Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Си имам ритуалче кога одам подалеку сама (мислам без моите дома) си се молам на една икона да биде се во ред , да не чува и штотуку се помолив на враќање си го удрив малото првче и уште ме боли си велам "почна чувањето " :D :P
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Озборувања ќе чуеш секогаш и сегде. Најчесто на луѓето не им треба ни повод, а ни причина. Одам во продавница и сè што ми треба е кафе и нешто за појадок, а наместо тоа добивам тазе информации кои мозокот од сабајле не може да ги процесира. Добро, од кога се станати жениве? Од 5? Испиле три кафиња до 9 саатот и сега уста не им се затвора. Блазе си им.Проблемот со нашиот менталитет е тоа што не си го гледаме својот двор, а зборуваме за туѓиот. Да, сигурна сум дека сите кои зборуваат имаат совршени и безгрешни животи, па слободно можат да „ломотат“ за другите. А излезе некој збор, се шири како вирус, ти се чини епидемија. Озборувањето за некого е неопходно исто колку и храната.
    Не постои некој кој не бил озборуван, ниту пак некој кој не озборувал. Но доколку озборувањето ти е единствена тема на муабет, тоа би значело дека и не си способен за нешто друго да зборуваш. Можеби и би ги оправдала хроничните озборувачи. На пример, доколку стварно немаат сопствен живот и свои проблеми, нека се занимаваат со туѓите, на крајот на краиштата, кој им брани.
    Еве ви друга позитивна страна на озборувањето. Обично озборувачите се многу фини луѓе кои се грижат за тебе! На пример, мака мачам да се сетам кога се вратив претходниот викенд дома, или која од другарките ми дојде утрото на кафе. Фино лепо си ја прашувам комшивката. Таа отвора во записникот, во толку и толку. Фала многу. Нема проблем, повели и друг пат, за тоа служат комшиите. Тоа ти се вика верен апдејт-комшија.
    Муабети. Од што нема што друго да кажеш, од што ѝ завидуваш на личноста, од што ти е досаден животот… Постојат многу варијанти. На пример, се среќаваш со бивша соученичка од средно. Те апдејтува за секој што го видела од класот. Кој кај учи, кој со кого се фатил, кој колку се здебелил. И нормално, таа се грижи да ги дознаеш сите битни информации.
    Така што, не муртете се одма и не сфаќајте ги погрешно луѓето кои шират чаршиски муабети. Тие само се грижат за сите останати освен за самите себе. Колку несебично! :devil: :devil:
     
    На vinozito1, Serafima, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Знам дека не сум совршенство, далеку сум од тоа, но не сум искомплексирана ниту ќе бидам. Навистина ме нервираат ваквите луѓе. Косата и била малце прекршена, моливчето за очи не и ги истакнувало убаво очите, маскарата не била убава затоа што трепките немале доволен волумен, пудрата не била како што треба бидејки не и прекрила убаво едно мозолче, градите не и биле доволно големи, се здебелила 1 килце итн...Не ми е јасно зошто некои луѓе сакаат да го постигнат невозможното, толку ли е тешко да се прифати фактот дека никој не е совршен. Наместо постојано да мислиме на нашите недостатоци подобро е да ги прифатиме и да живееме со нив. И јас имам недостатоци знам и ги прифатив, се научив да живеам со нив. Оној кој те сака ќе те прифати таков каков што си.
     
    На Izaabella, Agawa, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Убаво ме зафркна татко ми,ми направил сендвич а внатре ставил од нашите феферонки што се изгор лути и сега пред 20 мин почнав да го јадам сендвичот и ми залуте нешто,јазикот 500000 степени почнав да скокам да викам,може и некое орце свртив бегајќи околу маса,почнав сок да пијам а па од тој сокот уште полуто ми стануваше,кузнае колку чаши вода испив.Грлото ме фати дури :x отсега сама сендвичи ќе си правам,ама ако ќе види он ќе му го зафркнам јас утре кафето :devil: :D

    За крај Добра ноќ,имајте убави соништа :* :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Adi888, I.want.to.sleep, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК ужасно многу ме иритираат женски персони кои во близина на било каков машки примерок почнуваат да се смеат усилено и хистерично! Нападни сте, одвратни, никој не привлекувате на тој начин, само и сметате на околината со вашето дегенско „смеење“ кое патем потсетува на крици од свиња на колење. За жал не знам ни сама како, ама во последно време, често се наоѓам во присуство на вакви „дами“.
    Стварно не ми е јасно како е возможно некој да си мисли дека тоа е привлечно?
    Исто така ме иритира и нивниот очаен тн „флерт“, мислам, срамота е она што го гледам да го наречам флерт воопшто, ама не знам како поинаку. Флертот е во ред, ова не е. Не ми е јасно како една дама можи да си дозволи така отворено и јавно да го покажува својот очај за машки полов орган, а потоа да се прави недостижна и паметна и не знам што. Зарем не сфаќаат колку глупаво изгледаат? Дека сами си играат фудбал со сопствениот мозок? :fubar: :puke:
     
    На bittersweet, danichap, Lov3 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Животот е суров.На некои дава,на други не.
    Деновиве се почесто се соочувам со вакви ситуации.И тешко ми е.
    Тешко ми е да гледам како некој се расфрла со работи кои некој друг не може ни да си ги замисли,а не пак да си ги овозможи.
    Неправда!
    А и луѓево...диви животни.Сурови,себични,неблагодарни...
    Се подбиваат и прават шега на туѓа сметка,притоа не знаејќи колку таа нивна "шега" може да повреди некои личности.

    * * * * *

    Пишувајќи го постов,Бог знае од каде,ми падна бубачка во креветов.Црна,голема,страшна...
    Па 15 минути ја удирав со книгава до мене.Не се даваше никако,ама на крај попушти.Ја смачкав и ја фрлив низ прозор :devil:

    * * * * *

    Инаку,мачно ми е.Многу.Едвај дишам бре.Не се трпи жешково веќе.Ми се чини ќе експлодирам во секој момент :sweat:
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.414
    Љубов е кога неговиот мирис ти дава мир како да си дома!
    Се плашам од себе.СЕ ПЛАШАМ! Ќе се омажам ало!


    И драги одредени, пред да кажете било што за она што вам ви го прават, ве молам малку запрашајте се дали не го правите вие истото тоа некому, во ред? Зошто на нас, тие околу вас, ни се гади од вашето лицемерие и вашата вечна улога на жртва.Ок? Ве трпевме и верувавме во вашето херојство додека не ни станавте очигледни дека сте само една обична патетика која црпи внимание од нереални нешта. Благодарам!

    Морав така убав пост да си расипам со глупости нали... Зошто цел ден како грутка ми стои у грло на пар моменти кога видов понашање и после ќе го прешалтам погледот накај рајот и одма ми буде боље.
     
    На WarriorAngel, Edie.S, Neytiri и 3 други им се допаѓа ова.
  9. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Гледав модна ревија. Како што гледав, таква останав.
    Добро бе, тоа манекенки се?
    Кога ги гледав како одат, страв ме фаќаше да не им се скршат тие ноџињата...
    - Сестро, дај земи јади, па фрцкај се...

    Јас повеќе ги почитувам оние што се со облини, него овие стапчињава...
    Се имаат на нив.

    Па зар не е прекрасна?
     

    Прикачени фајлови:

    На Annath, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек кој знае, која е суштината на животот, нема да си дозволи да повредува други.И секогаш туѓата среќа ќе му е важна, за неа ќе се радува, како за нешто свое...
     
    На ozbilnazena, Antoninaaa, WarriorAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Неможам да спијам. Се превртувам на креветов кој непристојно се лепи за мене. До пред минутка се гушкавме со малото. Топлина на душава.

    За цела недела, во три сона го посетив Рим. Рим мене ме прогонува или?! Го љубам овој град. Знам дека ме чека пак да одам да си го видам.

    Јас и по толку време, кога ќе погледнам во мојот гледам убавина. Многу ми е убав. Сеуште ме малтретира да си си ги споиме очите така ups & down. И секогаш истото, аии аии аии завива :). И комплиментира, не памтам како му одат зборовите бидејќи јас слатко си се смеам и прилично сум зашеметена од неговите очи.

    Љубов, е барем трошка љубов кога се фаќате како се молите за него, не за себе. И знаете дека е трошка љубов кога го фаќате како и тој се моли за вас. Мене тоа ми е задоволителна трошка. Предоволна!

    Предмалку додека се шетавме по улица решив да фрлиме паричка на која замислиме две желби. Мојата беше материјална, да си направиме мала слатка куќа на едно брдо. А неговата беше да си живееме заедно вака како сега - полни со полет, младост и мирис на љ.
     
    На Someonespecial, vinozito1, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Страшно какви се не позадини се кријат зад некои приказни, и страшно како сите сме ние така наивни, лепршави, пеперугасти и што ти знам јас...Тужничко ми доаѓа малце, и се прашувам упорно чему сето тоа... И после ми текнува дека полесно е да се направиш пичка ипол у два света, него ли друго.. Епа така, ете од што си патиме...

    И што е бе старлета, не ми е јасно сеа, ме збунија?
    Порано нели беше некоја глумица со желби огромни за слава и да стане ѕвезда, а сеа Ивана Сватка е старлета, епа и јас иам завршено два факултета ондак, шо...
     
    На julie77, imelda, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Почна одбројувањето...
    Уште една недела САМО за нас двајца, во ова лето кое толку долго го чекавме.
    Не дека е крај на светот, нашата љубов е голема, верувам во неа... Верува и тој... Уште посилно!
    Нооо... Ако нешто е тешко во љубовта наша е тоа што втора година со ред треба да функционираме на дачечина, овој пат уште поголема.
    Тажна сум. Уствари се чувствувам безвезно. Многу!
    Лето, долгоочекувано, со него, до него, покрај него. Љубов на претек... На моменти ми иде да си полетам од среќа. Она, кога добиваш нагон, љубовен нагон :D го гушкаш, и оп- среќна си! Одиш дома, мирисаш на него. Се будиш, се спремаш и пак директно во прегратки му одиш. И така секооој ден.
    Е за овие моменти сум тажна, е овие моменти ќе треба да ги чекам по месец...можеби и два!
    Како и да е, ќе мораме да издржиме. Ние двајца, заедно со Господ ќе бидеме заедно - ЗАСЕКОГАШ - ЗНАМ! :l:
     
    На anuskaNESTLE, Someonespecial, sweetgirl92 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Тоа старлетата без А, да не дојде до бунка и забунка :D
    3начи ќе му дојде ко Старлет 8)
     
    На Ketrin.Moon и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро на сите.

    Да бидам искрена, очекував невестево Сноу Квин вчера да се најави виа мобиљка (евентуално лап топ) од црква или барем од кафана, не бива да помине цел ден без нејзе а плус да не се пренесе виртуелно еден таков среќен момент.
    Ама ја знаеме ние госпожата, очекувајте сега да се појави, од некаде, ги преброила парите од поклони и сега може да ја изнесе сумата :rofl:
    Се шалам бе...ама сигурно нема да отиде на хони мун без да се поздрави, освен ако не прават блага ракија :rofl: , ама пошто ни е трудничко не иде блага ракија.
     
    На Snow-Queen, Barbie20, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Топло е...затоа го грабам утрото уште во 5.Убавина .Да можеш да функционираш без да се запотуваш.Зашто од многу топло не можам ни да мислам.Не можам да седнам на компјутер,не можам да јадам.А ако ме натераш да излезам по чаршија по некоја работа,подобро убиј ме. :sweat:
    ```````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````
    Многу често се прашувам зошто некои работи мене ми се случуваат.Сите велат ,биди добар,прави добри дела и ќе ти се врати.ААА....цврц,не оди баш така.Животот не е бајка.Кога би било така,доброто ќе се налепи на добрите,лошото на лошите,и се ќе биде идеално.Ама не е така.
    Прво,треба да знаеме дека не знаеме ништо.И да ја отфрлиме играта на егото кое ни вели.Јас знам да контролирам се.Со позитивни мисли ќе привлекувам позитивни работи.Аха.
    Најпрво да го замолчиме егото.И така од него немавме некоја корист .А потоа да земеме метла и да го исчистиме сето ѓубре во нас.Не е тоа баш така лесно и едноставно како што изгледа.Треба да ги исчистиме навиките,однесувањата,информациите,сеќавањата,се...Ќе знаете дека е исчистено кога ќе помине денот а никого и ништо нема да осудувате и анализирате.Ни одлуката на син ви да се тетовира,ни одлуката на шефот дека ќе ви ја намали платата,или дамката од кафе на новата маица.
    Кога тоа ќе го направите ќе добиете простор за надградба.И ќе бидете наградени.А тоа е ...мир.Мир кој е над секое сфаќање.Мир кој се обидувам да го достигнам.
    ```````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````````
    Простете не напишав нешто што можеби ќе ви го привлече вниманието.Се судрувам со моето внатрешно јас,и тоа го пишувам.
     
    На Barbie20, bittersweet, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.414
    [​IMG]

    Се збунив сега, не знам кого сакам!
    Ај добро утро!
    И зошто вакви работи? Знаат ли дека постојат луѓе ко мене шо мораат да пробаат се?
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, Hipster и Claire им се допаѓа ова.
  18. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Се чувствувам наспано,па конечно после 13 дена. И си го пијам првото утринско кафе сама, во тишина. (тоа најмногу ми фалаше!).
    Се вратив од одмор,да се пофалам имам чоколаден тен :wasntme:
    Во кратки црти. Bремето ни се погоди, друштвото исто, коктелите си беа како што треба.
    Се беше погодено.
    И сега едвај чекам да ми се симне втора сезона од Sons of anarchy, многу ми фалеа!
    Ве поздравувам,уживајте! :*
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    СДК дека во два дена ми се урна светов.. Отидов на одмор а всушност сум заминала во пеколот. Па каде ви е бе сочувството и љубовта и прифаќањето и.. Нема да ме видите долу, ви ветувам. Мислевте ке ме повредите и понижите ама вие само ме издигнавте меѓу ѕвездите. Фала за мотивацијата, јас ке успеам.

    Кога би можела да ја голтнам кнедлава шо ми стои в грло.. :worried:
     
    На sara3 и tessie им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Си размислував утрово, со шолја прво утринско кафе, во прегратките на првите утрински дваесетидеветтојулски зраци: скоро 11 месеци откако неа ја нема, скоро пет откако старата јас се изгуби... грди работи ми се случија.
    Па зар не е ред да ми се случи нешто убаво, м?
    Не заслужуваат ли сите сонце после дождот? Ете... како ова сонце утринско: од почеток срамежливо, потоа интензивно, за на крај тебе да те зарумени од срам и УВ-зрачење.

    Сакам едно глобално ФАЛА за секое мое ПОВЕЛИ.
    Сакам искрено ПРОСТИ МИ.
    Сакам луда вожња на рингишпилот на животот каде после секој круг ќе ме чека прегратка што ќе ме стопли од ладното струење на воздухот додека се вртам.

    И не, не сакам многу. Не е ова многу за тој што го заслужува.
    And I've been a good girl!
    http://www.youtube.com/watch?v=NXtEnURrlBY
    И кога се гледам во огледало гледам прекрасна ќерка, сестра, внука, и другарка. Достоинствена жена. На која не и личи да држи до себе нешто помалку достоинствено.
     
    На Buttterfly, Barbie20, Abeja и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.