Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога ке го вратам филмот наназа како ми летнаа очилата за сонце и капата од главата-ко на филм беше-за срека очите ми беа затворени да ми беа отворени ке беше што ке беше :x ама требаше да ми текне да не ги ставам пак на мене-арно ме предупреди типот од другиот тобоган, ама како што ми се чуствителни очиве без очила кога сум, после ме болат, ми солзат-фактички и тактички сама си се спасив :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Неможам а да не кажам.. Ја имаш најдобрата работа ама озбилно.. од секогаш сонувам така да одам на работа.. ќе биде еден ден :angel:
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    86
    СДК дека после повеќе од една година, конечно се враќам на форумот ‘_‘
     
    На dream.queen, srcekrsacka и Sw3et.Ang3l им се допаѓа ова.
  4. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека се враќам конечно на форумов по којзнае колку време...
    Минав низ многу тежок период,она кога мислиш дека се завршило но сепак мораш да застанеш на нозе и да се вратиш посилен! Се надевам дека ќе се вратам посилна со секој изминат ден...
    Мислам дека имам мнооогу пропуштени теми и постови,па полека од утре да се фатам за работа!
    Она што е најважно е дека сега гледам,ама буквално со широко отворени очи..Ве поздравувам! ;)
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека нема ништо поубаво од кафе со другарките. Си се изнаприкажавме ептен убаво. Многу ги сакам,ептен ми фалеа распустов :*
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beyonce22

    beyonce22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Зошто денес, некој кој не заслужил, е повеќе почитуван од некој кој чесно си го заработува лебот.Сите се восхитуваат на некој кој преку ноќ станал славен, благодарение на своите лудории.Не знам во колку закони и устави, се наведува дека сите сме рамноправни.А зошто тогаш некој кој половина од животот го поминал во учење, кој се изборил да стане нешто, е помалку почитуван од некој кој се појавува во реалити шоу, се збогатил со шверц на дрога, снимил порно, или цивкал на микрофон.Всушност, тој не е помалку почитуван, тој воопшто не е почитуван.Луѓето плукаат по оној кој се бори во животот, а им се восхитуваат на оние изглупирале пред камера камера?Некој е роден со диплома, а некој сите пари што ги имал ги дал за да оди на училиште.И тој што е роден со диплома, односно татина маза, може да си дозволи да биде директор на најпрестижна фирма.А тој што се трудел да научи и има повеќе знаење, одвај заработува за да го прехрани семејството, и е исмејуван од другите, поради тоа што не можи да си дозволи летување на Хаваи или Малдиви.До кога некој ќе го живее животот спиејќи на позлатен кревет, а не го заслужил ни душекот.А некој кој заслужил повеќе спие на обичен кревет од дрво?
    Животот не е да се родиш со диплома, да снимиш порно и да станеш почитуван, и другите да ти се поклонуваат за тоа.
    Животот е да се избориш, да издржиш и да бидеш почитуван поради тоа што го имаш во срцето, а не поради тоа што го имаш во џебот.
     
    На Someonespecial и Agawa им се допаѓа ова.
  7. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Не сакам погрешно да ме разберете,само си го кажувам своето мислење.Јас мислам дека Moon.Girl е Dream-Girl.Ако размислите подобро,ке воочите дека локациите им се слични а Moon.Girl само што дојде на форумов кажува дека е бремена.Според мене,девојчето намерно го прави ова демек е бремена,за да не помислиме дека се работи за иста личност.Јас би сакала модераторите или било кој друг што е надлежен за профилите нека провери.Значи реков,си кажувам свое мислење и не би сакала сега да ми се нафрлите..
    И да,не сакам сега да се развие дискусија на оваа тема па да ја полниме темава со мислења за Dream-Girl и Moon.Girl,само си го кажувам мислењето :)
     
    На ariela09, Angel-Wings, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Затоа што нема што конструктивно да ми врати во соодветната тема па најде да ме гони низ темиве и да ме цитара, као демек будала да ме направи и да ме исмее. Многу зрело секоја чест!
    И сега кој е тој што е несовесен и некултурен јас или ти Клер? Кој со кого се исмева, нели си ти фина, фина, више Северина испадна работава.
    И не ми ги дирај пижамите, можеш да посакаш само такви пижами да знаеш 8)

    Виртуелно лицемерие, мојата најомилена тема, сите се фини, најкултурни, не прдат, не ждригаат, не пијат не пушат никогаш не опцуле, се прават судии на секоја грешка и на секое мислење имаат капаче.
    Ви симнувам капа, сигурно е претешко да живеете таков двоен живот, исцрпувачки.


    П.С Кој не бил никогаш во Галичник да си го стави на листата на дестинации за посета, макар и краткотрајна. Мајка природа, најголемиот уметник на ремек дела. Наполнив батерии се одморив, тамн одморена да тркнам на одмор на море :)
     
    На LilBaby, 1209, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Never fall in love, 'cause everything that falls gets broken...
     
    На srcekrsacka, Dog-lover, COollLady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Колку глупи луѓе има, штета. Знаете, оние што си немаат поим што се случува околу нив, но со желбата за да се спречкаат со некој. Океј глупи не е погоден збор. Егоисти де!
    Ооо мали души со големо внатрешно недоразбирање.
    Научете се за контрола врз тоа лакомо его.

    Во тек на еден месец, да почнеш од една крајност, да стигнеш до далечната друга. Досада, досада немаш што да правиш со себе. Правиш крајно глупи и непотребни нешта во текот на денот, и оп, одеднаш ти текнуе. Почнуваш да трчаш секој ден, абе здрава храна! Абе брокули talk е ова! Абе наоѓаш ситно, идеш до маркет, си купуваш ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК. Еј ова ако не е пресврт!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Колку е само точно ова :x
    [​IMG]
     
    На Lemonade, Someonespecial, Mrs.Cuper и 7 други им се допаѓа ова.
  12. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На tessie, Ketrin.Moon и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Колку само точно :)
    [​IMG]
    Всушност со погрешни луѓе животот е илузија :geek:
    Толку...
    Имајте убава и пријатна вечер :)
     
    На Lemonade, LaraSolare, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Аха! Сега ми е појасно! Пред да се пофалите дека сте леваци,a леваците дека се најинтелигентни...помислете два пати. :D
    Лека ноќ!
     
    На Someonespecial, tessie, Neytiri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Еквадор во потрага по нафта ќе уништува дел од белите дробови на Земјата, поточно амазонската прашума (богата со сé уште неоткриени видови растенија и животни), а кај нас топ вест е сексуалниот живот на Кико и новата мис Македонија (која патем добила стипендија од 6000 евра како и сите останати кандидатки?! that's it, и јас станувам манекенка!).
    Последна глупост што ја прочитав беше изјавата на советник во министерството за труд и социјална политика според кој браковите се распаѓаат оти жените се еманципирале.
    Секое чудо за три дена, пројде и таа изјава, а јас никаде не прочитав нечија реакција.

    Застрашувачки е фактот какви новости кај нас најмногу привлекуваат внимание и со какви глупости се полнат весниците. Почнав да кликам unlike на сите страници на фејсбук што ми го полнат home page-от со секакви будалаштини. Навистина, не ме интересира во какви купачи позирала Аделина Тахири на плажа, кој ѝ е новиот дечко на Марјана Станојковска или која Македонка одбила да му биде асистентка на Субрата Рој.

    Побогу, прочитајте малку што се случува во светот, едуцирајте се, отворете си ги малку пошироко погледите за да видите каде живеете. Начисто отупевме како нација.
    Ali jebi ga, и тоа е од нечија полза.
    Со таквите најлесно може да се контролира.
     
    На Buttterfly, anuskaNESTLE, LilBaby и 38 други им се допаѓа ова.
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    колку е убаво чувството да си дома,опкружен со најблиските.таа топлина и љубов со ништо не може да се спореди.
    потоа кога со љубовта твоја сте задно,шетате прегрнати или држејќи се за рака.
    кога сте опкружени со љубов се друго не е битно.и тогаш сте среќни.
    секогаш им завидував на луѓето кои го имаат тоа.
     
    На Someonespecial, Ketrin.Moon и tessie им се допаѓа ова.
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Зошто осудувате кога не знаете нечива приказна?! Не можам да ве разберам. Некој/а нема родител, за тоа ли го/ја осудувате? Некој паднал во депресија, за тоа ли? Некој се повредува себеси, вие го правите будала, психопат, ваков, таков. ЗОШТО? Не можете ли да го гледате својот живот? Или пак, ако сте толку преоптеретени со туѓиот, зошто барем не се обидете да го разберете? Дали со тоа ваше осудување и ругање може да се повредат нечии чувства? Или веќе ако имаш такво мислење, зошто да го споделуваш со сите? Мислите дека сте многу паметни и нормални ако тие што имаат падови и слабости во животот ги исмејувате само ? НЕ! Само докажувате дека сте бесчувствителни бедни суштества што немаат свој живот!!!
     
    На Adi888, sweet-cherry, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  18. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Не се прекинува 5 годишна врска туку така... Кога има љубов може се да се надмине. Среќна сум, мноооогу! Вчера цел ден во плачење ми мина, а еве сега се чувствувам најсреќна, бидејќи она што си беше мое, пак си е мое. :inlove: :inlove:
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Еве ја изгледав матурската, полно емоции, играње до бесвест. А мене, мене повторно ме фати депресијата, тешката депресија..

    .. лека ноќ. Тргнав да пишувам долг пост, но едноставно немам зборови. Немам зборови кои би помогнале да се врати тоа време, ако не тие четири години средно барем матурската вечер.. но нема назад. Нам сега ни останува само да не се заборавиме, и да се видиме на 10,20 па и 50 години од матура. ВЕ САКАМ
     
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    10.057
    Кога 2 секунди ти се причинуваат као 2 минути е страшна работа!И за време на истите во глава вртам сите добитни комбинаци како безболно да паднам :D
    И ПЛАСССССССССССССС!
    Толкава крава се расплесна на под :D
    Добро е спасив глава ,ти благодарам Господе.
    За подетални информаци ќе бидете обавестени утре у случај да нема отоци ,скршеници и др. со викаат старите Прво да се олади ,потоа се чуствува болката
    Ај со здравје
     
    На Someonespecial, Ketrin.Moon и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.