Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е многу тешко на било кој да ги искажеш своите чувства. Без разлика колку е близок отварањето на душата понекогаш знае да биде болно, полно со недоверба или страв од кршење на самиот себе.
    Понекогаш е страшно некои работи да се кажат на глас.

    Се спремам за пат. Да се вратам како што треба, да ги оставам како што треба, да ги најдам овие тука како што треба. Толку, не сакам повеќе.
     
    На tweety26, bittersweet, Barbie20 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Смешна ми е иронијата на животот.
    И пак ќе речам, човек што не го спознал лошото, никогаш нема да знае да го цени доброто.
     
    На tweety26, dream.queen, ozbilnazena и 13 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    веке нема Дијазепамчее од 2 мг пред спиење :shake:
    те опушта, те релаксира ама следниот ден не може да се освестиш а очиве-едвај гледам
    кажал психијатарот-нека каже што сака веке не го слушам и точка.
     
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Време создадено за полузатворени желозини и дремка на тросед.
    И масажа можеби?

    Ах, љубов.
    И книги.
    И... Испит. (sad trombone)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    едвај чекам да си дојдам дома :) кај моите мммм со нашите преубави јадења нема никаде :) свое си е свое :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Случајно читајќи весник налетав на една шкртка со пенкалце што ја направил татко ми. Се потпишал и под нејзе си допишал - смрт.
    И како јас да го протолкувам ова? Како крик за помош ли? Не. Сите такви одамна ги одби од себе.
    Може треба едноставно да се помирам со тоа што од далеку се гледа и се мириса.. кај и да е може ќе дојде. Ха.. :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.257
    Допаѓања:
    157.539
    Дефиниција за лигуш. Сите наши луѓе на фб исчеститаа Бајрам, но не и св. Петка. Лигуши во најчист вид. Гзолижачи!
    Не, нема ништо лошо во честитањето на Бајрам, има лошо во идиотизмот во истото. Зошто? Зошто се истите тие АТЕИСТИ кои прават глупи шеги за Православното Христијанство, истите тие кои сметаат дека не се медиокритети... немам зборови.
    Во мојот видокруг нема место за религиозни фанатици. Не го почитувам тоа и секогаш отворено ќе ја коментирам забеганоста во сето тоа, но што се однесува до религиите, можеме да дискутираме зошто да и зошто не, ама никогаш нема да се трудам да се наметнам затоа што сфатив зошто на некои луѓе им е потребна вера од многу различни причини и во различни форми... Дури ако се прашувам јас на многу прокламирани атеисти неопходна им е вера за да им ги среди моралните и етички начела затоа што го немаат капацитетот да се средат во бесконечниот свет на можности, до душа не го ни заслужуваат затоа што не знаат да се однесуваат човечки.
    Зошто толку глуп народ живее во државава?!
    Мојата определба е моја определба и не можам верникот да го натерам да биде неверник (и тоа верник не значи дека верува во типичен господ и типични светци. Мајка ми е верник, ама многу луцидно ја разбира и си ја живее религијата, без приказните, без митовите, со се сфаќања за науката која многу ја почитува, колку и да ја зезам, многу убаво ја сфаќам точно каков верник е и зошто е, тоа е нејзина интимна одлука. Ми вели ти веруваш во енергија, веруваш во себе си и твоите мисли и чувства,веруваш ако се насочиш себе си ќе успееш во нешто, како и татко ти, тоа е истото во кое што верувам и јас, само има друга форма и тука ми направи шах мат.). Ако мојот ум не може да ги свари религиите и смета дека го ограничуваат светот и не сум создадена за религија,сметам дека е средство за манипулација (а би била среќна да не е) и смалување на светот на можности истовремено ми дозволи да сфатам во последнава година дека за некои луѓе е НЕОПХОДНА. Не секој ја има можноста да ја најде внатрешната сила да верува во себе си и животот ако не ја има религијата да го носи и не секој може да управува со своите искушенија и вољи без религија и станува монструм, како две спротивности. За жал познавам многу повеќе како вториве... кои не знаат ниту за благодарност, ниту се доволно реални за да сфатат кои се реално,а со тоа и го немаат мисловниот капацитет да бидат атеисти,ама они си мислат дека се...

    Мене денес ми е празник оти татко ми остана жив. Наш празник, никаков друг. Ајт така!
     
    На tessie, tweety26, caroline.costa и 25 други им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    A mene mi e praznik bidejki sestra mi ostana ziva. Nash praznik, nikakov drug. :)
     
    На Annath, Divinebutterfly, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.257
    Допаѓања:
    157.539
    Нека се живи и здрави уште 100 години! Никогаш да не се повторат тие неубави работи, НИКОГАШ и на никого да не му се случат!
     
    На sesilija, Annath, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Кога ќе помислиш дека е крај, кога се завршило се отвора една нова приказна од минатото, една приказна која некои луѓе ја потиснале во младоста... Од секогаш ми биле интересни тие приказни на татко ми и тека ми од средно... Ама ете сега пак мистериозни ми се, ќе почни татко ми ќе кажува и нема да докаже... тетка ми уште помистериозна, а мене тооолку многу ме интересира што се случило, ќе си дознаам се, па што сака нека биде... сега може само да речам каков татко, таков син... Татко му со женски се тепал и син му ете го достигна...( јас па си помислив ќе го кара, а тие исти да ти биле цццц :geek: ).
    Една страна вика едно, другата друго... Ама кој е во право ? Уффф.... радознала сум многу, одвај чекам да ми кажат некако, на некој начин мора да ми признаат и да ми кажат зошто, што и како.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    ЗНачи никогаш нема да ја сфатам машката "мода" составена од долга зимна фармерка,кошула на долги ракави и АПОСТОЛКА на нога. Може дека се nike апостолките па типов мисли дека треба у секоја комбинација да ги уклапа. Кој го знае што си мисли. А може и не мисли. :D
     
    На Agawa, WarriorAngel, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Истото ме изнервира и мене денес. Ниеден статус за св.Петка, ниту пак некој им оддаде почит на тие што загинаа, бранејќи не пред 12 години.
    Мене денес ми е роденден и тоа е мојот празник. :)
     
    На bittersweet, ilipili, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ви кажав ли колку мразам лето?
    Не? Да?
    Мразам лето. |(
     
    На Chica.Loca, CoverGirl10, MaggieTatum и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    СДК одвај чекам да дојде Септември. Толку многу го посакувам. Секој ден ги бројам деновите од Август. Имаме уште точно 23 дена неброејќи го денешниов. :)

    Нов старт, нова приказна, продолжение на плановите кои застанаа пред една година, продолжение на животот, убави нешта, повеќе време со љубениот... ете тоа е Септември за мене. Исто како нова година го доживувам. Конечно ќе почне ладовината и сакам да почне...(со извинение на тие што планираат одмор во Септември :wasntme: ) Ете така...

    Инаку да си кажам дека многу сум се заразила со Фемина, си признавам. Се откачив од Facebook пред 7, 8 месеци сега друга занимација си најдов, да не речам друга завист. Ама ако овде барем нешто ќе читнеш ќе научиш, како денес што научив дека антиперспирант можело и дома да се направи. Одвај чекам да го пробам, ептен ме замислуваат хорор, страшните приказни дека можело чуда да излезат или да се случат од хемикалиите на купечките таму под пазувите.

    А да, уште нешто морам да си докажам, морам на дневен ред ми е. :wasntme: Без навреда ама темата "Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)" ме потсетува на училница со првачиња и знаете кога наставничката ќе постави прашање кое е лесно и сите го знаат? Пример да ви дадам вака сликовит. Какви звуци прави... кравата? И сега моментот, сите првачиња ги креваат рачињата и велат во еден глас, Јас, јас, мене, мене наставничке, мене прашајте ме, јааассссс, и обавезно тука има некое расплакано прваче што не го прашале. А тоа што ќе го прашаат па се мисли најважно во класот.

    И то... :)
     
    На dream.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК дека песнава кога прв пат ја слушнав воопшто не ми се допадна, сега си реков да и дадам втора шанса,гледам секој втор ја има објавено.. ко за беља го уклучив и текстот.. and what now.. песнава ме опишува со секој можен збор во неа. Мислам дека ќе ми биде мојата следна омилена :D

    http://www.youtube.com/watch?v=5y_KJAg8bHI
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    незнам од кај да почнам, стварно незнам од кај да почнам...
    зошто се сите од корист,зошто?
    секој денес гледа само за себе, ретки се оние "пријатели" кои се грижат и за другите. стварно немам зборови незнам што да кажам..
    од друга страна незнаат како се однесуваат со тебе, ги трпиш мислејќи дека ке си ја сватат грешката, но ако почнеш така да се однесуваш со нив одма ке ти речат, тоа е ... |(
     
    На leighton23 и Girl.in.love777 им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.110
    Пол:
    Женски
    Вистинските пријатели денес се реткост, на секој чекор само дволични пријатели се среќаваат :yawn:
    самата си се тешам дека можеби еден ден ќе сретнам вистински ама баш вистински пријател со кого ќе можам да споделам се‘ . ..
    но , .. svet je lep kad sanjamo :geek: така да .. :drunk:

    дури и мислев дека пронајдов вистински пријател,но изгледа повторно сум се излажала
    Како и секојпат,бидејќи мислам дека сите се како мене и им давам повторно нова шанса , ..но наместо вистински пријател, за возврат добивам само маска на нивното лице .. . еххххх .. :|
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Изненадена сум од личности кои самите се множество кое ветува доста. Тие со нивната интелигенција и природно убава и шармантна појава можат да направат цел свет да се вљуби во нив. И само доколку престанат да се претставуваат лажно би биле блиску до совршенството. Ете јас би им дала Нобелова награда само доколку престанат да го кажуваат тоа кое тие мислат дека другите сакаат да го слушнат. Дај бидете искрени самите пред себе и доста ги труете луѓето со вашите лаги и вашата лицемерна глума. Одвратни сте и верувајте оние кои добро проценуваат карактер ве читаат така лесно.
    Голем е само оној кој кога ги искажува своите вистински мисли им се допаѓа на мнозинството. А не вие кои ќе пресудите што ќе им се допадне на мнозинството и ајде ќе смислуваме делови од нашиот живот кои не се ни случиле. Со сето тоа само вие си се заплеткувате повеќе.

    Како да ви кажам, јас така го доживувам едно девојче, а бев прилично задоволна кога исто така тоа девојче е доживувано и од сестра ми и уште една нешто генерациски повозрасна личност, која секако со самото тоа има и повеќе животно искуство. И тие мислат дека е доста амбициозна. И тоа на оној глупиот и селски начин.

    А на сите сакам да им кажам дека сиромаштијата колку што може да го пробуди човека за самиот да прерасне во нешто од ништо, толку може и да го истурка во калта.


    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... crbM1l_BoI
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку некултурни луѓе постојат :| , си играме ние фудбал на улица и поминуваат две баби и жена со детенце во количка,и ние престанавме да играме, се тргнавме на страна за да поминат, да не ги удриме случајно, и јас им викам Добро вечер и кога ми удрија еден ваков поглед :^) и бабата шепка нешто тивко боже господе... па сигурно немаше јазикот да и се прекрши ако вратеше со Добро вечер и да се насмееше :fubar: :|
     
    На Marjan007, Girl-50, axl-babe и 9 други им се допаѓа ова.
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Мојот проблем е што јас неможам да останам лута на никого...
    Секогаш им простувам, иако знам дека не заслужиле...
    хм ме погодни мислата .. :)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.