Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.424
    Допаѓања:
    103.421
    Пол:
    Женски
    Од тастатура ми ги зема буквите мила, делам со тебе мислење во СДК, велкомбек за возрасната дама без влакна на јазикот, мило ми е што сме ти недостигале :^)
     
    На E...V...I...L му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека Андреа што ја зборувате е тролче, онака колку да привлечи внимание... :)
     
    На E...V...I...L и tessie им се допаѓа ова.
  3. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    До ЕлиСаб.
    Мила, целата моја подршка е со тебе. Ако ти треба совет,дружба или било што - тука сум.
    Прими го моето најискрено сочувство. Остани силна.
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК Т.Е САКАМ ДА СИ ГИ КАЖАМ МАКИТЕ
    ДА СЕ ИСПЛАЧАМ ТОЛКУ СИЛНО КОЛКУ ШТО ИМАМ БОЛКИ.Ме боли ужасно но никој не може да ми помогне никој ете само вака ке пуштам по некоја солза кога никој не ме гледа и гледам да издржам колку можам се дур не ме убие ова неиздржлива болка.НЕ Е ДУШЕВНА ТУКУ ФИЗИЧКА БОЛКА ;( ;( ;(
     
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.952
    Допаѓања:
    177.749
    Пол:
    Женски
    Уште еден совршен ден во низата на несовршените. Уште една битка за водење.
    Challenge accepted! :)

    Се будам во новава пижама, на новава постела, со стариот мобилен до мене (не за долго :D ) и со нови 57 пропуштени повици :talk:
    Ми недостига времето кога само сметките шо требаше да се платат врескаа по мене. :|
    Уште нешто старо тука е тоа шо, сеуште ги игнорирам сите додека не испијам кафенце, и тоа на раат!! Сега мук!!
    Не знам како после спиење луѓе ќе разврзат одма муабети, стварно не разбирам како им функционира долната вилица. Ја треба да ја тинтрам додека не и текне да почне да се движи горе-долу :lol: НЕ, озбилно, дефинитивно не можам да носам лајф десижнс на утро, па ми треба бонсек да ја разделам долнава од горнава вилица, да, да...
    ******

    А тука и тој...со најмногу пропуштени повици, и по некое пораче :inlove:
    Не знам шо со него... После многуте срања последниве 2 години...веќе не знам каде да терам вака...Другарка ми, од една страна ми врши притисок...дека другите знаат и сами да се грижат за себе, да се стаам ја пред другите на листата на приоритети, по дома.. куќата ми врши притисок.. се' чека на мене... а тој...тој сака да ме види...
    ******

    Како монотоно почна летово, овој турбулентен крај беше скроз неочекуван... Уште неколку дестинации за слетување, со најџамбазите на свет :)
     
    На Hipster и Barbie20 им се допаѓа ова.
  6. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Многу ме радува тоа што читам дека овде постојат луѓе кои живеат среќно (или виртуелно среќно).
    Некоја се верила, свадба прави, живее спокојно во својот брачен живот. :)
    Честитки до сите Вас, а и до сите мамички (и оние идните) :)
    Има девојки кои се среќни што се сингл или среќни што се во врска. (како мене :rofl: )
    А дали ги заборавив оние кои се чувствуваат отфрлено, напуштено? Оние кои не знаат што понатаму и паѓаат во депресија? Не, нема да заборавам зошто секој во животот мора да доживее кризен период. Сакам да кажам дека вие девојки ја имате целосно мојата поддршка, за што било, тука сум да Ви помогнам во било кое време. Само продолжете со високо дигната глава, зошто животот тече, животот е тркало кое се врти постојано и никогаш не знаете што ве чека.
    Денес плачеш, но утре се смееш.
    Никогаш не заборавајте дека секогаш постојат личности кои Ве сакаат и би дале се’ за Вас.
    Имајте на ум сите дека не е срамота да се побара помош. Тоа е човечко.
    Од овој форум имам огромна полза, сум научила безброј нови нешта благодарение на Вас. :clap:
    Ви благодарам за вниманието. На сите Ви посакувам се најдобро. :*
     
    На Mama25, ceca-1, Claire и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Милер е педер.
    Бaрем ниеден жена нема да го има.

    Следен?
    Рајан Гослинг?
    па да се правам машко.

    женички не ни се наклонети ѕвездите и за совршени машки. |(
     
    На Lov3 и HollyWoodGirl им се допаѓа ова.
  8. EloveB

    EloveB Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Знам мајка е мајка,а татко е татко,ама нивна најголема грешка е што забораваат дека и тие биле некогаш на моја возраст.

    Ме прашуваат дали имам куќа?! Не! Од каде да имам? Тие немаат,па јас ке имам,а што се смешни.
    Последна вечер заедно и сега вечерва не смеам да излезам.Зошто? Затоа што по цели денови сум надвор.Е како не.Ги броев деновите,неделите за да дојде и сега да не можам да излезам.Ова се вика да ти е*ам животот.

    Инаку,утре рано сабајле си оди.Си оди.Колку тажно звучи ова.Не можам да го пуштам да си оди.

    А вчера вечер ми скисна од се и од сите и во момент на нервоза кога се најдовме му реков да седнеме и реков дека ова е крај.Тргнав да си одам,не ме запре.Тргнав,но срцето не ми дозволи да си отидам.Се вратив на клупата,а тој слушаше песни и плачеше.Силно ме прегрна...Пак победи љубовта. :l:
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Now what?
    Страдам од ПОД (постодморска депресија), мака ми е да се вратам на рутината. Отказ би си дала од работа. Вратете ме на море! Толку брзо помина :(
    Јас сум ви црвец кога сум на одмор. Луѓето всушност одат и да одмараат, дремкаат по цел ден, се наспиваат убаво, а јас морам се да правам. Кој друг мести аларм кога е на одмор? Ама мене морето ќе ми избега! Стани рано за на плажа, па легни доцна од шетање, па глава болело...Секогаш се враќам бела затоа што едноставно, досадно и заморно ми е да лежам на плажа :tmi: Мислам, лежам, мирисам, уживам...ама тоа цел ден...не фала. И така ќе земам некоја алатка па ќе копам по песокот, па ќе копам по ташната, па ќе се шлапам 3саати во водата, па околу водата, ама да лежам 1саат на сонце и едноставно да се печам...ај џаст кент ду дет :( И така сите исончани ќе си појдат кон собите, зајдисонце, бледа месечина и ете ме мене... ќе се закопам во песокот, зјапам во морето и виолетовите бои на хоризонтот, медитирам, отишла кравче во некој друг свет.

    СДК дека овој одмор ќе го памтам по едно рано утринско или доцна ноќно капење на полна месечина, во топло и чисто моренце. Да можев, ќе го правев тоа секоја ноќ. Белите дробови како за прв пат да ми дишеа здрав воздух. Препорачувам. (ќе го памтам и по секси типците де :wasntme: плакнеш грло, нос...очи :wasntme: ).

    Се надевам добри сте сите. Ако иде некој на 5дена одмор, нека викне :wasntme: Имам некоја незавршена работа таму со тоа моренцето :wasntme: Отидов да си липам во перница, зашто овде сега немам функција, не знам што да правам со себеси :|
     
    На Hipster, Vikica.cuci, Lov3 и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Ненадејната смрт на вујна ми значително го промени мојот поглед кон животот. ;( :worried:

    Понекогаш, смртта не ти носи само тага во животот, понекогаш ти ги отвора очите кон работи кои никогаш не си знаел дека ги имаш, чувства кои и самата не си знаела дека ги чувствуваш.

    Вујна ми беше неверојатно храбра жена. Со своите 30 години, се носеше со една од најмодерните болести на 21 век, ракот. Издржливоста би можела да ја кажам како нејзина најсилна особина. Почина во борба, но ми остави неверојатни спомени и една голема приказна за тоа колку беше голема нејзината љубов кон семејството. Тоа е беше главното за мојата промена.
    Покрај сите тешкотии кои се соочуваше, остана верна жена и лојална кон својот сопруг, искрена, одговорна и прекрасна мајка кон своите бесни дечиња, жена полна искуства и желба да научи уште, а пред се, забавна, сигурна, горделива, начитана вујна за мене, секогаш тука да ми даде совет и да ми ги избрише солзичките.

    1 ден лежев, избезумена од тага, но тажењето нема да ја врати, ниту солзите кои не престануваат, ниту преколнувањата, ниту молењата. Сфатив дека се е залудно, но дека има нешто што ќе ја направи среќна. Нашата среќа, иако сега, тоа е невозможна мисија. Понатаму. Секогаш ми велеше да ја сакам уметноста, дека има нешто длабоко во сликите кои ги гледам по галериите, дека има нешто борбено со нафрланите бои на познатите уметници. Дури сега можам да го видам тоа. Дури сега ги гледам скриените солзи на лебедите на сликата во дневна, мртвото ластовиче на сликата во спална и конечно можам да се видам себеси до најдлабоката точка, во огледало. По толку време, го најдов својот внатрешен мир, во уметноста.

    Максенс Фермин еднаш рекол: " Постојат два вида на луѓе. Постојат оние кои живеет, играат и умраат. А постојат и оние кои што ништо друго не прават освен што стојат во рамнотежа со крајот на животот. Постојат актери. А постојат и одачи по жица. "
     
    На EloveB, 1209, Izaabella и 9 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Денес на неколку наврати посакав да го исклучам и телефонот и скајп и се живо од технологија ама си викам ако исклучам се ќе си помислат којзнае што ми се случило па ќе му вртат на сопругот на брат ми, на татко ми, ќе им создавам непотребна грижа.

    Due date не значи дека токму тој ден ќе се појави приновата, ово као на дугме да е па ете го 23 ете го и бебето :lol:
    Сите ми се јавија денес, да не има нешто ново.....нема ќе бидете благовремено известени :D
    Дедо ми се јавува, јас надвор се шетавме со малиот и дека едвај држам чекор со него бев забревтана и дедо ми се извинува дека ме фатил во незгоден момент (get your minds out of the gutter :D мислел се породувам и ми спушти :rofl:
    Му се јавувам да му кажам дека нема сеуште ништо, да не се секираат ќе објавам на фејбук така сите одеднаш ќе дознаат :D (се зезам не сум до толку шлакната)

    И така денов си помина во јавувања од сите, ќе им се здосади за ден, два...малиов му е удобно кај мама, на мама ич не и е удобно ама кој ме прашува :)

    Да не заборавам Среќен Роденден на Moira.....се најубаво и welcome to the club убава бројка си е 33 онака заокружено бројче :lol:
     
    На Hipster, LittleFairy, Lov3 и 37 други им се допаѓа ова.
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК ФЕМИНА Е МОЈОТ ВТОР ДОМА.А феминките се моето семејство пред малку напишав една статија дека имам преголеми болки и кога добив пораки од неколку феминки Очите ми се насолзиа не од болката што ја осеќам туку од грижата и топлината која што ја осетив.Неможам да го опишамчувството навистина е прекрасно да знаете дека сепак имаш со кого да споделиш болка.Секоја моја среќа и несреќа и паѓање и разочарување ја споделувам со вас, бидејки знаете точно да ме разберете а да не ме осудувате и при тоа нема цел град да знае што ме боли и како ми е.Помеѓу реалнио и виртуелниот свет јас го одбрав виртуелниот бидејки се чувствуам многу прекрасно со вас драги мои.ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ШТО БОЛКИТЕ СО ВАС ПОМАЛКУ БОЛАТ, СРЕЌАТА СПОДЕЛЕНА СО ВАС ПОВЕЌЕ ТРАЕ А ТАГАТА БРЗО ПОМИНУВА ОД СРЦАТА.ВЕ САКАМ СИТЕ МОИ НАЈМИЛИ ФЕМИНКИ :inlove:
     
    На LittleFairy, Divinebutterfly, Mama25 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.471
    Пол:
    Женски
    Дека многу ми е важно да дојдам до една информација, а за жал не ми е достапна. :(
     
  14. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Дека не ми се почнува баш на школо.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Што болест ќе ме потфати, крајници, пролив еве сега и икањево душата ми ја зема пола саат. |(

    Лоши денови.
     
  16. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    253
    Бидете внимателни во изборот на кого ке му верувате. И ѓаволот некогаш беше ангел... ;)
     
    На Daydream, srcekrsacka и Dobie им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.445
    Грижата на совест која не исчезнува ниту откако ќе се испразни новчаникот со сите ситни пари поделени на питачи, наркомани, бездомници...

    Живееш, дишиш со неа.

    Еден ден ја снемува.
    Но не зошто си поделил доволно железни пари на оној на кого му се попотребни, не зашто си научил од грешките, не зошто си се покајал и побарал прошка.

    Ја снемува совеста, но и тебе, со се она што некогаш си бил со неа.
     
    На Hipster, Trnche, Neytiri и 10 други им се допаѓа ова.
  18. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    И подобро за тебе, ама овој пат не те одминала. Инаку трол кој се занесува дека е секс-гуру, ја банирале неколку пати досега, ќе ја банираат пак. Најдобро е да се игнорира и да и се пријавуваат мислењата со објаснување дека се премногу вулгарни, а и да не се пишува тука за неа.
     
    На Shery и tessie им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред да заспијам вчера размислував колку другарките се себични и лицемерни-зборувам за другарка со која се дружиме од средно а другата интензивно 5 години-еднаш веке се потскаравме јас бев таа што ја спушти топката за да не се скараме и да не се видиме-сепак баба ми и баба и се дружеле уште на времето а третата што го обновив другарството со неа е толку себична, сменета и другарот што ни е заеднички ми го кажа тоа и во комуникација е многу затворена-а јас па сум спротивна од неа па и тоа е причината зошто толку ретко се дружам со неа :!:
    со првата да помине утрешниот роденден на другаров, со втората да се видиме за мојот роденден-официјално и на третата да и ја вратам книгата што треба да и ја вратам-од мене толку-ми здосади јас да бидам таа што ке трча по нив-нема карање да има , нема потреба од тоа-само малку дистанца, да им текне на мене да ме прашаат дали сум жива, постојам ли на светов-а за излегување и дружење, сум излегувала и сама така да воопшто не ми е незгодно, а ако лугето зборуваат-нека зборуваат
    во мегу време-нови контакти и којзнае можеби нешто интересно ке се случи во љубовта
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Нешто се случува во куќава :?: Мајка ми и Брат ми постојано си шушкаат нешто, се договараат, па се смеат, па стануваат сериозни.. Низ главата ми се мотка дека ми спремаат некое изненадување за роденден, брат ми постојано ме зеза ехх сестричке остаре и ти :D.. Како не, многу знае тој.. 24-те се најубави години :wasntme:.

    Дефинитивно спремат нешто додека го пишував (го пишувам половина час :D ) затоа што се нешто бараат од мене |(, најдов список со производите за мојата омилена тортаа :angel:
     
    На Agawa, lunicka, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.