Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    15.972
    Пол:
    Женски
    Добив доза на мотивација и инспирација...


    ШТО ЌЕ НАПРАВИТЕ СО ВАШИОТ ЕДИНСТВЕН, ЦЕНЕТ ЖИВОТ?


    http://www.youtube.com/watch?v=JCfAGSkhggQ
     
    На cheetah.girl, BlackPiano и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Имам причина да се разбудам со насмевка,имам причина да бидам среќна по цел ден,имам причина да се радувам на секој ден и имам причина ЖИВЕАМ,а причината се сето ова е мојот најмил и најсакан СИН :inlove: :inlove: :inlove: ТЕ САКАМ НАЈМИЛО МОЕ!!! :inlove:
     
    На Annath, Serafima, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Денеска денов ми помина ептен брзо. Преубав ден и се чувствувам исполнета.

    Со мајка ми зедовме и ги оставивме брат ми и татко ми да прават ручек (а приота да се обидат да не го загорат), а ние двете си зедовме грл деј само за нас како што прават по филмовине.
    И така си седевме си зборувавме кога на мајка ми и текна да ги извадиме алиштата од кога јас и брат ми бевме деца и албумите.
    Не успеавме ни да ги довадиме сите кога брат ми и татко ми се нацртаа во спалната како порачани со изговор дека и тие требало да присуствуваат на тој според нив "свечен" настан само за да се спасат од правењето ручек...
    Како и да е еден куп спомени се разбудија, за миг се почувсвувам повторно како дете. Се смеевме се шегувавме, а на крајот мајка ми и татко ми не почестија со евен танц.
    Премногу ми е мило што и покрај толку години заедно тие сеуште се сакаат и не би погрешила ако би кажала дека се чувствуваат како тинејџери и постојано се изненадуваат еден со друг, ама за тоа во друга прилика.
    Она што сакав да кажам е дека ги обожавам неделите поминати само со семејството и иако оваа останавме без ручек па моравме да порачаме нешто, сепак мене ќе ми остани во сеќавање и дефинитивно ќе ја запаметам како една од најдобрите недели поминати со семејството.

    Вики се чувствува прекрасно и бидете ми поздравени девојки :*
     
    На bittersweet, Kaley, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Се врати Свит од село.
    Убави 2 дена,се одморив барем малце.Се надевам дека следната недела ова време ќе се одмарам во јадранскиот бисер... :)
    И така..
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Се фатив самата себе како уствари се наоѓам у еден период кој што ми е за чистење од негативности...

    И нека потрае.

    Тргнав на страна многу “другарки“ . Признавам дека ми е тапа без нив некад , ама искрено убаво ми е без нив. Среќна сум без нив, без луѓе ко нив. Чудно, не верував дека до ова ке дојдам, ама тоа е што е. Ми е гајле, и така не ме правеле среќна. Можда е време да се свртам кон работи и кон луѓе што ме исполнуваат, што ми даваат мир и ме прават среќна и со малку :)
     
    На SparkyAngel и prettyliar им се допаѓа ова.
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека ми треба книга плус.
    Си направив листа Want to reed и да си тргнам некое денарче па една по една да си ги читам.
    Што има лошо во тоа да седнам на клупа ,на плоштад и да читам.Зарем некој би ми замерил.Не.Имам таква желба.

    Ох...Сакав да напоменам.Тешко е да се бориш против себе.Тешка борба за војување.
    Кога сакаш да кажеш нешто.Но мислиш дека доволно е кажано и дека зборовите би нарушиле некој -нечиј мир.Молчиш.

    Најдобрите крадци крадат насмевки и погледи.Вистина.
    Прв пат да посакам некој нешто да ми украде. :hai: :lol:
     
    На Agawa, Serafima, SparkyAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Прв ден ова лето,поминат во пижами и излежување..
    Убаво е чувството,не дека не..само пасивноста е лоша на работа,посебно ако премине во навика...
     
  8. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Животот... Што ли е мојот живот?Што беше?Што ќе биде?
    Не беше бурна претстава за каква што мечтаев, незапирлива комедија со сосема мали примеси од трагедија, сакав и сакам да биде блесок, силен колку среќата.
    Толку скапоцен и прекрасен, нo исто толку суров и ироничен.
    Комедија ли е..? Или трагедија?
    Не ме остава да се изнасмеам и само што ќе помислам дека тој е прекрасен и ќе ме воздигне нагоре до небото, наеднаш, ќе ме падне долу.Ќе ме влечи низ трнливи грмушки, низ темни, мистични шуми на животот.Ме влечи и влечи додека не ја исцеди цела моја енергија, не ме остава да воздивнам ниту една милисекунда и повторно ме влечи.
    Црно и бело, тага и среќа...
    Мојата крв сеуште го вкусува коктелот од сивилото на животот, се додека тоа е така значи дека јас постојам, дишам, живеам и преживувам...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам совршено :rofl:
    Само што се вратив од мојот одмор на планина, преубаво си поминав во нашата викендичка
    Не сакав ни да дојдам ама морав
    Сега се избањав и малку на интернет зошто дури 7 дена немам видено компјутер :^)
    Се изнашетавме низ планината, си направив одлични слики, дишев чист воздух чувството беше прекрасно
    Таму навечер облекувавме џемпери и зимски јакни навистина беше ладно а овде само што дојдов ме удри топлотен бран како во Сахара да стигнав навистина тука е многу топло
    Супер се одморив :)
     
    На Serafima и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Значи доживеав да видам и мажи во танга на фб.Мислам стварно во кој правец оди светов.Па мажите по дифолт се повлакнести од жените,ако кај нас е мазна карпа кај нив е ливада.ако кај нас е ливада кај нив е шума,а богами и прашума.Е сега замислете го маченикот кој ќе навлече танга,а лијаните му се вплеткаат околу онаа врвца ,а замислете си поведе некоја сродна душа и кога ќе посака да се покаже пред неа -кога тоа неее..-повлечи ,потегни,душа сака ама лијаните не даваат...А ако е не дај боже со прашума може и во ургентен центар да заврши,хирушки да му ги отстрануваат тангите :o .Тој веќе ни танго не би играл...

    Од друга страна се ежам кога ќе видам и мажи што се капат во оние шортцеви .Мене ми изгледа тоа неуредно...Мислам навистина тие нема да имаат проблеми како горенаведените типови,ама бре,брате се знае како се оди на плажа и што се носи.
    Гласам за нормални гаќи за капење.
    Кај се фатив за машки гаќи?[​IMG]
    Фејсбук е крив .[​IMG]
     
    На Sanjichka007, Lepaaa, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Како поминуваат деновите, така тонам во се поголема депресија!
    Од една страна сум среќна што започнувам нов живот со човекот кој го сакам.
    Чекаме бебе, ќе станеме родители, животот комплетно ќе ни се промени.
    Од друга страна татко ми..
    Ќе го оставам сам, човекот кој ми покажа и докажа дека на овој свет јас никогаш нема да сум сама!
    Знам дека овие денови срцето му е згрчено и ЗНАМ дека плаче кога останува сам! ;(
    ЗНАМ, ЗНАМ..
    Знам и тоа ме убива! :'(
     
    На ilipili, bittersweet, kate21 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    СДК дека не сакм повеќе да носам штикли затоа штко сум како камила -.- двојам помеѓу луѓето.Понекогаш посакувам да сум барем малку пониска и кога ќе облечам штикли да не бидам како некој изрод, туку како и сите останати.
    ПС:воопшто не сум наспана и страшно ме боли главата !
     
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Сдк... се спремаме со мажулево после толку време да искочиме сами.
    Малото го избанјавме , го успавме и кај мајками ја оставив.
    Се надевам убаво ќе си поминеме а и имаме доста да разговараме.

    Поздрав.
     
    На bittersweet, dream.queen, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.499
    Вие со напиканите обични купаќи во задник, знаете дека сте исти сељандури како оние со ресите, така?
    Бре жено, ако толку ти е мерак, облечи танга, хемороиди ќе фатиш од иритација од толку материјал в гз! Демек мислите не знаеме дека така вашата позадина оптички изгледа позаоблена? Мда!
     
    На Plavusa.17, Neytiri, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.958
    Трудот се исплаќа на долги стази СЕКОГАШ!
    А почита се заслужува само со истиот.
    Сите обиди за поинаков успех паѓаат во вода порано или подоцна :D
    Зависта може комотно да изеде човек :D
     
    На Someonespecial, DeMelo, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Е не ми се веруваше дека до толку ќе ми годи заминувањето од работа. Мислев ќе ме дрма носталгија за дружењето, за искуството, за запознавањето нови луѓе... ама единствено нешто за што ме фаќа носталгија се парите :D
    Се смеам луѓе, се смеам! И не размислувам дали наредниот викенд ќе ми биде укакан.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      84 KB
      Прегледи:
      257
    На Mini-Mouse, Annath, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  17. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Го знаете она чувство кога главата ви е преполна со секакви мисли и се обидувате да ги ставите на хартија за да се чувствувате малку подобро, но зборовите не доаѓаат? Кога едноставно не можете да најдете зборови за да го опишете она што го чувствувате и се што ви останува е да се свиткате во кревет и да зјапате во ѕидовите? Кога ќе се навратите назад во животот и ќе сфатите дека би смениле се и не можете да се сетите на ниту едно нешто што би го направиле исто? Е така се чувствувам. Сфатив дека си го имам заебано животов. Зошто? Затоа што очигледно ми било премногу тешко да се потрудам, а сега сфаќам колку всушност малку било потребно. Да сум се потрудела, сега ќе бев сосема поинаква личност. Посреќна. Со иднина пред себе. Всушност токму сега ќе се вратев дома и ќе им раскажував на моите како си имам поминато, ќе имав милион спомени .. Всушност многу работи имам заебано во мојот живот. Но сите на некој начин можеа да се поправат наредната година. Но ова е поинаку. За ова нема да имам втора шанса. Ја пропуштив најважната прилика во мојот живот. Па, честито darkrose. Браво за тебе.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Чувствувам голема тага, се згрозувам од вакви работи. До кога бре така безчуствително ке се убиваат луѓе и тоа во име на Бога. Со какви убијци живеам :puke: . Па имаат ли воопшто срце овие суштества (бидејќи луѓе неможам да ги наречам), како не им е жал ;( . Ете успеав да се изнервирам, а што да правам кога не трпам неправда. Многу ми е жал за луѓето. Добро е што не сум родена во Сирија та да го доживувам ова крвопролевање.. :x .
    До пред некоја недела гледав видео на нет како малтретираат мало дете на улица, и тоа не било кој туку полицаец, кутрото детенце плачејќи ги собираше колачите од земја додека безчуствителниот полицаец психички го малтретираше. Па има ли нешто потажно од солзите во очите на едно мало дете кое не по своја волја, мора да проси за парче леб ;( . Неможам да премолчам вакви работи, несакам да гледам вакви згрозувачки акти. Толку многу луѓе на оваа планета а ретко кој е човек.
    Ги гледам денешниве деца разгалени од родителите, што ќе посакаат тоа добиваат. Се посебични и посебични стануваат, додека тие уживаат во разновидна храна, некој нема што да јаде, некому единствен проблем му е како да го преживее денот, додека тие немилосрдно се расфрлаат со тешко заработените пари на своите родители, и имаат топол и сигурен дом, некој може да сонува за тоа. Ја добиваат сета грижа и љубов (а најлошо од се е тоа што незнаат да го ценат ) со многу ретки исклучоци секако.
    Али што да правиш тоа е реалноста, тешко е да гледаш и ништо да неможеш да направиш за да го смениш тоа. ;(
     
  19. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Животот е многу чуден.Зошто е тоа така? Ние луѓето го правиме таков? М?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Колку и да сме вооружени, подготвени, претпазливи, ние луѓето не ретко сме слаби пред животот. Отсекогаш било така, секогаш ќе биде ... јбг...
     
    На Annath, Hipica, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.