Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Седам на тераса, се спремам да фатам да учам(од пред 3 саати се спремам ама небитно :D ) во мирот и тишината на ноќта, се наоружав со најлепше жеље и лубеница и за да ми биде помирна совеста дојдов само да ви кажам дека
    [​IMG]
    :D :P Е така да си знаете :bandit:
    Одам јас па кој е за, повелете :)
     
    На MaggieTatum, Agawa, kate21 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    :devil: :@ Леле бе значи оти завршва распустов ахахахах ,зошто шо убо ни беше сега 8 леле бе луѓе нека го продолжат распустов ,ако е возможо, оти пекол е училиштето ! :tmi: :(
     
  3. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    Здраво :hai: Јас сум нова членка :)
    За почеток би кажала дека форумов е одличен голем поздрав до админите,модераторите и до сите членки на форумов :)
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Sw3et.Ang3l и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Во една реченица кај што постои зборот АМА, вториот дел од реченицата секогаш повеќе тежи од првиот.

    И... поминувам низ тежок период и само едно ќе кажам - сега ги сфаќам оние феминистички изреки од типот: „Секогаш на страна на жените!“, зошто жените имаат поголеми, потопли, ама и покршливи срца од мажите.
    Еве ќе го запамтам денот кога сум го рекла ова и ќе стојам зад тоа.
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Човек треба да биде благодарен за се она што има во животот, бидејки некој го нема и тоа што тој го има.
    Само штета што луѓето го уништуваат она кое го имаат и не се благодарни за истото.
     
    На Agawa, kate21, Butterfly14 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Уфф зошто сум таква, ама зошто? :@
    Зошто живеам под правила дека доколку на некоја што прв пат ја гледам и доколку ми се допаѓа нејзиниот фустан би било срамота да и речам "еј ми се допаѓа твојот фустан". Како да поминам низ тоа?
    Или како некои девојки во кафич на ноќно излегување без срам им би пришле и на најзгодните машки во кафичот. Ете тоа ми се случи оваа вечер кога една моја другарка без проблем отиде на масата на дечките до нас со некаков си ентузијазам (дури и лицемерие да беше) и почна да игра и тие секако тоа го прифатија и продолжија со играње и со сето тоа.. Јас дека сум хумористична личност сум но некако незнам до што е но зошто јас неможам да го направат тоа што таа го направи? Зошто мислам дека е срамно?
    Просветлете ме ве молам |(
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Денешниот ден ми беше ужасен.
    Настината сум..цел ден носот ми тече,малаксана сум,покачена телесна температура.
    Но тоа не ме спречи да излезам на чист воздух.Не дека сакав,радо би останала дома во кревет,ама морав.
    До денеска,5 месечна врска имам.И драгиот ми' подари преубав подарок.
    Нели струката му е таква,па му текнало да ми направи рачна изработка на две споени срценца,и на нив изрезбано те сакам. :inlove:
    Драг ми е.
    Не сум материјалист,затоа го ценам неговиот труд.Драго ми е што одвоил време за правење на нештото,посветувајќи ми го мене,мислејќи на мене,трошејќи го продуктивно :lol: времето.
    Јас му подарив една топла прегратка.Изгледаше задоволен од тоа :D
    Нема љутиш,претходниот месец си доби подарок од мене. :)
    ....
    Момци!
    Бидете романтични и внимателни,колку и да не покажуваат,девојките тоа го почитуваат! :D
     
    На Izaabella, Barbie20, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    фала му на господ и мајка богородица што јас и мојата другарка сме добро .....
     
  9. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Мојот најдобар другар ќе се сели во Србија,се знаеме уште од бебенца,што ќе правам без него незнам,со кого ќе се закачам,со кого ќе се карам сега ? ;( :( се чуствувам многу осамено,иако сум опркужена со многу луѓе,немам желба за ништо,и така си седам сама пред телевизор си дремам си се дебелеам, па и добредојдени се неколку килца. :!: :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, Izaabella, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  10. EloveB

    EloveB Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Безброј пати се обидов да пишам нешто,ама не можам.Не знам што да напишам.
    Постојано слушам песни.Тажни,македонски,српски,народни,љубовни,балади.
    Не знам каде сум.Среќна сум,да.Но еден дел недостасува.Ги имам најдобрите родители,најдобрата баба,најдобриот брат и најдобриот дечко кој животот би го дал за мене,но мене ни е тешко.Очигледно никој не го приметува тоа.Ми недостасува Ј.Тој ми беше како брат,пријател,татко.Без него животот не е целосен.Го сакам да.Кога цело семејство се собираме за ручек,за празници едноставно тој не е тука.Тој недостасува.Него го изгубив но никогаш нема да дозволам да изгубам некој друг од најблиските.Од една страна болката за него,а од друга страна минатото кое што не ме остава на раат да бидам.А пак од трета страна дечко ми кој е далеку и треба да ги бројам неделите,деновите,кога повторно ке се видиме.Кога ми е најтешко тој не е тука за да ме прегрне и да биде покрај мене.Последен пат се видовме на 6-ти и сега ке дојде на 20,а денес сме 17.Помина толку малку денови,а мене ми се чини дека помина година.До кога ке издржам не знам.Секогаш се тешам со тоа дека еден ден цело време ке бидеме заедно,јас,он и нашите деца ке бидеме срекно семејство.Ехх ке биде за 10 години.Но нашата љубов ке победи.За инат на сите и на се.Не успеав да го задржам Ј,ама дечко ми цел живот ке биде мој.Тој ми помага да го заборавам минатото.
    Доста дрдорам,време е за спиење.Отидов јас. :)
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Се облекуваат пре сериозно за нивни години (12-13) а позадина им е завеса и постелнина со ликот на барби..
     
    На Agawa, Sara123, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  12. iHeartVintage

    iHeartVintage Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    149
    Молам Бога побрзо да снема батерија лаптопов оти само така ќе морам да легнам да спијам :fubar:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Добро утрооо.....
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Езерото ми шушка до ушите,моиве се превртуваат во креветите,друштво ми прави една досадна мува... а јас се бавам со травијални работи.Мислам,размислувам,се чешкам што од сонцето што од подникнатите влакна.Лутаат мисливе,како изгубени.Измешани со страв за враќање во секојдневието.Овој одмор го почнав најнеорганизирано и најобично и најмалку пари потрошив за припреми.Половина работи ги заборавив.Половина намерно не понесов.На плажава ми е без врска,ми се чини моите деца се најголеми по возраст.Дури да ти е непријатно да си со нив или тие со тебе.Време им е сами да си одат,со друштво.Маж ми вели да си исчуваме уште едно да не бидеме осамени.Може,да ,инаку тоа инаку оди по порачка. :^)
    А мене ми доаѓа желба за секојдневен колач.Ги знаете оние по малку неугледни и едноставни.Не се за пред гости.Не е важно ако филот е прередок,или тестото малку е препечено,или нема убав пресек.
    Тоа е таков колач,ненаметлив украс на секојдневието.Како простирање на свежо испрани алишта во сончево ,ветровито утро.Како чајникот од баба на кој му фали капачето ама е се уште најубав на светот.Како и оние денови кои од почетокот до крајот се обични,кои нема да ги паметиме по ништо особено иако го прават нашиот живот.Како оној фустан кој го носиме само по дома а не знаеме колку во него сме привлечни.Ме мава некоја меланхолија.Не сум повеќе за ваков вид на одмор.Затупувам.
    Ене и соседот гостин е ранобудник ,секое утро ми наздравува со шоља кафе.Наздравувам и јас. Се смешкам.И ќерка ми ме зафркава-мамо,не одлепи очи од тебе.Фино,уште сум жива значи...си велам.
    Постов хаотичен како и мисливе.Изгрејсонцево помешано со црвенилото од моите нокти.Мирисот на лосионот за сончање и езерскиов ,измешани ...совршено.
    Уште еден ден,нека помине сончево... :sun:
     
    На imelda, Hipster, Agawa и 23 други им се допаѓа ова.
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Wish me luck girls :doh:
     
    На kate21, Butterfly14, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Грешка! Вечерва тргам за Грција, не во недела! ;)
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Гутен морген [​IMG],

    Глеам се потсмирил колективниот ПМС на темава [​IMG]

    Туку морам да кажам дека животот е многу отежнат кога во одреден период навиките за јадење ти се разликуваат од оние на другите. Не дека нешто умирам во себе кога ќе видам сиренце на маса пример, туку што храна за двајца не може да подмири еден човек и се фрла. ;(

    Но, друго нешто забележив. Поснава храна е најдоброто нешто што може да ти се случи во предменструален период. Со исклучок на кафето и посното благо, се отфрла се` што предизвикува ПМС болки а верувам дека и за време на самиот циклус ќе биде така.

    Кафенце?

    [​IMG]

    Сакав да кажам и друго нешто на тема кико и ринглата. Не дека нешо многу се замарав, се посмеав вчера и толку. Само што сакав да ги пофалам моите фб пријатели кои не реметеа за тоа последниве денови но кога ќе размислам малку подобро, си имам наместено да добивам објави на хоум од 5-6 луѓе така што ... планирам така и да остане, не би сакала да ja дознаам вистината.
     
    На Hipster, Someonespecial, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Добро утро феминки :hai:
    И еве уште едно утро започнува исто за мене, со утринско кафе, музика и седење на компјутер... Но тоа веќе ми стана рутина :) И еве уште едно утро го одложив утринското трчање... до кога ќе ме мрзи бе?! :tmi: Ајде, како и секогаш, од утре почнувам да вежбам (кааако не). И така, ќе гледам да го искористам што е можно подобро денов, и така уште малку ни остануваат од летово :|
    Have a nice day :*
     
  19. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Полека но сигурно летото не напушта :)
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      83,7 KB
      Прегледи:
      241
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Wish you luck :l:

    ***
    Гледам сите кажуват добро утро па да не бидам ја некултурна :!:
    Добро утро и од мене(шо утро е 10 саат :^) ,ама нема 12 8) )

    [​IMG]
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.