[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Кога претходниот ден една личност која ти е најважна во животот ти го разубавува животот следниот ден се појавува друга будала да ти го расипе животот.Ке дојдат ли крај на моите маки?Ако некогаш мислев дека родителите не се виновни за ништо сега го менувам мислењето.Подобро да немав татко отколку секој ден да трпам вакви малтретирања кои се пречка во мојот натамошен развој.Не ми е гајле.Казната ке го стигне него а кога ке побара прошка ке му ја затворам вратата.Човечки е да се греши и простува но ова му стана навика. :|
     
  2. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК мирно и спокојно си го пијам кафенцето во најубавата шољичка од сестра ми со еленче :D
    [​IMG]
    и си читкам...Патем се заиграв со една виртуелна прошетка низ Битола,жими се и јас немав влезено на некои места,еве кој сака да ја види Битола барем малку од малку,можи овде(алал да му е на тој што го правел сајтот)
    http://www.bitolatourist.info/index.php ... 94&lang=mk

    И сакам да кажам преубав е снегот!!!! Има 30тина см :D После пак ќе сликам,си ги полнам батериите :D И му реков на татко ми дека ќе му ја исчистам колата јас :D ВАкво е
    [​IMG]

    А и ова ќе го напрам!
    [​IMG]

    И ваква ќе сум :D
    [​IMG]
    Јухухухухухухуухуху :D
     
    На crazylady, angel92, Loritaa и 11 други им се допаѓа ова.
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И во Кавадарци падна снегче. :wasntme: :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На patika19, Magnolija, Loritaa и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Уште се чудам и се преиспитувам како сабајле не се оклештив некаде. Милион прилики имав, прво на еден глупав вир со кал, па на мостон сирот со снег беше полн, па на мермерот пред факултет. Сјае кал насекаде, ами да не знаеш дали ќе се подлизнеш, ами да се потфатиш за тој, за ној, па се молиш и викаш НЕМОЈЈЈЈЈЈЈ ДА ПАДНАМ, ПОЛАГАМ КОЛОКВИУМ, оти ако паднеш, ќе скршиш нешто, па ќе треба и тој на испит да го одиш. :rofl: ПУ ПУ да не се подречам, сега пак треба да одам, да не поткршам некоја коска, убава на мајка.

    И одам јас така, жонглирам со нараквици, ташна, чадор, наочари, косата фиу фау наоколу, па одам како пре*бана патка, шлапкам, да ме гледа некој од страна, ќе си рече, оваа не е арна, има некое конче скинато. А, бе, доживЉај.

    Маки, маки.

    Сега откако си дадов слободно време од 4 часа како награда, се шлаев малку низ продавнициве. Не верував во љубов на прв поглед, ама што ми се бендиса еден фустан, ма што да ви кажувам. Не знам каде би го носела, мислам дека имам свадба во блиска иднина, и има да си го купам, па што сака нека биде. По дома ќе си го носам. :D

    Планирам вечер да се пакувам, ама така троа посолидно, и заклучно од понеделник, да дојдам само на полагање, да дојдам за Нова година, и да си поседам дома малкуцка, односно цел јануари. Интересно, интересно, интересно, ама ми се седи дома за празнициве.

    п.с. И сите вие кои го сакате снегот, или немате никаде да одите денес, или одите со кола, или се телепортирате. Нема шанси да го сакаш тоа што моментално се случува надвор. :swear:
     
    На LilBaby, imelda, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... си ја добив и првата честитка по пошта ... ^_^ Поубаво од тоа кога го отвараш поштенското сандаче и го земаш пликот кој патувал од далеку, нема. Изненадувањето, а за некого исчекувањето се убавите и слатки работи кои и даваат шмек на новогодишната атмосфера или еуфорија ... Она што го чувствуваме внатре во нас се вистинските празници ... А не оние материјалните наоколу.

    Се надевам уште некоја од вас деновиве ќе ја изненади честитка со убави желби во поштенското сандаче ;)
     
    На bittersweet, BeLLaDona23, Cacy и 5 други им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Кафе и три кила банани, лажам 3 банани покрај мене. Од прозорецот го гледам белилото и ме мава депресија. Сакам с`лнце бре! Летно дете сум си јас, сакам да шетам разголена, со кратки панталончиња, сандалчиња и лицево да блеска на сонцето. Да биде тој тука покрај мене, да се шлаеме низ парк, да седнеме покрај Вардар и да јадеме сладолед. Сакам да се скараме дали ќе седнеме на сонце или на сенка, па на крај да најдеме клупа која е пола, пола и секој да си го земе својот крај.
    Зимава ако ја сакам ја сакам само заради храната: сарма, подварок, јува, зелник, тазе печено лепче на два дена мх, мх... Ај, одам да видам подварокот до каде е.
     
    На LilBaby, bittersweet, creshicka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Прекрасен ден. Како може снегот да ми го разубави денот, неверојатно. :) А пак рибата и компирчињата што ги јадев, ммм, и тие ми го разубавија денот. Ајде кој е за нека повели. Компирчиња нема, но има едно парче риба. :D

    И крајот го краси делото. Компот од малини, делишес. :D

    СКД2 цел ден си врне снег. Не надевам дека ќе натрупа повеќе за вечер да се шетаме со дечко ми по снегот. :inlove:
    Прв пат во ПМС јас да се чувствувам убаво. Обично во тој период гледам да бегам од сите подалеку затоа што можам да уништам се со нервозата која ја имам за време на ПМС. А денес, чудна работа, се чувствувам исполнето. Кога си доаѓав од училиште, ги гледав луѓето. Секој со својот живот. За некој денес е голем ден, за некој тажен ден, за некој обичен како и сите денови. Денес некој се радува на нешто/некого, некој тагува по нешто/некого.. Како и да е јас денес сум среќна. Среќна затоа што имам со кого да ги споделам своите среќни, тажни моменти. Имам со кого да јадам, да пијам, да спијам. Имам со кого да плачам. Имам со кого да се смеам. Имам со кого да славам Нова Година. Имам кого да љубам бескрајно со сето свое срце. Јас имам некој .. Среќна сум затоа што не сум ни сама ни осамена. :)
    Се надевам дека и вие имате со кого да ја споделите секоја секунда од вашиот живот. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • fishandchips.jpg
      fishandchips.jpg
      Големина на фајлот:
      58,2 KB
      Прегледи:
      213
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Топла соба, мирис на портокали, класична музика, математика... :inlove:
    Освен математика, се друго е океј |(

    СДК дека поминав добро денес, би требало да положам :$ , ајде уште утре математикаВА да ја откачам и си давам цел викенд слобода, раскинувам со книгите до понеделник дури не почнам да учам за испит :sweat: ..

    Ајт поздрав :D
     
    На Adi888, Divinebutterfly, angel92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Болки на телото и болка во душата, ги лекувам со чоколадни стапчиња и капучино со ирски крем.
    Мислите ми летаат низ неубавата глетка низ прозорецот, сивило и растопен снег.
    Дома ми е најубаво, сакам само да седам да гледам ништо на тв, да спијам и да јадам џанк фуд. Ништо друго не ми се прави, и по цели денови се тегнам така по пижами. Меланхонична сум и депресивна.
    Освен дома би сакала да сум само во негова прегратка. Сакам да ме нема.
     
    На Magnolija и Dgirlll им се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Се почесто се буди детенцето во мене.
    Сабајле само што отворив очи и видов снег рипнав од кревет, истрчав надвор и се ваљам низ снег со кучињата.. Комшијата што иде рано на работа ме гледа и се смее, па се размававме со топки снег во 6 саат :fubar:
    Влегов дома на топличко, а од мене се цеди вода, паѓаат цели топки снег.. Се засушив, се пресоблеков и правац у чколија.

    Решив на моите да им купам поклончиња. Месечната „плата“ од баби, дедовци, тетки, чичковци и така натаму ја зачував. Толку многу ми имаат удоволено и пружано, зашто да не ги израдувам.. Ги смотав и се издадоа што сакаат. Смислив и планче. Ќе ги упикам некаде, и за НГ кога ќе се слушнеме да си честитаме ќе и давам инструкции до дотичното место. Само криво ќе ми биде што нема да можам да им ги видам изразите на лицата во моментот кога ќе ги отворат поклоните од нивната префинета девојчица.
    А утре ќе го поминам цел ден со неа :inlove:
    Низ град фрц-прц, на шопинг, на јадење и на кафенце. Ептен се зближивме и не се каам за ништо што и имам кажано, доверено... :)

    Убаво си реков уште на почеток на демекври, овој месец ќе го направам убав!
    Така и испадна, еве го.. помина цел, а јас зрачам од среќа :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Кога бев помала имав еден споменар и на крајот од секоја година пишував вака:

    Работи кои што ми се случија во 20..
    -...
    -....и тука ги набројував само убавите работи, детски наивности, кои ме неправиле среќна и горда таа година. А потоа подолу имав еден дел вака :

    Работи кои што сакам да ги направам во 20..
    -...
    -...набројував, набројував додека да заврши листот.

    Сега не знам каде ми се изгуби споменарот, не знам ни каде ми исчезнаа желбите. Сега ми е страв да ги напишам , се плашам од неуспех. Каде ми се изгуби детската наивност и фантазија, која упорно ја остварував...Ама не оваа година нема да мрчам и нема да се влечкам по дома ко стара баба на тој ден. Оваа година ке отворам нов споменар и ке почнам да пишува и да лепам сликички од се што ќе ми се случи. Оваа Нова Година ке и треснам врата на старата и ке ги земам само оние кутии со убавите спомени. Веќе немам место во подрумот за грдите пакети. Оваа година ќе направам генералка. Оваа година ќе бидам мало дете полно со желби. Еве ветувам дека оваа година ќе посакувам :inlove:
     
    На eli25 и AIT им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Survival secret: it always gets worse before better - try not to panic!
     
    На smooch и Lepaaa им се допаѓа ова.
  13. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    http://www.radiomk.com/scena-makedonija-balkan-svet/balkanska-scena/38-vesti/1091-anabela-so-sega-na-smetka-na-tose-proseki-radiomk
    До кај стигнал светот?
    Обични кафански певаљки од Ш класа кои добиле висок статус во општеството со нозе у вис и покажување на цицки за таблоиди,да навредуваат некој на кој можат нозе да му миат у легенче. |(
    Простотилок!
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Ахххх уште два дена [​IMG] Едвај чекам и само си викам лелеее нека престане снегов,да отидам јас па нека паѓа после колку сака :lol:
    Како и да е убаво е утрото кога ќе погледнеш низ прозорец и ја гледаш таа бела убавина,изгледа толку чисто,толку романтично.Потребно е само едно топло кебенце и чајче [​IMG]
    Сакам снег,и уживам додека гледам како вее,но сепак нека се стрпи уште само малку...
    Убаво ми е денеска,чувствувам позититвна енергија.Еуфоријата уште одамна ме фати,но како се ближи времето се повеќе и повеќе..Неможеш да им останеш рамнодушен на најубавите и највеселите празници во годината,едноставно неможеш [​IMG]
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Brojce

    Brojce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    19
    Ахх снег.. :l: Конечно доби вистинска боја и мојата околина...Поминаа оние тмурни врнежливи и калливи денови кога не знаеш ни кое време е ни каде се наоѓаш..Сега се е снежно бело , очите полни со свежина и насмевка што бесвесно ја изразува нашата среќа....Ете така се чувствувам денес, среќно ,исполнето, бликам од радост :) Уште рано го изгазив недопрениот снег и го почувствував мирисот што се шири низ ветрот а а разиграните снегулки ја правеа атмосферата уште повозбудлива.Доволно беше да ми кажат дека дојде зима и да погледнам надвор , за денот да почне но овојпат со оние работи кои доликуваат на работите што ги правам во зима.Како денес, како денот кога падна првиот снег годинава,нека ми бидат сите наредни денови оваа зима.Нема поубаво нешто од тоа, тоа сега ми треба. :)
    Ви посакувам и вам исто :)
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Многу го сакав снегов, едвај чекав да падне!
    Но, зар не можеше да почека да помине петок па да падне??
    Ми ги уништува плановите!
    Сега сакам да се стопи! А во гратчево мое се уште паѓа...
    Небитно. Можеби сепак плановите нема да ми се уништат! Ќе го победам снегот и ладното време и утре ќе бидам зимска кралица во црно!
    Да, утрешниот ден ми е важен. Важно ми е како ќе изгледам, важно ми е што ќе облечам, важно ми е да им се допаднам! Важно ми е да изгледам секси. Јас така сакам! Ние така сакаме!
    Додека некој ќе се обидува да изгледа како новогодишна елка, јас ќе се обидам да изгледам доволно елегантно и женствено!
    И по малку екстравагантно!
    А токму снегот ќе ја внесе екстраваганцијата во мене!
    Зошто, всушност, реков дека не го сакам...?!
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Што да кажам што да чинам.
    Денес цел ден скитав за на крај да ми текне дека утре полагам. Ој тенџерка една. И седнав прееска, богами за прв пат овој семестар асолно врз скриптиштено. Со маркери околу мене, со чоколадо и сок од портокал, и учев. Мислам дека совладав добар дел, нека е доволен да положам.
    Се нервирам затоа што семестаров воопшто не сум сериозна. Не е дека не сакам ама психа ме мава оти ептен е тешко, и повеќе од половина предмети се со органска хемија, а таа мене ми е прва на црната листа, па сум зацртала во глава џабе ќе се мачам не можам. Ама морам, па затоа јануари ооо јануари, 8 добри испити имам .... колку ли од нив ќе успеам да смачкам. Целам на 6, ако не здравје во јуни. Секако ќе биде се како што треба. А треба да биде онака како што сум зацртала, па ноу проблем.

    Читам и читам постови за снегот. Сакале, неќеле, ќе го спомнете ...
    Јас го сакам, и ветров го сакам.
    Ич не ми смета да прочитам 403490 статуси на фејсбук за снегот, што ако пишале ... може не сакаат да излезат да се ваљаат ама сакаат да го гледаат, нивен си е фејсбукот, нека пишуваат ако сакаат ...
    Како и да е подобро да читам за снегот секакви статуси и да делам лајкови отколку да ги читам секојдневните разноразни глупости.

    Некако денов долг ми се виде. Ама убав беше. Си мислам 7 саат, а тоа 5.

    Ми треба една масажа ... мхм да.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Неможам да си најдам празно место на креветов па да си легнам онака барем еден час ако не повеќе.Овие книги ми го натрупале цел кревет.УУУффффф цел ден од 1 па до сега мака мачам со нив.Што убаво ми беше додека си шеткав по кафина,паркови... а сега?- е сега иди сесија мора да се загреее столчето така малку повеќе-- што се мора мора се :( Седам до прозор со нозе на парно кренати и читкам од тоа скриптите, а надвор пред зграда колку убаво украсен парк ме мами да исфрлам и книга и све па да слезам доле, да си седнам во кафичот веднаш до него па да си се напијам едно капучинче со мн мн мн шлаг ммммммм, ама сега за сега сето ова само желба :(
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Синоќа на националниот канал ја гледав онаа потпаролката на министерство за финансии, објаснуваше за проектот на владата Kупи куќа, купи стан. И поголема пујка не сум видела. Културно, убаво ја прашува водителот, гледачите, а она постојано само врти, сучи, едно исто одговара. Па добро бре, знам дека во младите е иднината, ама во такви млади и необучени ко неа-пропаст, а не иднина.
    Коле, Колеее, отаварај очите оти отиде ојде државата во жива кал :x Од неа излегување нема :fubar:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Доаѓам од изложба. :)
    Интересно ми беше и убаво се чувствував кога го коментираа мојот модел.
    Иванов ме разочара. Вака како млад човек, ниту знам како раководи со државата, ниту знам мнозинството што мисли за него, но мене лично ме разочара.
    Али океј е. Го поминав тоа.

    Се враќам дома и пак останав изреволтирана. Добро бе, како тоа родителите ќе ми кажуваат за моето понатамошно образование и работа?! Зборувам конкретно за факултет. Како можат само да ми го солат паметот. Немало работа, хах. Кој вели дека ќе се вратам во овој затуцан град?!
    Абе ајде. Ќе се расправам уште сега. Од трета си се определувам на тој смер што го сакам, а после четврта си се запишувам медицина. Знам дека треба да го почитувам нивното мислење, ама сега станува збор за тоа што ЈАС го сакам за МОЈАТА иднина!

    Изреволтиран е постот. Мрчење е. Ама морав да се исппукам некаде. :doh:

    Извинете. :bow:

    Поздрав. :hug:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.