Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ми се оди на Роби Вилијамс во Загреб :(
     
    На eliesaab, lunicka и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Сакам да кажам дека луѓето не треба да бидат стереотипни,конзервативни..
    Како и во мн работи што се либерално настроени,така и ваквите работи да се прифатат како нормално нешто.Значи мислев на развод.
    Еве цел ден,во комшии има караници,викотници.Искрено се надевам дека нема ќотек.
    Мажот е пијан,и цел ден се расправа со цело семејство.Со пијан човек нема разбирачка.
    Затоа,ако имате некој таков во фамилија,справете се шо побрзо.Инаку кај мене во зграда,ова не е првпат.Скоро секој ден е така.Отрпнати сме ние останатите станари.
    Нема ништо срамно во разводот,ако тоа е единственото решение!
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес е ден наменет само за мене.
    Мислев кафиња со другарки да договарам,мислев со него да се видам...ама се предомислив.
    Овој ден ќе си го искористам за да уживам сама со себе.Едно добро,долго бањање,средување на косата,ноктите,средување на облеката и бирање кои комбинации ќе ги носам во наредниов период...
    И на крај еден убав ладен овошен коктел,и едно топло турско кафе со десерт чоколаден сладолед на мојата лулашка...
    Уживанции. 8) Денес сум многу смирена за среќа. :)
    Донесов одлука денес...секој ден ќе правам нешто добро за себе,секој ден ќе станувам поубава и посамоуверена.Така ќе одам напред,само така! 8)
     
    На Sexybaby86, Barbie20, LittlePinky и 6 други им се допаѓа ова.
  4. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    Сакам да кажамм дека вечерва тргнувам на одмор и многу сум среќна :rofl: :rofl:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    Сакам да кажам дека се е во ред :D :D :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Знаете оние жени, зад завесата што знаат се што се дешава по комшилук. Епа умре лани старата жена што ги следеше сите кој кога излегол од дома и кога се вратил, чие дете скршило ретровизор на чија кола, и сите се лутеа дека е тужибаба, окото кое гледа се, ама па и знаеш ако туѓ направи пакост во близина барем ќе има кој да го познае во редица во полиција.
    Синоќа седиме надвор на ладовина, јас чуркам и се полевам со винце, се ѕверам во небото без облаци и му се восхитувам колку е голееееееемо и теееемно, обожавам такво небо...се изгубив... ах да, овој мојот шета напред назад, со телефон во раката, бетер од децата е, и текста со некој напред назад, кога ццццц, кога хахаха кога еднаш дига глава и покажува на комшиите од спротива, види види, затвориле завесите!
    А? :^)
    -Никогаш не им се затворени завесите од дневна, ако стават субтајтлс(како се вика бе?) можеш од овде ТВ да си гледаш на нивна сметка.
    Па викни им полиција бе човек, сомнително однесување, сигурно касапат нечие тело внатре |(

    А ние се чудевме кој ќе ја замени старата жена. Пффф
     
    На Barbie20, bittersweet, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    После одреден период поминат на планина (каде патем спијам со пижами со долги ракави, чорапи и две ќебиња), тешко ми е да се аклиматизирам откако ќе си дојдам дома.
    Дремам под клима, повремено се пикам во фрижидер и шетам по непристојна облека :^)
    За прв пат во животов некако ми е досадено од летово и со радост ги шкрткам деновите во календарот. Можеби затоа што есента ми најавува убави планови, а можеби и затоа што си меркам едни кожни, есенски чевличиња :wasntme:

    Туку, секогаш кога моиве ќе заминат на одмор, со големо задоволство ја окупирам кујната па си испробувам нови рецепти. Повремено си викам гости во улога на дегустатори и им барам оценки за зготвеното. Да си имав индекс по кулинарство, ќе ми беше полн со десетки :rock:

    Сарделиве цветаат како никогаш досега, а јас уживам во нивните бои додека си пијам кафе на тераса. И си викам: Боже, колку многу може да ме израдуваат мали нешта. Купив нови полици за во купатилото (едни за над кадата и едни за над машината за перење) и им се радував како дете на сладолед! Кога е организација во прашање, и кога ми е мене препуштена, ми се чини дека до небо скокам од радост. Цел ден си бришкав и си прередував...

    И уште нешто - бидете барем малку љубезни бре луѓе! Ништо не губите, ви гарантирам.
    Во последно време гледам само смуртени фацки, сите се некако саркастично-иронични и непотребно арогантни. Еве да ве просветлам - таквото однесување воопшто не ви е мерка за вашата интелегенција. Чисто за информација.

    Затоа, бидете љубезни. Некому ќе му го направите денот поубав ;)
    [​IMG]
     
    На EmGreen, Sexybaby86, vinozito1 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Многу сум позитивна после работен ден со половина работно време, или ми дојде па ми заврши беснилото. :D Не знам, едно од тие две е. Дури и песна на јутјуб после два месеца си пуштив, полека, се избафер, си ја ислушав цела и ја исклучив. Штедиме интернет. ]:)

    Се позиционирав на хотспотот, и дека не сум уморна, па имам троа отповеќе живци за да се лоадираат некои сличици, нема никој од моиве на фејсбук за да си пишувам, првпат по дооооолго време отворив да го гледам њузфидот на фејсбук. Дали е до тоа што вчера спиев успешно осум часа :D , па некако свежа сум, ама навистина порадо би седела во бедава моја тука, отколку да дремам дома.

    Не можам да се замислам моментално, како и да го свртиме, да седам дома, да станувам и да си легнувам, да јадам во меѓувреме, срам и ќе ми биде да си побарам пари за на одмор. :tmi: И пак се враќам на тоа дека останав само за да имам што да правам, по милионити пат. Налет сета мака, да не прераскажувам по милионити пат, ама имам нешто за правење и некои работички, од типот интернет, градски превоз, парите дома, научив малку повеќе да ги ценам.
    :D

    Е мака ми е, што се надевав, а нема да испадне така, дека ќе си имам убави парички, за еднаш комотно да си влезам во продавница, било алишта, било шминки, било јадење, и комотно да речам, сакам ова, ова, ова, без да гледам цена, без да пресметувам. Да извадам картичката и фрп фрп, и тоа никако да не ми се одрази на буџетот. Како и да е, со тек на време може и тоа ќе биде. Не дека гола шетам, има некои со многу помалку од мене, а многу посреќни.

    Веќе почнав да правам списоци за поклончиња, па ми ја дадоа платата, па драстично се редуцираше списокот во глава :rofl: , и на толку луѓе сакам нешто да им донесам, што ќе земам на сите по нешто малку. За нешто многу, здравје наредна година. Се тешам дека вистинската заработувачка и богатство се во новонаучениот германски и неговото квази-шпрехање. :D

    Ааа, уште малку и половина година како го малтретирам момчето, енд д уорс парт ис - хи енџојс ит. ]:) Некна случајно низ разговор некој ми спомна дека правел половина година како е во врска, и викам ЕЕЕЕЕЕ, чекај бе, па и јас сум половина година во врска, кажи кој датум сме денеска?! :rofl: Мислам, не знам зошто си заборавам цело време од кога сум со него, ми се чини како цел живот да сме заедно... онака како дел од мене да си е, тука си е детето цело време. А како што тргнала работава, не планира да ме пушти. (читај прстен) :rofl:
     
    На Sexybaby86, vinozito1, Barbie20 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бог да го прости, нека му е лесна земјата
     
    На LittlePinky и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  10. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Се ми е измешано. Сакам да направам некоја промена во мојот живот. Било што. Дали да отворам моден блог, дали да станам јутјуберка :tmi: или пак да почнам со фотографирање и да ги објавувам сликите на некоја страна. Што и да е. Моментално во животот се ми е хаос. Откако почнав со диети, и пак се здебелив 3 кг, не сум таа до пред 2 месеци кога бев одлучна во слабеењето не викав "ајде од утре" и бев посветена на слабеењето, сега имам проблеми со опаѓање на косата. Јас искрено не мислам дека е од диетата, но сите а посебно мајка ми има запнато дека е од тоа. Опаѓањето на коса ми почна при крајот на јуни и уште трае и имам огромна разлика мојата коса беше многу многу многу густа едвај со прсти се минуваше низ неа, а сега можам лесно да избројам колку прамени на косата имам :| Во понеделник ќе одам кај матична, па после каде ќе ме прати таа таму.. Исто така ми нема дојдено од март (крајот) а јас почнав со диета на почетокот на март. И така. Животот ми е хаос. Во тинејџерски години сум. И секојдневно сакам да почнам повторно со броење на калории како што и правев но неможам. Едноставно лето и од досада што ке правам ќе јадам :@
    СДК дека едвај чекам да дојде септември. Ми буди надеж дека со започнување на учебната година ќе имам поорганизиран распоред.
     
  11. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Срамота.
    Крајно сум разочарана и изнервирана цел ден.Ме прати сабајле мајка ми да уплатам нешто во пошта и одам јас имаше многу гужва и си застанав јас и си чекам.Луѓе 45 минути чекав бидејки госпоѓава на шалтер накитена целата си застанала си прави муабет и по 10 минути ја чекаш да искуца на тестатурата.И зазвони телефонот и таа при толку гужва си стана од работно место отиде да се јави на телефон.Не ми се верува сериозно, некој седи дома очајно бара работа а госпоѓава си нема гајле..
     
    На LittlePinky и Dog-lover им се допаѓа ова.
  12. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Животот не ми е совршен, ниту пак јас сум совршенa, но барем знам да ги ценам вистинските работи и да ги почитувам правите личности... :)
     
    На UnPaso му/ѝ се допаѓа ова.
  13. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    Во последно време се почесто слушам дека некои го мразат денот Недела или пак дека им е тапа ден и дека нема што да прават.....Епа драги мои дај боже еден ден сите да се вработите и да видите како со нетрпение ќе го чекате тој ден ;)
     
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Абе лепотици зашто така им правите на вашите најверни другарки? Зашто одите на одмор со нив и потоа на фб ќе им ги ставите сликите кадешто тие најлошо искочиле? Сакате народот да им се смее или? И со тоа докажувате дека вие сте поубави од нив или како би дошло?
    :puke: Толку, толку пропаднати млади луѓе. Пазете со кој се дружите. Не ви се потребни таквите.

    Ете тие другарки според мене се едни од најтапата. Покрај оние кои ти го шармираат и шмекаат дечкото додека ти си во тоалет. Ништо подобри девојчици.
     
    На Someonespecial, Neytiri, la-chicka и 13 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк на некои личности поубаво им е да се заминаваат со мојот живот отколку да си го гледаат сопствениот ,највероватно е зашто немаат сопствен живот.
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК среќна сум дека го имам брат ми благодарение на него за 2 недели ќе заработам 1500 денари 8)
    Бидејќи јас го чувам по цел ден месецов не оди во градинка од денеска па се додека не почне школска и он стане прваче.Ова ми се крваво заработени пари :!: Брат ми е премногу палаво дете едвај на крај излегувам со него :lol:

    РЕДАКТИРАМ ПО 2 ПАТ!!!


    Луѓе само што ми кажа тато фатив спортска 10.000 денари алеееееееее :lol: ама пола се за мене пола за тато :|


    П.С Да не мислите ја уплаќам лифче јас напишав тато уплати :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Понекогаш најлесното решение е да се откажеш. Ама ќе го пребродам ова па ако сака последно нека ми е.
    Си ветив дека нема да избрзувам со заклучоци, дека што и да се случи ќе затворам очи, ќе вдишам длабоко и утредента почнувам од ново..Ама неможаам, ми се прави грутка во стомакот и станав во 4 саат од паника. Како да ја преживеам оваа недела?

    Некаде прочитав, if you dreams don't scare you, they are not big enough. Па се тешам со тоа ...
     
    На Trnche, Hipster, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ај да кажам јас мене што ми се случи денеска :lol:
    Дојде дечко ми кај мене си седиме што си седиме и едно време ми вика сакам да те прашам нешто ама да стоиш. Јас ништо најнормално си станувам и кога гледам тој клекнува. Јас ваква :o викам готово овој ме запроси, срцето ми се чини ќе ми излезеше. Целата во шок не го ни оставив да ми докажи излетав и се заклучив во купатилото. Така заклучена во купатилото си викам сега шо да му кажам, не сум уште спремна, а не е ни тој се препотувам :sweat: . Арно ама тој ете ти го на врата и вика не е тоа шо мислиш, отвори вратата сакав да те прашам дали сакаш да седиме заедно Скопје од Септември, јас целата ваква :whew: излегувам и му викам, абе неможеше ти ко чоек да ме прашаш? Тој се умре смеење.
    Знам дека е малку будалче ама па до толку, за малку ми се чинеше дамлата ќе ме фати. Се чувствував како Камерон Дијаз во Ангелите на Чарли каде нејзиниот дечко сакаше да ја праша дали сака куче да си земат. потполно истата ситуација, а можеби па и од таму идејата.
    И така девојки за малку срцето ќе ме фатеше, ама пак и живеење заедно па макар и само во Скопје е голем чекор , му реков ќе подразмислам и за тоа.
     
    На 1209, Someonespecial, vinozito1 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.262
    Допаѓања:
    157.639
    Ако веќе баш мора да бидам која божица пре би била на војната и борбеноста, него ли на лепотата ко некои, а тоа сушта супротност. Немо да те набљудуваат и да коментираат, убава е (ахам?!) и толку...
    Значи свашта...гускишта на сите страни. Иш, иш! Ми пречи површност едноставно, ми пречи!
    Со физичкото се раѓаме, колку ќе се израснеме себе си е сосема нешто друго. Нема заслужни за физичката убавина. Се додека има такви кои инсистираат за истата, ќе си земам за право да им се потсмевам на секој обид, особено неуспешен да ја истакнат кога ја немаат, бидејќи заслужуваат зошто не се посветуваат на градење на личноста и уживањето на животот. А и нештото е покомплицирано зошто знаеме дека поимањето на убавото е многу релативно,а додека поимањето на добрината, изградената личност и љубовта е нешто универзално и фактички.

    И стрес ми е кога правам буџети. СТРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕС!!! Пари кои не се моиииии и ти се тресат раченцата да си ги префрлиш сите и да речеш на ХАВАИТЕ МАДАМ!!! :D
     
  20. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Болка секој ја доживува, рана- секој човек во себе барем една има, љубов-само мал дел од животот на некои луѓе.
    Не сакам да звучам како лигле но дали јас ја имам среќата на прегратка со зборовите ТЕ САКАМ? Што ли имам јас :?: ?
    Имам само празно срце, само разболена душа.Ме познаваа сите со насмевка на лицето, но јас самиот не се познавам со тоа...
    Живеам за да се радувам, живеам за да го остварам мојот сон кој наеднаш го снемува се губи...
    Непокажувањето емоции обично е одбранбен механизам со кој сакаме да се заштитиме од повредување велат,ама ако во прав момент, на право место, на права личност не и ги покажеш емоциите, можеш и да ја изгубиш истата.
    Не покажувам секогаш емоции, всушност воопшто не ги ни покажувам, ги потиснувам длабоко во себе, секогаш на прашањето: "Мацко што ти е?" одговарам со ништо, а толку проклето сакам позади тоа ништо да биде таа, таа да е моето ништо...
    Проклетство зошто ли секогаш ја кријам својата љубов зошто :doh: ?
    Крај е со тоа...Завршено е со таков живот, продолжувам напред без љубов, продолжувам и повеќе не се враќам назад на старите и болни спомени кои вечерва само ме измачија...
    Затоа покажувајте ги емоциите, зашто љубовта е секогаш победник над чуствата, но секогаш останува слепа, па затоа лудоста ја прати каде и да отиде :) .
     
    На Someonespecial, vinozito1, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.