Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    И повторно нова работа. Оваа ми е трета.
    Од 18 години почнав да работам потсвесно мислејки ( сакам да бидам независна ).
    Првата работа ми беше многу напорна, а и многу далеку па се малтретирав скоро секој ден за на крајот да сватам дека неможам повеке да издржам со тоа темпо.
    Втората работа , не се унапредував на било кое ниво. Земав минимална плата, немав никакво слободно време и сватив дека треба да и се стави крај на таа работа, и да се потрудам да најдам нешто што ке можам да просперирам.
    Сега третата работа, ја почнав чисто онака за релаксација. Колку да не седам дома по цел ден, а сепак да има некој денар за лошо, за арно да се најде де ! Работам по 4 часа, што ми е супер, да не се малтретирам цел ден и слободно време да нема а и добро е платено.
    Сепак ова е привремено, па се очекуваат подобри времиња 8)
     
    На Someonespecial и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    До вчера се чувствував несреќно и се занимавав со проблеми. Денес веќе се решени сите проблеми, се чувствувам среќно и немам со што да се занимавам. И вака не бива, ама е поарно од претходното.
    Веќе 2-3 дена како немам возено ролерки на кеј и дефинитивно ќе продолжам да си возам кога нема да имам други планови.
    Септември е секој ден се поблиску и поблиску и тоа ме радува, август ми смачи, ама она буквално!
    Низ продавнициве огромни попусти и распродажби на летна гардероба, ама не ми се купува бе летно веќе, колку што ми е мерак што е евтино, толку ми се губи ќејф коа ќе ми текне дека иде есен и дека ми треба есенска гардероба. И само есенска и ќе барам.
    Знаете, ги сакам оние периоди кога за излагање облакаш само блуза по долги, фармерки или панталони, на нозете обувки и се чувствуваш баш удобно кога си надвор, кога нема сонце, ни дожд, само ветар и сивило, а кога ќе си дојдеш дома си ги наоѓаш тренерките и се скоцкуваш во нив. И таман ти е.
    Штета што кај нас се толку кратки тие периоди, може затоа и се послатки ми се.
    Ај да слезам до Сити мол да видам што има по продавнициве, добро би ми дошло. Заборавив да напоменам дека обожавам да купувам нови тетратки за нова учебна година и да, баш сакам да почне, доста ми беше одмор :geek:
     
    На Doozy, Butterfly14, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    И...то се дешава коа внесуваш преголема доза на сарказам, со што другите мислат дека си st00peed.
     
    На Someonespecial и Sara123 им се допаѓа ова.
  4. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Се прашувам што глумат тие типови што ме боцкаат на фејзбук, а се во врска |( под сите слики срце,мрце те сакам ,јас тебе поише.. или сепак е доказ дека во реалноста ништо не е како што изгледа на фејзбук. Страшно!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    OK, да, тешко е да се изнервирам.
    Ама од такт ме вадат луѓе што си го живеат животот по нацрт, гледаат до носот и се ужаснуваат од нови работи.
    Како бе?
    Како не ви се смачува од исти места, исти луѓе? Цел живот исто, исто, исто.
    Еден кафич на ул. Македонија, два на кеј, евентуално до парк (уствари не, таму со шприцеви збрцани во рака се шетале).
    Чекај, што?
    Ами чаршија, некој клуб настрана, МКЦ, некоја галерија, изложба, за театар не станува ни збор, нешто подалеку од вашата одамна веќе зацртана траекторија, м?
    Никако. Страшно е, пу, пу, пу. Дрога в пијачките клавет. :worried:

    Ооо, боже дај ми трпение. Како да не е доволно мртво Скопјево, па уште луѓе со мртви духови околу мене ми фалат.
    Аман!
     
    На Someonespecial и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Аман веќе од компанијата Нилсен и нивното истражување на пазарот со глупавата анкета кое трае веќе 5 месеци!
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    речено сторено
    денес бев во Аква паркот КОНЕЧНО :rock:
    ако поканата ми е втор пат одбиена-можам јас и сама хехехе
    си спремив вчера вечерта се што ми требаше за таму-се разбудив порано, каснав нешто дома патот под нозе и стигнав таму-не било така како што кажувале на тв-300 ден е карта ама ти наплакаат 400 со тоа што тоа е депозит-ти даваат алка со магнет бидејки шкавчињата се со сензори и фискална сметка-на излегување ја вракаш алката и сметката ти ги вракаат 100 те денари-финта, на кого ли му текнало ако во случај заборавиш кој број ти е шкафчето има пред соблекувалните прозорче-ја покажуваш алката ти го кажува бројот на твоето шкавче а за да влезеш во соблекувалните има исто такво прозорче-ја покачуваш алката и можеш да влезеш низ врата-вратите ко зидини се-со туркање и нема овошје, зеленчук вода со тебе-те чека обезбедување и те претресува-на касата има правила на Аквапаркот и се почитуваат
    и се пресоблеков се средив и влегов-не можев ко за бељаа лежалка слободна да си најдам-сите зафатени и навистина е супер-има 3 кафичи, неколку тобогани два базени-еден за привање другиот е со разни реквизити-кога и велев на другарка ми не се секирај ако нешто ми стане,лајф гарди ке ме спасуваат таа не веруваше-инаку пред секој тобоган по двајца од нив стојат-на првиот кога му кажав на типот дека ми е страв од висина ми рече не можам да те пуштам, а колку скали се качив за да стигнам до таму е друга приказна ама на другиот успеав-незаборавно ми беше-на гума седната и се држам за рачките и се најдов долу па уште подолу-и од толкав притисок ми паднаа во вода капата од главата и очилата од очите-и одеднаш се блокирав, не знаев што да правам-и за момент се престана, цел аква парк, сите погледи насочени кон мене-оф Господе јас :sweat: :?: а само требаше да се лизнам по водата и да се качам по скалите за да излезам од таму-и ми дојде на помош еден од лајф гардите-кавалер нема што за да ми ги земе работите ама си ги земав сама а другиот викаше отозгора качи се по скалите ама во моментот се блокирав-од што незнам а врева од музика викотници леле леле и ти разбери нешто де
    после сончање, пливање во базенот-со гума оти незнам да пливам само колку да не се удавам и таман јас да си одам се сретнавме со еден од нив се на се се 10 или 12 -само се погледнавме и ми се насмевна :$ типот-преубав се спремив и ај да ја вратам алката и сметката-леле гужва луге- :sun: во глава мислам дека ми грееше изморена од лудорииве, малку храна внесено-едвај да не се онесвестам, издржав -малку фалеше и тогаш седнав на страна и се појави еден дечко-финта ми направи-ми ја зема алката и сметката, а ми даде 100 денари незнаев што да кажам и само му реков фала ти Господ да те благослови и си отидов-незнам од каде сила за да стигнам до еден дел од патот-продавниците затворени и работеше еден кафич па водата што ја добив од таму ме освежи ама сопственикот љубезен ми направи вода, шекер и лимон-од тоа живнав, ангел е човеков а сакаше и кока кола за по пат да ми даде ама го одбив и кога запнаа со келнерката и шанкерот седни па седни :envy: јасно си кажав дека не сакам и некако стигнав до дома-кога и кажавна мајка ми дека за малку ке сум се онесвестела таа :devil: па така ти е кога не јадеш месо бла бла бла ке се разболиш |( мамо досадна си СВАТИ ГО ТОА :!: интересно, лудо, забавно авантуристички-од се по малку :D
     
    На zhap4e, Someonespecial, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    СДК сакам што побрзо да дојди есен и да заучиме,да видам како ќе ми биди во новата средина,нови деца,нови професори,нови книги со нови содржини внатре,нови тетратки,наливи,моливи,гуми :lol: ,нов ранец 8) нови лудории на часови :$ се ново со нетрпение ја очекувам новата промена во мојот живот иако сум малку исплашена :worried: ама се надевам се ќе помини добро и ќе биди уште поубаво од основно :!: позз феминки имајте убав остаток од денот :hai: :*
    [​IMG]
     
    На dream.queen, Butterfly14, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Не е важно колку пати ке му кажете на некој дека го сакате.
    Важно е колку пати ке го докажете тоа.
     
    На Divinebutterfly, Espadrila, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    СДК дека се помалку и помалку сум зависна од фејсбук и кај да е до септември скроз ќе се откажам од него :rofl: :lol:
     
  11. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    СДК дека не постои нешто посовршено за женското око... :D :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-star, Someonespecial и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Доволно е само една насмевка, насмевка која се може да промени и денот да ни го направи е подобар! :inlove:
     
    На COollLady, Dog-lover, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Исто предрасуди имам и кон луѓе со розева/тревасто зелена сенка за очи на нив или некоја урнебесна од овој вид боја по можност со светки, освен ако не се работи за маскирање као аниматор у игротека или деца до 10 години, одма знам за што луѓе се работи. Обично ваквите кај мене се погодиле да идат у штаб, и да имаат слика од грбот на партијата на профил.

    Малце тужно, али вистинито...
     
    На La.Reina.Del.Sur, sweet-cherry, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Тука временцево само за ајвар правење е да ви кажам. :geek: Се истури од врнење, температури октомвриски, односно германски во август, ама што да ви кажувам, арно ни рекоа, имавте среќа годинава со времето. Па како ми иде сега, да извадам еден шпорет надвор, тури чушките, запали огинче, лупи прај, додека трешти Фолк радио во позадина и капе од сите страни. :rofl: Шала на страна, јас не би ајвар, ама едно пинџурче (без лушпи :!: ) со сиренце, мммммм! Рековме дека ќе правиме, ама ништо од бизнисот. Уште ситно броиме до крајот, па искрено, одвај чекам да си дојдам, има време за пинџурчиња.

    Почнав со едно јорганче да се покривам, почнав чорапи да носам, почнав џамови да затворам, море ладно мајката, некна 13 степени. Отворам на Акјуветр да проверам што срање ме чека наредниве денови, ми вика, моменталното време во вашето место е - делумно сончево. Надвор врнат мачки и кучиња :D, почна кровот да капе, они викаат делумно сончево. :rofl:

    Иначе, неделава планирам да се доекипирам со некои ситници и полека куферчето да почнеме да го полниме. Многу се напнав со поклоните. :devil: Прво, сакав на сите нешто нормално и убаво да им купам. Ај налет што не бендисав ништо за никој, барем не во местава кај што се движам, во убавите продавници ќе одам тек два-три дена пред тргање, не ми е сигурно за тогаш да оставам. Не ми се свиѓаат парталите што ми минат низ раци, има преубава козметика, ама некако просторот што го имам на располагање не ми соодвествува, и само се вртам во круг во продавниците. Сакав па дома нешто поквалитетно да им земам, не бе, нема. А и колку луѓе се, епа со сите се дружам, сите дојдоа ме испраќаа, не бива со ништо да ги оставам. Големиот проблем на малиот човек. :D

    Овие будаливе дома, посебно мојата будала, ми вика, ќе ти правиме изненадување. Му викам браво, муабетот за спонтаноста - јас да ти кажам дека ќе ти правиме изненадување. Јас да ти кажам дека утре ќе те побарам за жена. Јас да ти кажам дека утре ќе ти поклонам нешто, ама не ти кажувам што. Браво легендо моја. Па му правам фаци, му се мрштам, а се изнасмеав. Не знам кој циркуз ќе го направат, им реков да не се глупираат, да не се трошат... јас бегам од народ, одвај чекам дома да се изнаспијам и да поседам во тишина, они изненадување. :rofl:

    Ехххххх, проблеми, проблеми, проблеми.
    Нареден грос проблем - Каде да си се опрчам на одмор во септември?
    8)
     
    На 1209, bittersweet, imelda и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Го знаете оној момент кога ви се јаде нешто, а не знаете што? Значи едно пет пати влегов во кујна, отворив фрижидер, ѕирнав внатре и го затворив :D Како да дознаам што ми се јаде бе па? :lol:

    Пеглав облека за утре за на работа. Леле, одиме пак Јово на ново, толку беше :doh: Аман, летово летна, не го ни осетив. Ама ако, уште подобро. Сега со душа ја чекам есента, посвежо време, долги ракави, тенко мантилче, чизмички од превртена кожа... Конечно ќе можам да си ги изнаносам чизмичките што си ги купив во мај :rofl: Ептен мерак ми правеа и башка беа на луд попуст и башка не ми се од тука (тука никој нема таквииии на-на-на-на-на-наааа :lol: ), ама немав прилика ниту еднаш да ги облечам. Затоа сега им се мерачам и чекам малку да подзалади. Многу ми се кул :lol:

    Туку, не сум ставила шминка на лицево цели три недели. Значи буквално ништо освен крема за лице. Колку ми е чисто и убаво, немам зборови. Од утре на работа, па ќе почнам пак со пудри, ружеви и остало. Ич не сакам. Мислам, едвај чекам да си се нашминкам, ми фали тоа искрено :D , ама од друга страна најдобро се опоравува лицето без шминка, само со чистење и добра крема. Не дека имам проблеми со кожата, ама и да не сакам, на работа МОРАМ да сум нашминкана, тоа спаѓа во дрес кодот :yawn: Понекогаш си сакам да сум си лабавка, да си одам на работа со коса фатена во висока messy bun, со минимална или ич шминка, со ФАРМЕРКИ (ах, патам, најстрого се забранети), со старки, со кул цвикери. Камо да имаше барем еден ден во неделата кога ќе беше тоа дозволено... Додуша има, ама кежуал деј кај нас значи само дека не мораш да носиш штикли тој ден, ништо повеќе |(
     
    На bittersweet, sweet-cherry, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  17. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Баш на местото на кое се надевав дека нема да ги видам со 100 кила шминка, денес и таму ми ја кренаа косата. Добро бе, на што личи да ставаш толку шминка на базен!?
    Никогаш нема да ги разберам, никогаш! Што, дека ние демек не гледаме дека ги имаш цртано веѓите..?
    Господ да чува и да брани. |(

    Денес цел ден со друштво, убаво ми дојде. Смеење, шали, па и давење имаше. Јас прва за тоа, сите ги удавив. Тие со мене... :devil:

    Сега да идам да си легнам, ко претепана сум. Имајте убава вечер, гушки до вас. :hug:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    40.268
    Пол:
    Женски
    ...СдиК на Дузи дека не е толку лошо во Германијава бе драга :wasntme:
    јес да у право си за времето ептен се погоди летово , и мене ме заЧуди долго топло лето имавме бајаги
    Денес баш да се вратиме не старо , со дожд и тмурни облаци ...ама искрено и ми фалеше по малце :wasntme: она типиЧно германско време , што би рекла јас како и самитот народ
    ама и не е се така црно ..такво ти се погодило на тебе :^)
    Ајде едно искуство повеке ;)
     
    На bittersweet, dream.queen и Doozy им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Еве вакви сме си јас и сестра ми. Цел живот.
    Брливи.
    ____

    Жешко бе.
    Со душа си чекав да му ја киднам некаде викендов ама ете немав среќа.
     

    Прикачени фајлови:

    • My First Fish.png
      My First Fish.png
      Големина на фајлот:
      245,2 KB
      Прегледи:
      290
    На bittersweet, Dog-lover и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Имам нова симпатија :tmi:
     
    На LittleChili, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.