[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Утрово стигнав на работа премрзната. Мислам дека студот ми влезе во секоја ќелија. Бев лошо расположена по непреспаната ноќ поради оваа досадна настинка. Облечена како за на Маврово, со малку шминка и собрана коса. Денот не ветуваше многу.

    Потоа го видов малиот со големо срце, насмеан, весел. Добар е! Го частев доручек. Тој како по обичај ме смееше, а јас не престанав да го советувам дека треба да внимава на себе...

    Нешто подоцна славевме еден роденден. Немавме торта и не ни требаше. Со подарокот и ги стопливме ноџињата, а и повеќе од тоа.

    Ми се јави син ми. Есејот му бил оценет како извонреден.

    Се враќав дома. Сеуште беше премногу ладно. Но, јас чувствував топлина, во срцето најмногу.
     
    На Gea, maca99, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сдк дека штотуку се подновив со нови чизмички, си ги сакам. :inlove:
    Сега останва уште спремањето за нова година, тоа можи од понеделник натака.
    Утрово стигнав замрзната на школо, а и најмалер ми се расипа патентот на чизмата, измрзнав.
    Како шо сум малер во се, па уште то ми требаше.
    Добро дали ќе има некогаш некој момент јас да бидам среќна?? Зошто само кавги и проблеми само мене ми се прат, поќе не се заљубвам, најсериозно ова.
    Се откажвам од тебе, гледам дека нема надеж, биди среќен со која и да си, само ти пропушти едно девојче кое беше се спремно за тебе и те сакаше премногу. Ти губиш. Јас ти простив за се и имаше уште едно мало жарче надеж, кое штотуку прегоре, За жал, така требало да биди. :doh:
    Тешко ми е, ама насмевката од лицето не ја тргам.
    Господ сигурно чува нешто подобро за мене. :)
    Одам да си го згреам столчето остана уште малку. :)

    Имајте убава вечер. :hug:
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  3. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК нема ништо помило од внучињата.
    Со душа ги чекам утре ќе ми дојдат на гости,им направив паќетчиња :)
    Толку ми е мило кога ќе викнат по мене ТЕТЕ,ТЕТО срциња мори они :inlove: :inlove:
    Малечкото ме вика тете ама поголемиот тето :D
    Ќе ги изедам толку ми се слатки ,мали ,наивни,убави ...

    Ахх најголемата љубов ми се тие ги сакам највеќе на цел СВЕТ! :* :inlove:
     
    На bittersweet, Lepaaa и eli25 им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам дека ми иде многу топличко на душичката, ми се влева некоја надеж вака во главата, ми минат сите нервози и ги заборавам како никогаш ни да не сум се нервирала, кога гледам дека и тука има некој што го цени трудот. Мојот труд, поточно. :D

    Ептен ми е ќеиф.

    Јас стварно ја кудам државава, не одобрувам што и како функционира, односно не функционира, ама повеќе луѓе што навистина се трудат и помалку луѓенца-готовани, и на коњ сме. Па да видите како се си доаѓа на место. ДА! :D

    Уф, лакше се дише!! :D

    :sun:

    2 down, 4 to go! Official countdown. :D
     
    На bittersweet, zhap4e, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... да го споделам со вас ... превземен е текстов. Мене ми се виде интересно и реално кажано. А сепак знаеме дека ние жените страдаме и за и од оваа љубов.

    Не дека станува збор за нешто големо, туку ние му придаваме толку голема важност… затвори ги очите пред она што навистина не е вредно за тебе, а не во краен случај да му посветуваш цел тажен период од твојот живот. Хах… ова не е од моето срце, ова е како би рекле другите.

    Не е сè толку едноставно кога станува збор за тебе, порано или подоцна ќе подклекнеш на “повредите” кои се повеќе и од очигледни, и сета радост, среќа, светлина ќе паднат во вода. Наше е само дали ќе продолжиме да живееме соочувајќи се со новонастанатата (не по наша волја) ситуација, или ќе се прилагодуваме на неа, која крајниот резултат е повеќе од очигледен во тој случај, тагата!

    Некои сметаат дека љубовта е совршенство, и сите тежнеат да го осетат нејзиното чувство, меѓутоа не обрнувајќи внимание дека секој прави грешки во сè, па и во заљубувањето.

    Никогаш ама баш никогаш не вложувај ја сета љубов што ја имаш во една личност, колку и да мислиш дека таа е “вистинската”, бидејќи доколку тоа не е така, на крајот и ќе бидеш повреден, и во блиско време не ќе имаш љубов за да ја даруваш на некој друг. Не дозволувајте љубовта да ви ги заслепи очите, а доколку го стори тоа, не губете надеж, бидејќи и слепиот некогаш прогледува.

    Едно е сигурно, доколку љубовта психички не ја разгоруваме, таа побрзо ќе згасне. Затоа главата горе, бидејќи убедена сум дека сè ова е само дел од еден непосакуван сон…
     
    На Go-Girl, L-a-d-y-Bug, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.013
    СДК очекувајте да станам 500 кг во блиска иднина. Се вработив во пицерија :D :D :D
     
    На mims-89, LilBaby, Buttterfly и 39 други им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк во такси, во трговски, на улица, на фб,на тв, на радио секаде Mariah Carey - All I Want For Christmas Is You



    АБЕ СО ТАМПОНИ У УШИ ЌЕ СЕ ШЕТАМ !



    сите дрн дрн таа песна ако сакаш некој оди грабај го за раце, газ, нози , глава, јазик и твој е ...

    Та ќе чекаш дедо мраз да ти го донесе...
    :fubar:
     
    На LilBaby, AnaKarenina, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.749
    Пол:
    Женски
    Мирна и тивка е ситуацијава по форумов, се знае ,,Љубов и Казна,,се гледа!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Што е тоа, серија ли е?
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.749
    Пол:
    Женски
    ДА серија од која се окупирани еве 90% од феминкиве.:)
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.536
    Јас сум во тие 10%
     
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.749
    Пол:
    Женски
    :up: me too, ама како што претходно нагласив, во мојов дом преовладува женска популација и нема право да се допре далечинскиот во треминот од 8-9ч. :lol:
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш во животов станам професор, или работам било што, каде од мене се бара професионализам, ќе го оправдам моето место таму и ќе се однесувам одговорно. Знаете зошто сме толку исфрустриран народ?
    Затоа што реално, некои луѓе не знаат да си ги ценат работните места, голем дел се однесуваат како им текне, неодговорно и себично, како Госпoд за муда да го фатиле, со извинение. Не знам како доликува на професор, ќе речеш угледна професија, да си дозволи да касни 3 ипол часа на работа!
    И притоа да не му падне на памет дека закажал есеј, дека 100 студенти чекаат од сабајле до пладне, измрзнати, поспани и до смрт изреволтирани.
    Брука!
    За мене се брука нашите, о толку поштовани професоришта, со џебови длабоки колку бунари, што си возат колишта и око не им трепка што заради нивната незаинтересираност квалитетот на образованието е под стандардите.
    А, нашава бедна студентска маса, што практично ја молиш да се поткрене и да и се чуе глас, ја нема. Се плаши, се крие, секој за својата глава во иднина размислува. Се засолнува младината по партии, обоени се, застапуваат нечии глупави идеали и интереси, наместо да се осврнат кон своите основни права.
    За никаде сме. И младите и старите.
    Масовно Р од разочарување, да знаете.
     
    На Buttterfly, bittersweet, Lepaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    СДК ич не го сакам снегов. Тротоариве се стакло. Еј немам тренирано уметничко лизгање ако не! Излегов до на кафе, едвај жива се враќам :fubar:
     
    На Lepaaa, maca99 и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека навистина ми е згрозено и смачено од повеќето серии. Пиење памет, тотално. Со самото гледање во екранот од ТВ-то твојот мозок го ставаш во лер, сконцентриран си на целиот кичерај, а цел се грозните приказни во кои генерализирањето и стереотипиите се на најголемо ниво прикажани во прости приказни. Никаква глума, никаква уметност, целта се пари, пари и пари. Трошење време од животот без никаква корист. Се навикнуваш луѓето да ги сместуваш во кoшови - добрите се секогаш сиромашни, немаат надворешна убавина, но на крајот секогаш богатите се заљубуваат во нивното внатрешно богатство. Додека сите богати се лоши, изопачени, себични, мислат дека целиот свет е нивен и потоа секогаш се поправаат на подобро, или горат во пеколот за казна! Те тераат да мислиш дека и во твојот живот коцките ќе ти се наредат така, па се разочаруваш. Генерализирање 100че. Ма дај, во бразилските прашуми јас живеам.
    Г*мна, г*мна и ништо повеќе!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Моментот, кога ја добив 4ката физика.
    [​IMG]
    Самошто, и јас, неможам вака да трчам по мраз, што и да е.
    Имав физичко, и дека салата е надвор, а пред тоа, има скали, арно ама лизгави.. И другар ми нешто ми објаснува за тестот англиски, а ја, цела забулена во скалите, скала по скала идам, му викам:
    Добро бе, прекини, чекај да се симнам, ме деконценрираш, уште да паднам ми фали. :wasntme:
     
    На mims-89, Lepaaa, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Ми недостига PIRAMITKAA.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Се одјавувам,овој пат на подолго.
    Држете ми среќа на 9ти,10ти,11ти,13ти,14ти,17ти,20ти,22ри,26ти јануари. Ах бе јануари...

    :hug: до сите..
     
    На julie77, Dulceee, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.692
    СДК дека незнам каде ќе славам Нова Година и ич не ми е гајле :rock:
     
    На Cacy и lovely91 им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    38.749
    Пол:
    Женски
    Ти пуштаме дел од нашата среќа за да имаш за секој ден по малку. СРЕЌНО!!!
    барем уживкај за празнициве
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.