Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    има спас и за тие што немаме резерци и златни залихи :!:
    тада да дам:
    [​IMG]
    не е со исти квалитет како домашниот ама ајвер е ;)
     
    На Someonespecial, Dog-lover, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.093
    Пол:
    Женски
    сдк дека не ми се сите овци на број ,не ми се дефинитивно :shake: .кој може да се опие од едно-две пивца и да мисли на бившиот :^) ,кој ако не јас.и да видиш чудо ,на опен фест јака луда журка а јас летната со умот милиони милји далеку....допре до мене секоја песна море секое зборче ,и да биде уште потрагично си идам дома и оп,ете ми го на фејсбук либето.мораше ли да ја разврзуваме на долго и широко,битно знам сега оти не ме заборавил ме сакал :tmi: .летото полека заминува,и со него ќе исчезнат и моите спомени и моите радости ,есента ќе ме обвие во нејзиното тажно руво :| .работата на Kико од идол со тие ринглите искрено незнаев дали да се смеам или да плачам кога прочитав ]:) .најјак цитат беше демек Gоце би кажал на ова:јас повеќе не го разбирам сексот :rofl:
    Dream -girl ако вистина заминуваш од форумот ,ќе ми недостигаш :( ,а за другото што се пишува незнам и не ме ни интересира.

    тоа е емотивен човек сум си,имајте пријатна вечер сите членови на фемина :*
     
    На vinozito1 и leighton23 им се допаѓа ова.
  3. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Забавата уште малце и може да започне! :dance: :party:
    Горе,доле при крај сме со подготовките.
    Ви посакувам убава саботна вечер :*
     
  4. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    СДК се чувстувам многу очајно. Се прашувам дали не вредев барем малку? Додека полека, полека секој си го наредува животот, јас тапкам во место. Не знам што уште да направам. Се направив. Повторно да го побарам нема смисла. Повторно би била истата приказна. Никој во моментот не ми недостига толку колку што ми недостига тој. И, повторно оваа саботна вечер ќе ја поминам сама пред монитор жалејќи по изгубеното. Решив да пуштам едно добро хитче од Роби Вилијамс, но како што гледам и тоа не ме дрма повеќе :( http://www.youtube.com/watch?v=v6wTShuxDg0
     
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Јас во сопствената држава се чуствувам како странец. Навредувани, омаловажувани и дискриминирани сме секогаш. Не често слушам како не исмејуваат на нашиот дијалект, ни се жалат поради тоа што имаме пари повеќе од нив, ни се смеат во лице затоа што правиме правописни грешки. А никој од нивните родители не поминал низ пеколот во кој поминале нашите родители.
    Не сме виновни што доаѓаме од друга земја во која мајчин јазик е друг, ама сепак се бориме македонскиот да е втор.
    Јас сум родена во Македонија, пораснав тука и го изучив македонскиот јазик, но децата кои живеат таму ја немаат таа можност. И исто како што има различни дијалекти кај нас, таму македонскиот јазик се зборува на дијалект. Зошто не се исмејуваат кумановскиот дијалект, охридскиот, скопскиот?! Туку често се исмејува нашиот.
    Затоа што растиме во околина која не исмејува, е ова не челичи. И просперираме, е тоа на некои им смета. Повеќето од младината работи тука и просперира. Имаат завидни кариери. Е успехот им смета на некои `патриоти` кои нас не сметаат за дојденци, а чудно не ја имаат прочитано историјата на сопствената земја. Да ја прочитаа ќе знаеа дека не сме дојденци, дека благодарение на територијалната поделба на Македонија останавме во туѓа земја.
    Денес, индиректно ме навредија на фб. Онака ме исмеаа.
    Не знаат дека мене тоа мене ме челичи отколку што ме повредува. Јас успевам благодарение на таквите луѓе. Тие ми се најголема мотивација, се што имам постигнато до сега е благодарение на нивните навреди.
    Јас сум горда на своето потекло и презиме. Никогаш нема да се откажам ни од едното ни од другото. Јас секогаш успевам во се што ќе наумам. Ние не зависиме од таквите луѓе, туку страшно ме плаши што последните неколку години тие зависат од нас.
    Тоа сакав да си кажам мили мои. Јас сум добра инаку, се враќам во Скопје за брзо време. Животот ми е исполнет. Секој ден станувам со желба за живот. Ми се живее женички, убаво ми е. Спокојна сум. Ми се редат коцките :D :D
     
    На Doozy и kikikikirika им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ај мори ај!!!!!!! :devil:
     
    На Hipica и ariela09 им се допаѓа ова.
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Омалаксаност, проследено со нарушено здравје како воспаленија и инфекции. Летен одмор на нивоУ.
    Ми чурат нозете и паѓам од стол на 5те минути.
    Го започнавме повторно квази дневникот со дешавки. 2 години, навидум исти почетоци.
    Се стремам да преминам на наредно ниво.
    Нараторот менува лица и не става запирки и точки! Прва забелешка.
     
    На dream.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    253
    Појде ми денов. I feel good! :rock: Нешто изгледа голема среќлика сум, на арно нека е :?: . Цел ден се шалам, со сестра ми ќе се засркнев од смешки додека јадевме! Амори плавушо (мислам на сестра ми, не на мене, јас така си ја викам кога и да сакам некој бокс по носот) пополека малку, што е многу-многу е :x :x . И цел ден се занасам. Забораив дека вратата од терасата е извадена, и јас така подрипнувам и да ја отворам, некоја глава ќе скршев (Господе Боже, па колку глави имам :^) ). Арно викат другите Happy-go-lucky!
    Лека ноќ, добри сништа да сонувате вампиришта. :^) Шалам се! :!:
     
  9. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    СДК...Стотици, не лажам, илјадници километри далеку од дома.
    Службено патување во град кој никогаш не сум го сакала.
    Сама во хотелска соба.
    Надвор 30 и некој степен, а јас со болка во грлово, укочен врат и температура.
    Само позитивни мисли и се ќе биде добро.А богами и обратно!
    Тргнав на пат со лоши мисли.Не ми е прв пат надвор од државичкава наша да одам на службено патување,ама ете градов го неќам! Изгледа и он мене ме неќе :^)
    Добрата вест е што утре се враќам.
     
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Денеска освен јадачкиот, ми се активира и оној глупиот депре муд, криви се пензионериве у државен, кога се мирни ми се обично симпатични и мили, ама затоа денека еден го претера, не знам од каде само таа фрустрација, негативност и малициозност насобрана во него. Одамна не сум сретнала човек со таква негативна аура, ми идеше дезодорансот од ташна да извадам и да шприцнам окоу мене, малце воздухот да се разреди од негативни честици.

    Се издепримирав ради невиден у изумирање од овој вид - копук, што плукаше по внуците, по ќерките, по синовите, не му биле потребни, човекот сакал сам да го живее животот, па што ќе му биле они, каков аир ќе видел од внуците ко на пример?! Ништо од тоа не му требало, ќе одел каде што сакал, ќе шетал кај што сакал, ќе правел што сакал. Голем егоцентрик, ми идеше да го рашамарам пред сите таму, без оглед што е пет светлосни години постар од мене, чисто да го освестам што и како прави. Од вакви си патиме, саможивници до срж, со една нога во гроб, а другата крената во вис, исто како и главата.

    Полошо од тоа да бидеш сам во животов, е да дејствуваш тоа да биде така...
    Малце и ми е лошо, денов комотно може да му парира на понеделникот...
     
    На Doozy, Espadrila, Vikica.cuci и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.054
    Незнам за вас ама мене многу ми прави кеф кога на некого ќе му докажам дека сум во право. ]:)
    И не :!: не сум од оние што велат во вакви случаи ти кажав ли јас!
    Мене ми е само доволно да знам дека дотичната персона е свесна дека Јас сум во право :D
    И то ама јас скоро секогаш сум во ПРАВО! :D
    Ич не ме ставајте на ум ,онака јас само глупам тропости :rofl:
    Позз и сречно пржење летово 8)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Butterfly14, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ете така... си се пронајдов. 8)

    [​IMG]
     
    На Sara123, Girl-50, EleonoraLovato и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Мразам кога летно време ќе настинам [​IMG]
    Си кивав и поткашлував скоро два-три дена и еве сега и темпрература си качив и грлото ме боли.
    Мразам вака, надвор жешко, јас уште по жешка, ми иди да си соберам парталите и на Антартикот да си појдам.
    Одамна немам одено на доктор [​IMG] а и ги неќам болниците, ама до утре ако не ми помини ќе морам да отидам.
    Инаку мајка ми ко мајка ми зеде ми исцеди два лимони и ме натера да ги испијам без шеќер. Ми се чини ми се скисели животот. Сега си сварив чајче и си испив едно парацетамолче па бидејќи се чувствувам преморена ќе си легнам да отспијам [​IMG]
    Да се надевам дека утре ќе ми биде подобро.
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Абе и 100 кафиња да испијам пак ќе ми се спие. Го запознав најдобриот другар на дедо ми. Има 88 годинки. Кога му кажав дека Киро ми е дедо се израдува. Ми кажуваше за него многу добар човек бил. Најдобри дрругари заедно во школо оделе хаха. Понекогаш многу сакам да си муабетам со стари луѓе од нив многу можеш да научиш. Ми фалат моите баба и дедо, а ни под разно не дозволувам некој да ги навредува а таа што ги вреѓаше си го доби. Колку е слатка одмаздата :devil:
     
    На Espadrila и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Леле дај нека ме фати некој, зашто другаркиве почнаа да ми се мажат, ко ветрушка се осеќам :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Claire, Izaabella, Dog-lover и 5 други им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Болно е кога на некои личности максимално им се посветуваш,а тие во првата прилика те игнорираат.
    И те бараат кога имаат потреба од тебе.Или во краен случај не те бараат воопшто.
    Чувството да си отфрлен е болно,бедно.
    Затоа,залудно не си го трошете времето на личности на кои вашето присуство не им значи ништо,а вашето отсуство уште помалку.
     
    На ripkata, kikikikirika, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Moon.Girl

    Moon.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    156
    СДК изгледа ќе бидам мамичка ама ништо не е сигурно :D
     
    На DarkTulip му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Професорот од средно што душа ми вадеше за една крастава петка ликовно, сега на фејсбук лајкува статии „природен рецепт против опаѓање на косата“ :lol: Цркни кретену, цркни .. едно влакно да не ти остане :envy: И јас ради тебе се кубев, има Господ :wasntme:
     
    На DarkRose, TheKiketoo, Domino и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене,настината на време од 40 степени.До ладната вода од базенот ке да е,али ајде се оправувам полека..вие како сте?Се надевам добри :) Овие денови почество ве дружам оти не излегувам никаде,дома си седам со чајче и мед,се си мислам дека е есен а надвор пукаат жештини.

    Овој мојот почнува на живци да ми иде ненормално,уклучен е а нејке да ми пише,абе идиотче :( Ке го фатам јас некој ден негоо..ке го фатам :devil: Епа ајде феминки бидете ми поздравени,одам јас да пишам во некоја друга тема :)
     
    На Dog-lover и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    11.234
    Пол:
    Женски
    Периодот ми е :sweat: , ајде ќе препуштам на ПМС и лудите хормони, ама не, не се работи само за тоа. Што бев, а што станав. Каде ми отиде храброста, каде се изгубив старата јас. Една лоша вест од немајкаде може да ми го уништи денот. Мислам дека и ова порталите ќе почнам да ги блокирам, само вести за црна хроника, не ги можам веќе. Нека напишат нешто поучно, нешто убаво. Македонскиот живот и така е доволна црна хроника во бестрага.
    Барем сето она низ кое минував да ме направеше посилна или да останев она што некогаш бев. Да не морам да се борам со тегобите во стомак, со стравот кој ме мава, да можам слободно да развлечам насмевка.
    Мислам дека оваа недела толку се напнав, ме тера до лудило, и нека рече некој женички, дека е лесно да си жена. Овие хормоните лудуваат, незнам за вас ама јас во женските денови сум шлапната до даска, искрено страв почнува да ме фаќа, мајко мила а во климакс каде ми е крајот :sweat: :lol: .
    Него озбилно, за се нешто се грижам, можеби затоа што имам премногу слободно време :!: . Мислам дека во моментот и на концерт на Тина Тарнер да сум, јас би се туфкала дали ринглата на шпоретот сум ја исклучила :rofl: , ех луда главо, не ти доага паметот, ц , јоооокккк :drunk: .
     
    На LittlePinky и SparkyAngel им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.