Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ..луЏе бе, луЏе!
    Оладете мало иц крисмас тајм.
    Човек не ве читал некое време и сте изнапишувале над 50 страна. Е ај ела па постигни да прочиташ. И кога читам само читам препукувања, мрчења..итд. Крисмас ис каминг. Бе хепи!

    На неколку места прочитав за сонови. Дали нас не напаѓа пред новогодишна сонманија?! Еве јас ги сонував Магнолија аген, и Дузи. Мислам дека на Дузи во сонот и ги скршив коските од гушкања.

    Туку ме немаше овде но сега се враќам да напишам неколку збора за два прекрасни града кои ги посетив и поради кои не бев во можност да пишам овде. А да и поради непогоди ради интернетот.

    Сакам да ги пофалам Скопјани и Струмичани за инзвонредните градови, и ви завидувам. И јас сакам па!
    За Скопјани би рекла алал да ви е за преубавиот плоштад! Јас сум ПРЕпријатно изненадена за прв пат. Како никогаш дотогаш ми се зголеми желбата да останам таму. Засекогаш! Застанав на средина на плоштад, деца трчаа околу мене, некои луѓе брзаат за да стигнат онаму каде што тргнале, повеќето се сликаат и со голем ентузијазам ги гледаат сијаличките. А јас. Јас стојам во место и го перцепирам сето ова околу мене, и за момент почувствував како да се наоѓам во бајка. Преубаво е, и баш ја почувствував онаа новогодишна еуфорија. А и заборавв да ви ја пофалам стара чаршија. Најубавиот чај каде некогаш сум го пиела!
    За Струмичани. Шта речи! Преубаво направен плоштад, украсено, градот конечно дотеран.
    Лизгалиштето исто преубаво. За жал немав време да лизгам иако тоа најмногу го посакував.
    Следна моја дестинација е Велес. Бев, но во овој период се надевам дека и од Велес ќе бидам вака изненадена.

    Останете ми поздравени. Ќе продолжиме да се читаме од сега почесто.
    :hai:
     
    На KrystalTears, Doozy, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Имам пишувано овде денес?

    Изгледа не.Туку да кажам дека денес сум исполнета,се доага во ред,коцките се склопуваат.А јас си гледам и се смешкам од страна.Си ја очекувам другарката да пристигне во Мкд,ми недостига многу а тогаш идемо у бољи живот.А Леси?Леси се врака дома :D
     
    На crazylady, Divinebutterfly и Nightwalker им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Посакувам да се вратам едно 20 години наназад, да сум едно среќно детуле кое троши неколку часа во денот гледајки ја новогодишната елка и радувајки и се.
    Па и филмчиња божиќни и новогодишни кој од кој поинтересен. Притоа чекајки да дојде распустот и да почне на МТВ зимската новогодишна програма, нешто што не се пропушташе секое зимско утро.
    А денот кога мама ќе ти ги облече сомотските панталони, дебелото домашно плетено џемперче и чизми и ќе те однесе во град да прошеташ беше прајслес. Елката на плоштадот ах морав малото вратче да го искривам за да го видам крајот нејзин, а секако тука беа американските крофнички купени од плоштадот, а може и некој лампион од тезгите кои ги имаше на секој чекор. А да не го спомнувам денот кој ни беше испланирам за Новогодишен панаѓур, ах панаѓур. Па шетање на минимум 5 хали од саемот, па може ќе ме почастеа со некоја блузичка, можеби и нови чизми, честитки за другарчињата и жижалици. Најголем проблем беше да се одлучи со кој Дедо Мраз ќе се сликаш, дал оној со еленот и санката, дал оној со баба мразица или оној со мајмунчето. Па чекаш да дојдеш на ред додека малите дечиња плачат додека се сликаат.
    А последниот училишен ден правевме забава, организиравме лотарија, собиравме по 30 денари и си купувавме подароци, ем ги знаеме подароците ем се радувавме до бесвест на добиената гума, онаква каква што дома имаме, ама сеедно оваа е новогодишна. Па денсаме на детски песнички и пиеме кока кола а дома не кажуваме да не не караат.
    А новогодишната ноќ дома со мама и тато или евентуално баба и дедо гледаме новогодишни програми, јадеме кифлички и руска и чекаме момент да ги запалиме жижиците. Радост.
    А по преспиената ноќ трчанката до елката и чекаме пакетче најголемо од мама и тато, па после следи пакетче од дедо, па од баба, па од чичо, па од тета, па ги броиш чоколадите и не можеш да се изнарадуваш. А да не зборам за добиените честитки, па редење на сите покрај елката или ако нема место покрај телевизорот.
    И одвај чекаш да дојде Коледе, за да може да собираш со другарчињата коштени, оревчиња, јаболки и портокали.
    Ах, ми недостасува тоа детство. Не дека секој период од животот не е убав, посебно ако го направиш самиот да ти биде убав, НО нема ништо поубаво од безгрижно детство и невин лик кој ја дочекува новата година додека ги затнува ушите поради јакиот звук на петардите и огнометот, мислејки дека тоа е најлошото нешто за Нова Година. Камо да беше така.
    Ги гледам дечињата низ центарот на градов деновиве, баш се такви, како ние пред 20сетина години, заруменети од студот во носето и обравчињата, целите замаскирани со капи и шалови, скокаат за купениот балон од хелиум, за сликата со дедо мраз и се воодушевуваат на украсите.
    А јас само си се потсетувам на тие убави времиња и се насмевнувам на секое невино детенце. Нека ужива, ова му е неговиот единствен безгрижен период од животот.
    Ќе им остане во сеќавање, исто како и нам. А мене дури ме фаќа носталгија и се велам ех да можев да се вратам...
     
    На Elennaa, KrystalTears, Hiii и 44 други им се допаѓа ова.
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК имам еден тон за учење, а јас си дремам на интернет, си гледам тв, се правам само не учам.
    Овие од Стража, хммм уште се чудам како не паднале. Се има по светов.
    Си се прашувам сама дали е добро човек да има избор или да нема избор ? :^)
    Да не размислувам јас многу за глупости и да го загреам столчето најпаметно ќе ми биди.
    Ииии да не заборавам да си ја промовирам ново отворената тема. :)
    Повелете :)

    knigi/lolita-vladimir-nabokov-t9870/
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Жалосно е кога некој толку многу се труди да се скрие зад фасадата... Супер би било кога дел од таа енергија би потрошиле за работа на себе, ке се исплати кога фасадата ке се сруши. Само набљудувам од удобната фотеља и не сум сеирџика, ама тука ке се радувам кога на виделина ке излезе покварената им душа :dance:
     
    На marama и Gea им се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Многу ги сакам животните :inlove: Колку се мили,паметни,прекрасни.Особено најмногу си ги сакам мачињата.

    Во зградата каде што се сместив последно,има една мачка ми се чини ангорка е,која на почеток ме гледаше намќорски а сега од први се пресели на мојот кат и со душа ме чека да излезам од врата за да ме мава по нозете,си игра со мене додека се симнам до долу,оди по мене и ме мава по нозете,па ако се свртам накај неа демек да ја карам ќе се скрие позади некоја саксија,абе срце е.....ја засакав многу,тоа ми е маана што кога ќе засакам нешто се приврзувам многу за него.

    Ми фали и малку акција ,ми фали нешто ново во животот,секој ден ме уби монотонијата.Се чувствувам ккао очајна домаќинка,и во новата година посакувам да си најдам убава работа.Работа,која знам тешко се наоѓа на струка,но нека биде работа со нормални луѓе,не исфрустрирани.Ете не пребирам,барам само нормална работа.
    И најмногу само здравје на мене и моите.
    Здравје,а другото се само по себе ќе си дојде .
    :)
     
    На BlackSwan5, zhap4e, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк абе фластер на уста на некои личности ....само тоа треба ....да не зборат ко навиени :x :x


    Не ми е јасно на што се цел ден, на цртки, на печурки, на зелено ? :^)

    Или само уживаат да малтретираат психички, физички се што ќе видат околу нив.
    Така и овој масира, масира и тоа преку чет ...Божеее човече те прашав од култура што правеш а ти цел живот ми раскажа, ем знаеш не ми е до муабет ...


    Оххх ај да пробам да се релаксирам со цртање оти вака не бива .

    А да кажам ја мразам целата Британска култура и цивилизација .... на толку учење само 8,5 поени од колоквиум :(

    ГОСПОДИ види ме овде сум, ти мавтам чаоооо HEllooooo :hai: :hai:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Си правам мафини - и убаво ми е. ^_^
    Некои добиваат скапи парфеми, јаки штикли и фејк бундичиња на подарок, јас од мајка ми добив тавче за мафини и одма го испробав. :D

    Целата сум мераци, ќе ги испробам сите можни солени и благи варинанти, сакам куќа која мириса на дом, сакам да ми се мешаат вкусови и зачини, да ми е топло и пријатно низ собите и во душата.

    Никогаш не ги сфатив оние кои лунѕаат и скитаат по улиците и не сакаат да се приберат дома.

    Дома, има ли нешто поубаво, помил збор, покрај мама? Нема.

    Воедно, ги поздравувам сите оние кои постојано си измислуваат нови начини како да го разубават домот, макар си со малку парички, да го освежат со по некое цвеќуле, ново чаршавче, сликиче...
    Домот е срцето и сржта на семејството, зошто би инвестирала во скап пар чевли, ако дома ми е скапано и мувлосано, а таму поминувам најголем дел од животот?

    Ајде доста сега домаќински филозофии, лапнете по некој мафин и останете умни.
    Уште само 10 дена . . . :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN2513.JPG
      DSCN2513.JPG
      Големина на фајлот:
      134,8 KB
      Прегледи:
      301
    На glow, Marilyn-Monroe, bittersweet и 44 други им се допаѓа ова.
  9. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Зошто ликот го сокрива ко да не ме познава, земја отвара да ме проголта.
    Молчи, ништо не ми зборува, мирен како тишина, сите мисли ми ги убива....
    Може стоти пат те прашувам за нас, дали е љубов ова што почнува ?! :$
     
  10. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК девојки мн ќе ми недостасувате ;(

    Ќе немам интернет извесен период и јас незнам колку време точно,ама мислам дека нема да биде за долго.

    И незнам како ќе издржам без интернет али кога се мора,мора да се може ... :devil:



    Ама што да се прави тоа е а кога си најмал мора да слушаш :|

    Бидете насмеани,расположени како и што сте. :)
    Ве поздравувам
    и ве гушкам ајде :hai: :* :*
    :hug: :hug: :hug:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Гледате ли кои лепоти ги имам на аватар,м?
    :wasntme:



    Доколку сепак не видовте :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Hiii, SexyLady, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  12. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    ^^^
    Трендафилке! Зошто вака правиш ;( .
    Смилуј се кон нас. Смилуј се кон тие што не се во можност ова да го направат.
    Ах.. (ставамголемосмајлинакоемутечатлигикорека)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Радости во сива боја. Сива магла, сиви автобуси, моите сиво-сини очи, сив чад од цигари.
    Си го сакам денов затоа што е мој, на близнаците (од астролошки аспект).

    Уште да не беа толку сиви лицата на луѓето околу мене. Сериозно да не колнам ама како мртовци ми се. Живнете луѓе, не само затоа што е Нова Година и Божиќ, туку затоа што имате мал милион можности. Искористете ги, зграпчете го животот за муда и уживајте. И без жалопојки од типот ама јас немам среќа. Ако немаш среќа направи да имаш. Бар тоа не е толку тешко.

    Едни сиви очиња ве поздравуваам и ги меркаат далечните комшии.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Обожавам луѓе што имаат разбирање за сите глупости што произлегуваат од таканареената полупразна моја глава. :rofl: Ете сега жив чоек нема кому да му се испранам, :|
    мака ми е, под тешки депресии сум, :doh: цела недела чорапи немам сменето :wasntme: , а валкани се и неподносливо смрдат 8) .. ама што ми има влезено една мрза....две недели не сум се капела :(
    Мајтап!
    Ретки се моментите кога го сакам човештвото, стварно се ретки, затоа и ги сакам. :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    СДК ... однсоно да прашам: Кај сте ми мрчаторки? :wasntme: ... :D Ах жени мачки, мора едно две па некоја препирка ... Ама ако добро е за разбивање монотонија тука и општо надвор ... Додека има и кавги, контри, препирки и сл. значи живнати сме, инаку не уби рамндоушноста која се е само ок не. :|

    Инаку мене срцево ми се исполни деновиве. Не планирано, но многу спонтано за кратко време насмеав мали мили лиценца и израдував срценца. Кој друг нај искрено и најмногу се радува на добиеното поклонче од децата?? Само тие знаат да ценат искрено и со чисто срце. И да заблагодарат уште повеќе толку спонтано и толку искрено. Треба да учиме ние големите деца од нив.
    Времево е неодредено, збунувачко и го замајвува мозокот. Затоа направете некој мал искрен гест за да му пркосите. Ако не друго срцето да ви се наполни па макар и на кратко.

    И да додадам нешто што го наслушнав денес од една специјална личност ... Не верувај му на оној кој сите 365 дена се смее и дели позитивни енергии ... туку на оној кој има променливо расположение, еднаш горе еднаш доле е ... тој е сепак нормален човек.
     
    На bittersweet, MandyLane, Strumfeta93 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас само сакам да кажам дека кафе без кајмак е како подрум без ајвар, друго немам ништо паметно да кажам :D
     
    На julie77, eli25, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во читална најубаво се учи... освен ако не фаќа wi-fi :wasntme:
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    И ќе поминувам низ истите улици и пак ќе се прашувам.. Зошто денес по нив нема траги од една среќа што беше, како да таа испарува, како да таа исчезнува со времето, со деновите.. На крајот сепак ќе се помирам дека на убавите нешта сакале или не им доаѓа крајот кога тогаш. И не.. Не го велам тоа за да звучи сурово, туку само реално. Некогаш имаше смеа.. Се сеќавам.. Сега може само да се сеќавам бидејќи веќе не е така.. И нема да биде..
    И јас се променив бидејќи и луѓето се променија.. Оние кои зборуваа за нешто вечно, а самите тоа вечно го претворија во минливо.. И веќе за ништо не се прашувам. Нити размислувам. И така тоа што треба да биде ќе биде. Ништо нема да промени моето размислување... Можам само да ги согледам работите, да научам и да продолжам понатаму со истите луѓе.. Или пак со некои други.
    Сепак нечии очи ќе останат да бидат истите. Тие што секогаш ме пречекуваат со љубов и топлина. А нечии престанаа да бидат такви или пак никогаш не биле.. Којзнае.. Ни за тоа нема да размислувам. Што е важно кога веќе процесот на згаснување се случува.. И присутен е.
    И така време дојде за нов почеток. На нешто мора да се стави збогум,а на нешто друго да се каже добредојде.. Се тече, се се менува.. На местото на едни луѓе ќе дојдат други.. На местото на тагата ќе дојде среќата или пак обратно.. И така се се врти во круг.. Тагата во себе ја носи среќата, а среќата тагата.. И на крајот нешто што ти значело ќе се претвори во само спомен на едно време. И тоа време ќе ти изгледа толку далечно како да никогаш не било, како да не си го преживеал. Колку има од блискост до блискост толку има од далечина до далечина..
    Кога се губи нишката доверба тогаш се се губи. А не, нема да се прашувам зошто луѓето се променија. Си имаат тие свои за себе познати причини исто како што јас имам свои за да не ги гледам со исти очи повеќе...
    Како растеш така сфаќаш меѓу своите си имал предавници, а меѓу оние кои си ги гледал со сомнеж си имал пријател.. Можеби едноставно се исцрпија сите извори, можеби едноставно веќе нема од каде да се налее љубов иако не би требало таквиот извор да пресушува.. Ама луѓе, и се бива, непредвидливи се исто како времето кое од дождливо станува сончево, па пак дождливо..
    Не, нема да размислувам за тоа. Нема да се прашувам повеќе. Време е и јас да скршнам од една патека и да појдам по нова и непозната... И не не знам кој би ме следел, а кој би се откажал. Нема ни за тоа да размислувам.
    Знам со сигурност дека ЈАС ќе бидам присутна и тоа е доволно, да бидам јас присутна, да се протнувам низ сите препреки на животот, да ги земам предизвиците во мои раце и едноставно да чекорам напред. Нема да гледам во иднината ниту ќе се враќам на минатото. Нема да се надевам на нешто што не е во моја моќ ниту да се надевам дека другите би ме следеле..
    Ќе живеам во сегашноста. Ќе бидам тука за оние што ќе бидат тука за мене...
    Се уште живеам и тоа е факт што треба добро да се искористи.
    И ќе поминувам пак низ истите улици ама веќе нема да се сеќавам.. Низ нив ќе оставам други траги со други луѓе.. Луѓе кои одлучиле да ме следат, луѓе кои одлучиле да ме прифатат со сите мани и доблести, луѓе кои останале до мене тогаш кога и многумина го свртеа грбот или едноставно луѓе на кои допрва треба да им се каже добредојде..
    И едно збогум води до друго добредојде, зошто секој почеток има крај а секој крај има свој почеток..
    Збогум на се што досега ги мачеше моите мисли..
    Збогум на старата јас..
    Збогум на сите лажни надежи..
    Збогум на сите прашања..
    Добредојде на сегашноста..
    Добредојде на мигот од животот..
    Добредојде на новата јас..
    И добредојде на сите битки што допрва треба да се започнат... :)


    [​IMG] 8) :hug:
     
    На Adi888, Doozy, SexyLady и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес со турчинчето зборевме за храна, наши и турски специјалитети. Ни фали на двајцата нормална исхрана. Од тестениниве мака ни е. Тој кутриот поради документи заглавен е со една женка од Данска, дебелка, заканувачка, доминатна, му забаранува да искача, да се дружи кутриот, а пак кај и да се движи има осмех. Од фалкутет до железничката станица се однесувавме како две зелени дечиња, свиревме на колку може повеќе ѕвончиња од велосипедите, се смеевме како зелени и ломотевме колку Швеѓаните се досадни. :lol:

    Симон ме израдува кончено понеделник мојата втора тетоважа, јухуу..

    Туку ме фати мака, еве веќе две изложби имав во МКД а мајка ми и татко ми се уште не знаат ќерка им какви слики прави, ако видат во весник океј, ама никогаш досега не искажаа желба да седнат до мене и да ме прашаат да видат што правам или да дојдат. Знаат само да кажат ааа ќерка ми беше во Индија имаше изложба, а немаат ни претстава какви фотографии. Тоа ми е, ако ништо сепак за себе прво го градам ова и за моја Мила.. која се надевам дека и она ќе слика како мама.

    Ме фаќа паника утре ќе има невреме над Балкан, ах ако треба авионот да слета во Охрид, ќе треба да си ја преседам цела ноќ во Охрид, па автобуси, ах се надевам дека ќе биде се во ред..

    Утре вечер тргнувам за домче..конечно, ми изгледа како цела вечност..
     
    На LivingGlam, Hiii, Adi888 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК си направив твитер и појма немам како да го ракувам :D :D
     
    На crazylady, GarpovaV, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.