Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Незнам точно за колку часа, но не е битно колку ,ми доаѓаат братучеди 2ри од Канада овде во Македонија. За прв пат заедно со децата кои имаат по 5 и 6 години за прв пат доаѓаат овде значи едвај знам како изгледаат од фејсбук што гледам слики. И канаѓаниве да не ни јават , ахх што е 3 по полноќ да ги израдувам моите со добрата вест ...Како бре можат така имаат ли барем малку во главата, еееејјј роднина , братучед сте биле како браќа со татко ми и чичко ми ти тоа да не се јават бреејјј барем да кажат ќе идеме, се немаме видено ...немам зборови значи.....Треба ние од фајсбук да дознаваме дека ќе идат тие напишала типкава ,,Се спремаме за лет во нашата родна Македонија за прв пат зедно со нашите принцези'' |( Тукуу да ми каже некој колку часа се патува од Канада до Македонија со авион да си знам да спремам трпезата пошто знаете тие нас многу не сакаат :)
     
    На Someonespecial, sweet-star и Dog-lover им се допаѓа ова.
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    СДК Добро, не сте ми јасни!
    Вие самите се нарекувате „големи„ а имате по 15-16 години, а ние сме „мали„ а имаме 12-13 години..
    Лелеееееееееееее! :fubar: :fubar:
    |( |( |(
    Мене ќе ми кажува дека сум недорасната а она порасната на 15-16 години а.. Пфффф..
    Како шо гледам форумов не сака баш многу многу „недораснати„ деца.. Ммм да да.. Голема грешка направив шо ја кажав вистинската позраст! Па и јас будала пиши таму возраст 20 години и сите ќе те сметаат за паметна :geek: како шо некои прават така.. Мислам дека не треба да наведувам вакви форумџики, самите ќе се препознаат.. :P
    И онака никој не ни гарантира дали позади компјутерот стои 20 годишна девојка или 10 годишна.. Хаха.....
    И најмногу шо ме нервира некоја форумџика со повеќе од 5.000-6.000 илјади мислења ќе напише „Ми се спиееееееееееееее„ и тоа во најНЕсоодветна тема за ова и ајде 100 лајкови :@ и ставате а некој нешто корисно напишал и 1 лајк ќе нема.. Не рипајте веднаш дека ми е криво оти ја немам многу ѕвездички за разлика од некои други форумџики! ЗОШТО ТОА Е ВИСТИНАТА, А ТАА МНОГУ БОЛИ!
    Немој никој да помисли дека САКАМ ДА СЕ КАРАМ! :!: НЕ ЈАС ВООПШТО НЕСАКАМ ДА СЕ КАРАМ, САМО СИ ГО КАЖУВАМ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ!
    Ако сакате после ова избришете ми го профилот, не ми е гајле! :P
     
  3. united

    united Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34


    Ако форумот ти е место каде што сакаш да собираш лајкови, тогаш не е вистинското место за тебе.
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Нема ништо поубаво од тоа да се зграпчи саботата уште рано сабајле. Еве веќе го пијам утринското :coffee: и правам планови за денес, ќе го поминам денот работно правејќи тон $. :lol: Сумарно ќе биде супер ден, како и секој летен ден, што друго да се прави освен да се ужива. :D

    Еве ви песничка да се раздвижите малку уште рано сабајле, ајде shake your booty for me, rock that body. :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=nmnjL26OBcY
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Се гледа дека си детенце од 11 годинки. :D Најмалку што сакаш и треба е било кој форум да го сфатиш пресериозно. There are very bad people out there, пази се. :D Од конзументи на време и енергија до болни типчиња/типки желни за собирање слава/внимание и поени/лајкови, секакви ќе најдеш. :D Форумот треба да се сфати како место за entertainment, да си пишеш некој пост, да истепаш 2-3 часа слободно време итн. хаха, не за реален живот. Јас го сфатив тоа и затоа уживам сега, не дозволувам ништо да допре до мене нити пак да се докажувам и реплицирам некому, освен доколку не дојде до таква потреба. :D Едноставно pointless е. Секој со свој ум.
     
    На Lov3 и Yipman2 им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Можеби кога 15-16 годишни девојчиња ти кажале дека не си дорасната ,мислеле дека не си досозреана, знаеш понекогаш годините не се мерило за зрелост,но од твоите постови се забележува дека имаш 11.
    Како и да е,зошто форумот го сфаќаш толку сериозно?Се нервираш заради лајковите,зошто некои имале многу ѕвездички а неквалитетни мислења.Имале,имале,тоа е само за забава,не ти зависи животот од лајковите па да се нервираш. Убаво ти кажа PussyHunter,смири се.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.589
    Допаѓања:
    43.114
    Пол:
    Женски
    Синоќа љубовта почна со работа, немате поим колку беше само збркан и растревожен и немате поим колку само ми беше тешко да го гледам, ми се идеше да ги земам тоа шишињата и да му дадам 5 минути пауза.Знам дека не е ништо страшно ке научи каде и да е и за негово добро е, ама сигурно и на вас понекогаш ви се кршело срце гледајќи ги вашите љубови како трчаат натаму наваму, во фрка, невозни и збркани, а не сте можеле ништо.
    И така.

    Вчера сум си препуштила такво задоволство и си купив се што ми лежеше на срце од козметика, често се стискам, гледам да купам некоја замена за некое скапо млекце или гелче кое го сакам, ама си реков нека иде у пм, заслужувам.

    Не знам за вас, ама мене и покрај пеколов надвор ми мириса на обврски, на мавање по студентски и банки, на трошење купишта пари, ми мириса на септември и го чекам со душа да ви кажам.Да сега имам слободно време отповеќе, ама рака на срце за работите кои мене ми прават задоволство јас секогаш си наоѓам време и покрај тоните обврски.Колку и да имам за учење или цртање си дозволувам книга пред спиење и новите епизоди од сериите преку викенд.

    Баш пред некој ден една комшивка како ме извади од такт, леле мајко.Си го шетам кучето пред зграда и таа ми се обратува со еден циничен тој, цитирам „Фати го дечкото за рака да го шеташ, не си го земала тоа куче да го влечеш“ МОЛАМ! И јас ни две ни три и плеснав нешто у фаца и и го залепив тоа устиште.Ме нервираат такви луѓе, ќерка и се омажи на 20 и сега думка дете дома, не велам дека и е лош животот, не знам каков и е искрено, ама нејзе како да и е криво што јас со повеќе години од неа уште имам време за се.

    И патем не можам да го сфатам тој тренд у последно време, посебно во мојот град што се случува...секој ден се запрепастувам од вест дека некоја млада девојка се омажила, дека е трудна, дека успеала и да е разведе и стварно не ми е јасно дали размислуваат со тие мозоци, дали толку се очајни што намерно остануваат бремени или толку се неинформирани па им се испушта и потоа немаат каде.
    Да се разбереме и јас сакам деца и маж и семејство еден ден и сфаќам дека некому тоа е нормално да го има на 20, а некому на 30, али ме запрепастува што истиве се откажуваат од факултет за мажачка, од сите свои соништа, немаат ли амбиции, желба да се оформат како личност пред да основаат дом, да чуваат и растат дете...не знам може некој погрешно ќе ме сфати, ама јас стварно не сфаќам.

    А и уште еден тренд што ме нервира, девојките се се повеќе и повеќе самобендисани, пицнати со нивните 12 и помалку, напудрени и со минич до пич, се плескаат со кој ќе стигнат и се разочарани од љубовта и животот, која живот молим те кога немаш проживеано доволно денови за да знаеш правилно да расудуваш.
    И јас излегував на толку и да бидам искрена имав дечко, ама секогаш личев на дете на тие години, не се шминкав, не носев штикла, не беснеев како овие денешниве...каде ќе стигне светов амн.

    И ми се повраќа кога го уклучам тоа фбто на брат ми и гледам по 100 и кусур слики во сите можни пози и изданија, како да сакаат да ги убедат другите колку се убави и згодини, како тоа да нема да се види ако е така...и се повеќе сфаќам дека никогаш нема да направам профил зошто не ми требаат такви фацки у животецот мој, за да и го гледам секојдневието на тацна...ахм.
    Се додека девојките не научат дека убавината се раѓа однатре, дека убавото лице и телото со двометарски нозе нема секогаш да ти донесуваат можности пред нос, зошто се минливи, она што го носиш во себе е битно, колку си созреан, колку можеш да се потрпреш самиот на себе, на своите мислења и ставови, на своето знање, битно е колку имаш емпатија кон другите, колку можеш да помогнеш некому, да споделиш и да бидеш горд на себе, тоа е она што е битно...се дотогаш девојките ќе бидат нарекувани со имиња од кои се грозам, ќе се пеат песни за нив со навредливи зборови до бескрај и ниеден маж нема да ги почитува ни како личност, а не пак како своја девојка и жена, мајка и животен сопатник.
    Некогаш толку сум разочарана од голем дел од жениве, што ми е срам што и јас сум жена и што слушам такви зборови за нив, а знам дека поголем дел се вистинити и нема што да се прави.

    Сами си го бараме, џабе кукаме кога на крај само сркаме што сме си надробиле, сите без исклучок.
     
    На Foreveryoungiwannabe, kate21, mynameislove и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Вака мојот пост ќе биде долг.
    Значи вака јас не трчам по цветче,ни по ѕвездички.Јас сум овде затоа што имам многу слободно време па овде го трошам.Знам дека ви пречат моите неквалитетни детски мислења.Но сепак моето образование толку ми дозволува.Се трудам колку можам да не пишувам глупости ама ете.Пубертетот на мене лошо влијае.Дури бев во депресија ме фати страв од стареење,од јадење,живеење за малку и самоубиство ќе извршев.Сега тоа е зад мене но летово толку лошо го поминав.Ретко излегував надвор бев затворена во 4 ѕида,брат ми одеше во градинка,мајка ми и татко ми на работа постојано бев сама.На форумов си ги раскажав маките.Одкога бев на одмор се запознав со нови луѓе не бев сама постојано имаше некој до мене ми поминаа ставовите и депресијата.Но сеуште не сум скроз излечена.Јас сфатив што ми беше.Бев осамена и пубертетот и двете влијаеа на мене и исто така имам уште една мана многу се приврзувам за нешто и ако тоа нешто ме напушти ќе полудам,а во овој случај мислам дека беше мојата најдобра другарка која ми е како сестра.Се ослободив од комплексите кои ми ги набиа кокошките во моето одделение.Сега да да подобра сум но не сум како што бев.Повторно тие лажни насмевки и велења дека сум добра.И не не го сфаќам форумов сериозно.Сево ова е виртуелно нели светот е надвор од тука.И да ни самата незнам зошто вчера ме повреди ариела кога самата си бев крива.Ариела извини уште еднаш и простете ми сите зошто ве масирам со моите проблеми но сега сум врзана за форумов и не го напуштам без разлика дали ви сметам или не :)
    Ве сакам :* :*
     
    На Daydream и 1209 им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Бакнежи и прегратки за роденден од мама, тато и баба сабајлево. До душа мама и ушите ми ги истегна :D . Сестра ми уште не ме бацила. Обично тоа го прави кога е расположена или има некаква корист од мене, смрдле едно :D, па ќе видам дали ќе ме баци кога ќе стане :D .

    Нека ми е најсреќен. Нека сите желби ми станат реалност. Доволно ќе ми е :lol:
    Сега ќе ви исечам торта :lol:

    [​IMG]

    [​IMG] Да смо живи и здрави још година сто :party:
     
    На ceca-1, kate21, Maya3112 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Слободното време може на пример да го потполнеш со некоја прочитана книга,така најмногу се зголемува вокабуларот.
    И не го сфаќај сериозно форумот,но очигледно некои критики премногу ти влијаеа.
    Можеш да пишуваш во кои теми сакаш,но пробај и во посериозните,бидејќи тие оставаат простор за размислување,а ти си во период кога треба постепено да се изградуваш како личност,а со тоа и да го оформуваш твојот речник,начин на изразување во иднина. ;)
    Поздрав :)
     
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    :) Исполнета желба...бр 2.Неколку дена крај езеро.

    Мала авантуричка.Плажа. Многуу сонце.Леден чај.Долги разговори.Сладолед од лимон.
    Летото минува,па да си направам уште неколку спомени.
    Охрид мојата дестинација.Градот изобилува со прекрасни места.Но постои страшна неорганизираност.

    Како и да е беа тоа убави неколку дена под сонцето. :)

    Траги.Невидливи,среќаваме луѓе макар и да сме потрошиле и минута две со нив,но успеваат така да ни се врежат во сеќавањето,и следното гледање да е под можеби.
    Но се паметат,денови погледи ,допири,зборови.

    Сонувајте за утре а не за вчера. :hai:
     
    На Marjan007, Girl-50, dream.queen и 6 други им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Толку се трудам да бидам фина,попустлива ајде се да биде ОК....ама не оди...
    Неможам навистина неможам да сфатам како постојат лица со толку голема негативност во себе како да се деца на ѓаволот.
    Признавам дека се изнервирав но потоа се запрашав дали вреди?Некако успеав да се смирам,ама неразбирливо е какво е тоа однесување? цццц....откако му кажав на мм тој ми вели ти незнаеш да возвратиш?,му велам тоа задоволство тебе ти го препуштам.....И почна да ми кажува мудрости...Му велам миличок ова што го изнакажа да го запишеме и да им го пратиме :!: во народен театар нека се направи една македонска приказна :?: Тој ми вели не треси глупост и батали ги ;) толку ли е тешко?....ако те нервираат кажи им што ти лежи на срце,гледаш дека не вредат....
    Искрено кажано има луѓе кои си живеат нормално ама овие цела фамили на свеки се кој од кој :envy: :devil: :@ незнам како да се однесувам....се им пречи кога ке ме испровоцираат се ке им кажам потоа си велам бруки на нивно ниво паднав.....но по се изгледа овие немаат ниво бидејки немаат душа освен да се караат....Толку ли незнаат дека има апчиња за смирување па брате ке си дрмнат едно |-) и ке си бидат во нормала....
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Луѓе, луѓе, смирете се.. :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ми се јаде сарма.

    Ми се танцува:. Онака јас и тој, на некоја полјана, во темница, над нас да има многу спарклс. И секако да мириса на детелинка.
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      74,8 KB
      Прегледи:
      275
  15. sweets

    sweets Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Мојот живот одеднаш се смени кога го запознав него.Тој беше и сеуште ми е подршка и рамо за плачење.Тој е со кој што ги делам и среќните и тажните моменти.Како повзрасен многу работи научив од него,но и тој од мене иако сум помала.
    На сите ке докажам дека нашава врска ке успее.Заедно ке бидеме секогаш.Безразлика што другите зборат.Ние ке успееме.Се со тек на време.Има време за се.Можеби прерано го запознав бидејки сум многу млада,други девојки на моја возраст мислам дека не би,но со него сум затоа што и покрај тоа што другите зборат за мене тој е со мене.Ме сака и со мокра коса,со неисчешлана, и без шминка,во тенерки.Ме сака и кога сум тажна и тој секогаш ме расположува.Ме сака и кога му викам.Ме сака и кога сум крајно неподнослива.
    Од самиот почеток знаев дека тој е тој.Сега сите зборат за нас како јас сум била мала,а тој млад ни летало паметот.Не.Ние и денес и за 10 и за и 50 год. пак ке бидеме заедно.Зошто ни успева?
    Затоа што секогаш го слушам кога зборува,го разбирам,го подржувам,како и тој мене,кога ке излезе со другарки не правам љубоморни драми,туку си ја затварам устата и велам убаво да си поминеш(иако знае дека не смее да ме изневери,тој си знае јас не мора да му кажувам,знае дека без размислување ке се разделиме) ,а кога ке се караме,барам решние што побрзо за да не се скараме и правиме компромис.Сега кога ке студира ке се гледаме еднаш месечно (и сега не е подобро,ама 5 пати во месецот колку толку) и за тоа преќутев бидејки знам дека му е важен факултетот,иднината и кога ке биде пролет ние цел викенд ке бидеме заедно,а летово по неколку дена заедно ке бидеме,секоја недела.Ке издржам,последна година му е.Цел живот ке бидеме заедно,ке надоместиме за изгубените моменти.Никој не ни може ништо.Ни годините,ни далечината,ни факултетот,ни луѓето.Бидејки,љубовта е посилна. :l:
     
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Oд кожа ме вади ко ке видам некоја купачите пикнати в г*з.. И то поштарска гаќа да да..
    Ами постојат танги,ако сакаш да го покажиш газот, полутанги ако не...оф леле..па и горе како насобрано апла да се познава! Абре мизерија...ама ако крадат некоја насмевка понекогаш :D
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ако не сакаш кога можеш, нема да можеш кога ќе сакаш.
     
    На Hipster, MandyLane и gothchick им се допаѓа ова.
  18. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Викаш дека ме оговараат , пренеси им дека многу се секирам :D
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК благодарам за анализата бидејќи темата СДП е затворена тука ќе прашам на другиот мој лаптоп лани му истурив вода и сега тастатурата му работи друго се е ок каде можам да ја заменам некаде фала :)
     
  20. Frame

    Frame Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    88
    Животот би бил прекрасен ако знаевме секој месец точен ден, саат и минути кога ќе ни дојде месечново црвенило.

    Ме убива вака, психички и физички.
    А јас ги убивам сите околу мене.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.