Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    СДК да не бидеме себични и да делиме љубов.
    Доколку успееме да измамиме барем на една личност насмевка во денот ние сме богати луѓе :)
    И СДК да им подадеме рака на оние кој највеќе им треба-Лицата со посебни потреби !
     
    На eliesaab и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ау колку работи имам да кажам, колку работи ми лежат на срце и на моменти ми ја стегаат душава... Ама како да изнапишам се'?! Не е едно...
    Јас како и секогаш- анализирам, сумирам и тек тогаш носам заклучоци. :D
    А сега богами, изанализирав се' живо. Она кога не ти се учи и мислиш дека правиш нешто корисно, а уствари си ја полниш главата со глупости.
    Дефинитивно сфатив дека мразам се' што е променливо! Дури и зборов (промена) како збор го мразам. Луѓе, за да промениш нешто треба да си силен, да издржиш и машки да ја истераш промената до крај. А јас не сум таква личност. За да започниш промени треба цврсто да решиш и да почниш сега и одма.
    Сфатив, дека тоа е тоа што цело време го одложуваме - промената! Кон подобро секако... Еве на пример и диетата е некоја промена, а на сите многу добро ни е позната реченицата: "Почнувам од понеделник!" ... И се' така до некој понеделник- не е битно кој...или до некој почеток од месец...
    Промените се добри некогаш, знам, ама јас сакам една постојаност во животов! Монотоно ич нема да ми биде, ич ама ич! Мразам привикнување на нова средина (можеби дека се превикнувам моментално на трета), мразам привикнување на нови личности (можеби затоа сум имала и само долги врски)...
    Мразам и променливо време, иако тоа е нормална појава...
    Мразам личности кои денес со насмевка на лицето ќе ми кажат здраво, чиниш многу им е мило што те виделе, а утре пак ќе се направат како да не те виделе и ќе ја намрштат фацата. :|
    Мразам и мразам што мразам...

    ***

    Сакам ведрина, постојаност, пријателства милион... Несакам растурени желби, соништа заради некој трет- ама за жал, денес тоа се' почесто го има и јас уште почесто се прашувам зошто?! Зошто едноставно не си ги гледаме нашите животи? Зошто да упропастиме нешто што на некој му значи, а нас не? Зошто, едноставно, и покрај проблемите кои ги имаме и секој ги име не си олесниме еден со друг?! - Барем со една насмевка доволно ќе е... Насмевка! Ич не е скапа, а е лековита!

    Ах беее...

    ***

    Друго! Ми фали мојот А. Не до болка, ама ми фали!
    Пак нов град, нова средина, ново друштво... Тој се адаптира и јас со него. Учам нови места, личности, настани... Цели 10 месеци го чекав ова лето, го дочекав и помина во еден здив...
    Полагања, свадби, одмор и тоооолку. Се видовме колку што се видовме, се изнагушкавме и изнаљубивме и сега времето ќе ми поминува во чекање... Знам... Ќе чекам нов викенд, нов месец, нов распуст за да бидам со него.
    Во очекување сум на она неговото, изненадено и најзаљубено :"Каааај со бе срце?! ^_^ " ко ќе се видиме после подолго време...
    А до тогаш... До тогаш ќе учам и ќе исположам се', ќе дипломирам/ магистрирам во јуни и пак ќе чекам... Ама овој пат да ме побара за жена! :D :D :D :D

    Забегав! Здраааавје само!
    Ај чао!
     
    На Lola-M, Serafima, thinkerbell и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Прво да кажам, фала Богу за интернетот и за тоа што некако профункционира, што можам да напишам тука збор-два и да ми олесни, затоа што не знам на кого веќе да му досаѓам. Опасен ПМС на повидок.

    Кога живееш во ладна земја, со ладни фаци, и ладни карактери, стануваш и ти таков. Секогаш зборував за луѓе и нелуѓе, и кај нас ги има, што викам, не дај Боже да ти се слоши, да паднеш, ќе те шутираат. Ова е бетер, сами ќе те бутнат, ќе те избуткаат, и ќе те газат и шутираат после. Многу нормално, за да станеш имун, и да преживееш, стануваш и ти како нив. Ладен, безосетен, без чувства, без емоции. И не можам да се помирам со ликот кој ме гледа од огледалото, колку сум испиена и преморена и најлошо од се' - ладнокрвна. Како деца на џунглата, како гладни којоти, јади, пиј крв, цицај, за да не те изедат и исцицаат тебе.

    Наводно, дојдов тука со некоја тешка анксиозност, напади на паника заради кои не можев да станам од креветот, состојба со која мислев дека ќе морам целиот семестар да го полагам одново, за да сфатам дека сето тоа не било ништо во споредба со оваа состојба во која сум сега. Се плашам за себеси и мојата глава, моето јас, кога ќе си дојдам назад. Веќе се помирив дека покрај парите, некако и здравјето си го однесов во... некаде. И секој ден сум поуморна и поуморна и поуморна, и нозете ме болат повеќе, и секој ден нова вена помодрува, и искрено, само тоа што се гледа крајот ме тера напред. Да не се разбереме погрешно, работа како работа, воопшто не ми е мачна, некои ,,мини,, работички пред и потоа ги ствараат сите проблеми. Мада што, кога ќе размислиш, и работата е ѓубре. Како го работат ова цел живот, стварно не знам. За бедни и мизерни пари, никогаш нема да ми стане јасно. Како стануваат наутро од кревет знаејќи дека се заглавени во таква непродуктивна и монотона работа цел живот?

    Да, веројатно тоа што на крајот или на почетокот на месецот, ќе земеш некоја пара, чисто да преживееш, без да штедиш на јадење и на бензин, и да живееш во некое сопче, те тера напред. Сигурно идат од полошо, па супер им е.

    И пак се опседнав со глупости, не знам веќе ни што муабет да правам. Ни со дечко ми, ни со моите, ни со другарките... Со никој. Се исклучив од сите. Знам само да им се истресам за моите проблеми и немам време да ги ислушам. Станав себична. Им одвраќам, ги буцкам, најверојатно и ги повредувам. И го знам тоа, ама никако да престанам со такво однесување. Можеби и подобро кога немав интернет, повеќе знаев да го ценам знакот на комуникација, пораче во текот на денот ми значеше многу, сега изгледа и јас аздисувам.

    Да одам да си ги намирам дневните потреби за витамини и да се бапнам во креветот... 3 петоци. После ни јас самата не сум свесна веќе што ме чека, ама се молам да не е нешто премногу,затоа што некогаш и најсилните се уморуваат и сакаат барем еднаш за нешто да го има полесниот начин.
     
    На Bozica1980, cigarce, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    ....одамна не сум пишала нешто. :D
    Не знам дали е до мене,ама како времето се побрзо и побрзо да поминува. :^) Летово си помина,сега пак септември,а ми се чини како вчера да завршив со школово.Понекогаш ми се чини дека следниот миг ќе бидам веќе 50 годишна жена,а тоа ме загрижува. ;(
    И така,ова лето немав некои посебни доживувања,освен што бев во камп во Грција со другарка и си поминав СУПЕР,значи навистина одлично :D .А еве сега пак ќе одам на одмор со моите.Море,сонце,плажа.... :mm:
    Се надевам дека ќе поцрнам малку,зашто од Грција се вратив побела од кога отидов. :lol:

    Поентата на овој пост ми беше да кажам дека времето минува мноооогу брзо,и треба да се искористи секој миг за нешта кои ги сакате, за забава,за љубов,за семејството,за било што,само тие мигови да не ви поминат онака,без врска.Само еден е животот,да не дозволуваме да ни помине без да ни се случат прекрасни нешта,кои секако можеме сами да ги најдеме.

    И за крај, еден поздрав до сите ! :*
     
    На Someonespecial, Dog-lover и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    За прв пат во животот тежам 60 кг. какооов срам, се чувствувам страшно...... нозете ми се поправени, имам огромен стомав. Од утре почнувам да вежбам, подитно на диета. :'(
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Знаеш дека денот лошо почнува кога при првото станување од кревет ќе си испиеш депрозел во комбинација со ладно млеко за да не ти го уништи желудникот кој што одамна веќе и е уништен ама тоа е една грижа повеќе за која деновиве баш и неможам да мислам.
    И така, со депрозел ми почнува денот, само тогаш се чувствувам колку-толку спремна да ги издржам обврските кои што се неизбежни. Во главата чувствувам мачнина, рацете ми се тресат, главата дигната и од бутик до бутик разгледувам фустани за престојниот роденден на малото братучедче. Да напоменам дека температурата беше +40 ама гајле ми е. Се додека трае дејството на антидепресивот јас можам се!
    Нема посилна од мене тогаш, занемарете го фактот што всушност тоа не сум јас, ама барем за момент се чувствувам нормално. Гледам други лица околу мене кои немаат тегоби како моиве и се тешам, види Мања сега и ти си една од нив, барем за момент. Кога ќе се вратам после еден таков напорен ден дома јас сум најсреќната личност верувајте. Успеав!
    Успеав сама да се одалечам од мојот дом и функционирав како сите други луѓе, немав напад, не полудев, не умрев. Браво за мене. :roll:
    Иронија...бесмислени стравови, хипохондрик, паничар најголем што постои..ете тоа сум јас.
    Часовите минуваа, дејството на апчињата исто така. Враќање во реалноста, повторно разочарување, ноќ исполнета со глупави филмови и плачење.
    И не сакам никој да ме сфати, несакам на никој да објаснувам, затоа и пишувам тука, затоа што ако некој сака ќе прочита, може и ќе преврти очи, можеби ќе ме сожалува ама верувајте ми, не ми треба ни едното ни другото, ниту пак поддршка. Јас сум навикната и сето ова и не ми паѓа толку тешко повеќе.
    Време е за вечерната доза, една четвртинка апче за спиење и чај за смирување.
    Имајте убава вечер девојки, уживајте и за нас кои што не сме во можност. Вдишете со полни гради и издишете, почувствувајте го вистински животот, вие барем можете.
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве сум и јас сега смирена, а пред малку вибрирав ко на електрична столица :D
    пред малку се вратив од Искон и така испадна загледав еден дечко-интуицијата ми велеше дека е зафатен и така испадна во текот на разговорот ми призна
    пред да почнеме да танцуваме го забележав и додека јадевме почнавме да зборуваме-јас му прозборев прва, т.е. му дадов комплимет дека убаво му стои венчето-обичај е да делат венчиња на конец од цвекиња да делат и давежов почна бла бла бла :drunk: ваму живеам, тоа го работам, имам девојка ја сакам ама не сум сигурен дека е тоа тоа, што прават младите во денешно време, што се случува кога одиш на кафе, кога му кажав што студирам-е што значи тоа,не верувал во Исус,која година е роден ми кажа а кога споредив Шричин мој и ова и спомнав целибат ваков стана :tmi:, е зошто да верувал во Исус-што направил тој за нас-а ми се исповеда дури и за интимата-не со кого, како, туку што претставувало тоа за него-сакав да му речам убавецу, си го утнал правецот, си требал на психијатар или психолог да отидеш а не тука да дојдеш :fubar: и имал интересно хоби ама после сите инфомации, заборавив кое беше тоа :D
    да испаднам фер се ракував со него му кажав како се викам и си отидов малку пред огледало да се видам-да се олабавам малку давежов ме замори веке а типов и другар му биле со кола и се тргна од пред врата таман кога се симнав јас-бог да чува и да брани патиките на нозе и дим да ме нјама :) кога излегов од таму, од толку информации главата мислам ми чуреше-бев :rofl:-изгледа стварно на некои луге им личам ко место за празнење :x
    и си ветив Понеделник прво нешто во аптека да си ги купам лековите што ми ги препорача психијатарот и да почнам да ги пијам а ова уште едно ново искуство :puke: :D
    да се наогав во кафич/дискотека и да ми се залепи некој ваков крлеж-би му рекла дека има потреба од разговор-сериозен и ако сака би му го дала бројот од мојот психијатар-се надевам дека нема да го навредам и ако друга би му рекла-бегај од мене напаст една, што ми кажуваш сето ова на мене, на што ти личам јас-ама ете сепак сум човек
     
    На Someonespecial, anabel-a и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Де ма Лилит, трн у око си и, не ли сфаќаш? Кога те немаше едно време празник и беше, само се радуваше по темиве. Сеа што да праи кога мора нонстоп да те чита и да ти пребарува во мислења што пишуваш, каде пишуваш. Биди среќна што си и инспирација! :!:
    :x
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    добро познато :x
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    СДК се осеќам преубо надвор си врни се чуствува мирисот на дожд онака со душа чекан абе го обожавам. Би можела да го гледам со часови ме смирува. А сега би си легнала во моето најсакано креветче и би надохнадила за сите непроспиени денови... Ај добра ноќ на сите
     
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Си викам на себе дали да отворам уста или не. Дали да кажам па после ќе има тепање по форумов МОМЕНТАЛНО. Ама па со видеото ништо не си постигнала.

    ...и никогаш ништо не сте постигнале...а и нема.

    :hai:
     
  12. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    СДК Господ да ве чува од исфрустрирани жени, нема полошо !
     
    На Lov3 и karenin им се допаѓа ова.
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Летово си играше топло ладно со нас.
    Ама ако ,барем вечерва струи воздухот.

    Ги сакам овие ноќи некако како да го слушам шумот на есента.
    Онаа позната есен,дожд,тмурни облаци.

    Друго,некако хаос ми е во мисливе, главава, срцево.
    Тешко ми е да се одлучам за некои патишта.
    Растргнато се чувствувам.
    Многу страни.Немам мир ,немирна сум.

    Сакам ветров да ми ги разбистри мисливе.
    Ноќва.
     
    На Someonespecial, julie77, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.231
    Допаѓања:
    13.118
    Пол:
    Женски
    СДК ... времето разлади малку со дожд, а тоа многу ми годи :) Искрено,едвај чекам да дојде септември, повторно да се вратиме во училишните клупи . . . :wasntme:
     
    На nobody1 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.217
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :hug:
    Далеку од тоа дека те сожалувам, моментално последните 2, 3 месеци сум скоро иста, го знам тоа гадно чувство, ама знам и дека ќе си замине. И не, немој да речеш дека си слабак, не си, многу сме поминале и собирале во себе за да ни создава прошетката во град немир. Ова е едно големо сра*е кое како дошло така и ќе замине. Утре е нов ден, поубав, многу поубав од претходниот - најубав од сите досега, и секој нареден ќе ни биде поубав, посреќен, ден со помалку страв !!!
     
    На manja666, mili4ka123 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  16. jjovana7

    jjovana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    СДК преку глава ми е од овие депресивни денови... Дај нека ме остави депресијата на раат малку и јас да поживеам како човек..задоволна,насмеана,сакана,среќна... Се чудам како еден цитат кој ќе ме погоди ама онака баааш во срце може да ми го расипе цел ден... Сакам да се вратам 3 месеци на назад... и да продолжам од тој ден :( Сите ми велат заборави заборави ама никој не кажува како... Да беше толку лесно немаше сеуште да бидам ваква...
    Се надевам набргу ќе си се вратам на старата јас, ќе дојде и мојот човек кој ќе знае да ме цени ... :doh:
     
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Денес изневерив човек кој најмалку од се го заслужи тоа. И се чувствувам никако.
    Да знаеш дека си уништил нечиј ден, нечиј план, нечија желба? Посебно некој кој воопшто не заслужил таков однос, па ми иде да се убијам. Сум правела скоро невозможни работи за прилично далечни луѓе, а сега не можев да си погледнам подалеку од носот, да затворам очи и отворам уши за да сослушам некој?
    Денеска си докажав сама на себе дека сум гад. Иста како оние кои ги проколнувам некогаш затоа што уништиле мој ден, недела па и месец.

    Премногу сум разочарана од самата себе, не можам нити да ја погледнам во очи и да кажам извини. Зошто не заслужувам прошка.. после ќе се чудам кога ќе останам сама. И тажна.

    Уф, да пукнам. Глупача. :swear:
     
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Му пишав порака...
    Не, не знаам дали сум пијана, испив доста, ама сакав да му кажам дека ми недостига и му кажав. Доста му е.
    Нека ме игнорира, како сака.
    Јас го сакам...
    И ќе го сакам.
    Исусе претерав :$
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Затишје пред бура.... Деновиве незнам ни самата што ми е. Чекам многу битен повик, и сум во неизвесност. Нема ништо полошо од тоа толку многу да сакаш нешто, а до последно да незнаеш дали ке биде или не. Две недели имам буквално инсомнија, денеска во 9 сабајле дури заспав! Незнам зошто неможам да спијам, а ги затворам очите мозокот ми работи 200 на саат! Што би било кога би било?! И се така во круг. Се тешам дека после постов ке си легнам, бидејки убаво е разладено, па може од топлото време не сум можела да заспијам :tmi:. Преку глава ми е од тоа што 101 работа ме мачи, ми се врти низ глава.. И од тоа дека очајно сакам промена- а се плашам истата да ја спроведам.
    А денеска требаше да ми биде еден од поубавите денови во мојот живот. Се убаво си почна, попладнето се договорив со другарка да одам до Скопје Сити Мол да видиме што има нешто да си купиме. И бевме... Тешко дека тоа по продавниците може да се нарече попуст ама што е тоа. После пред да си одиме кога залади малку времето си седнаввме на кафе. И на крај се разделивме на автобуска, секој накај дома.
    И еве ти сега пак несоница, пак тие глупави мои мисли, не ме оставаат на раат. Моментално ни самата незнам да објаснам што ме мачи и зошто се осеќам волку вознемирено.Мојот единствен проблем е што незнам да се опуштам и да уживам во животот! За се буквално се стресувам си правам сценарија во мојата глава од муабети, што ретко ги кажувам во реалноста. Ахх нека ми помине само периодов, бидејки сум си неподнослива самата на себе!
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.031
    Пол:
    Женски
    Немам напишано ништо од поодамна ... Незнам веќе ни што да напишам се чувствувам празно многу празно.
    Имам 16 години и знам не требаше да дозволам да бидам волку многу повредена, требаше на време да реагирам и да се спречам самата себе волку многу да не ме повреди, свесна бев дека нема да го имам и пак и пак се надевав и го сакав и бев среќна што го гледам на школо или што пишевме само за училиште јас бев среќна, направив грешка си дадов надеж не ја сфкаќав ситуацијата летав во облаци :angel: бев среќна кога зборувавме само обично пријателски и не беше со никаква љубов од негова страна, од моја беше ама џабе е ова е само една невозвратена љубов што ме повреди толку многу тажна :( ;(
    Се прашувам зошто ова мораше да ми се слулчи пред почетокот на новата школска година, јас сакав оваа година да биде по друга не сакав да бидам повеќе растажена, сакав од оваа школска целосно да се променам да бидам среќна :) , а сега како како немам сила ни за насмевка ни за ништо.
    Боли многу боли кога вистинската љубов не е возвратена и кога се трудиш се за таа личност а таа не се труди ни малку и те смета само за школска а можда и за пријателка :?:
    Едно нешто се прашувам но знам дека никогаш нема да најдам одговор на моето прашање кое често е поставувано во мојата глава, ќе успеам ли некоќаш да го заборавам или ќе ми остави трага во срцето засекогаш и ќе ја памтам оваа љубов како невозвратена, офф ќе успеам ли да го гледам на школо како се гушка со некоја друга на лицето можеби нема да ми се примети многу но моето :l: ќе си знае :u:

    Баш така!!
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.