Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски

    Абе тоа дека се неуки знаеме,него криво ми е што се праат најпаметните луѓе у свет,ме разбираш,нели?
    Не било тоа музика,немале никаков талент и пази молимте уште ми вика требало да се огледаат на Уан дајрекшн како се правело успешен бенд.
    Бог да чува и да брани.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.880
    Чудна е мојата врска со Скопје.
    Кога сум во него, ме гуши.
    Кога сум надвор од него, едвај чекам да се вратам.
    Ако сум надвор од Македонија, кога ќе влезам во неа ми иде земјата да ја бакнам.

    Порано секогаш одев на одмор подолго време, околу 5-6 недели, некогаш и повеќе. Се чудев каков е тој одмор 10 или 15 дена, како воопшто некој може да одмори за толку кратко време.
    Откако почнав да работам, само еднаш бев 3 недели и тогаш едвај издржав. Дури ни две недели веќе не оздржувам, а комплетно сум рехабилитирана по само 7 дена.

    Ми недостасува Скопје. А знам дека вториот ден во него, веќе ќе почне да ме гуши.
     
    На ozbilnazena, imelda, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Шо прајте бе деца, шо прајтеееееееееее?!
    Шо прајте кога ќе ви турат интернет дома? Шо направивте со дечковциве и љубовта у четврто одделение?! :^)

    ***

    Аирлија, среќна сум. Со дечко ми најдовме смештај, полека, полека се снаоѓаме, се средуваме. Спремни сме за нов почеток. ^_^ Душата ми е полна, иако сум под некој благ притисок како првпат да ми е што ќе сум настрана. Таква сум си, јас ако не се испосекирам за се живо и диво - нема кој. ]:)
    Мозоков ми е шарен, полн со желби и замисли за нов почеток, и животецов ми е мил, да сме здрави и живи. :mm:

    Ете гледате, и матурата помина, и уписите ќе дојдат, и се добро ќе се заврши.
    Ви викам јас, еее.. :sun:
     
    На SparkyAngel, WarriorAngel, dream.queen и 3 други им се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    значи темата Смешни мислења е закон! Алал и вера на таа шо и текнало. :rofl:
     
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Ќе препукнам,што е многу многу е ...се надевам во најсокоро време ќе заврши ..
     
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Животот е како една река. Постојано тече. За краток период-многу промени. Дури понекогаш сакам да сопрам се и да уживам во моментите. Да уживам во летото. Ама ова лето за мене е напорно и работно. Се разболев, а и на одмор не отидов. Нејсе, како велат Турците- Нека е за арно :D
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Во секојдневниот живот се случува да бидеме излажани или да излажеме.
    Некои велат дека има бели и црни лаги, но и шарени лаги(малку вистина малку лага), каква ли е оваа одлучете сами...
    Полноќ тогашната "дама" ми испраќа СМС порака:
    "Љубов моја, легната сум и мислам на тебе...Каде си ти ?
    -Во клубот...точно позади тебе |( !!!
    Сакам да им кажам само една работа на сите кои се вакви лажговци...

    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, Someonespecial, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    He who makes a beast of himself gets rid of the pain of being a man. ;)
     
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК само што си ја измив косата и се чувствувам вака
    [​IMG] :nod:

    Друго, денеска го имав најубавиот романтичен пикник со дечко ми. Ме изненади ептен, јас не ни знаев каде ќе ме носи само ми рече облечи се доаѓам те земам и одиме некаде. Неќеше да ми кажи каде и прилично ме изненади. Си сакам романтики јас, си сакам изненадувања и си го сакам дечко ми :inlove: .
    Си седевме си разговаравме, си гледавме зајдисонце, убавини..
    Се чувствувам заљубено, исполнето, ПРЕКРАСНО!
     
    На Izaabella, Hipster, dream.queen и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.256
    Допаѓања:
    157.530
    Некад имам чувство дека журките на моите се позабавни од моите викенди.
    Се скинаа од смеење. Цело маало ги слушна,па дури и им искочи комшијата...и сите се прснаа од смеење. Еве не знам! Се мислам дека трава вртат.

    Туку поодвратно од женска што се беси на зафатен дечко е дечко што се беси на ВЕРЕНА женска... а дечково го прават муле(мислам можда и не, може само пушта водички, жена ко жена,ама верена е ебаго, треба да си има завршено со тие бубачки, шо ставаш прстен на рака тогаш?), уште калциум да му купат да не го боли глава од роговите што му растат, па да биде полошо - познаник, другар му е од средно... А тој преубав и презаљубен во неа... Тешко ми паѓа од вакви работи. А типов што се труди да ја ќари ај да е арен, да е лепотан, згоден, па и карактерен, туку како диња е во тоа главата,полн комплекси и 27 годишна девица, плон фрустрации и хистерии... Дајте некоја од Пустец аман,нека се олади,не му е севте истава прича. Убеден дека ќе преземе туѓа женска, страшно! Па и оваа што нема очи што има крај себе... Да ви симнам некој глумец, еве на мал прст може да му се фати... Ах жени глупи, AAAAХ!
     
    На tessie, bittersweet, SparkyAngel и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК се вратив.Како што ветив кога ќе се вратам ќе ви пишувам реферати па еве.Отидовме во Парга стигнавме здрави и живи.Парга преубаво место во темата Парга посебно ќе ви напишам :) .Е сега нели ви пишав до 5 август имавме уплатено преку туристичката и сега таму луѓе ни викаа во Саранда било многу убаво бла бла.И нас кој ѓавол не излажа незнам стварно луѓе и отидовме во Албанија вчера.И најдовме хорор соба кај што умрел човек цела вечер се молев дома да си одам плажата ужас камења огромни нозете ми се со рани цели.И јадењата беа ужасни.И албанците едвај не пуштија дома да си одим демек сме им ветиле до недела и така се спасивме некако.11 часа патување главата ме боли ужас.Одам да се истуширам мислам цело јонско море го донесов во Скопје цела сум солена бидејќи во кола зоврев.Препорака немој да одите во Албанија никогаш!!!!
     
    На hermosa и Summer.Love им се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    На некои луѓе колку повеќе им попушташ, толку повеќе на глава ти се качуваат..
     
    На SparkyAngel, Butterfly14 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: :lol: Ме потсети на скечов (да се разбереме, праам муабет за делот „моиве си играат држава“):

    http://www.youtube.com/watch?v=vE5PbYp0iv0

    Поздрављавам те и почесто да не` дружиш. :*
     
    На Someonespecial, Adi888 и Hipster им се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Mуабети од типот, ја чекам мама да дојде од работа да ми принесе да јадам, да ми го намести креветот,да ми ја најде блузата у плакар или ич не се облекувам, да ми намачка маргарин на леб затоа што јас не можам тоа знаеш, да ми исече кришки леб имам 18 години и не знам нож као изгледа, да ми ја измие шолјата за кафе ме знаеш каква сум тоа сунѓерчето не можам да го допрам па види гнасно какво е, да... Лажеш курво, неспособна си да држиш тап нож у рака а замисли секира да ти дадат има да се онесветиш на лице место, неспособна и глупа си да тргнеш три закачалки и ја видиш глупата блуза, неспособна си да пуштиш три капки вода да измиеш шолја, кажи си наши сме си...

    И стварно не ми е јасно као ваквите успеваат у животот, не ми е јас-но!
    Значи размислував и спасот е да ги однесе човек у некоја прашума на една недела, сами, без ништо, без павлаката со 1,8 посто масленост или блузата со три копчиња наместо со две, и да видам као ќе се снајдат, има после место павлака коа ќе се вратат млеко кисело да сркаат и да бидат среќни!
     
    На sweet-star, bittersweet, Buttterfly и 41 други им се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Не само лековите, туку и луѓето треба да одат во комплет со упатство за употреба!
    Дефинитивно. |(
     
    На anuskaNESTLE, dream.queen, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Супер ми е, дел втори.
    :D

    Последниве, па, пет дена, така ќе му дојде, имам околу 60 работни саати, или во превод, повеќе работам отколку што сум дома или спијам, заедно земено. Како последица на малата вртоглава низица од работни деновички (сакаа и утре од сабајле да ме викнат, ама немаше поминато легални 12 часа измеѓу, па ме прерипаа), си седам со отечени зглопчиња, подуени вени, завој на левата рака, ме клука левата плешка и неколку ханзапластчиња на прстињата.

    Денеска кога стасав на работа, ме пречекаа банда ненормални, ДУЗИ ДУЗИ ДУЗИИИИИИИИИ, зуперрррррр, вундербаррррррр, зуперрррр... ги гледам, си викам што направив па сега... Е така де, нели обично кај мене се погодуваат таквите, мислам тоа е тоа, судбина. Кај бев со муабетов, а да. Ми дошол батка од тајните купувачи, и така фино ме оценил, подобро не можеше да биде, пресреќни беа, море вака, море така, браво браво. Нешто начув бонус во кеш следувало, ајде да видиме, мал шопинг од ИСЦ Дојчланд. :D

    А да, радоста кратко траеше, будали си се будали.
    :rofl:

    Смешни ми се, искрено. Не сфаќаат, дека со ниедна работа и задача што ќе ми ја дадат, ама баш на ниеден начин не можат да ме понижат. Исчистите ги ВЦ-њата - океј. Еве ви четка, масите одоздола - океј. Еве ви крпи, бришете го стаклото - океј. Ги боли што сме ние тука за толку кратко, затоа што си најдоа послушни глувчиња што не зборуваат многу многу, и се научија, едно две, ние да ги работиме сите работи. Тоа што е смешно во целава ситуација е што заборавија дека и ние имаме живот настрана од смрдената работа (смрдена е, буквално), и дека, па, максимум за еден месец, јас ќе бидам дома. Им се смеам во фаца да ви кажам право, и нив ги боли тоа. Мојот живот е моментално на стенд бај, само чека да се вратам дома и да го притиснам копчето плеј. Е заборавија, ама ,,Македонците,, како што милуваат да не наречат, воопшто не се глупави - напротив.

    Им фуфка, нејќат да признаат, само кога мислат дека не ги слушаме и не ги разбираме зборуваат дека уствари ние сме тие што работат цело време, и дека се плашат што ќе се случи ако си отидеме. Ама ако, не зафркнаа фино поштено, за секоја можна работа, од сместување, до работни саати, до превоз, до плати... па и уште пробуваат да не задржат повеќе од договореното, под изговорот, деца се, не разбираат, ќе прават се' што ќе им речеме. Хе, хе, абре овие деца за помалку од два месеца работат подобро од луѓе кои со години се таму, значи имаат нешто внатре. Ако, ако... Мора малку да им вратиме. Пејбек тајм. И има да одам до крај со ова, па што сака нека биде. ]:)
     
    На Hopeful, mims-89, Divinebutterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  17. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Не, не се каам за грешките од минатото... Што и да било, веќе поминало... Сега постои само искуството... Некогашните солзи, болка... само ме зајакнаа... Да не било она што било, зарем јас ќе имав сили и храброст да издржам многу поголем товар на својот грб? И после се, јас чекорам напред...
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Хмм :? дечко ми секогаш ми вели не знам зошто те сакам, ама те сакам, а јас секогаш му велам ако не знаеш тогаш да си најдиш друга за која ќе знаеш зошто ја сакаш и се лутам, а секогаш сум го делела мислењето дека ако немаш поим зошто, тогаш тоа е тоа. Не знам зошто сега ми смета, сакам да знае зошто ме сака и да ми кажи. :D

    Инаку, да ви кажам ми се оди Италија, многу ми се оди и вчера ми се одеше и утре ќе ми се оди. Сакам да одам на утакмица на Јувентус, на концерт на Сафина, на вкусна пица, да плакнам очи на незаменливите Италијанци и така...ќе биди еден ден...мора да биди.
    Малку сум нервозна, малку среќна, во главно ок сум. Треба да се учи, ама има недостаток од желба. Три дена книгата си ја чувам до мене, да се навикнам на нејзината близина. И тоа ќе помини, прашањето е што после? :^) Ајде кај заминав и јас сега со муабетот во лоши насоки, убаво си зборував за Италија.
    Така, ме фати и Хит Леџер треска изгледав неколку филмови. Го обожавав човекот, ќе имаше уште поубави филмови, штета. :(
    Пак забегав.
    Најдобро да одам да и се посветам на книгата и да спијам.
    Ете овде сакам да сум. САМА!!!
    http://www.youtube.com/watch?v=QWvwGs7Ypc4

    Премногу е секси. :x
     
    На bittersweet, Barbie20, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ах, уште колку разочарувања и падови ке дочекам од тебе ?? Уште колку пати ке ме турнеш на земја ?? Уште колку е*ани пати ке ти биде доволоно за да сфатиш на крај дека не се предавам ? Дека не попуштам ? Дека колку и да ме фрлаш долу ја па ке бидам со поглед нагоре кон мои цели !
    И така све ми тргна на страна , све подалеку стави од мене, што уште сакаш од мене животе ??? ШТООО? АА ??
    И така ме испразни целосно, немам више што да ти дадам, доста више. Остави ме да си дојдам до свои цели, остави ме да имам мир !
    Гневна сум и бесна на тебе животе !!!
    Ама,
    не заборавај дека сум ко феникс, не постои пепел за мене од која нема да се издигнам !



    И така неможам очи да склопам, си се борам со некои демони внатре у мене...
     
  20. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Светов се свртел наопаку во секој сегмент. Како може Кејт Аптон онака растресена и широка да биде манекенка? И каков прост народ не ми се верува, како може да ме убедуваат сељаци дека таа била згодна, а кога на плажа во живо го гледаат истото без фотошоп, иу не дебело и грозно било! Простотилак насекаде :D .
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.