Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека во моментов си јадам тазе печени кифлички со топен кашкавал одозгора и кечап.
    Нормално, сетоа тоа проследено со синалко...

    Нека пукнат душманите :devil:
     
    На Elennaa, SexyLady и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278
    Сакам кажам, незнам речам :D :rofl:
     
  3. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    СКД Многу сум нервозна!!! :@ Паднав и коленото ми е изместено, можеби и ми е скинат лигамент, утре ќе идам пак во болница да ми кажат.
    Кај убаво ми тргна со вежбање, скокање.. си викав аее супер ми се затегнува телово И КАО ЗА ИНАТ јас си одам на ПРАВ пат и БАП ми се свиткува коленото и сеа ке си ’уживам‘ два месеци лежејќи во кревет и дебелејќи се!
    А башка тоа што неделава иам 6 теста и морам да одам во школо за да ми стават оцени! :@ :@ :@ :@
     
  4. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    СДК, вистината можеби ќе боли, ама сомнежот ме убива :(
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Свашта. Ова со децата на разведени родители.
    Јас со сигурност тврдам дека има такви што се трипати понормални од децата со “нормални семејства“. Јас, на пример. :D
    Шала на страна, се гордеам со фактот што мајка ми успеала две деца сама да изгледа, подобро од голем број жени што живеат во идилични семејтва со сопруг.
    Дури и чудно ми падна што некои од вас уште се среќаваат со такви малограѓански ставови, јас не сум имала проблем. Имало безобразлуци, ама на таквите со дупло безобразност враќам. Не сум јас крива што не успеале да ги воспитаат како што треба.

    И да се пофалам, ако е за фалење, дека денов ми отиде со главата во масовната задолжителна литература за полагање. Цел ден сум во еден ќош од креветот, со мачорот во скут. Како да ми дава морална подршка.
    И изедов непромислен број на пакетчиња смоки, со кои се снабдувам задолжително пред проклетата предколоквиумска недела.
    Штом завршам, има да славам како говедо ненастино. Ама претходно ќе си уплатам дочек на Нова Година некаде далеку. Зошто ми се може. И зошто сум дете на разведени родители.
    Ајт, со здравје. :hai:
     
    На BeYourself, enca.69, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    е NightWish, не ти е лесно, и кај мене е така.. |(
    ама СДК дека у среда сум ОСЛОБОДЕНА од било какви физички движења, размислувања, замарања со школо! :rofl: Моите најјаки лингвистички способности и дарбата за пишување го направија мојот состав најдобар, па сеа у среда одам у Полиција и се шетам цел ден со нив, смеејќи им се на прекршувачите на сообраќајните правила. :D
    Денес, мојата НАЈУБАВА класна ми го соопшти тоа, и цело време се утепав радувајќи се. Ова беше да се пофалам, за да ми олесне, па да можам да учам, да ја поправам 4ката по географија. :)

    А за жалење е бескрупулозноста на машката популација во мојата генерација. :@ Разбирам дека ги фаќа пубертет, па им дигаат рејтинг на порно страниците, ама зошто го замаарат мојот скапоцен г`з?!! :^) (и баш скапоцен, прогласена сум за новата Ким Кардашијан. xDD ) Сељачана.. Како би се чувствувале тие ако нивните сестри некој така ги замара.? |(
    Толку од мене за денес. Ве сакам сите до еден, најкасно до два! :inlove: :*
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Само едно знам. Мрзам да бојам со дрвени, а со фломастери и воопшто незнам. :devil: Секогаш мора да го дупчам листот. ]:)
    Немав што да правам, па ај ремикс. :rofl:

    Kaci se po mene u bus druze
    prijace ti malo guzve
    idemo u provod zajedno

    Bice starca, bice starice
    evo dolazi bus
    onaj stari ponovo

    Ref. 2x
    Ponedeljak na utorak
    svi se guraju, luduju
    samo ti si se stutko druze moj
    znam da ovaj bus ne biramo
    al nije on jedini
    chekachemo josh jedam po njemu


    Доста аха, мене ми доста аха, од вторници и петоци, и во луѓето во нив, кои мислат дека знаат се, да се возам остајте ме. Аааа доста. х)
    ПЕНЗИОНЕРИ VS. СРЕДНОШКОЛЦИ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП
    Дали сте се возеле во автобусите на ЈСП во вторник или петок? Ако не сте, тоа е нешто што не смеете да го пропуштите. Тоа е едно незаборавно искуство. Вторник наутро, а вам ви се брза. Се качувате во автобус, а автобусот преполн. Кој на работа, кој во училиште, кој на шетање и тоа во седум часот наутро. И ќе си речете, па кој се шета во седум наутро во вторник? Пензионерите. Слободното возење во градски чуда прави. А и подмладува. Особено во шпицот. Да ги видите само како трчаат по автобус, како млади момчиња и девојчиња. И веднаш штом ќе се качат, почнуваат да накривнуваат, да офкаат, се што треба само да дојдат до столче.

    Децата што тргнале во училиште уште не се освестени од синоќешното шетање, па дремат на столчињата. И тогаш почнува драмата. Почнуваат муабети како оваа младина денес е невоспитана и не им станува на постарите (на оние што ги воспитувале нивните родители). Децата едно по едно стануваат, пензионерите задоволно се сместуваат и владее идилична атмосфера. Многу е интересен моментот кога веќе нема млади луѓе што можат да станат, кога седат само пензионери, па кога ќе почнат да се меркаат кој од нив е помлад за да им стане. Тогаш и старата школа кавалери гледаат преку прозор и се прават дека ништо да не забележуваат.

    А кога се враќате дома, повторно во шпицот, се враќаат и тие. И ќе ги слушнете како денес пазарџиите ги качиле цените, баш кога тие имаат слободно возење, па им излегло исто како да платиле карта. И не им се виновни само пазарџиите. Виновни се и средношколците што мораат да одат во училиште, па им ги полнат автобусите. А што убаво си се шетаа летоска. Сега треба да се стискаат и да ги молат децата да им станат.
    Утре е вторник. Ден за авантура.
    Извор: http://www.bezpardon.mk/penzioneri-vs-s ... z1cOQwY1J0
    И доста го тупев со ова. Имајте убав ден, иако прибидејќи веќе помина. Не бери гајле, намигни ми. Ајде наздравје СКОПЈЕЕ! :rock:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Како одвратно ми почна денов, а колку убаво ми заврши :)
    идам ја сабајле накај колешка, оп ни две ни три налетувам на господионот непожелен (бифшиот) во бус. Оу мај гад ноу... идам да си купам карта од возачот, и зошто имаше премногу гужва он ми вика мене ДАЈ ЈАС КЕ ТИ КУПАМ. го погледнав |( и само го одминав. Си се возикам јас до кај колешкава а знам дека 1 станица пред да се симнам треба он да се симне, глеам не се симиња, си викам во себе е сеа го обра бостанот, 100 % ке почне да замара. Се симнувам јас се симнува и он, и одеднаш ме фаќа за рака и ми вика ТРЕБА ДА ЗБОРИМЕ ЈАС И ТИ, И НЕМА ДА ТЕ ПУШТАМ ДОДЕКА НЕ ДОБИЈАМ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ТЕБЕ ЗОШТО ИМАШ НОВ ДЕЧКО... ТИ МЕНЕ МЕ САКАШ. Почнав цинично да се смеам на глас, и му се заканив дека ако не ме пушти ќе почнам да викам на цел глас. Виде не виде ме пушти, ама толку цврсто ми ја држеше раката што ми остави мала модринка. Со трчање кај колешкава стигнав, и има што да видам раката модра... збеснав, ми идеше да му се вратам и да му ја залепам една. Завршив работа кај неа, и ајде до кај љубениот да го видам на кратко. Ме пречека и како и секогаш ме фаќа за рака, а од мене се слушна само едно ААААУ. Се зачуди кога виде модринка,а јас не сакав да правам проблеми и му кажав дека си ја стиснав вчера на врата. Не знаете колку лошо се осетив, за прв пат го излажав! Кај него домче стандард, романтики, нежности... аааа колку те сакам јас тебе :* :*
    дојдов дома и ја добив најубавата вест, по втор пат ќе станам тетка, прерадосна сум иако бебчето ќе се роди за 8 месеци. Чувството може само да го опишат оние кои веќе се тетки или се потенцијални тетки :D. Уште едно мало човечуљче на кое ќе му подарам мнооооооогу љубов
     
    На Hipica, Divinebutterfly и Adi888 им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    очите ми паднаа од читање... :( ќе легнам малце да одморам, па после пак ќе станам да читам, и така :D
    што биде нека биде,еее не можам да се замарам :D
     
  10. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК дека денов ми беше.. чуден. Само да не се деси тоа што несакам да се деси, само нека дојде четврток.
    Аа да и сдк дека сонував како сум и дала на некоја феминка (незнам која само знам дека од фемина ја знаев во сонот) прстен, тиркизен многу убав еден :^) :)
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    За оваа Кардашијан сериозно планирам да платам да и се изврши атентат.
    Уште што не направи за да привлече медиумско внимание.
    Од кај досадна беше па почна и по живци да планинари |( .
     
    На bittersweet, Neytiri, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Интересна ми беше порано и убава ама сега ми е неверојатно антипатична. Што се нема да направи за да привлече внимание посебно што се омажи заради тоа :fubar:
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Би сакала да отидам во куќичкава некогаш, необична, интересна и со самото тоа е привлечна :lol: Многу креативна идеја! Браво, добар уникат :D

    Но, мислам дека не би можела да живеам внатре, како да ме задушува самата помисла...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.285
    Допаѓања:
    157.981
    Денес...внука ми,ми ги напна мозочните виуги со песнава...
    http://www.youtube.com/watch?v=hcm55lU9knw
    Објаснете ми ... kако дете од второ одделение ја знае и ја знае кореграфија?!
    Ах да...и сфатив дека уствари и моми од 20+ години ја сакаат песнава...боже Петра,каде отиде мојата генерација?!
     
    На Hipica, FBI и maca99 им се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    СДК дека после долго време и јас да легнам пред 12 :o

    Имајте добра ноќ, ве гушкам ! :l: :hug:
     
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.863
    Допаѓања:
    23.715
    Пол:
    Женски
    СДК многу настинав. Денес ми е многу досадно цел ден дома сум, чај ова-она е веќе пукнав :envy: неможам да дишам, затнат ми е носов и мноогу се нервирам.
     
  17. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    СДК нека оди се УПМ. Толку сум љута и нервозна, што кој и да ми дојде пред мене :punch: :punch: :punch: .
    Врв на се беше кога ја читав темата Дечко ми ме удри. Нека ги убијат кога се глупи :fubar: :fubar: :fubar: без памет девојки, и после ќе сме се бореле за права, за кои права да се бориме кога сакаат да трпат малтретирање. Па најтрагично е што ги оправдуваат. Ау живееме во 10 век, па и тогаш жената била света. Не знам друго што да кажам. Поздрав феминки имајте убава ноќ,
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.020
    Допаѓања:
    123.874
    Колку го сакам само дедо ми :inlove: И баба ми ама дедичко најповеќе!
    Беа на свадба во Белград,и ми донесоа слика да ги видам.До сега ми беа на гости,па ги однесе дечко ми дома.Ги чекавме на станица и правец кај мене,ми недостигаа цела недела!
    Ми накупувале еден куп бонбоњерки,бонбончиња,па дедо дури извади и некое евренце останато од свадбата ^_^
    Моментот беше кога ми ги покажаа двете слики и кога го испофалив дедо колку е поубав од баба :lol: Знаев дека ќе рече-Па нормално поубав е,си нема гајле,секој ден си пие ракија и салата пред ручек,ништо не му е ,а јас нонстоп по болници се влечкам :lol:
    Ама стварно дедо да го видите прав господин во одело.Му велам абе дедо стварно си најубав,а тој демек скромен-Стварно?Абе не стар сум јас :lol: Ме расположија вечерва.Ги немам видено недела а колку ми остареле....Душички :*
     
    На mims-89, BeYourself, Hipica и 10 други им се допаѓа ова.
  19. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Сакам да кажам дека многу сум среќна што постои форумов и што постојат феминките :)
    Многу ми имате помогнато во некои ситуации кога ми било тешко и сте направиле да ми биде подобро.
    Да ме насмеете и да ме расположите. :)
    Фала ви... :*
     
    На Go-Girl, ViktorijaMari, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Колку чудна ноќ имав синојќа(но поради академските обврски дури сега можам да споделам ,а морам да напишам),ме изеде несоницата како и вообичаено,но ретроспективите кои се нижеа низ глава,не ми требаа,ме оставија со отворени очи и насмевка на лице,и не,не се оправдувам,не ми требаа!
    Стојам на почетокот од нова патека,со него,чекориме секоја минута се поцврсто,а ми се навратија ко со бумеранг моментите поминати со единствениот пред него во мојот живот.
    Запознавањето,нежностите,разговорите,борбата за доверба,првата кавга,убедувањата,смеењата без крај…Првите допири и бакнежи за мене,неискуство,невиност и детски сладок лик,тоа бев јас.Се затрескав во тој смешен лик на прв поглед,обострана силна хемија се осети,страст,потреба од блискост,беше невозможно да одолееш на неговиот шарм и смисла за хумор.Само тој можеше да ме смее во секоја секунда,со страшна леснотија му одеше тоа.Се насетив на се,од моментот на запознавањето па се до последната година од нашиот контакт,се сетив колку беше упорен за нас,за себе,а сега којзнае каде е ,што постигнал,дали го остварил својот сон...
    Можеби тогаш многу не те ценев и не верував во твојата љубов и искреност,не верував дека покрај мене се смируваш,добиваш сила за понатаму,но во средбите кои следеа го заклучив тоа.Паралелно со трансформацијата на ликот од девојче во права девојка(како што ти изненаден ми повторуваше на секои 15 мин при секоја средба),се трансформираа и моите сфакања,сфатив дека никогаш нема да стекнам доверба во тебе,колку и да се трудиш.Таа недоврба беше причината за се,а и сам си знаеш,единствената причина поради која недозволив при тие средби по прекинот,да ми се доближиш од другиот агол,верувај единствена...
    За момент ме стресоа неговите некогашни изјави дека ке ме земе за жена,и тие години одржување контакт,си помислив да не има тука нешто??Да не е случајно судениот?!?!? Но не,сега јас сум среќна,прв пат ,најдов некој после него кој е дефинитвно за мене,и во кој се пронаѓам,но спомените ке ме следат,сепак ке те чувам како најнежно и најмило искуство,секогаш во добрите спомени.
    Ми навираа случките,а ко за беља на радио одеа Се е по старо од Ламбе,Од овој ден од Владо,и по третата по ред,Недостајеш ми веч од Некст тајм,заклучив дека подитно морам да го гасам радиото на телефонот и да пробам да заспијам,бидејки спомените ме убија!
    Незнам дали ова навракање на убави моменти е во ред,незнам и дали некогаш ке се сретнеме,незнам дали си сфатил дека и покрај сите префрлувања упатени кон тебе,ти си дел од убавото мое минато,и во моментите на слабост те барав тебе...
    Кратко,ама слатко беше тоа наше време....
    Секое добро за тебе М!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.