Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам малце се замислив од постот на Dream-girl од претходната страница. Видете, ако се' помали од нас незначи дека ние се знаеме, или дека ние неможеме од нив ништо да научиме, баш напротив.

    Еве јас лично признавам овде јавно дека од нејзиниот пост се засрамив. Зошто? Затоа што 11 годишно дете знае да каже 100 пати извини, а јас и многу други овде сме се натегале меѓусебе (не е битно кој и како бил крив) и не ни текнува да ставиме крај на одредена "дискусија", а недај боже па извини да прочитаме од другата страна. Второ што ме замисли е што, истото тоа 11 годишно дете е многу повеќе свесно за себе, за своите проблеми и знае точно од каде потекнуваат за разлика од некои кои имаат дупло години од нејзините и реално само лигави работи можам да прочитам. Тука некаде можеби сум и јас, не викам не...

    И незнам јас што очекувате од 11, 12, па и 13 годишно дете. За општеството, образованието, политички настани ли да прави муабет, незнам.. Еве и да чита книги (зашто гледам дека некои одма тоа советуваат) каква книга тоа дете може да чита, секако дека некоја лесна книга за нејзини години, сигурно нема Ангели и демони од Ден Браун да ја чита.

    Не сакам да излезе некој навреден од ова ама поубаво е да се гледаат реално работите. А што се однесува за темата "Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)" тоа е веќе друга приказна за раскажување. И можам да кажам дека целосно се согласувам со Hipster. И' јас сфатив целосно поентата. :)
     
    На manja666, WarriorAngel, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Кога си дојдов во родниот крај мислев дека се ќе ми биде како подмачкано, се ќе си биде организирано и испланирано, ќе се видам со сите и среќна ќе се вратам во Скопје. Ама, живот како живот, ми се сврти за 360 степени... Сите лоши работи од кои немам никаква корист во животот, само депресија, нервоза, анксиозност, несоница и бес, ми се случуваат кога треба да учам за сесија... ииии секако и ова пат БУМ исто ми се случи. Мило ми е што се случи тепачката, за да почнам со други очи да те гледам. Овај пат во Битола бил вистинскиот замор. Не ми се верува дека ќе го напишам ова, ама ете сега чекам да одам во Скопје за да се одморам од се што ми се случи, да одам во Загреб и кога ќе се вратам да ми почне сесијата.
    Многу бурни работи претрпев, се надевам дека нема да се нервирам во иднина толку, зошто бесот се помалку и помалку можам да го контролирам. Затоа избувнав тој ден, јас ама и ти. Ти не беше ништо подобар од мене, беше ист како мене, машко со потенцијал да стане женско, обземен со истите чувства. Не знам што да ти посакам, не знам ... И покрај тоа што ти се извини и ми посака добро, не верувам, не знам веќе и јас... и ова како недорешено да заврши...
    Единственото позитивно нешто што треба да се случи во текот на ова лето е заминувањето за Загреб... Ќе ми се исполни една желба, тоа ќе биде нешто неверојатно... ќе го слишам како пее во живо, тој најдобриот пејач, изведувач и текстописец... Роби Вилијамс, мојот ангел. Се надевам дека ќе запознаам и некои нови личности и дека ќе имам некаков пресврт над цела оваа монотонија.
    Се повеќе и повеќе станувам сведок на твоето заљубување во мене. Секој ден се повеќе и повеќе, кога ќе те погледнам како да ти светат очите, а најдобар другар ми си. Ех, што ти прави љубовта, тебе во овај случај те тера да ме јадеш со поглед... :puke:
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Еве вака админки простете ми што постојано пишувам нешто но морам да напишам деј дрим јас го имам карактерот на татко ми татко ми на мравка не гази тој кога мене ме тепаа ми рече јас да им се извинам и тука ќе биде крај на сета расправија татко ми е таков човек и јас се од него научив извини не е тешко да се каже напротив мислам дека доволно пишувам во темава нека ми прости реин зошто еднаш ме имаше опоменато :)
     
  4. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    И во погорниот пост напишав дека јас не сум тука за лајкови само го кажав тоа.. Незнам шо лошо напишав шо цел форум почна да ме напаѓа! Тууууу......
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Времево лета...
    Та вчера беше 31ви декември кога бев на саем и скокав на музиката ко да нема утре (по тазе преживеаниот крај на светот :D).
    Вчера беше 1ви јануари, 5:00 сабајле кога со другар ми јадевме сендвич од Вили, ко гладните и испотени стоки што бевме. :lol:
    И е*аго, знаев дека годинава нема да е само уште една година во низата, каква што беше ланската, со мали нијанси. Не дека верувам дека бројот 13 е баксузен (напротив, мојот среќен роден ден е), но едноставно знаев.
    И guess what?
    Испадна баш така како што мислев! Но, нијансите и деталите не можав да ги сонувам ни во најлудиот сон.
    Колку што напреднав многу во работата што ја почнав од февруари годинава (менаџер на тим писатели и лектори на англиски текстови со маркетиншки цели за американски компании), двојно повеќе стагнирам на лично поле. Како и секогаш, направив неколку глупи грешки што би сакал некако да ги сменам, но нормално, нема враќање. Не дека се нешто големо или не дај Боже клучно, но знаат на моменти да влијаат на моето расположение.
    Стагнацијата како да ми стана заштитен знак и на љубовното поле. Тек-тук си се појавува дејче/момиче за мерак, остава белег во мојов живот и потоа јас со светлосна брзина си дозволувам да ми се лизне низ прсти... Зошто? Освен очигледниот одговор дека сум глуп и тука, не би знаел што многу да додадам. :rofl:
    Oh well, не стагнирав барем на полето на личните задоволства. Имав пријатен - иако краток - одмор, конечно имам и нов компјутер, а и неколку други ситни детали и те како ми го разубавуваат денот.
    Севкупно земено, многу турбулентна година, како бурава што моментално ја гледам надвор низ прозор.
    А има уште полни 4 и пол месеци од неа. Bring it on! :rock:
     
    На teddybear, Someonespecial, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Не сакам да чуствувам.Чуствата ме прават слаба, ми го покажуват ликот во срцево.Ме прават патетична.Ми го покажуват лицето што не го знае никој, што го чувам за себе.Си ги кријам чуствата и одам безгрижно, знаејки дека кога и да е ќе пукнат од некаде, ќе протечат.Но не сакам да ги покажам.Луѓето се проѕирни и не се обидуват да ме разберат.Мислат дека тие знаат се,дека разбираат, кога немаат поима, но судат и се мешат таму каде што не им е место.
    Дел сум од свет што не го сакам.Дури и тие што ги сакам знаат како да ме повредат, малку по малку.Но јас трпам, трпам, трпам, се додека еден ден не ми прекисне и тогаш се излегува од мене.Цела тежина, сите чуства не покажени, не дадени, не заслужени.И тогаш се кршам и барам нов излез, нова врата или барем прозорец.И се така одново.Секоја година почнувам одново, и одново, барам нови луѓе што ќе ме залажуват, барам нови пијалоци за да си ја потопам душата, барам нов изглед, но знам дека во себе сум сеуште иста.Навидум самоуверена и нескршлива, но одвнатре лесно скршлива и трула.
     
    На SparkyAngel и julie77 им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Колку неодспана се чувствувам. Спиев до 3 и одвај станав, потребен ми е сон многу. А колку обврски ме очекуваат денеска :sweat:
     
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Fuck you,време!
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.591
    Не зезај?!
     
    На sesilija, Espadrila, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Долго време немам кажано нешто :lol: Но сега имам добра причина да кажам. Врнеее :rain:

    Дождливово време ми прави убаво на душичкава. Грмотевиците ме плашат. Не е веќе жешкооо тралалала 8) Многу сум среќна сега :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Момички сеа вака со чоколаден тен , исончани и со носиња кои се лупат :D - одморете од белата пудра ,ќе ве молам ;)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Зашто во било која тема а се дојде до некоја дискусија па макар и била оф топик одма се превзема со мерка клуч?

    После се жалите дека само за што се јаде, пие, ждрига, прди се пишуваат постови, епа само тоа остана очигледно.

    И да во право сте, не се битни годините за некој некого да се анализира ние збориме за 12 годишни деца, ама мене овие полнолетниве повеќе ме загриживаат што имаат мозок и однесување бетер од 12 годишни деца.

    Пред да коменирате за другите, прочитајте си ги своите мислења.
     
    На sesilija, bittersweet, Neytiri и 14 други им се допаѓа ова.
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Колку мило ми дојде.
    Само што гледав вести затоа што седам во соба со моиве :| Некое девојче спасило маче заглавено во шахта, како што разбрав Кети се викала од Кочани. Премногу ги ценам оние кои ризикуваат се за животните, јас би го правела тоа но моите не ме поддржуваат пошто живееме во стан и плус алергична сум на мачки.

    А што е со оние кои се изживуваат врз животните? Невоспитани детишта. Јас да видам некои што се изживуваат врз куче или маче небитно................................................................................ :@
     
    На sweet-cherry, CoverGirl10, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Вчера се потсетив на некои стари случки во кои сум патела а единствената грешка ми била што сум молчела, не сум сакала да правам проблеми. Секогаш имало некој кој ме бранел иако тоа не го дознавал лично од мене одма се средувале работите и после сум се прашувала кој го сторил тоа? Па кој може? Тато. Човекот кој отверено му кажа како стојат работите и што би се случило доколку некој сака да ми направи нешто. Ми дојде да плачам најмногу ми е криво што не зборам толку многу како порано но знам дека знаат дека ги сакам. Премногу. Убаво заврши вечерта со долги разговори и уште нешто многу големи јадачи сме биле ние и пијачи и пејачи :lol:

    Некои се во право некои не. Понекогаш судиме а и самите го правиме истото. Јас сум грешник а и вие сте. Знам да простувам а исто така и вие. Грешки сме луѓе правиме. Да се разбереме јас сум тука само за цветчиња и за лајкови ајдеееее народеее навалитее :*
     
    На srcekrsacka, Gordana10 и leighton23 им се допаѓа ова.
  15. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.838
    И јас дознав прееска за случкава. И едно големо браво имам да кажам за девојчето.
    Мене ми е премногу мило и се радувам кога ќе видам некој како се грижи, бар за момент за некое животинче небитно дали маче, куче или нешто друго. Завчера се испокарав со една моја соседка, бидејќи со стап тепаше мало кученце кое бараше заштита во нашата зграда, па за несреќа баш кај нејзината врата дошло. Во ист влез живеам со жената, со мајка ми си живееа, ама како што сум се искарала тогаш, знам дека никогаш нема да се повтори, бидејќи е постара околу 70 години и многу активна, а имам почит кон постари ама ете не можев да издржам. Среќа слушнав на време како плаче кученцето, па излегов во влез да го земам и надвор да го однесам и да го наранам. Додека некој спасува, друг тепа, па и убива. Незнам како некои луѓе ги гледаат животните, како закана? Како ѓаволи :^) ? Јас ја прашав женава спомната претходно зошто толку омраза кон нив и не знаеше што да ми каже, се збуни и ми смени тема притоа пропратена со гласно викање.

    Исто како и тебе сум алергична на мачки и кучиња, ама неможам подалеку од нив, па макар и по цена да добијам алергија јас ќе им помогнам. Ми се има случено да ми се повторува алергијата, но морам да им помогнам да им најдам негде дом, бидејќи исто така кај мене дома не можам да ги држам иако сум пробала упорно.
     
    На CoverGirl10, srcekrsacka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Oбично не сум голема љубителка на дожд, ама во вакви прилики - после големи жештини, правам отстапки од тоа. :rain:
    Си седиш покрај отворен прозорец, си вдишуваш свеж воздух и уживаш.
    Па уште плус и со слушалки во уши и прекрасно музиче... милина. :mm:
    Туку, не ми се верува дека тек пред некој ден вистински го откривам бендов. Сите нивни песни сега си ги преслушувам, баш ми одговараат на атмосферава. 8)
    Уживајте. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=ynGcAyEZkX4
     
    На Serafima, srcekrsacka, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 6 други им се допаѓа ова.
  17. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    многу ми се пее, ми иде да викнам и цела зграда да ја стресам :rofl:
     
    На srcekrsacka и dream.queen им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Изреволтирана сум од админките под хитно мора да се сменат зошто темата за анализа ја заклучиле и не само таа и СДП исто уште СДК да ни ја затворат!Хипстер голем респект за напишаното.Зошто не стават админки како Хипстер,Самуан Спешл,Хермоса и многу други зошто?!И да ме изнервиравте а таман залади баш убаво ветре дува абе милина :) Значи билката глеј што ти се случува на форумов затоа што многу корисни членки го напуштија форумот поради тоа бришење на мислења и заклучување теми.Многу теми кои не беа дупли беа заклучени а зошто е ај зини да ти кажат.Иако сум нова членка форумов го следев од почеток и знам колку членки го напуштија.И сите знаеме кој го прави ова толку од мене и да ако сакате избришете ми го и профилот ич не ми е гајле ама билке прави што знаеш спасувај го форумов!!!!
     
    На Someonespecial, Hipster, EmmaBass и 2 други им се допаѓа ова.
  19. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    252
    Всушност, сакам да прашам! Зошто не отворите нова „Сакам да прашам [СДП]“? ;) .Бидејќи старата е заклучена!
     
    На EmmaBass му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Дедо Боже конечно се смилува на нас обичните смртници што се печеме цело лето во Скопје без одмор и ни пушти дожд да се освежиме. Одамна вака не сум се радувала на невреме како што се израдував денес. А тој? Тој си се прчи на плажичка поред моренце и гајле нема. Алал нека му е .Уште да не ми недостигаше толку многу ке беше супер. Иако се радувам за него нека се врати побрзо дома.Пусто ми е вака,немам кого да закачкам да го гушкам да го милувам. :inlove:

    ...Иииии доста кревате фама околу таа тема со анализи.Ја заклучиле па што?!? Крај на свет не дојде.Уживајте во саботното попладне ,во мирисот на дожд и летна свежина ....

    http://www.youtube.com/watch?v=wZHCocBkZFo
     
    На Daydream, Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.