Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Сакам Да Кажам...Срањата се дешаваат. Повеќето од нив на мене. Така да, не се секирајте. ;)
     
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    PMS I hate you!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! :@ :) :( :) :( :) :(
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Незнам кај вас како е, ама во нашиот град има нова мода. Секое второ машко има по 6,7,8 во некои случаи и 9,10 години помала женска. Можеби во некои случаи тоа навистина е љубов, но во другите :x
    Толку ли се неспособни нашиве момци да фатат женска што им доликува на годините навистина незнам...
     
  4. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе со што уште нема да видам дека се замара некој , мислам ја сфаќам дека сите имааме по неколку антипатични личности што не иритираат ама па ајде сега да се подмочаме кога ке се сретнеме . Мислам стварно како живеат оние кои се замараат со бившите на бившиот од пред 3 години ? Уште ги мразат непријателките од основно? Ја сфативме поентата м даа позгодните од вас се курви , подобрите ништо не вредат им се погодила среќата , ај нешто ново позрело , почнав да се осеќам како да сум опкружена со искомплексирани пубертетлии , ама кај нив не е за маана сите сме го прошле тој период ...или некои никогаш не ги напушта хм...
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    На човек можеш да му земеш но да му дадеш..потешко.

    Како и да е сфаќам дека ова е точно.
    Залудно е на заслепени да им покажуваш правци.
    Нема назад.

    Верувам во љубов.
    Верувам и во забранета љубов.
    Сите имаме своја граница за забранета.

    Некоја ти е во гради како снајперско зрно.

    Случајни странци, случајни допири ,погледи,зборови.
    Не во овој живот.
    Можеби во некој нареден.
    Реков можеби.
     
    На Anonymous996, julie77, Girl-50 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Бамби кога се учеше да скија! Љубов со долги нозе. Мили очи. Љубов!

    Мајка ми во нејзиното ново фустанче. Убавица! Таа е мојата гордост. Таа победила илјадници препреки само за мене и сестра ми.
    Таа сталожено и храбро ме советуваше кога јас и плачев, а потоа скришно од мене и таа плачеше за мене. Секогаш таа и сестра ми ме учеа да бидам силна личност. Никогаш не потклекнаа врз моите страдања и не ме сожалуваа. Сосема спротивно! Секогаш со ладна глава разговараа со мене.

    А мислам дека некоја грутка ми стои во грлото и само чекам да ми помине. Цел живот така.


    Да го занемариме фактот што јас и денеска се изгубив и за малку ќе паднев во несвест.
    Да заборавам за момент колку пати дневно почнува да ме боли главучот.
     
    На Anonymous996, Yowannty и Lov3 им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Вие ја сфаќате поентата со ова честитање за добиено зелено, жолто, бело цветче ? Темата за истото е најактуелната и најчесто коментираната на форумот. Се редат оф топици и таму ама очигледно темава дека не предизвикува дискусија па не е итно да се брише тоа што е оф.
    И после лицемерие до бесвест по форумот дека лајкови и број на мислења не се битни. Епа лажете луѓе!Подобро признајте си, е тогаш ветувам дека на секоја можна објава ќе добиете лајк ако тоа е вашата духовна храна. И зошто своите честитки за добиено плаво цветче не ги пренесете во соодветната тема за честитање? Затоа што за жал таму мислења не се бројат а и помали се шансите некој да забележи дека сте честитале а тоа би значело неколку лајкови минус.
    Кога ја отварам темата мислам дека некој Нобелова награда има добиено па затоа толку честитање има. Големо достигнување. Браво. :roll:
    И после пак ќе се провлекува тоа дека не ви е битен квантитетот туку квалитетот на мислења. Ахам, ви поверував. Лицемерие е бе, па и тука ли ?
     
    На Anonymous996, bittersweet, pamelche и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Подобро да живееш една година како тигар, отколку сто години како овца. СВАТЕТЕ ЈА МИСЛАТА И ПРАКТИКУВАЈТЕ ВЕДНАШ
     
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Денов ми беше цел наопаку.. :| се разбудив со температура и 3 внатрешни бубулици :headbang: па баксуз ајде најдов јангдерм се намачкав,тоа рокот изгледа поминат му бил :?: и уште повеќе се исфрлав :@ моментално носето ми свети како црвено лампионче :| па уште поголем баксуз,мојата најнова симпатија помина по мојата улица и ме виде како берам пиперки,таква цела несредена, јас пак се кријам меѓу пиперките се туткам некако за да не ме види |( ..епа ај со среќа :|
    За крај, Добра ви ноќ.. :hug: отидов и јас :*
     
    На Ketrin.Moon и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    и помеѓу толпата луѓе околу нас,има моменти кога се чувствуваме како да сме најосамената личност на планетата Земја :)
     
    На eliesaab, Agawa, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Среќата ми се придружи,ја осетив во мене,ме преовладува. Сакам да викам, да се смеам и да плачам од среќа. Нема нешто што ми недостига. Се ми е комплетно. Мислам дека нема посреќен човек од мене на планетава во моментов, и по заљубен. :inlove:

    Летам во облаци и убаво ми е. Никогаш нема да престанам да бидам дете, тоа си го ветив од мала. Ќе го задржам детето во мене засекогаш. Сега знам дека има уште едно дете кое е со мене и со мене ќе остане. Заедно ќе лудуваме и ќе му се смееме на светот.

    Девојче со детска насмевка,собрани раменици и вкрстени раце го пишува ова. Ми блескаат очите и ми трепери срцето. Мојата љубов мисли на мене, а и јас на него.Ова е прекрасно.Нека не престане никогаш.

    Пијана од љубов :drunk:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, pamelche, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    сдк дека го прогласувам форумов за најопасна заразна болест на сите времиња, така да јас сум болна од Фемина
     
    На eliesaab, sweet-star, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Веќе два дена кај мене на гости е една премногу драга другарка од раното детство.
    Заедно сме од 3 години. Кога ќе ми текне низ што се не сме поминале заедно, колку фази имало нашето пријателство, како се развивало, се чувствувам исполнето затоа што знам дека постои некој човек на планетава Земја кој ми е искрен пријател и пред кој се чувствувам комплетно слободно.

    Ама ептен ми е човек од душа другарката. :D
    Вчера бевме излезени, а неа и се приспа па моравме во 12 да се вратиме дома.
    Таа веднаш си легна и заспа. Јас седев до три, гледав филм, се зачепкав нешто на интернет...
    и кога испадна до 4 да сум седела. Легнав малку да одморам пола саат.

    И... се будам во 4:30 :rock: Сеуште не беше разденето. Ама јака и душа на другарка ми, што ме трпи мене сосе сите мои глупости. Некаде од 5 саатот најдов да пуштам Армин, Паул ван Дајк, Тиесто...
    Она не се буди за жива глава. :( Дури грев ме фати затоа што и урлам над глава додека спие,а на гости ми е дојдена - но таа самата ми кажа дека не и пречело ако пуштам музика додека спие.

    Сега малку на тераса си реков да поседам. Не знаев дека летните утра се волку ладни.
    И ете така јас спиена сум точно 30 минути. Се скапав од спиење. Ми се плаче од што ме боли главата.
    Веќе не знам какво не кафе испив досега. И се фаќам на моменти како мислам на него. Страшно. :|

    П.с. - Поубаво чувство за мене од тоа кога ќе си купам нов прстен, нема!
    Лакирани нокти со омилениот лак, новиот прстен, разбушавена коса, сама на тераса и штракам на лаптопов. А имам и претчувство дека мајка ми ќе не израдува со некое вкусно лиснато за појадок. :sun:
     
    На Anonymous996, pamelche, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    !
    [​IMG]
     
    На la-chicka, WarriorAngel, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    И се додека некои се`уште гордо се поистоветуваат со Саманта од Секс енд д сити и сличните на неа, и им се репер за однесување, и додека влегуваат во глуп амерички филм, као демек самостојна и независна, лепршава, со предиспозиции за добивање на било кој, со богат зборовен фонд на зборови и фрази од типот Wanna fuck?!, и објавување одново и одново на слики со истите нејзини фрази, а мистер Биг им е било кој набилдан србин или грк - со тетоважа онли Гад кен џаџ ми, запознат летово на некој грчки остров, , за мене ќе бидат првокласни гуски, без два грама мозок.

    Врвот на очајот и бедоќата ми е слика прикачена со цитат од типoт: No smoking in bars, what's next? No fucking in bars?! Тука веќе се влезени во транс.

    И кога им го плеснав у фаца дека и летово ќе заврши, и дека од септември се враќаат у школо, и дека живеат у куќа со нивните и помалиот брат, а не сами во простран стан во центарот на Њу Јорк, дека не се така независни како што мислат и глупаво промискуитетни, и дека искачаат у Привилиџ, ме избришаа од пријатели и ми скратија 1/3 од дневната доза глупоќа.
     
    На Trnche, Anonymous996, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Меѓу поимите прерано и предоцна не постои ништо повеќе од еден момент.

    За некои такви моменти вреди да се живее....
    Знам, знаете и Вие :)
     
    На Idonea, bittersweet, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Обожавам кога ќе се разбудам вака полна со енергија, уште и доручек кога ќе ме чека од мажулевоо ммммм...
    Инаку да бевме 6 дена во Охрид и прекрасно си поминавмеее :) Само Јас, Тој и Малото. Посветени едни на други целосно... милина... Уште денес уживаме, а од утре е на работа повторно ќе бидам сама и ќе чекам да дојде 18 часот но, небитно.
    Деновиве сум опседната со уште едно бебе , навистина не знам што ми стана ама ете сакам , сакам деца , што да правам не сум јас виновна :) На ова добивам само еден поглед и има времее :) :rolf
    Ајде може навистина има време ... животот е пред нас.


    Имајте убав ден феминки ...
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... Vw7eJ0vGfM
     
    На bittersweet, Maya3112, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Драго бубалче,херпесче како сакаш наречи се не планираш да исчезниш од аголот на моето устенце?

    Саботно,нашите погледи се сретнаа неколку пати(повеќе од неколку пати)... Тоа е некој знак море? Едвај чекам пак да те сретнам да ти пратам еден од моите сини погледи,а воедно и да ти украдам некој поглед.

    Неделно,нашите погледи се сретнаа неколку пати ( повеке од неколку пати)...Што знак е сега пак тоа? Видов дека ме гледаш поранешна моја љубов голема,најголема,поголема...Најизненадувачки поглед беше погледот на самото твое заминување кога пред да излезиш по втор пат се сретнавме очи во очи... А бива толку да си незнам што? 3 год.се мачам со тие твои погледи кои едвај чекам да ги украдам..

    Зборовите велат едно,срцето и погледите друго!

    Само на погледи го направив постот :D

    Имајте убав ден феминки! :*
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Многу сум радосна :rofl:
    За 2 дена(во среда) одам на одмор, и тоа со најдобрата другарка , нејзините родители и моите родители , неможам да дочекам :D
    Од денес ќе почнеме со подготовките, треба да спремам список што планирам да земам а исто и она
    Мајките се договараат за храната, татковците се заедно да извадат зелен картон за колите
    И секој си има по некоја обврска. После ќе излезам да докупам што ми е потребно
    Можеби нема да можам да ви пишам пред да одам :?: На 25 или 26 ќе бидам дома и ќе ви пишам како сум поминала :D
    Ве сакам феминки :* , поздрав :hai: :*
     
    На Someonespecial, Kaley и karenin им се допаѓа ова.
  20. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Само јас можам да се настинам на сред август. Никој друг не е толку талентиран. Марфи ми е прв другар,секогаш е тука за мене. Кај настината,па и депримирана. Летна депресија што би рекла Лана дел Реј. Summertime sadness де. Како и да е,само уште температура да кренам ми фали. Не за џабе рекле дека шопингот е поефтин од психијатар. Штиклите од Манго ќе ме вратат во нормала,знам јас. Лошо расположение,а не сум човек што шири негативна енергија... Штета
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.