Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК....дека утре е голем ден, чекор кон еден малку поинаков пат,односно заеднички живот со моето сакано војниче. :inlove: Да,го сакав и сонував овој ден, може не го очекував годинава ама ете не изненади сите. Сега еве седам, не ни можам да спијам, незнам како се чувствувам ....тотално измешани емоции. Врвот на се е подкожната модра бубуљика која ми се појави на десниот образ :@ не е фер ;(
    Се надевам до утре се ќе е подобро и бубуљичката ќе помине, и требамата и возбудата....и дека се ќе биде ОК кога ќе ја чујам музиката.


    Ве поздравувам за последен пат како госпоѓица Snow-Queen....од утре госпоѓа Snow-Queen :lol:
     
    На Petunia-Queen, GordanaL, mili4ka123 и 78 други им се допаѓа ова.
  2. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Сакам да кажам дека ми е преку глава од овие болни и досадни депилации. Уште косата на глава да ја депилиравме ќе светевме бетер од Париз :swear:
     
    На Agrona, tea4e и kala21 им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Шајка! Направа која цврсто држи и чува нешто друго.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Се повеќе се сомневам дека некој среќно сака.

    Сериозно, искрено.
    Какви тажни љубовни приказни има.
    Какви сум слушнала и ми се врежале во сеќавањето ,да ме потсетуваат дека болат,дека јас таква љубовна судбина не би сакала.
    Не би сакала да го сретнам после 10, 20 години и се да се сведе на Се сеќаваш?.
    Не би сакала во овој град да има празни срца. Сакам луда љубов на секој чекор.Исполнетост.
    Губиме време барајќи го совршениот партнер, наместо да ја создадеме совршената љубов.
    Секој има сродна душа,верувам во тоа.
    Порано или подоцна .

    Зачувајте си ја љубовта.
    Среќата постои.
    Некаде.
     
    На something, leighton23, Izaabella и 19 други им се допаѓа ова.
  5. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Луѓеее многу сум среќна :D После толку време да бидам вака добро расположена,радосна.Се се среди барем до сега,повторно си излагам со другарките во паркот,си седиме друштвото и после толку караници.Дома е досадно па одвај чекам да излезам навечер,а баш вчера реков дека летово ми е катастрофа,па после толку лоша зима мислам дека заслужив едно вакво лето.И така,се ладам дома пред вентилатор,на компјутер цел ден и вечер искачање после пак на компјутер до 4 сабајле и така секој ден.Оваа година разбрав кој ми се вистински другарки и кој луѓе заслужуваат да останат во мојот живот,а кој да си одат.На крај си останав со другарките кои беа покрај мене кога ми беше тешко и на кои можам да им се доверам за се.Иначе денеска немаше со кој да си одам дома и ме донесе другар ми со веспата абе тоа комедии бев,зашто ми беше страв бев многу здрвена се изнасмеавме со другар ми :$ :D Уште еден месец и пак во школо,мене ми е убаво вака ама пак сакам да тргнеме у школо да видам што како и после пак да се распуштиме,само да ми помине меракот :D :D
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Разочарана сум од друштвото. ;( знам дека во наше друштво единствена сум што навивам за Баерн и убаво ми е ,што и да ми викаат никогаш нема да престанам да навивам,нека ме зафркаваат колку им душа сака за овие 4-2,само не се фер,кога изгуби нивната Барса 7-0 јас ни збор не им зуцнав пред некој ден изгуби пак 2-0 од Баерн пак ништо не им реков,ми идеше да рипамм од среќа да викам,ама не направив зашто знаев дека ќе се осеќаат лошо,а они што ми направија ? Одмаа не почекаа ни секунда да се соземам ајдеееее дог такаа вии требаа губетееее уште 10 гола да примитее ајдеее:@ :@ епа не ми требаат вакви другари како нив. Завршив со нив. :!: КРАЈ :| ете толку имам да кажам.
    а што се однесува до компирчињата од мојот минат пост,се погодија и гостите ми сакале зачинета храна,ме испофалија пред мама :D 8)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Хаха секоја чест за кажаново, и мене ми е преку глава.. :D
     
    На Blue.Ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК знам дека многу од нас изгледаат апсолутно среќни пред сите, има многу кои ни велат браво за тебе имаш дечко имаш пари имаш облека имаш да јадеш имаш семејство и да тоа навистина е нај голема среќна но постојат некои мали работи кои ни фалат и баш тие ''мали '' работи ни фалат да биде нашата среќа целосна како на пример ни факи Понекогаш дечкото да не фати за рака и низ градот да не прошета, да не бакне во град ...Да баш тоа ми фали понекогаш да ме фати за рака и да се шеткаме низ град да одиме прегрнени да ме бакне да знам дека му значам ...
     
  9. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Ме расплака со постот, но биди силна секогаш мисли на тоа дека таа те гледа и дека сака да бидеш срекна. Нека почива во мир !
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    На луѓево како да им е криво што наместо да патам по минатото, продолжувам даље со насмевка на лицето и фантазии во главата.
    Не ме оставаат да си гаам платонски симпатии на далечни вези, ни направија детална психоанализа на мене и мојов несуден симпатија, како да утре ќе се зимаме или набаре деца ќе имаме.
    Му најдоа сто и една маана, како да они или нивните партнери и партнерки се совршени.
    Остај тоа, на нероден Петко капа му кројат и мене веќе не ми е смешно, почнува навистина да ме напиња и нервира, како за инат сакаат да расипат, нешто што ни започнато не е.
    Не сфаќам, зарем секој треба да е депресивен и распекмезен само за да докаже дека не му е сеедно?

    Убаво викаше баба ми порано, поарно не носи црно само за пред народ да те гледааат дека жалиш, кога знаеш дека душата ти се радува, со бојата не се жали, туку со душата и сеќавањата.
    Mудра жена беше баба ми, можеби не многу ука школски, но го имаше најголемото школо на сите времиња- искуството.
     
    На Neytiri, CoverGirl10, kate21 и 30 други им се допаѓа ова.
  11. planet

    planet Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    73
    Во близина има една заебана кафана со прејака музика значи. Прејака. :rofl: Ангела, Ангелааааааааа?Каде ли замина? :|
     
  12. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се разбуди ѓаволот во мене, многумина ќе видат со кого си имаат работа...
     
    На snegulkabela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    убав провод беше тоа :D
     
  14. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Значи машкиве се невозможни... Пробува да има нешто со мене, а има женска.. многу паметен бе ти, се прашувам на кого ?! Занес и поезија.. Го прашувам дали е вистина и тој мангупот пробува да лаже, ах бе.. деца ! А јас да бев на местото на женска ти? Всушност можеби сум била без да знам. Вакви "џекчиња" ме нервираат! А што ако женска ти оди со други позади твојот грб :devil: или пак сеедно ти е? Ако ти е сеедно зошто си воопшто со неа? Или тоа ти е само уште една бројка. Недозреани дечишта.. :fubar:
     
    На leighton23 и GordanaL им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Кога нешто силно посакуваш да ти се случи,тоа и се случува.
    Ако пред некој ден мрчев дека сакам да се случи нешто адреналинско.
    се случи.
    Измешани чувства измешани емоции.
    Тој и Јас,на свадба.
    Судбина ? случајност ?
    Јас, млада, атрактивна и слободна.
    Тој, постар,зафатен,и привлечен до болка.

    Одсекогаш сум посакувала,да бидам така замислена,додека сите заносно играат валцер во ритамот на музиката,и некој ме прекине,подавајќи ми ја раката.
    И да,се случи чудо
    Тоа беше тој,а тоа бев јас
    Беше подобро од замисленото,беше подобро и од секоја бајка.
    Јас и Тој прегрнати танцувавме под ѕвездите.
    Некогаш заљубени и среќни,а сега туѓи и ничии.

    Ноќта има две улоги,да прави и да враќа спомени,оваа ноќ ги имаше и двете...
     

    Прикачени фајлови:

    • couple.jpg
      couple.jpg
      Големина на фајлот:
      5,4 KB
      Прегледи:
      463
    На Lepaaa, Izaabella, kate21 и 20 други им се допаѓа ова.
  16. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Сестра ми беше најубавата невеста!!!!!!!!!!! :party: :party:
    А јас? Да не ви расправам за мене... :geek: :D

    Како и да е, полна со импресии, сеуште разиграна, со отечени нозе од превисоките потпетици и играње, без душа во мене, само сакав да споделам дел од импресиите :inlove: :inlove: :inlove:

    Се читаме утре со подетални информации :wasntme: :*
     
    На ilipili, LittleChili, Buttterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.412
    Шо знам, мене ми се симпатични благо изгорени момци со засветлена коса од сонце околу челото и по можност со зелени очи. Еве не знам, убаи ми се! Се мрднав во 6 сабајле! Ако чуете некое девојче се искршило на Водно, се качувало и заспало качувајќи, јас сум!
     
    На tessie, Neytiri, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  18. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    [​IMG]
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Толку ме боли.Зошто толку рано замина дедо?Остани со нас засекогаш.Проклето ми недостигаш.Прошетките во парк,одењето во Луна парк останаа спомени.Само спомени.Мразам болести!Мразам.Беше најдобриот дедо и човек.За мене беше човек од бајките.И ќе останеш.Очекувам во секој момент да се разбудам од овој кошмар.Кошмарот наречен живот... ;(
    Се тешам со тоа што таму горе,на небото си подобар.Иако не си покрај нас ќе бидеш секогаш во нашите срца...Почивај во мир дедо! ;(
     
    На LittleChili, Annath, Asja и 26 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.572
    Допаѓања:
    43.025
    Пол:
    Женски
    За доручек лубеница, мрзливо.
    Некако сите по дома сме поспани, мајка ми од вчера е на годишен одмор, па ни се закани дека ако ја разбудиме рано нема да ни прави ручек цела недела :worried: .Татко ми и брат ми исто дремуцкаат уште, кој каде, дури и кучето се тегне само од кревет на кревет, за никој да не се осеќа запоставен спие кај сите по малку и не гуши од што е бушава вреќа.
    Него синоќа бев на Лоба доаѓаше кај нас во дискотека, исто толку убава ми е и во живо, само од каде тоа пеачка е?
    Не дека си поминав лошо, ама позабавно ми беше тоа што дечко ми цело време беше магнетно привлечен од мојот задник и не можеше да си ја заузда раката во јавност отколку нејзиното пеење.
    Него сериозно некогаш од толку што е недискретен ме фаќа срам луѓе, а тој се правда како толку ми бил добар што не може да чека да го допре додека сме на само, ха љубов. :$

    Ми фали другарката, вчера и ја пратив од Северина песната пријатељице и после таа ми враќа дека само што ја слушала истата песна и тоа прв пат и одма помислила на мене, телепатија, ама не сериозно мислев дека нема толку да ми недостига, ама ми фали да ја имам во близина, како некој фантомски екстремитет ми е(така ли беше ова фантомски, знаете она :D )

    И колку ломотам безвеза, отидов јас да уживам во неделната мрза, а вие останете ми во убаво топло(буквално) расположение.
     
    На LittleChili, senza.parole, Lepaaa и 16 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.