[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сликава се кажува :D


    Кај мене нема доволно снег ни за снешко ни за ангелчиња но има колку за шлапкање и мавање.А да ви кажам и оваа е многу со оглед на тоа дека во мојот град годишно врне од 2 до 3 пати најмногу.
    А зимата тек почна па може оваа година ке се издвојува од предходните.

    Овде децата збудалуваат по снег од причина што ретко гледаат.
    Знаете доволно беше на брат ми да му речам дека има снег и фииу како ракета летна надвор.
    И знаете што ми рече -дадо јас снегот го сакам повеке и од мама и тато :o

    Теленце дадино :D Му ведив за денес дека ќе му помогнам да ја доврши песната што ја мисли.Па и по некоја случајност песната ја крстил снешко.Рече дека ке и ја дадел на симпатијата.
    Веќе си разменили и цртежи со елки а сега на ред се песнички.
    Ах и јас сакам некој да ми поклони песничка или цртеж :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    СДиК на Тедибер-хев мрси уоман!!! :o
    Се шалам :D :hug:

    Како си ме погодила со линков.....Цело сабајле кликам :tmi: А треба да работам :tmi: Се' си викам „ај уште оваа, ај уште оваа“....и така си поминаа којзнае колку. :| Тоа ти е, манијак сум за слагалици. Уште па вака онлајн.....мх мх мераци :mm: Само уште да си бев дома :tmi: :P
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  3. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Зошто ме осуди на живот во кој ја нема твојата насмевка ?!
    Зошто при секоја помисла на тебе, направи да се сруши се што макотрпно сум градела?
    Зарем не ти беше доволно тоа што ме остави ?!?
    Кога знаеше дека би умрела без тој поглед, без тие црни очи...Без тие полни усни кои најдобро го изговараа моето име. Го знаеше тоа, и сепак немилосрдно ме откина од тебе!
    Ми треба твојата прегратка. Очајно копнеам по уште еден бакнеж!
    Онаков од кој секогаш ми се губеше свестта и ми се потсекуваа нозете!
    Ми беше СЕ...Но кого лажам? Сеуште си ми СЕ !!!
    ;( ;(

    Не знам ни самата што сакам да кажам....Времето ми влијае лошо! :( ;(
     
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Кој рано рани, две среќи граби!
    Може да, може и не, независи многу тоа од делот од денот, повеќе од околностите и реалните факти...
    Како и да е, може не две среќи, ама убав долг ден, свеж воздух, првото палење на моторите од автомобилите, трчанките кон автобуската,тоа да, го доловувам секое утро, и искрено уживам во тие рани часови, во тој краток мир. Поготово, кога е залеано со снегче како денес, како растам се повеке му се радувам, правопорорционално со годините расте и љубовта према снегот и зимските пејзажи. А кога ке го вратам малку филмот, се чудам, го сакам снегов, кој толку ме жифцираше и го проколнував во средношколските денови, демек кривец е за моето неизлегување и неможност да терање шеми по диската :lol: Младост- лудост!
    Само шкрапам слики, од секој агол кој го нуди мојов стан, од секој агол кон призмата на видикот, секоја декорација ми е овековечена по којзнае колку пати, исто те исто, ама ако, спомени, ке си речам некогаш...
    И така, последниов период иако активен, за мене, е многу пасивен, веројатно ради задолжителните монотони обврски, па не се осеќам како растрчана и активна, а машала мрзава ме уби, никако да ги фатам книгите, кои плачат по мене, еее и јас ќе плачам од среќа денот кога ке ги изџиткам од фиоката, во тоа нека се повеќе од сигурни!
    Кога ке се задлабочам во денешнава анализа за годинава која изминува, ме разочарува фактот дека плановите и небаш мрднале од точката и местото од лани, ама не се разочарувам, толку се потрудив, реално. Повеќе ме разочарува моментот што се ближи Јануари, со него и испитната, и додека едни се одмораат и уживаат релаксирано во секоја минутичка, јас ке си ја виткам кичмава над страниците со закони и правила, уредби и мудри мисли.. Бљак, бљал, е браво, ете одма си го расипав расположението!
    Толку од хаотичниов пост, и како ми се нижеа неповрзаниве мисли, во секундот отидоа и тие какви- такви јабана!
     
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Nije Dosla ...

    Демотивацијава стварно демотивира. ;(

    Заедно со пазар3 и изнајмувањето на луксузни станови. Се прашувам ако тој/таа има пари да купи нов стан и да го изнајмува луксузно наместен, тогаш како е кај истата дома, каде што живее.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Она што не може да те уништи, те прави посилен па колку и да боли. Ама тоа е, некој ќе трпи физичка, некој психичка болка ама на нас останува да ја смениме ситуацијата, и јас ќе ја сменам тврдам, и ко за поздрав ќе му дам една меЃу - ножна и ќе го поздравам со среден прст. Ете така..

    Туку сакав да кажеме дека завршвме со многу работи во врска со изложбата за Јоце, уште утре да испринтам фотографиите, и да ги урамиме и наместиме во Галерија 8. Се молам да сакаат луѓето да купат фотографии и да му помогнеме на Јоце, ма му се восхитувам на борбата, ја лелекам овде а знам дека е моја е, и ја имам здрава права, а тој се бори цело време во неговите 24 години. Кога реално ги согледувам ситуациите ми иде да си мавнам бокс, оти сум пиче невидено. Ама факт е дека не се сожалувам НЕ!

    Еве ви го флаерот со покана, доколку некој од вас е во Скопје слободно поминете во чаршија во понеделник..

    http://nastani.time.mk/event/982#!/#soffset=0&smode=today
     

    Прикачени фајлови:

    На PrinceOfPersia, JuLleE, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Конечно и кај нас заврна снег. Во Декември овде нема заврнато снег уште од 2007 година кога беше се заледено баш за Нова Година и кога паднав по скали :D Станав сабајле во 8 ипол и со цела среќа се спремив за предпоследниот колоквиум. Ме развесели снегов мора да признаам. Се облеков топло, ставив чизми, капата и шалчето подарок за ланскиот роденден од мајката на дечко ми, ракавиците во иста боја и ташната од Грција купена ова лето за 2 евра, и си фатив патот накај факултетот. Си напишав се на колоквиум и си дојдов дома по подолгиот пат за да рашетам по снегот. Си купив топла баничка со месо и јогурт и си дојдов дома. Сега го пијам чајот од хибискус и чекам да се извади 4 сезона од How I met your mother. Уште еден колоквиум утре ми остана и можам официјално да почнам да уживам во исчекувањето на Новата Година и предновогодишната топла атмосфера. Ох колку го сакам овој период од годината не сте свесни. :wasntme: Имајте убав ден. Je vous aime. :*
    [​IMG]
     
    На aaaaa, L-enna и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  8. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    сдк дека навистина се израдував...денес почнува зимата...па видете колку слатко ни почна...со снегче...тоа е баш убав благодет....е сега ќе си сварам чајче....ќе си седам покрај прозорите и ќе си гледам како врне бидејќи тоа навистина ме опушта...
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.862
    СДК
    Самопрограмирањето е многу важна работа.
    Постојат моменти во животот кога сваќаш дека си препуштен сам на себе. Не си веќе дете за дедо да те држи за рака на заболекар, Не си веќе дете за мама да биде секогаш до тебе и ти ги пружа розевите очила на животот, Не си веќе дете за секоја караница со бато да трае 5 минути и после се е заборавено....Толку многу НЕ СИ веќе

    Се е сменето, а најмногу јас.
    Често се повлекувам во едно ќоше од кое е најудобно да ги координирам сите обврските, ми пречи народ, галама... Се помалку личности вредат да жртвуваш дел од своето време или себеси за нив, сум го осетила тоа многупати.
    Започнав да уживам во тишината, моментите кога сопствените мисли се најгласни се подобри од безвезното мелење на некој кој само си пополнува време со тебе.

    Мала доза на нарцисоидност, самобендисaност, ароганција се добри за менталното здравје.
    Како да очекуваме некој да не сака, цени ако ние самите себеси не си се сакаме и цениме.
    :!: ама да не претераме, и да вредиме малку повеке од колку сме мислеле, дозволете сами да увидат

    Една личност е доволна за да те свати, разбере, сака...
    Тогаш е се подруго :inlove:

    Сонувам и будна, посакувам повеке одколку што реално би можела да имам.....ама не се откажувам
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Вистинска зима конечно, конечно ја почувствував новогодишната еуфорија. Ја сакам Новата година ме потсеќа на нешто ново, нов почеток, на снег, на насмеани луѓе, луѓе полни со надеж дека ќе биде подобро, ме потсеќа на дечиња кои се радуваат на новата година, на подароците на Дедо Мраз...

    Ѕунат, ѕунат снегулки,
    сегде покрив бел,
    дење ноќе патувам,
    минам светот цел.

    Дедо Мраз , Дедо Мраз,
    иде Дедо Мраз .

    Подајте си рачиња
    оро вито в час,
    дружно да запееме
    деца на цел глас

    Дедо Мраз , Дедо Мраз,
    иде Дедо Мраз.

    Носам вреќа играчки,
    нежност, љубов, цвет,
    здрави да ми растете
    деца од цел свет.

    Дедо Мраз , Дедо Мраз,
    дојде Дедо Мраз.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Белилото на снегот ми ги избистри црните спомени од изминатата година. 2011 за мене беше тешка како оние мегалитни гранитни повеќетонски карпи, ама само Бог знае со колкав напор ја одржував кревката структура на сопствениот живот. Скршено срце на милиони нанонделчиња во милитантна работна средина - а хел оф а комбинејшн. Успеав да ја исплачам со врели и несопирливи солзи (какви што мислев дека повеќе не поседувам) цела своја потиснатост на потребата да не ја наметнувам својата духовна катаклизма на моето опкружување, јас сум врвен потиснувач со големо искуство. Секогаш спремна за излегување во пресрет на туѓа болка, но толку себично ја чувам сопствената за себеси единствено. Ретроспективата на настаните ја гледав од птичја перспектива и се трудев објективно да си судам најстрого што можам и на крај си простив доста нешта, конечно ми е - полесно, доста полесно. Нема поголем мир од тој да си во пакт со себеси, без оглед на се‘, дури и ураган да беснее надвор. На крајот од годината не сум потажна ни посреќна личност, не сакам ни да се сметам за побогата со искуства, едноставно сум свесна дека сеуште сум со вивидно живи емоции и уште постојат нешта за кои навистина ми е грижа и тоа барем за мене - е премногу и повеќе од доволно.
     
    На bittersweet, Magnolija, x.Daisy.x и 17 други им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Бива ли бе снегче вака. Те чекавме со месеци и за вака скромно да паѓаш. Едно снегулче тука, друго у соседно маало, па ќе завее повеќе, па ќе престане и се така, иди ми дојди ми. Дај реши се.
    Сабајле требаше цел кров на колата да го соберам за едно топче да направам одвај. Со Рики трчавме на снегов, во 7 часот сабајле, ем смрзнав ем се уморив пред работа :D
    Си правев планови ќе дојдам дома ќе ја облечам црвената монтка до под колена, дебели чизми и ќе се возиме со сибирјанецов на санка, ќе не влече он, ама нишчо, нема да биде ништо од тоа, бар не на ова снегче што веднаш се топи.
    Сега се топлам со чајче од јаболко и цимет и слушам македонски евергрини, уживам да не речам на топлово и си имам убав поглед од 9ти кат на сивово Скопје. Ал за 1 час ќе мора да излезам на студов, бричи ветрево.

    Еве ми го хитот на денов, сум ја подзаборавила песнава, баш ми го освежи слухот утрово.
    http://www.youtube.com/watch?v=lVabF0zQ ... ture=share
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам
    знам дека звучи клише
    но снегот не затрупа овде кај нас. Буквално.. А јас се радувам ко мало дете, Ми иде да си излезам надвор да си трчам по снегот, да си правам ангелчиња и снешко како да сум мало дете. Да си ја земам санката и да се потсетам на убавите детски денови. Да ги затворам очите, да си пеам новогодишна песничка додека се спуштам по патеката. Да се вратам 12 години наназад. Повторно да ја почуствувам новогодишната еуфорија.Повторно да не ги чувствувам дланките од правење топки од снег, да излезе мајка ми и да ми рече : Ракавиците на раце или право дома! Да почекам да дојде ноќта и се да заблеска од новогодишните украси. А снегот да ја надополни магијата. Јас да си го земам новогодишното пакетче во раце и да си отворам бонбони, да јадам седната покрај елката. Да ги гледам гледам цртаните на дизни и сите ликови да ги замислувам како вистински суштества..Ех тоа беа времиња. Ми недостасуваат..
     
  14. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добар ден - убав ден :)
    Колку долго го чекав снегчето и ветрето.И температуриве кои отидоаа во минус.
    Нека вее.Многу е слатко и романтично.
    Се стиснав од школа до дома и си дојдов.Важно студот го осетив.Го почувствував на своја кожа.Ми се чини во коски ми влезе.
    Не е толку застрашувачки ладно,. ама добро е..Важно ми направи кеф и тоа..

    Сега ке ги направам мајсторски макаронкиве и ке си спремам чајче.Па поубаво од оваа има ли?!
    Домашна атмосфера.Топол дом.Топол и вкусен ручек.Чајче засладено со малку лимон.
    И учењето не ме плаши покрај овие работи...

    Сега конечно сум исполнета од сите страни и од сите агли.Сите точки ми се на место и дијагоналата ми гаѓа право накај шпоретчето мило.

    Убав е животот ако знаеме да се справиме со него.Ако знаеме да играме игра и со предизвици и да ги занемаруваме гнасотиите..

    Не сум во емотивен филм сеуште..Ама ваквите мали работи ми го прават раположението.
    ВРВ!

    И сликава знае многу да ме подлже и залаже :P
    На вакво време и оваа не би ми штетело...
    Али шта чеш :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала имав еден споменар и на крајот од секоја година пишував вака:

    Работи кои што ми се случија во 20..
    -...
    -....и тука ги набројував само убавите работи, детски наивности, кои ме неправиле среќна и горда таа година. А потоа подолу имав еден дел вака :

    Работи кои што сакам да ги направам во 20..
    -...
    -...набројував, набројував додека да заврши листот.

    Сега не знам каде ми се изгуби споменарот, не знам ни каде ми исчезнаа желбите. Сега ми е страв да ги напишам , се плашам од неуспех. Каде ми се изгуби детската наивност и фантазија, која упорно ја остварував...Ама не оваа година нема да мрчам и нема да се влечкам по дома ко стара баба на тој ден. Оваа година ке отворам нов споменар и ке почнам да пишува и да лепам сликички од се што ќе ми се случи. Оваа Нова Година ке и треснам врата на старата и ке ги земам само оние кутии со убавите спомени. Веќе немам место во подрумот за грдите пакети. Оваа година ќе направам генералка. Оваа година ќе бидам мало дете со полно желби. Оваа година ќе спосакувам, Дедо Марз, да знаеш, нема да бидам скромна и повлечена за да не те мачам. Мисли му ја! :D
     
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Децата прерадосни, радоста им зрачи од нивите лица. Излегле на улиците, се смеат, се маваат со снежни топки... Времето е ладно, а тие не го чувствуваат тоа. Понесени од веселата игра не им е грижа ни за тоа дека се водени или дека ќе настинат. Ах детство...

    Колку убаво време!
    Да седнеш покрај топлината на каминот, да гледаш во пламените јазици кои се кој од кој поголем. Се проголтуваат еден со друг, исчезнуваат за миг, а потоа се појавува некој со прекрасна боја...
    Седам и ми стои една грутка на срцето. Знам дека никој не го забележува тоа, но срцево ми плаче.
    Ми навираат мисли, како мноштво на снегулки и ме затрупуваат во таа ладовина. Си спомнувам за некои души. За некое тажно семејство, за нечија детска солза која можеби и во овој момен се тркала по нечие малечко обравче. Додека ги гледа другите дечиња како весело и радосно играат, дека воопшто не се грижат за ништо, дека едноставно имаат се. А тоа малечко, нема топла облека, нема ни убави меки и топлички чизмиња, нема шалче и капа или топла зимска облека... Нема ни топол дом, го нема ни топлото чајче кое можеби денес ако ми постои дома јас би го истурила, или топла храна за која копнее таа душа, а јас ќе ми ја дадам на некое куче скитник... Аххх...
    Се мислам колкава е таа болка за основното во животот, колкава е таа детска болка, колкава е таа родителска загриженост што немаат да им пружат ништо на своите дечиња...
    Ме затрупа снежната лавина. Ми го заледи срцето со својата ладна прегратка.
    Колку би сакала да бев некоја која би имала малку повеќе финансии, само да можев да помогнам на некој. Да видев една насмевка на една детско лиценце, една искра на топлина во неговите очи, едно големо олеснување во душата некој родител...
    Ах колку би сакала да можев да го видам тоа и барем малку да го стопев овој лед во срцево.....Колку!
     
    На bittersweet, x.Daisy.x, Fearless и 5 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Додека боледувам дома од изместен мускул на половината, го пијам првото кафе за денеска откако изедов четири мандарини. Си ги наредив парчињата кора на огнот, за да ми мириса на свежина. Се дружам со книгите и сами сме дома со мојата штрудла. Ама од ваквото време и таа паѓа во зимски сон. Јас дома сум имала мечка, а не кутре :lol: Додека си правев кафе, и' пржев лепчиња со јајце. Просто ги обожава! Гледајќи ја како шета во снегот, се присетив на првата нејзина зима. Им се чудеше на снегулките, ги бркаше и им лаеше :lol: Оттогаш поминаа скоро 5 години. Толку многу ја засакавме, што веќе е дел од нашето семејство. Мама си ја вика „третата ќерка“ :wasntme:
     
    На angel92, Neytiri, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  18. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.095
    Пол:
    Женски
    Иииии...СНЕГ...поубаво звучи кога не мораш да идеш на факс по вакво време, поубаво звучи кога можеш да си седиш дома, во топло, со какао, кафенце, чајче во рака, покриена со ќебе и да гледаш низ прозор како вее снег.А јас полагав денес, на ваков ден.Смрзнав сабајле. Ама сега малку одмор, поминаа 2 уште 1 колоквиум остана. За НГ испланирано е во кратки црти, следната недела ќе знам точно и сигурно што ќе се дешава.

    Сега чао. :* Имајте убав снежен ден! :D
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски

    Епа пополека, но сигурно, се ближи распустот. ^_^ Уште 5 работни дена, и парарарааам.
    А знам дека, додека да трепнам ќе си помине, и тој. Ама барем да си се тешам.
     
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Времево е само за чај, топла соба и... задачи физика. :|
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.