Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Најмизерно е кога некој ќе ти вети дека ќе направи нешто, ти ќе чекаш и ќе чекаш, ти ја превземаш улогата и тотално ќе се разочараш од личноста и ветувањето. Да ти вети некој нешто и да го исклучи мобилниот телефон исто како да оди на инфузија на болница и медицинската сестра да рече дојди утре нема сега... Тотално сум разочарана од таквиот потег и од личноста.
    Зошто бе само вака неубави работи ми се случуваат, како едно убаво мислење не напишам во оваа тема :@ . Па и колку се вознемирив не можев да заспијам, се разбудив во 5 наутро и презаспав во 7. Главата многу ме боли, уф... феминки не знам што да правам веќе, не знам стварно...
    Деновите се толку убави, исполнети со дружење, љубов и насмевки, само моите со грижи, разочарувања, болка и тага. Ова е неподносливо. Не ми се верува дека ќе го кажам ова, ама подобро би било да си одам во Скопје.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Онака сабајлечки,одам до продавница,демек послушна нели,да не ја одбијам мама,а таму..гужва невидена,мислеш нешто бесплатно делат.Иии чекам си на каса,да ми дојде ред...а таа пред мене..имаше пазарувано,пазарувано...не дека сум љубопитна,ама жената беше премногу бучна,а невозможно беше да не се разбере колку сметка направила...5000ден,и расправа на касиерката(приватно,мн се дружиле) како планирала да направе скромен ручек,по повод Илинден..Со 5000ден скромен ручек?!!Ајде бе,тоа ќе биде огромна трпеза,далеку од нешто скромно.Јас разбирам празник е,и нели сите сме патриотски расположени,ама тоа не подразбира да се претерува!
    Денеска 'скромен' ручек,утре 'муви ќе лапа'...

    знаеме колку изнесува конфекциската плата на жената...
     
    На WarriorAngel, eliesaab, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.324
    И јас како децата :tmi:
    Пред некој ден случајно кога видов дека на еден автомат за лименки може да се зададе сопственото име и минута покасно да добиеш гратис лименка со името на неа, како попче си се наредив во редот и чекам.

    Па не само за мене, викам и за малиот да зедам една.
    Одма сликав, му ја пратив сликата и он радост. Да не сум му ја пиела, да сум му ја однела дома |(

    И ај.
    Он среќен, јас среќна за ич пари.
    Да не заборавам дека гага ги делеа лименките :emo: :D

    Вчера пладне звони звонче, поштарот на врата со едно пакетче.
    НА него стои налепница за да се биде внимателен бидејќи е стакло. Ми падна малку чудно што би можело да биде.
    Отварам внатре и што да видам :devil:
    Нарцисот мој си нарачал мало паковање од 6 флаши со неговото име. Моево име нигде го нема :swear:

    Ај болен, да не му правам склети ништо не реков |(
    Бевме во брза помош за крајниците негови завршивме работа и правец дома.

    додека викаше уф уф болен сум, не можам...
    Гледам надигна една од флашите која стоеше вп фрижидер и глог глог.
    По некое време се освести и вика на, еве делам со тебе.


    Море море :devil:
     
    На tessie, Annath, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    Ете така, типична балканштина. Зошто бре воопшто те интересира колкава е платата на жената и каков ручек ќе спрема? Некогаш на целата немаштија му здосадува на човек и сака да се опушти. Затоа што е тешко издржливо. Оставете ги луѓето на раат со нивните рачуници.

    Периодов љубовен.
    Се сакаме, се љубиме, како утре да ќе нема ден. Секој ден ме прави погорда и посреќна што сум со него. После стагнацијата и караниците ни беше потребно ова.
    Само вагата ми ги уништува шаренилата моментално. Неколку килца плус за месец и неколку дена. Ќе ги симнам не е проблем, само ме заплашува фактот дека штом еднаш си се борел со килограми, засекогаш ќе е така. А сепак премногу сум среќна за да се замарам подлабоко.
    Мајка ми старее. Достоинствено, ама старее. Ете вчера и гледав на кафе, а не знам. Се смеевме.

    Мисливе ми се неповрзани, нели? Впрочем како и деновиве што ми изминаа. Мастило сини. Омилени.
     
    На CuteEva, bittersweet, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сонував како сме биле на час по хемија-равенки, задачи треба да се учат и формули секако
    а срце појма нема и се чуди што треба да прави-нормално :D ама и клонов на бившиот бил во ист клас со мене ама нормално го немало на час бидејки не е во Мк во вистина, што ли бараше тој во мојот сон :swear:
    мотивација за сонов незнам што беше ама знам дека хемија воопшто не ми беше омилен предмет во основно најинтересни ми беа експериментите со епрувети-во тоа уживав :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Дада типични Балканци сме :?:
    Како прво не знам колку изнесува платата на жената,шо фала богу не ме ни интересира,а друго подалечна познајничка е на мајка ми,и нели стандард-при секоја средба на улица,се жале колку и е мала платата,и колку е задолжена итд итн.Во тој случај,колкава и е чергата,толку ќе се истргне.
    И нели кога сме кај опуштањето,никој не е должен и на улица да го заморуваш со тоа каква ти е финансиската состојба..
    можеби згрешив јас,можеби од работа и е даден некој бонус..
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    A зошто по ѓаволите ти се замараш со неа и нејзината черга? Кој како сака ќе си ги троши парите заработени со свој труд. Никој нема потреба од страна да му ги прави пресметките. Викаш можеби си згрешила и даден и бил некој бонус... Па ни тоа не треба да те интересира бре девојче. Замарај си се сопствен живот, а не туѓ/
     
    На CuteEva, sofijanoka и swrcii им се допаѓа ова.
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Нека ни е честит празникот Илинден,за многу години :)

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, shushu, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес се чувствувам ПРЕПРЕПРЕКРАСНООООО!!!! :D :D :D :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Одкако се верив со билдерецов , несвесно секоја една обврска ја завршувам сама, немајќи ја сестра ми крај мене и купот другарки кои ги имав .....се додека стекнам другарство кое е блиску до срце така ќе биди.
    Подобро тоа одкако дволичие и љубомора ете така вчера цела врата сама си ја укитив за свадбулето .
    И да знаете дека не ми е типично натрупана со триста дрангулии ами да си се пофалам ми е доста уникатна :D , дури и имињата со креда стигнав да ги извезам на делот кој најверојартно беше наменет за тоа :^) :rofl: .
    Ќе видите како се убави не дека само се фалам :lol:
     
    На Divinebutterfly, Serafima и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ете и јас си дојдов од одмор, кратко но слатко :lol:
    Одморена сум, полна со енергија, исончана, преубаво се чувствувам. Не ми фалеше домата ама ич, да можев ќе останев уште една недела таму, ама нема.

    Мајка ми за да ме пречека ми направила торта, нешто чудно се случува со женава во последно време. Ко за чудо ја немаше да ми ѕвони на секои 5 минути, за да ми кажи да се пазам, да внимавам каде одам, да се хранам добро и искрено да ви кажам ми фалеше тоа :lol: . А еве сега и со торта ме пречекува.

    Исто ми фалеше фемина, ептен сакав да пишувам и да ве читам. СДК честитки до Сноу и чекам слики од невестата да видам и честитки до сите нови трудници.

    Тоа имав да кажам јас, имајте прекрасно празнично попладне :*
     
    На Snow-Queen, hermosa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Генерално не ги сакам празнициве.Зошто?Затоа што нема на кого да му честиташ празник,затоа што нема со кого да се организираш .Сите познати роднини и пријатели се организирале со најблиските ,брат,сестра...јас немам никој свој.Се тешам барем децава се со друштво.
     
    На ludoto19, CoverGirl10, WarriorAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Вчера си седевме пред зграда,така пред влез и еден комшија од Шведска дојден така и има еден таблет..Таму ја има онаа играта Pou(ние пу си ја викаме)...И сега така му текна на детево и сите на сите ни вели:Дали сакаш да играш ’Пу’?
    Некои велат да,некои не.Ееее сега една од другарките мои велеше јас ќе ја имам откако ќе ми се поправи мобилниот(оти закочен нз шо како му беше).И сега комшијата нејзе и’ вели:Дали ја имаш Пу на мобилниот?Таа му вели не,и сега овој будалетинка се правеше или така му текна вели:Немаш телефон?!
    Така зачудено ја гледаше...ние се смеевме :lol:
     
  14. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ако вкупниот просек на оценки по хемија во едно одделение е 2,00 и ако Зоки (фаци) и влепи 3 шамари на наставничката, за колку ќе се подобри просекот на класот до следниот час :?: ? :rofl:
     
    На srcekrsacka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    И така празнично расположена си ги лакирам ноктиве со лак кој никогаш у живот не сум го ставила ама еве ми текна да го ставам -.- види види ми е менува вкусот како растам :D :D (a факт е дека левата рака секогаш ми е поубаво налакирана од десната!!)

    Расположена исто дека и чекам гости ќе ми дојде едно бебенце на неколку дена нагости (внука ми) и сум многу среќнаааа :D

    Си седам така на фемина и си пишувам а во меѓувреме татко ми ми виси на глава да поседи он малце на компјутер ама јас викам ај уште малцеее :) а од кујната ми доаѓа мирисот на познатата најубава пица на мама па си мислам ах уште малце како ке јадамммм :D

    :*
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа си дојдов! Не, не сега, туку вчера. Од најубавиот одмор што досега сум го имала, убедливо! Се беше во најдобар ред, абе неам зборови, презадоволна сум и преубаво си поминав!
    А и оваа година највише боја сум фатила, ама сум темнаааа :lol:
    И откако си дојдов само си викам не бива вака бе, не се трпи ни вруќинава, ни досадава, ни градов! Сакам назад!

    [​IMG]
     
    На LittleDevil, Adi888, ludoto19 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.457
    Си чекам ручек и сериозно се запрашувам... Зошто по ѓаволите одите на глупата Зумба, кога овие нашиве брзи ора се лудница за слабеење? АМА НАЈСЕРИОЗНО! Јас не знам ова газдиве на културно уметничкиве друштва не направат таква иницијатива!!!
    Ок, оп, стоп моја идеја! Ма најсериозно бре! Ова е бизнис подвиг! Модифицираш движења правиш нова финта демек за слабеење, светски хит!
    ГРУЈО ДА МИ СЕ ОБРАТИ ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ ДА МЕ СУБВЕНЦИОНИРА ЗА ИДЕЈАВА И ДА МИ ЈА ПОДДРЖИ У НЕГОВИТЕ КАМПАЊИ! Па има ли бре подобар начин на ширење на македонската култура меѓудругото?! :wasntme: Кога може Зумба од салса и Бразил бат лифт од самба, може и хммм... Антички лег тоун рецимо! Мда!
     
    На Annath, The-Queen, shushu и 11 други им се допаѓа ова.
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    сдк дека иако често ме нема,мислам на сите вас и ми недостига фемина многу :worried: .Aма што можам јас кутрата кога овој месец ме опсипаа случувања,што арни ,што лоши-живот тоа е :!: .Mногу ненадејно ми дојде се овој месец и август нема да е поразличен ете денес празнуваме Iлинден,па живи здрави уште многу години ,нели така,и честито до сите кои слават кои си имаат некој Iлија 8) .Mоиве мачки се створени како за празници,се токмат се да изедат :devil:
     
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Лилит за премиер! :!: :lol:
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Напишав цел пост за љубовта која скока од еден паралелен свет во друг, а секогаш останува толку силна. И ми се избриша. :D

    Сега ќе кажам само дека сакам да сум опколена со луѓе кои имаат смисла за хумор како ликовите во филмовите на Тарантино. Многу се блесави. Гледајте му ги филмовите, цело богатство има во нив. Но не Кил Бил. Сите други може, само тој не. - хуморот кај некои македончиња е еднаков на понижувања и озборувања кои не се вистински. Штета! Го потенцирам некои за да нема мизерни поплаки како јас не сум го сакала мојот народ. Не ми треба извртување на зборовите.

    Мешето ми тежи уште 53. Ама денеска што сум си го наполнила убаво со пивце и нешто така помрсничко. Како балонче тврдо ми е. Се гордеам со мешето. :rofl:
     
    На Serafima и Marjan007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.