Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Маживе не се здрави. Ме смеат до 1001 и назад. Еден другар му вели на друг: сакаш да лижеш добри женски нозе а? - беше малку по вулгарен, јас неможам тука да се опуштам толку.
    Многу се јаки. На се се палат, на секое женско делче! :rofl: :rofl: :rofl:

    Мојот нешто во последно време се опушта и ми го мери деколтето колкаво ми е за искачање. Ме изненадува врло, се плаши од конкуренција :D. Вчера фустанче си носев, а тој откако виде како едни ме меркаа, си се изнервира и почна да се швркнува. Порано не беше таков, што му станува сега кој го знае. Порано со насмевка ги примаше машките кои се вртеа по мене, а сега само пред мене ги пцуе :D.
     
    На sekerchetto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    251
    Денес ја прочитав колумната на треднафилка „Заборавени магични зборови“ и да ви кажам право навистина се замислив. И порано имало вакво однесување, ама денес тоа станува секојдневие. Намуртени фаци насекаде, ако си пониска класа од нив-стануваш предмет на исмевање... А кога ќе кажат: „Тоа ти е работа!!!“? Па на нив работа им е тоа што го работат, а не добиваат плата и за тоа да ги слушаат Вашите исмевања?

    Убаво е напишано
    П. С. Браво, Трендафилке! Најдобра си
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    не живееме,туку преживуваме.. |(
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    А ти како млада, наивна не знаеш дека е заљубен во тебе... Сочувство до уште едно момче во френд зоун.
     
  5. top-of-the-world

    top-of-the-world Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Јас колку што сфатив за дечко и зборува.
     
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Понекогаш многу ми недоставува другарчето мое, навистина незнам што ми е. Па и не беа малку цели 7 години дружба. Па по цели денови бевме заедно бре, низ што ли не поминавме...заедно растевме, јадевме, пиевме, излегувавме, се смеевме, плачевме...се заедно. Ми ги знаеше тајните и јас неговите. Си делевме совети, си кажувавме искуства, заедно учевме многу работи за животот. Тој има голема заслуга за тоа што сум јас ден денешен. Незнам мораше ли вака да се случи, некои работи уште неможам да си ги објаснам. Се случи тоа што се случи, не го мразам тоа чувство не постои во мене. Ни јас самата незнам што чувствувам спрема него. Сега сме двајца странци, а порано не се делевме. Можеби личноста во која се претвори тој не заслужува ништо, но додека го пишувам ова пред мене стои личноста која некогаш беше мој најдобар другар, бидејки со насмевка се сеќавам на миговите поминати заедно.
    Тешко е кога некој близок ќе се промени...а за каење некогаш е премногу доцна...
     
    На Divinebutterfly и sekerchetto им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    Оу... да бе,па почна со другар и не го ни приметив дека пишала Мојот за дечко и. Опрости,извинииии, јас никогаш не ќе бидам твој!!! А и зезање беше, во отсуство на заборавено смајли да си кажам.
    Тестестерон му е од топлово, им вријат хормоните и агресивни стануваат,да заштитат територија.
     
  8. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Veritas amara est :|

    горка е вистината
     
  9. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Кристал маргарин..во се се меша :P

    Бтв. Ако се пронајде некој no hard feelings ;)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    ^ А ти као шо му доаѓаш? Вегета? Зачин некој?
    Ај провери дали идат Кардашијанс и релаксирај се.
    Ок, позз
     
    На prettyliar, Someonespecial, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Хаха, абе реков без лутачки.. Арно си вика вин дизел :D
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    Оф леле Шврци.....

    Туку не знам за вас,ама мене ме топи видејцево. :D Машкиве се десет пати помили и поромантични од жениве. Треба нешто слично во сред Скопје да се направи!!!
    https://www.youtube.com/watch?v=NrGSRr5dO6M
     
    На gothchick, lunicka и Hipster им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ Кај нас само венчавки бива јавно,овај како се вика вединг пропузалс, друго пу пу не дај боже, предбрачни пољубци, секс никако!
    Инаку да навистина е слатко...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.249
    Допаѓања:
    157.418
    Мене баш ми се интересни, ма да мононуклеоза и херпес ... :D
     
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Имам хемороиди, опстипација, подочници, болки во желудник, очи вкрвавени и што печат, главоболка, изгорена кожа, излупен лак, црно под нокти, свиок на скалпот, испадната фарба, влакнести нозе, смрдени мишки, домаќински гаќи, лош здив.
    Немам ПМС, пиштол и вода во болјер. Некое прашање?
     
    На sweet-star, vinozito1, I.want.to.sleep и 10 други им се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Ден, врел, прашлив, весел и забеган...и од нигде никаде ми се избаци некоја шпањолска тешка балада, и еве ме со солзи до носот, чиниш тешка разделба(пупу скраја да е) сум доживеала |( А штотуку ми кажа „те љубам“ |(
    Мислаам...стварно...да препишам на ПМС или на растројство од прв степен?! |(

    Да одам да си легнам или да одам да се удавам? Шо, нема вода, ни рекоа да штедиме :?: |(
     
  17. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Нема прашање, ќе помине :hug: :hai:
    И јас немам пиштол а ни вода во болјер, син ми жив нека ми е :)
    А јас како слепа, како влегов така излегов , ладна вода :)чекај Озбилна ред.
     
    На vinozito1, lunicka, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Во животов сум направила две големи грешки.Првата не е битна за муабетов,а втората е што не сум се родила како машко.Малите грешки си ги правам секојдневно а тоа е нели добро за искуство.Некако на нив ми се чини се им е сервирано на послужавник.Ние жените за секоја ситница мора да се бориме,бориме...и со самите себе,и помеѓу себе,и со мажите ,и со родителите,и на работа ,и со фамилијата.Од таа непрекината борба се збрчкуваме ,нервозираме,летаме во климакс.За на крајот сите да вртат очи зошто сме такви.Да сум машко ќе можам да се степам и да ги премлатам сите кои ме нервираат,а сите останати кои ми се обраќаат со тон кој не ми се допаѓа,би ги прашала како Де Ниро-Are you talking to me?
    Иако понекогаш и тие си имаат мака,зашто животот им го диктира онаа работа.Која мора постојано да ја чешкаат,вртат,местат или што и да е.Доволно е да отидеш во блискиот кафич,на фудбалски натпревари да останеш шокиран од нивното однесување.И постојано плукаат по улица.Еве,денеска пред нозе еден млад човек ми ја плесна својата телесна течност.
    Мислам навистина...и на почетокот на мојата улица ,бидејки е како пуста,постојано гледам мажи што замочуваат.Што бре ние жените да не имаме појака бешика па можеме повеќе да издржиме?
     
    На vinozito1, Serafima, Barbie20 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Mногу пати ноќта е единствената која e со мене, ги листа страниците на книгите од минатото зборовите кои останале само во главата добиваат посебно поглавје.И се почнува така од почеток како да било вчера и да било невозможно, а толку многу прашања одговорени наеднаш, но не во вистинскиот миг... Дали јас бев само изговор или љубовта која ме обземаше беше површна?
    И знаев дека се она што не го имав кажано ми се читаше од очите, но неразбирливо,незаинтересирано...
    И за мене книгите секогаш беа недоволно проучена лекција за секој нареден пат, за на некоја наредна страница да пишувам за сето она што требало да не се премолчи, а не за она што веќе било кажано.
     
    На Barbie20, Someonespecial и lunicka им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... за еден час тргнуваме. ^_^
    Спакувана сум само во едно куферче комплетно и се гордеам сама со себе, арно ама ја снема крофната за пунџа, ко земја да ја голтнала. :( Се молам да е бутната во куферот, а Хуго ликува и се радува, оти не ја сака мојата тофте-пунџа.
    Каков човек... зошто не ми ја сакаш таква косата?
    - Па не знам што треба да правам со неа.

    :^)

    Нели машките демек требало да ги галат женските за косичките, да ги потегнат за некое перче, да играат преплет оро со прстите низ прамените, а вака со тофтето стварно - што ќе правиш?
    Ма и ним не им е лесно, не. :D

    Ви мафтам со рачиња и меше тупанче, а вие обложувајте се дали ќе се вратам со поголемо или помало меше (ова сега звучи како индикација дека некое бебе може да склепаме, но да сме на чисто - се работи само за храна и моите лапачки способности... лапачки ко за јадење, не за лапање, ооооооф, ајде доста, затни се девојче)... |(

    Чао чао, ве гушкам Феминки Феминчевски и ќе се измочам в моренце по еднаш за сите! ^_^
    :hug:
     
    На anuskaNESTLE, sweet-star, antonina и 55 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.