Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    СДК, мразам собиранки и излегувања од типот одиме "од мажи" или "од жени". Всушност, мразам секаков тип на ограничувања и стереотипи. Мислам дај, излегуваме 10 жени, и во нашето друштво нема да се најде,па макар ни случајно некој маж, другар, братучед? Ако сакам да си направам муабет со другарките, ги викам на кафе, не ги носам во дискотека. Што е тоа што во диско ние би правеле а најдобриот другар со кој сме израснале, не може да присуствува? Или тој е маж, а ние мораме да го пратиме стереотипот наречен женска вечер па јбг, жал ми е ама нема да дојде. Ама се си мислам дека е убав изговор ова за да не се поведе дечкото или сопругот. Девојки и дечковци, ако сакате да излезете сами, кажете си убаво, вечерва излегувам со мое друштво кое ќе вклучува и машки и женски, т.е моите пријатели и сакам да си поминам со нив. Освен ако партнерот не ви е опсесивно посесивен нема пробелем, ама ич.

    Сакам да му се заблагодарам на мажето мое, што ниеднаш во овие три години заеднички живот не прашал кај одам и со кого одам, туку ме испраќал со: убаво да си поминеш. Ми верува. И му верувам. И верувам дека ќе траеме.
     
    На Libera, vinozito1, Izaabella и 3 други им се допаѓа ова.
  2. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    И повторно разочарана.Уште една моја животна лекција.Уште една награда за мојата добрина и наивност, но како и секогаш така и денес-горчлива.Повторно ми одѕунуваат зборовите на татко ми : Промени се! Се додека правиш добрини и мислиш дека сите ти мислат добро како ти нив, до тогаш ќе страдаш! Да, секој пат ветувам дека ќе се променам и секој нареден пак истата приказна.Иста приказна, нови ликови.Пред 2 години го искусив ова, а еве сега пак.Неможам да кажам дека е со истата мера, но и овој пат мојата добрина е искористена.Пак правам грешка во проценката на луѓето.Неможам никако да сфатам дека денес секој живее од корист, па дури и најблискиот.Никој не те гледа како човек туку како предмет на кој што му се бараат намени за што да се искористи.А јас често сум гледана како предмет.И овој пат повторно ставав рака во оган.Делев се што имав.Се правев слепа иако доста добро ме служи видот.Земав на свој грб голем број на обврски.Преќутував доста работи, а понекогаш и се правев глупава за нели да продолжиме да живееме во идила.Моите замерки и проблеми никој не ги слушаше а и да беа сослушани нели ќе беа погрешни.Секогаш сум јас таа што не прострадала во животот, која што не видела мака.Угнетувана и кривец за две личности – повторно јас. Иако сум една личност сносев последици за две.Секој револт истурен врз мене.Добро вели поговорката – Кога неможеш по магарето удри по самарот. Да според оваа поговорка дури и самар станав.Но ако, јас не го согледував сето тоа, или не сакав да го согледам.Сакав да помогнам.Се што беше во дометот на моите способности правев.Барав секаков начин да помогнам.На моменти знаеше да ме фати лутина и те како, затоа што јас изгледав позаинтересирана да го решам проблемот него ли таа.Но свако чудо за три дана , па така и ова – заврши.Пролетта -нашиот почеток, летото- некои уживања,есента-пакувањето ,се помина и на крај дојде зимата.Овој пат беше ладна,сурова.Како се да избриша.Летото,пролета,есента ги немаше.Се заборавило се.Оние лисја кои што и помагаа да остане на гранката подолго време ги заборави.Ниту едно јавување,порака немаше.Иако не признавам ме боли.Оваа зима навеа снег што ми го замрзна срцето.Заборави се што некогаш правев.Ги заборави солзите и дуелите што ги имав поради неа.Не сакам ордени за добрина или храброст да ми се доделат, сакам малку почит и благодарност- но изгледа и тоа е многу.И додека очекувам да добијам и најмал сигнал, тој сигнал оди кон некој друг.Не, не се лутам за тоа.Неможам да кажам дека не и помогнал, но колку и да и помагал неможи колку јас, затоа што тој не се држеше со неа на гранката.Не беше тој што и даваше сила да остане подолго и да се задржи од силниот ветер што дуваше со месеци.Лажам, да лажам а и тој го знае тоа.Секој збор изкажан дека ми е свеедно што е така е лага. Сакам да вриснам и да ми олесни на душата.Да кажам дека ми е криво што ми се враќа така.И сега после поминати недели пак се навраќам на зборовите од татко ми-Промени се ! Да време е за преобразба.Доста страдам.Не сакам веќе да бидам искористена а потоа како крпа исфрлена.Сакам некој да го цени тоа што го правам за него.Не сакам ништо за возврат, само насмевка и поглед исполнет со благодарност.
     
    На vinozito1, Serafima и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Обожавам кога одам на шопинг. Денес станав рано наутро и шпринт со другарка ми на купување. Жешките сончеви зраци воопшто не ми пречеа, влегов во сите можни бутици, пробав се и сешто, :D но на крај си купив многу убави работи. Се што ми беше заштедено потрошив, се до последна паричка. Но воопшто не ми е гајле, облеката е најважна. Уште неможам да им се изнагледам на фустачињата, преубави ми се. :$
    Ех колку ме исполнува ова, кога дечко ми не е до мене. :lol:
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ах Скопје. Убаво, ептен убаво што го одбележавме вчерашниот ден, што веќе два месеци има најразлични настани и што немаме право да кажеме "па нема што да се прави".
    Јас дадов крв по шести пат и секогаш после давање се осеќам преубаво, гордо си се шетам со тоа завојчето околу рака како ранет војник. Ни дадоа чаши за спомен, со она знакчето Скопје се сеќава. И се нарадував како дете a сега ми се пере во машина.

    Ги изначитавме и пораките од Твитер, i оние оставени од странци на плоштад и да ви кажам убаво ми дојде. Секакви не има, и добри и помалку добри, ама во тие моменти кога речиси цел град е собран на едно место имаш чувство дека дише со ист ритам.

    Другарка ми (а и многу други) се убедени дека старото Скопје било прекрасно. Ме нервираат тие коментари. Не, ние не го сакаме толку многу тоа старо Скопје, ја сакаме идејата што ја имаме за тоа старо Скопје. Таа апсурдна носталгија за време кое не било наше и во кое сме убедени дека така добро би се вклопиле. Но тоа е.

    Прв пат летово уклучуваме клима и веќе ми пречи. Не ми е јасно како луѓе живеат по цел ден со клима, ме шашардиса и ми ги исуши очите. Долг шопинг сабајле за мајка ми да прослави што е на одмор и сега на работа, на труд. Сонувам за крофни од Хром и планирам да ги изненадам другарчињата вечер. И ете, сабота, па недела и пак од почеток.
     
    На prettyliar, Someonespecial, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Алал да му е на човеков. Како убаво на бездомничкава и го честиташе роденденот... :party: .
    Се запознале неколку години пред тоа и не и го заборавил роденденот.

    http://www.youtube.com/watch?v=Qx6ajPrHzxk
     
    На kate21, CuteEva, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    ;(
    Се тешам со ова, но не постои нешто кое ќе ми ја ублажи болката. А таа, да се врати неможе. Проклет да е ракот кој одзеде толку животи.
    Што се би дала уште еднаш да ја видам, да ја гушнам и да и кажам колку ја сакам, уште еднаш да и варам кафе.. :doh:
    Неможам да поверувам, сеуште очекувам да ми се јави, очекувам да излезе од спалната соба. Кога ќе влезам во дневната, очекувам да ја видам кај што седи. Но ја нема, и тоа проклето боли.
    Сите моменти, сите слики ми се враќаат во главата. Нејзиниот глас го слушам насекаде.
    Пред неколку дена, кога ги разгледував кутиите во кои чуваше се и сешто, ми се причини како и таа да стаеше до мене. Болно е...

    На кого ќе му ги кажувам најголемите тајни, од кого ќе барам мајчински совет, со кого ќе се радувам за матурата, кој ќе се радува на моите успеси, кој ќе доаѓа со мене да го избираме невестинскиот фустан, кој ќе ги сака внучињата како втора мајка?

    Зошто не напушти мамо? ;(
    Ми недостасуваш многу, почивај во мир! ;(
     
    На Heartbeat, Annath, kate21 и 36 други им се допаѓа ова.
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.015
    Пол:
    Женски
    Е, значи некои луѓе колку се само инаетливи чудо значи. Траам, траам ама ми иде да ги истепам онака најсериозно. :devil:

    Ќе идете на одмор?
    - Не, јас веќе имам многу за учење, за жал. Мене лично ми одговараше ран одмор, арно ама дечко ми тогаш имаше најмногу работа, за жал. Ќе видиме за викенди како ќе биде.
    Аман бе деца, еден е животот проживејте има време за сè. Ќе полагаш, што се секираш.
    - (да бе важи, ај ти научи место мене, ја дирек од плажа у амфитеатар ќе напаѓам |( ).

    Ќе идете на одмор?
    - Да, ќе идеме.
    Епа кога ќе учиш, ма (неодговорна една) ?!

    WTF ?! :^)
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам луѓето кои толку лесно избувнуваат, се расправаат за глупости, прават слон од мува и не можат да ги контролираат навредите што излегуваат од нивните усти. Уште полошо е кога овие фрустрации се исфрлаат на најблиските.
    А што е со причината за сето тоа? Таа е толку глупава, безначајна и занемарлива што може слободно да се рече дека воопшто и не постои.

    Не знам, како може да биде толку лесно да се кажуваат такви навреди, и тоа на некого кому му значиш и ти значи, како може да биде толку лесно на некој близок да му го расипеш денот, просветлете ме?
    Највеќе иритира што не само што нема извинување, туку има и лутење, долго и тврдоглаво, полно со убеденост дека се во право. Па така, всушност, навредениот на крај попушта и го прави првиот чекор, бидејќи му е потешко и му е поважно да го задржи односот, а за оној кој навредува како да е отпорен на чувства.

    Избројте бе луѓе, избројте не до 10, до 100 ако треба, пред да навредите било кого!
    Мозокот ни служи и за тоа, освен за развивање интелигенција, која всушност станува неважна и избледнува пред таквиот карактер и лошите зборови.
    Размислете!

    [​IMG]
     
    На vinozito1, la-chicka, WarriorAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  9. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ме расплаче душичке..
    Таа ќе биде твојот ангел чувар. Можеби нема да е физички со тебе,но психички секогаш ќе го чуствуваш нејзиното присуство. Сигурно би била среќна за сите твои успеси во животот, затоа не потклекнувај. Направи таа да би се гордеела со тебе.
    Нека почива во мир.
     
    На Divinebutterfly и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  10. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935

    Ме испорасплаче...Можам да замислам како ти е.. ;( ...Еднаш да се најдеше лек за ракот...Кого и да прашам од што починал некој таму ми вика од рак...Више зашто мора да е ваков животот..Мене и двајцата дедовци од рак ми починале,зашто мораше да постои... ;( ;( ;( Важно е само ти да останеш силна,мораш се да пребродиш...Нека почива во мир.. ;(
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.572
    Допаѓања:
    43.023
    Пол:
    Женски
    На sweet-star, LittleFairy, Libera и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Денес решив да си ги налакирам ноктите и да направам некои шарки,само што почнав ми текна дека Баерн играат вечер и се откажав од намерата :D Денес ќе ни дојдат гости,а јас требаше да потпечам компирчиња,и ајде земам компирите почнав да ги лупам ( кутарата јас незнам компири да излупам :tmi: ) 1 час лупев 7 компирчиња и 2 пати се расеков :x и ајде сега ги ставам со плехот и им ставам вегета,па вегетата ми се отури и солта ми се отури, со еден збор катастрофа,дојде татко ми кога ги виде во несвест ќе паднеше сум ги исекла како трупци дебели,пола излупени пола недолупени на еден компир 1 кило вегета на друг па ич не сум ставила за срамота сум :tmi: си ги жалам гостите :| а па ми е гајле ако неќат да јадат јас ќе си ги изедам, јас си сакам позачинета храна :rofl:
     
    На Ketrin.Moon, WarriorAngel, leighton23 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Идиотка низаедна,ма што те занимаат моите додворувачи па да ги бараш на фејсбук и да гледаш кои ви се заеднички пријатели и сигурно си го поканила за пријател он да не те адднал случајно :fubar: ,што те занима за него незнам и не е првпат што се замараш со моите удварачи ма,се надеваш дека тебе ке те бендисаат случајно,ма си се зај*бала гадно светото не се врти околу тебе мори па сите машки да те свиѓат тебе само и ја знаеш таа за ниските цени има многу купувачи,и плус сигурно до сега те виделе дека имаш дечко и незнам како ги лажеш машкиве дека немаш кога сите до сега те виделе со него,сигурно,сакаш ем да имаш дечко ем да флертуваш со други и да лажеш дека немаш,е извини ама машкиве не се до толку глупи сакајки сите да ги вртиш ке го изгубиш и тој до тебе :fubar: и да,јас пред дечко ти и пред твоите удварачи сум "едно девојче" по име не ме кажуваш од љубомора да не ме запознаат а моиве ти треба да ги знаеш и да си пишуваш на фејсбук и се,ма нема така кучко една,немаааааааааааа :@
     
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Го мразам светов.
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Да сме живи и здрави па утре ставам аватар (од мене) :inlove:
     
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    !
    [​IMG]
     
    На mili4ka123, Hipster и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  17. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    Како се задржува љубовта која полека ви се лизга низ прсти? Може ли човек да го заборави минатото кога знае што носи иднината? И каде се наоѓаат сили кога знаеш дека секој бакнеж е одбројување до збогување?
     
    На WarriorAngel и ljubovche им се допаѓа ова.
  18. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    СДК дека денов се на се беше добар релакс музика и добра книга.Туку се нешто и многу мисли ми се увртеа во глава најмногу за пропуштените шанси и зошто некои работи испаднале како што се сега.Пропуштени шанси за добро платена работа,пролонгирано дипломирање,лутината и бесот кои ги истурам на моите родители обвинувајќи ги за се.Убаво вика Робин Шарма цитирам-премногу луѓе го поминуваат времето обвинувајќи ги другите за се што не им чини во животот.Но обвинувањето не е ништо друго освен оправдување на себеси.Обвинувањето на другите за моменталниот квалитет на твојот живот е тажен начин на живеење.

    Малку се чувствувам поисполнета што почнав на пракса макар што ќе трае само еден месец.Добедојдена беше оваа промена во мојот живот :).Како и да е сватив дека имам преголеми очекувања од себеси како личност и од тоа каков треба да ми биде животот.На крајот на денот среќна сум што имам вакви родители што ме толерирале премногу и направиле премногу за мене.Имаме здравје,кров над глава,да речам нормално живееме.

    На здравје за новите почетоци и пропуштените шанси :) имајте пријатно попладне.
     
    На sleepingbeauty и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Хух, зарем има нешто поубаво од поминат цел ден кај баба и дедо? НЕ!
    Ма никакви пари не можат да купат фамилијарна среќа, хармонија и мир, го потврдив тоа денес по стоти пат.
    Симпатични ми се сеуште нивните смотани кавги, не знаат да држат лутина и не можат еден без друг, а сепак се прават цврсти пред нас, како ние демек не разбираме дека и после толку години се сакаат искрено, длабоко и целосно.
    Не ми се здосадени, а знам дека и никогаш нема да ми здосадат јадењата на баба, приказните на дедо и начинот на кој себично ме чуваат. Дечко не ти треба, мала си :D
    Моите и никогаш не сфатија зошто кога има иста храна кај нас во фрижидер и кај нив, јас ја јадам нивната, а давам толку просто објаснување. Повкусна ми е :D И не лажам.

    Сега ќе одам да си мавнам ладен туш, да си се налицкам и ќе одам таму кај што тие не ми даваат. Кај дечко ми :D и знам дека тек тогаш можно е срцево да ми излезе надвор од градиве. Од среќа и убавини, де :D

    Малку ни треба за да бидеме задоволни и среќни, да научиме да цениме!
    Ауфидерзер!
     
    На Someonespecial, kate21, Barbie20 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Зошто пред моиве очи се редат сликите од најтешкиот ден?Зошто те зема?Зошто пред моиве очи изглегува изнемоштеното тело..Очите твои затворени..Никогаш повеке нема да се отворат! Вечерва тажам за тебе ангелу!Многу често се секавам на тебе,не сум те заборавила верувај! Пред два месеци бев на местото каде се опростивме,те бакнав но не тебе..го бакнав твојот лик...Колку и да се збори,знаеме сите дека животот не е фер.Зошто те зема ангелче толку мало?Зошто сите не остави со срца скршени,срца исполнети со болка..Сеуште се секавам на тој момент!Ах,кешки никогаш да не се случеше...Но се случи.
    Милион чувства,нема доволно зборови да се опишат.Тешко,навистина тешко.
    Ангелче навистина ми недостигаш,ни недостигаш на сите.Чувај се,душо наша!Се секавам на тебе,не те заборавам.Некој ден ке се сретниме во рајот!
    Ангелу срекен роденден,вечна ти слава!
     
    На kate21, Barbie20 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.