Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Добро утро :sun:

    Имајте убав ден. :hug:
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.120
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Хани Мун е за лузери јас и мужето решивме да идеме на Мун ама пред свадба, недела дена да се одјавиме и да не се замараме која тетка не сакала да седи со снаата :D И така си уплативме одмор, сосем непланирано ама убаво ќе ни дојде :lol: На страна од сите фрки, што, како, каде, тоа само ние знаеме, денес решаваме да идеме и одма уплаќаме :rofl:
    П.С. Нема да носам купаќи со реси и макси суќна :D
    П.П.С. Ми се расипа телефонот точно на денот кога ми изминува договорот, под итно ќе се менува :rofl:
     
    На kate21, manja666, Lepaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Дај ма Лилит постирај слика од тие фамозни купаќи со реси, од пред некое време ги спомнуваш а не знам од кај те иритираат толку, пак да не е поврзано со твитер? :rofl: Еве може да биде прво со купаќи со реси па после облечена во макси сукња. :D
    Инаку добро утро на сите, како сте што има ново? ;)

    AngelofArh убаво да си поминете каде и да одите и после врз купаќите(ама не со реси :lol: )облекувај фустанот и директно во црква на венчање.
    Да не се вакви, ако се па не се баш за фрлање, уште ако вака им стојат :lol:
    [​IMG]
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Инспирирана од колумната на Трендафилка, само сакам да кажам една работа: кога ќе имам дете, дај Боже да бидам барем 1% од тоа што е мајка ми. :l:
     
    На kate21, Foreveryoungiwannabe, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    До кога луѓево ќе се занимаваат со туѓите животи и проблеми наместо да си ги гледавв нивните? До кога??
    Остај шо си дошла од одмор, туку одма уште по сабајле по комшии да оговара да види дали пропуштила нешто, на кој што му се случило :fubar: .... Мизерии...
    МИ СЕ ГАДИ од вакви луѓе навистина !
     
    На Hipster, Someonespecial, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Секогаш кога не се надевам на ништо, добивам најмногу. :rofl:
     
    На Sara123 и julie77 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    Што знам...ако почесто сте откачувани за други, до вас е проблемот. Како да ви кажам, не гледаат во вас сигурност и стабилност, вие големите бебиња. Два часа слушав кукање на неважна личност како се е несреќна у љубовта, ја оставале... она кутра душичка, невина и фина била (а нагласи дека била паметна и физички не била УОПШТЕ лоша... да?! сигурна си?!), а се уби од кенкање зошто и ја купиле блузичката што толку ја сакала,па морала сега да си ги купи штиклите од Манго на попуст за да се утеши. Епа ете тоа е драга моја причината зошто ти си откачувана. (не е само тоа де, туку низа слични глупости кои веројатно ги мрчиш и отекуваш. Јајцето мора да ти е сварено на 3 минути вриење,а не на 2, кафето да е промешано под Венера, во спротивна насока од сказаликите на часовникот и со Стевиа,не со шеќер,ок, може кафен шеќер и НИШТО друго не доаѓа у предвид,инаку не го пиеш,носиш огледалце во ташна кое го вадиш три пати во еден час, ти си сигурно од оние кои го користат она дувалоно во тоалетите да си ги исушиш рацете и кога е плус 250 степени, се спремаш 2 саати за обично кафе и си тотално неснаодлив давеж во секоја критична, напната ситуација и еден куп досадни работи кои го окупираат и туѓото време и трпение). Не дека нема такви ко тебе што се скрасуваат, ама тоа се исклучоците со подпросечни партнери кои се свесни дека не можат да најдат подобро.
    Ок...

    Абеја, ти сакаш да ме цркнеш жено? Е тие. Јас мислам и една венчаница со реси да се смисли, место корсетот горе и тамам ќе е. И обавезно гелни нокти со драматичен дезен, ум да ти штукне!
     
    На Neytiri, bittersweet, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    ^^ Ама види бе на онаа горе како и стојат е тогаш ум ќе ти штукне, не ми изгледа баш како сељанка, каков струк, со реси без реси мање битно. :lol:
    Ова муабетиве ти се одлепени ептен, којзнае со кој збориш и кого коментираш, ама стварно некој на нерв ти гази изглеа :rofl:
     
  9. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Сакам да кажам...мразам позери.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    А да биде уште по трагикомично вчера видов една со горен дел од купаќов со реси и макси сукња, гордо парадираше низ центар. Ми иде да отворам тема „Модни испади„! :D
     
    На Neytiri, SparkyAngel, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    Не бе, рандом си коментирам, чесен збор. Немам такви у животов што носат ресасти ствари. Го гледам трендот по фб и по плажи и по базени и е онака...што знам,како извадени се од фабрика сите. Генерични се сите.
    Видов нема фајде од зборење битни ствари, па што му ебеш матер. Дај да се фатиме за ресите. Овие не се за пливање, ај ти. Кога ќе се намократ ти се лепат по стомак. Само за гледање се, за да им викаат - ооо реси, ај сега малце затреси,иф ју ноу уат ај мин!

    Мисљим, шо да праам имам очи, све гледам, све ме интересира, све размишљам. Ако сакаш ќе збориме за кватна физика или барем ќе се обидам. Све си мислам ако љубопитноста ја убила мачката, игнорантноста ќе ги убие луѓето.
    Модните трендови, места за излегување, музика, книга и слично, ги двојат масите една од друга и знаеш на што си со кого. Гледаш кој во која врста сака да се вброи и дека го понесува мнозинство, а не личен вкус И стил. Е таков на пример не можеш да очекуваш да ти рече...да речееемееее... Грујо пере и на Илинден, иф ју ноу уат ај мин. Нив им е гајле, ме разбираш? Не е као ресиве се причина за ракот у светот, ама се суптилен и забавен доказ дека луѓето се овци, особено жените, особено жените и облеката.

    Епа тоа! И така! :D
     
    На Neytiri, CoverGirl10, Elenaaaaaaaa и 13 други им се допаѓа ова.
  12. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    „Рџавом к**цу и длаке сметају“

    Ова веќе не важи :?:
    И сеа шо праиме ? :geek:
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.372
    Допаѓања:
    103.120
    Пол:
    Женски
    Лилитке ѕверка си, ооо реси ај затреси.... ма се пукнав од смеење бре, имај малку исаф на работа сум :rofl:
    Има еден феномен кој ужасно ме гаѓа во мезанинов на општинските канцеларии во кои се наоѓам еве веќе пола година, секогаш, ама баш секогаш, таман кога ми се пие вода погледнувам во чашата и никогаш нема вода, а ми се чини пред две минути сум наточила од оние фенси апаратине за вода точење. Вакво топло време после викенд на планина е страшна работа, да се разбереме јас сум дете што љуби вруќини, претерано и тоа, ама откако 4 дена уживав во прекрасната Шар планина преживувајќи на печурки, мешунки и шумско воче, тежок е животот на асфалтов :sweat:
    И ко секоја луда невеста, месец дена пред свадба јас сум во хаос и не знам дали ќе стигнам на време, јбг и јас сум една од нив, а се колнев во белиот сатен дека јас нема да паничам, пошто нели средено било се. Ахам, мижи митро тулумби врнат 8)
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ниту едното, ниту другото.
    За жал...
     
    На SnowWhite8, sadgirl21 и solnishko им се допаѓа ова.
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден му беше роденден. Одлучив целиот ден да му го посветам нему и да му го направам незаборавен, како што тој се трудеше да ме усреќи за мојот.
    Кога дојде точно 2 по полноќ, силно го прегрнав, посакав да биде најсреќен и никогаш да не бидеме разделени (суптилно ми наговести дека наредната година, на мојот 24. ќе ми ја исполни желбата, иако го молев да не е со прстен :lol: ). Му подарив кожен паричник, со најбитното за него - место за сите кредитни картички, кои ќе бидат сосема достапни и видливи. Се израдува, зашто претходниот му се скина. На парфемот не му посвети големо внимание, како и што очекував. Битно јас ќе го прскам, кога ќе сакам да ми мириса убаво :D .
    И за крај - висока округлеста кутија, со преубави мотиви на неа, во која се криеја некои 70-тина бели ливчиња, замотани во црвени панделки, за жал недоволни да ја исполнат до врв. Го претчувствувате клишето нели - те сакам поради тоа, тоа, тоа... Не отвори многу, тука е разликата меѓу нас. Јас сум нетрпелива и сакам се` одеднаш, тој себично ги чува, да има на што да се радува подоцна. Ми се заблагодари, но добив идеја дека сум направила погрешен избор. Но, тука се случи нешто што не очекував да го чујам - за минатиот мој роденден, планирал да ми подари сет кутии, огромни, ставени едни во друга, а во секоја од нив по една таква порака, а во последната, кога ќе сум мислела дека истото ме очекува, ќе ставел куп такви ливчиња за да ме изненади. Не му се реализирала идејата, но се почувствував исто како да го направил тоа за мене. Прво, поради трошокот за такви обични кутии, второ, за тоа што мисли дека може да најде толку многу причини зошто ме сака.

    Убаво ни почна утрото. Се разбудивме во ист кревет, а кога ќе се обидеше да ме гушне, го буткав зашто беше многу топло :D . Следеше последното изненадување - отидовме да ја земеме тортата со неговиот омилен фудбалски клуб. Ги ставивме свеќичките и прскалките и се радуваше како мало дете. Рече дека е највкусната торта која ја пробал, се изнаслика со неа, горд поради логото на неговиот тим, со искрена насмевка на лицето. Сега веќе можев да бидам сигурна дека немал поубав ден од тогашниот.

    Вечерта, ни се случи мала расправија. Поради едно недоразбирање, почнав да ги уништувам ливчињата, бидејќи добив идеја дека не му значат. Сум грешела. Толку го збеснав, што во обид да направи да престанам да му го распарчувам најубавиот подарок, ме подигна од земја и ме премести на друга страна. Не знам што се случи и што ме исплаши толку, но се фатив себеси како не можам да земам здив. Нешто ме натера да помислам дека сака да ме повреди и во наредните два саата се плашев од неговата близина. Е тука се случи една слика, која не сакам да ја видам никогаш повеќе. Со загрижен израз и прашања од типот "Што ти е?" ; "Како да ти помогнам?" ; "Да те однесам ли дома?", стоеше на два метра од мене. Кога ме праша "Од мене ли се плашиш?" и одговорив потврдно, се помести, седна на под, со рацете свиени во дланките и почна да плаче. Најлошото чувство - го гледаш саканиот како се тресе поради тебе. Се обидов да се соземам, да си ставам во глава дека погрешно протолкував, испаничив без потреба и во тој момент разбрав дека можам да патам поради него, но обратната ситуација ми е претешка. Го фатив за рака, иако сеуште со доза страв и го повлеков до мене. Никогаш не сум го видела така потресен, тажен, распарчен. Толку долго траеше целава стресна состојба, што го дочекавме изгрејсонцето.
    Ми објасни дека како сум ги кинела ливчињата, се почувствувал како да го боцкам со игли, да му кинам дел од душата. Ми се заколна дека тоа бил најдрагоцениот подарок и воедно најубавиот роденден, а последниот настан не е доволно моќен да ги избрише сите убави спомени создадени тој ден. И уште еднаш се потврди дека материјалното навистина не му значи. Ги дочитавме оние кои останаа во кутијата, на дел се изнасмеа, на дел се криев срамежливо, а тој само ме гушкаше поради сите чувства и убави моменти кои беа напишани на хартијата. Вети дека секое утро пред работа, ќе чита по едно, за да му даде сила да го издржи денот.

    Што да кажам друго? Среќна сум кога е среќен тој, а кога јас сум причината за таа среќа, пааааа.... можам да умрам во некој нареден момент, сигурна дека ја исполнив целта во овој живот. Убедена дека конечно ја осознав вистинската љубов, кога веќе не ме исполнува идејата дека пати поради нешто кое ми го направил (да, ете толку бев лоша!), можам само да уживам во овие моменти и да ве посоветувам да си го отворите срцето и посакам да го најдете човекот чија мисија ќе биде насмевката на вашето лице. И кога ќе го најдете, сакајте го, размазувајте го и уживајте во сите мигови кога ќе гледате како вашата љубов станува се` поголема. Единствено за тоа вреди да се живее.
     
    На Umbrella22, DulceChiquita, iHeartVintage и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Секој ден се „расправам“ со една моја стара тврдоглава комшивка.
    Имаат едно кученце дома и истово цело време префрла кај комшиите, па од таму излегува на улица. Бабава веднаш на улица по него да го брка и да го прибере. Ќе успеа да го натера да влезе в двор, ќе му се изнаразвика со Свињо једна!!! (на куче бе :D ), ќе му даде и ќотек малце и... така се‘ додека малово пак не префрли кај комшиите.
    И ова се случува сто пати во денот.

    Маката е што бабава е слепа. Во буквална смисла на зборот. Последниве 2-3 години целосно го изгуби видот и наредено и‘ е да не мрда од дворот додека синот и снаата бркаат работа и не се дома. Ама кажав дека е тврдоглава и дека не слуша, па се расправам по сто пати на ден секогаш кога одам да и‘ помогнам да си влезе внатре.

    Утрово ја гледам мака мачи да си ја најде вратата. Со допир се обидува да открие каде по ѓаволите се наоѓа, дал е тоа нејзината врата, дал на комшиите, абе лудница. Се мачи, се мачи... и ме фати страв.
    Си велам: Замисли тебе вакво нешто да ти се случи. Замисли да го изгубиш видот на старост и да немаш човек покрај тебе да те мава од кантар и да ти биде ѕвезда водилка по маалската улица. Ни песот да не сака со тебе да седи. Замисли.

    Бр... :worried:
    http://www.youtube.com/watch?v=XswcHmc3zOg
     
    На bittersweet, Ketrin.Moon, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Ахх колку брзо лета времето. Како вчера да беше кога почнав средно, а веке го завршувам факултетот. Најубави ми беа студентските денови , иако имаше повеке обврски. Сакам да го вратам времето :D
     
    На sweet-star и Hipica им се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Им честитам на сите новопечени мајки што успеале да го уловат нивниот плен (се омажиле), без да користата читови, односно пред да станат новопечени мајки(забременат). :D
     
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Знаев...
    Знаев дека вака ќе испадне на крај...
    Зошто мораше? Зошто??
    Така е секогаш,кога најмногу се надеваш - најмногу се разочаруваш...
    Ужасно ми е...
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Неодамна слушнав една паметна..така како филозофска мисла,па си реков да ја напишам и тука ;)
    Каде има луѓе денес?Само народ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.