. Веќе помина многу време, но никогаш не сакам да ме владеат рокови, па вака ќе си славиме заеднички роденден со бебето наречено книга. Еве, форумџиски ќе се вклопам во атмосферата на трудници :) Се шегувам... Но и се радувам на она што доаѓа.
    Неописливо среќна, на дофат на своето книжевно парченце искреност и бол, еден ќош и облина од се’ она што ме одбележало изминативе години. Симболизам на невидено - имено, без да имам поим, сум склопила во концептот 88 песни. Родена сум на тој датум - 8ми август. Имам тетоважа со тој симбол на грб. Осумката ми била секогаш водилка или барем наоколу, некој магичен број. Просекот во втора и трета на факс ми беше 8, 98. Сладолед и лубеници. Цел ден твитам и мекнеам за мое, наше Скопје. Балада на едно време и невреме. На сладок вус на симпатија и Снежец во деведесеттите. На очајно горки солзи кога дедо ми почина, татко ми остана без работа, баба ми се разболе. Се’ беше тука. Сите спомени како врата која магично се отвара и затвора. А внатре се сите сеќавања. Се гледаме во молк и во најголема тишина, но и во најсилен вресок, како кога мајката се бори од болка, но раѓа дете. Раѓа живот. Така е и со секојдневието во овој град. Немам моќ на документарност, ниту сум историски поткована, се водам само од емотивниот луп кој ми го создава овдешниот свет. Се изнаплакав за својот град, дури и за оној кој само го мирисав преку Досие Скопје, до денешниве липи кои ме тераат на кивање. Ми се мешаат музики од надвор. Риголето и тивок џагор. Прибор за јадење, некој руча на балкон. Пеколно е. Лето, ама има некоја иронија во воздухот. Како, кога доцниш на омиленото предавање...
    Сакам да кажам дека сништата се остваруваат, само ако креветот на кој спиеш, има чисти чаршафи. Оваа метафора е само поради острината со која ножот на неискреноста знае да забоде од сите страни, а човек мора да се соочи и со тоа, ако решил да твори, без оглед на поривот. Многу автори под напон на режиски и ангажирани насоки, се губеле себеси за никогаш да не се најдат. Ако (по)станувам некаков автор, би била таква само за развојот да го насочам кон некои обични, едноставни максими на постоењето. Ете, радост. Живот во град и во свет. Улицата како симбол, кој мора да води некаде. Едно од оние попладниња кога носталгијата се лепи по кожа. Те сакам Скопје, не само што се сеќавам на тебе, те живеам. Те пишувам и опишувам. Епопеи и елегии, огледала и сеќавања. Натопени дланки во сентиментализам и среќа, зошто поинаку нема. И кога си одиш од тука, пак си во мене. И обратно. Градот не може да се сака само со очи. Има нешто тука посилно од сите наши лутења и критизирања, сите хипокризии на лажно засакување. Горд и грд град, кој никому не му се налутил, а нему сите му се лутат.
    Во него научив да љубам.
    Да возам точак и да пливам, на оние смешни естуари кај езерцето Треска.
    Да ја сонувам Месечината над Партизанска, кога играјќи криенка со локалните деца, сме броеле ѕвезди легнати на трева.
    Скопје, ти си се’ што знам. И барем овој период од животот, инспирацијата за тебе не стивнува. Како може човек да се умори од баничка од ЛаДелишес, од Чаршиска калдрма, од пејсажот на Матка, од пазарчето во Шутка, стапчето од Чаир, спиењето во овоштарник во Волково? Од читањето скрипти по паркови, плачење од први неостварени љубови, мекнеење на Водно, среќавање со тебе, додека возиме точаци? Како да се уморам, кога сето тоа ме направило да бидам ова што сум? И сета таа насобрана енергија во срцата, што ја имаме... Знам. Едноставно знам. Градот е Феникс, сам по себе чува моќ, и каков и да ни го направија сега, тоа е единственото место кое те гушка и од далеку.

    Има уште многу нешта што ќе го потресуваат Скопје. Само да сме живи и здрави и неуморни во сакањето, а не сакатењето на нашиот град.


    Те сакам, Скопје.
     
    На Elichka, LaraSolare, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Кога мислам дека сум се поправила,се мерам и гледам сум ослабела.
    Што не е во ред со мене???
     
  15. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    -Дојде кај мене пред куќа.
    -Ми рече дека не можеме повеќе да продолжиме...
    -Реков само "Добро"!
    -Замина со брзи чекори.
    -Го слушна силното пукање.
    -Се врати назад.
    -Зарем мислеше дека ќе се самоубијам за него ?!
    -Само си го отворив шампањското...

    Значи знам амаааа... МОРАВ! :rofl:
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    :devil: :rofl:
    3начи овој татко ми, ќе земам едно сукало и луѓе верувајте табаните ќе му ги мавам.
    Hаполнил што ја наполнил машината, бели работи турил и нешто обоено, и Cве бре се обои.
    A мене ми текна дека еден бел фустан затури, леле ме сецна, викам кај е фустанот....

    Mи го покажува и вика
    Браво, баш убава боја фати, небо боја, поубав ти е вака ваков поубаво ќе ти иде со косата (А ја бринета) :rofl: :rofl:
    Ај викам нема да вриштам, ете се смеев, ама ова нека ми е памет за друг пат,а и на вас- Мажите не се за машина за алишта :!:
     
    На Annath, CoverGirl10, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  17. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.052
    СДК многу сум нервозна деновиве. И многу сум, некако, разочарана. Уфф, кога би имала зборови да опишам како се чувствувам. Се‘ е многу конфузно во мојава глава. Од необјасниви причини ми се превртува стомакот, ми се плаче - а неможам да плачам, грутка имам во грлово и некоја крастава жаба имам во душава. :doh: Се обидувам да дишам длабоко, а не можам воздух да земам. Немам желба за ништо...не сакам да видам никого. Сакам да бидам сама, но не сакам да сум осамена. :doh:

    Ни самата не се разбирам.
    :(
     
  18. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абре значи кој баксуз сум, не е можно. Повеќе никогаш нема да варам кафе. Прееска дојде една комшивка и мајка ми ми рече да сварам кафе. Оваа комшивкава го пие многу благо кафето, со цела полна лажичка шеќер. Јас зборував на телефон со другарка и така занесена наместо шеќер сум и ставила сол :wasntme: цела лажичка сол. И сега им го носам кафево и седнав малку и таа се напи. Лелелле луѓе кога почна да плука да кашла, абе ко отров да и` имам ставено. Мајка ми се потресе. И почна оваа да се дере, намерно ми стави сол ова, она, се налути и си замина. Инаку женава е многу лоша, ептен ме нервира, постојано се расправам со неа. Направив фаца на сожалување а во мене си викам poor old bitch. :devil: Малце непријатно ми падна пред мајка ми, ама заслужи старата кучка :devil: Повеќе јас кафе нема да варам, зошто ова не ми се случува прв пат. :$
    И така денес ми е ваков денов с***е.
     
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Што и да испланирам ништо не излегува како што треба. Од искуство знам дека не треба да имам големи очекувања, но сепак разочарување е. Навистина ми падна тешко, но ќе продолжам да верувам дека се се случува со причина. Се надевам дека се ќе биде подобро...многу подобро.... :)
    И повторно морам да го направам ова, никој да не го примети разочарувањето во моите очи, посебно не тој...
     
    На Serafima, Barbie20 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Е многу се нервирам кога некој ќе ми рече: "Лелеее,ама си ослабела!"
    Добро бе луѓе,сум била ли некогаш подебела? :^)
    Јас не паметам.
    Како досега 105 кила да сум имала па сега одеднаш на 45 дојдов.
    Знам дека сум слаба.Од секогаш сум.И не сакам,и премногу мразам кога некој ќе ми рече дека сум слаба.
    Сега ме фатил еден инат,и по цел ден гнетам.
    Ќе се здебелам,па нек пукну душмани.Да видам тогаш што ќе коментираат :devil:
    Еве,моментално ви пишувам од кујна.Јадам.
    Ќе се затворам тука и не излегувам дури не качам некое килце :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover, eliesaab, dream.queen и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.