Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Кога си правам една мини ретроспектива на настани, и кога ме маваат флешбекови, ми доаѓа да се замотам во некое ќебенце, да се тутнам во некој ќош, и таму да останам следните неколку години, се додека не се измисли нешто за селективно меморирање на работите, на пример.

    Ама после тоа ми текнува дека имам баба со чиста 70-ка што редовно порачува креми за против стареење и ми станува подобро да ви кажам право. Отсекогаш имала младеши дух! Ма ќе си умрам млада, во Био Клиника од каде што порачува - веќе 10 години по ред ја прогласуваат за потенцијален добитник на кола, стан или некоја урнебесно голема сума на пари. Жената отсекогаш била невиден агитатор, еве и пријателкиве од маало ги убедува да се мачкосуваат. Кога ќе сумирам, испаѓа дека имам баби малу поЈќе потресенки, јас еве јавно ветувам дека на внуците мои ќе им давам пари колку што можам, и нема да порачувам од Био Клиника и сличните. :D
     
    На Dog-lover, LaraSolare, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ^^^ Спеш'лка ама ич не ми оддава впечаток на таква. Попрво би рекла дека некој краде форумски идентитет од еден член + мислења од друг член од фемина за да биде инстант популарен на новиот форум (ни малку свесен дека некои се и таму и таму зачленети). :D

    Башка од вчера се зачленила ... мене на нешто друго ми мириса, ама ај ...
     
    На Dog-lover, feminium, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Како што кажа Кетрин Мун,имагинацијата нема граници...

    Сакам една вечер да поминам со тебе непознат патнику во мојот живот.Заедно под исто небо.Заедно под се.Капките дожд полека да минуваат по нашето тело,да го измијат минатото,да ја испијат болката,да донесат нови заеднички моменти.
    Јас и ти,под овој чадор.Под овој заштитник. Фрли го чадорот.Пушти ги нозете во вода.Пушти го телото да биде дел од танцот со капките. Иако е мрачно,низ нашето тело ќе течи врела крв.Врела како оган,врела како сонцето,врела како нас. Нека околу нас биде тишина,мртва тишина за да можеме да го слушаме танцот на капките и ние со нив.
    Гушни ме силно,бакни ме под ова небо кое вечерва го обли нашето тело со вода.Гушни ме и тивко шепни ми да јас сум ти се,да јас сум таа која те прави среќна,да јас сум таа која те предизвикува да плачеш... Плачи,јас ќе бидам среќна.
    Плачи,заедно ќе плачиме...
    Ајде сега да танцуваме по ритамот на дождот.
    Гушни ме силно,бакни ме.Бакни ме на чело!Тогаш ќе се почувствувам потполно твоја!Играј со мене,играј со мене на дожд! Почувствувај ме мене,почувствувај се себе,почувствувај не нас!
     
    На dream.queen, Agawa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Тоа е тоа!! :rock: Лето си е лето, но сега повеќе ја сакам есента. Па, доста ми е од ова жешко време, сакам малце да заврни, да освежи. Да го почувствуваме мирисот на есента, а со неа и мирисот на дождот, ајварот и останатите зимници. Ајде ќе дојде за брзо и тоа :D
    https://www.youtube.com/watch?v=VjFghl8AkLA
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    ^^^Неее воопшто не мислам дека е Спеш'лка :D . Туку јас сакав да кажам друго дека дури и никот го копирала од нашава форумџика :x
     
    На Dog-lover, Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Изгледа е од оние кои потазе срцепарателно го напуштија форумот.
    Битно Спеш'л го окрка малерот ... :D ја напраија копикет.

    Ама ние битно си ја знаеме. :*
     
    На Someonespecial и Kaley им се допаѓа ова.
  7. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Е, сега со песнава паааа... :D Право во срце :D
    Ајде, уживај во есенскиов ден. :D :*
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    За сите вас преправантуси, вие кои ради куртоазија одржувате некакви односи со вашите, ради куртоазија наречени најдобри пријатели (од некогаш), и повторно, но демек, ради таа куртоазија, од време, на време ќе ги спомнете пред некој, заеднички, ваш пријател со кого почесто општите - и вие и тие.. дали уз кафица, дали уз цигарче, во некој лаф се’ ќе ви излезат, тие, вашите, џоа мити најдобри пријатели... вие кои сметате дека ради куртоазија треба да ги поканите да ви дојдат на гости, дека ради куртоазија треба да им се јавите повремено да им прераскажете нешто...да ги поздравите, да им пишете на фејсбук (пис оф кејк комуникација), да кажете нешта од типот: ах колку ми недостигаш/те, прибидејќи не сте ги виделе од поодамна, а пак, никогаш, ама во нити еден момент не наоѓате време да вистински ги видите, да наминете, пак да не си недостигате повеќе. Да не, ради куртоазија испадне ви наминат на по една,две,три... оно, се’ ради куртоазија.
    Не залажувајте и не се залажувајте луѓе мои. Оти, се’ се гледа, се“ се чувствува, се’ е проѕирно, вие сте проѕирни. Оти, знам и знаат луѓето дека и вам ви е сето тоа кристално јасно. Никој не е глуп, без оглед на вашиот напор да некого направите глуп. Во крајна сметка, д’ џоук ис он ју, људи мои, оти, ради таа иста куртоазија „пријателот“ ќе ви се испрчи на врата, ради таа иста куртоазија ќе се смешка под брк дур ради куртоазија се трудите да го угостите и да разврзете некаков, каков годе муабет... и не ради негова, а ради тоа што он смета на вашата куртоазија, фино лепо ќе си им’кне гага кафица, гага сокче, гага благце, ручек,вечера... Ма све ради курто и азија.
     
    На Trnche, caroline.costa, Hipica и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Отварам Фб #Кико и ринглата негова статуси, отварам Фемина пак #Кико и ринглата негова постови :D
    [​IMG]
     
  10. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    #‎Кико‬ уствари цело време да ти бил заштитно лице на Горење ...
     
    На Barbie20, Hipica и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    И така, си отварам јас СДК на фемина пладневно (или сабајлечки по мое :rofl: ), и што да видам - некој ми го украл никот на црнобело... Мојот ник, а постот на Трендафилка наша... каква чест. :D
    Не бе, не можам да разберам вакви работи, да се правиш нечија копија за внимание и лајкови на анонимен форум. Ова го велам повеќе заради копирањето на постот на Трендафилка, за мојот ник мање више, не се нервирам јас толку со такви работи.
    Ретко отварам црнобело, а сега баш ме заинтересира за ова, и видов дека имењачката ми добила не само популарност поради копираниот пост, туку и понуда за брак добила уште од прв ден. :rofl:
    Работава... дал да плачам ил да пеам. :lol:


    Tуку, да си кажам јас тоа за што дојдов... ми дојде братучед ми од Берово на гости, и вчера ако сте слушале некој под/над вас да се крека до 2 саатот ноќеска, сигурно сум ви комшика. :nod:
    Голема разлика во години сме, јас 16 години а он 29, ама не ни смета тоа, ептен добро се согласуваме.
    Абе не постои похумористично човече од него, повеќе ме насмеа од оние смешките со ринглата на Кико, кога ќе дојде на гости цел ден не тргам насмевка од уста и сите мускули ми се развежбуваат од смеење. :rofl:
    Останете ми поздравени, смејте се, кулирајте и не се замарајте со фотокопири. :D
    Ариведерчи. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.PNG
      Capture.PNG
      Големина на фајлот:
      92,5 KB
      Прегледи:
      473
    На Lella, Barbie20, mimiiiii и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски

    Јас сум членка на црнобело, само не сум отворила форумот едно 3-4 дена не ми текнува колку.
    Е дури сега ќе биде... ]:)
    :D :rofl:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Jас малку каснам со настаниве тука ималу уште едно проштално писмо( испечатено во повеќе изданија и примероци,доволно да има за сите,немој некој случајно да не видел)

    Писмово стигна и до моите очи,па дрим :
    дете пошо знам дека читаш одјавена ќе ти пишам
    никој не те дискриминираше оти имаш 12 години туку сама си наметна лошо мислење ради вакви испади:
    *имам обврски деновиве и немам време за форумов
    *се зачленив на друг форум каде ме прифатија


    прво велиш дека си зачленета на друг форум,а потоа дека имаш обврски-па не иде бе

    од желба за внимание дури ни е размислуваш што си пишала, се контраше во теми од кои ти треба да учиш, едно исто проштално писмо си го напишала 100 пати

    Јас имав многу позитивно мислење за тебе,иако не те следев еднаш поради анализите те читев и те сваќав зошто седиш на форумов на 12 години и тоа многу добро, но она што форумџиките не го сакаа кај тебе не е возраста, тоа и не е некој проблем(пример јас сум 17, овде има жени и од 37,тоа не е пречка за да се читаме) проблемот е во твојата наметливост и тоа верувај неможе да ти го сокрие ниту еден ник, ниту еден форум- на почеток ќе те прифатат како што јас те прифатив(со твојата појава на осамено девојче), но ако не си го смениш карактерот во иднина и таму ќе те отфрлат

    значи најдобронамерно ти кажувам пробај да ја оттргнеш таа карактеристика од твојот карактер
     
    На prettyliar, Lov3, LaraSolare и 5 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Таа вака-така, барем си добила понуда за брак и тоа за еден ден.
    Што постигна ТИ во твоето форумско постоење? :D

    шала нормално
     
    На Neytiri, LaraSolare, Butterfly14 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Несакав да се пуштам но бидејќи тинка-маче ми имаше лп и реков ќе и одговорам и несакав ни мислењево да го пишам,но морам.Имав препирки со некои и не се зачленив на ниеден форум туку го пишав тоа само за да мислите дека ве напуштив поради тоа,а знаете зошто не се зачленив?Не знаете нормално бидејќи се приврзав за форумов.Знаев дека не ме сакате од почетокот и се трудев да докажам дека не сум таква каква што мислевте дури некои помислија ќе се зачленам со друг ник не нема да се зачленам на форумов,но знам дека сите мислеа дека сакам цвеќе сакам мсилење + ѕвездичка + ама јас само сакам МИР!А мир ќе пронајдам само ако одам од форумов и го поминам детството како можам подобро зошто му се наближува крај.Знаете и 100 пати кажав дека ќе ми дојде другарката.Несакам никого да навредам,доколку сум навредила нека ми прости луѓе сме и грешиме.Инаку на тинка-маче и на Катеринчее кажете им дека ќе ми фалат т.е сите ќе ми фалите ама ќе се навикнам секако дека имаше и убави моменти тука,но и лоши сега одам да ја дочитам лектирата и полека полека да повторам нешто за новата учебна година кај и да е ќе дојде.Се најубаво во животот ве засакав иако никој не ми верува :*
    П.С Ова ми е 5874930 проштално мислење хахахахахахаххахахах :lol:ж

    Редактирам:
    Не сакам ни да ме молат да останам и онака сум непожелна особа и да јас сум навистина сама и отсекогаш сум била и така ќе биде не им е на сите судено да се среќни во животот се надевам ќе ви се исполни срцето од кога ќе си одам |(
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ^ Дрим грл, пресериозно го сфаќаш форумов. Најискрено, разбирам имаш 12 години и не можеш да дискутираш секаде и за се, оти има време и ќе учиш уште работи. На никој тука мислам дека не му сметаш, и нема потреба од вакви драматизации. Сите сме се осеќале осамено и отфрлено на твои години, на сметка на тоа можеш да го искористиш форумот и да научиш некои работи во некои теми и да се полниш со информации од интернет кои се корисни, со тоа ќе си ја покачиш самодовербата и ќе сфатиш дека стварно живи глупости е тоа што форумов го сфаќаш тооооооооолку лично.

    И секогаш ќе има луѓе кои те сакаат и не те сакаат.
    Ти кажав, полни се со корисни информации за твои години и доста веќе. Сакаш оди си, сакаш остани - на никој тоа нема да му влијае.

    Jesus! |(
     
    На MaggieTatum, dream.queen, lunicka и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Сте држеле ли некогаш снегулка во рака, таа нежнотија лесно и хармонично паѓа на вашата подадена рака а потоа полека ја снемува се топи на вашата топлина , станува капка вода од која се раѓа нов живот, така и луѓето ги снемува и заминуваат од овој свет но оставаат некој и нешто од што се раѓа нов живот уште поубав и посветол. Многу често поради мрачната магла во нашиот живот поради проблемите и тешкотиите не ги забележуваме луѓето, нивните мечти, желби, среќа и тага, зошто маглата е толку густа пред нашите очи и не ни дозволуваме да гледам подалеку од нашиот нос, понекогаш треба да се протресеме за да се освестиме дека времето минува а ние не ги гледаме нашите најмили и најблиски, зошто не сме свесни дека времето ги носи со себе напред во иднината кога ќе се стопат на нашите дланки. Сакам да кажам животот е полн и со убавини но ние многу пати не ги гледаме од замаглените прозорци од нашите проблеми, но доволно е само со нашата топла рака да го избришете прозорецот и ќе го видите животот во поинакво светло исполнет со љубовта и топлината на нашите блиски.... :)
     
    На dream.queen, Someonespecial, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Се разбудив укочена во вратот со страшна болка и ракaвот од пижамата исцепан до рамо.
    Јас знам дека имам неприсотојни сни со пракубарски личности, али па ова е неверојатно. Некој да не влегол синоќа и да ме силувал а ја тоа не знам?

    Што нема да ми се деси, што нема да доживеам, пуста јас запустена.
    Изгледа стварно ќе морам да идам на бајачка, џабе се преправам тука јас строго против бајачки, мајачки, не оде ова, некоја тешка магија ми се фрлило па и против моите пижамчиња се уротиле :(
    Што ви сториле тие пижамчиња со твити на нив, што се они криви па на нив магии да им фрлате? ;(

    Имајте убав викенд, јас ојдов у планине, јер таму нема зиме...
     
    На lunicka, Neytiri, Dog-lover и 9 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ^ Сама си го бараше. Цврц! :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^ Шути, немој да се зезаш више да не се уротат и против твојот вентилатор, па немасто да брчи нешто друго да праи, у 15 до 2 ;(
    Бегај од мене, несреќи носам :tmi:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.