Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Ајде,ајде не се zали силна си ти!
    Cе ке пројде.
    Брзо опоравување!!! :) ;)
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Само сакам да јадам. Вкусни нешта. Грицки, слатки целовреме. Може и фаст фуд во придружба на кока кола. И да пијам. Вкусни, овошни сокчиња. Сеа јадам 18г чипс од 10 денари и не можам да детектирам во кој заб ми остана.
     
    На sweet-cherry, ludoto19, rici.aaaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Колку е суров животот кога после една долга пауза, долг период на статичност и статус кво, во рок од неколку часа лесно и едноставно ти ги плесне најболните спомени од минатото. Првата љубов, онаа што си мислела дека е преболена, заборавена и запикана во дупките на минатото одеднаш испливува на површината како некоја поплава да ја донела. Неколку чашки алкохол и погледот веќе ти се сменува, повторно го добива оној сјај на заљубеност кој воопшто не ни исчезнал, туку бил скриен зад пердињата на времето...
    Обврските, далечината, времето... секој заборав е нивни плод.
    Но никој заборав не е вечен.
    Споменот кај и да е скриен, ќе се појави кога - тогаш.
    Кога еднаш веќе е врежан, никогаш не исчезнува.
     
    На richgirl998, julie77, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Зошто некои луѓе не можат да прифатат никаква критика?
    Добронамерна критика бе луѓе, постои и такво нешто!
    И не мора секогаш да значи дека ако некој ве искритикува ве мрази или ви љубомори, чисто информативно...
     
    На Hipster, Serafima, Agawa и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Бидна и овој летен одмор. Убави дваесет дена на море. Одмор без часовници, мобилни и релативно лош интернет (за среќа). Станување наутро кога ти се станува, јадење кога ти се јаде...без правила, термини, рокови.
    Ех, што ми се погоди лежалката. Плесната пред приколка со нозете во вис (без да ме засега што ми мислат комшиите од карши). А тек касно навечер, со поглед во ѕвезденото небо. Нирвана.
    Ми се погодија и книгите, и ручеците и шопингот.
    Само со еден пар се дружевме, со останатите едвај дали некој ред муабет сврзав. Сигурно мислеа дека сум некој идиот или слично...Ама смачено ми беше од луѓе, од празни муабети, од џаболебари, фалбаџии, од се.
    Убаво се одморив навистина и ментално и физички.
    И ич не поцрнев - затоа што никогаш не поцрнувам, затоа што седам под чадор, затоа што носам шешир и се мачкам со 50ка.
    Ова колку за информација на оние на кои единствената смисла на одморот е да се вратиш поцрнет.
     
    На Hipster, kravce, Lov3 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    Како и секое лето, јас немам појма кој ден е точно :lol: :lol: Изгубена во свемирот, би рекла! :D

    Вчера мислев дека е среда, денес мислам сабота, се мислам дал’ да учам сега или после, да јадам или не пред спиење.. Милијарда прашања! Треба да учам, па последен испит во животов ми е, треба да сакам да го завршам што побрзо, ама нејќе па нејќе. Нема чаре.

    Одам да к’снам нешто :?: :?:
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Секогаш кога поминувам покрај контејнер, минувам со страв, мислејќи дека ќе ми рипне мачка од него на глава :|
    Прееска го приметив ова... :D Бог да чува... |(
     
    На Anonymous996, Sexybaby86, iHeartVintage и 8 други им се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Лани кога внука ми дојде на гости слушаше Златно Славејче и Бјело Дугме. Сега ми пушти Северина, на која и ги знае сите песни. Видела Северина ги фаќала тие танчерките па проба и мене да ме фати, прво за цицките, после и за газот. Оф тугооо...
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Леле ме изнасмеа :D јас се имам исплашено од еден човек кој не се ни гледаше дека е во него(во контејнерот) и кога требаше да ја фрлам кесата со ѓубре,се исправи :o ама толку се преплашив што му реков :tmi: дебилу ти нормален ли си бе? од памет ме извади!!!....
     
    На LittlePinky и Anouk им се допаѓа ова.
  10. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Летото е на самиот крај, а овој е претпоследниот викенд. Викенд кој е резервиран тотално за забава, журкање, многу дружење и пеење.Вечер сигурна сум дека ме очекува одлична вечер, со убави луѓе а што е најважно добра музика. Има едно 'sometimes music is all you need' според мене не самтајмс ами секогаш музиката е се што ти треба.
    Утре одам на скроз друг жанр музика , со скроз други луѓе, и поинаков тип забава, но сигурна сум дека ме очекува убав помин , убава вечер, со малку повеќе пиење. :lol:

    Се чувтвувам некако неспремно за почетокот на новата учебна година, но многу сакам да ги видам сите, а и учењето ми фали по малку. Ми фали и рутината во спиењето и заспивањето во 23 часот навечер. :lol: Всушност нека почни учебната година убаво ке ми биди , чувствувам. :lol:
    То е то.
    Имајте сите прекрасна вечер, денот е прекрасен плус тоа е Петок, крај на лето ... :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Едно убаво и едно не толку!
     

    Прикачени фајлови:

  12. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Eве и јас се вратив вчера од одмор. Денес се наспав како човек, а не како таму, да не може човек да спие од што е топло! Поздрав до сите вас! :)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, да се пожалам, да поплачам. Немам каде да го искажам револтот и нервозата.
    Утре вечер ќе пеат Милиграм во една дискотека и толку многу посакувам да појдам, значи ги сакам бре и сакам да ги слушам во живо да се изнапеам сакам, сакам, сакам, С А К А М !!!

    Ама....
    1. Трудна си кај се спремаш да одиш во тие гужви ќе ти се слоши пак како за пивофестот.
    2. Знаеш ли дека 1000 денари ќе ни требаат за да поминеме помалку од просечно.
    3. Со кој планираш да одиме, гледаш Трајанка и Стојан не идат, Стојна и Петре исто така.

    И луѓе психата ме уби веќе секоја вечер една недела уназад сонувам како сум била на концертот.
    Сношти му избегав на мм и ме бараше како луд низ цела дискотека. Некни бев сама исто појдена ама концертот беше неуспешен и седев на маса со членовите на групата пијавме кафе заедно. Пред тоа бев на генералната проба и ме поканија на сцена да пеам една песна со нив.

    Не знаете какво е чувството кога ќе се разбудам и ќе се сетам на сонот. Како идиот се чувствувам :( ;(

    И ми се плачи, многу ми се плачи ;(
     
    На Agawa, cresa-jagoda, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека тие што ми завидуваат,оговараат,љубоморат можат само да ми плукнат под прозор,и да си заминат од мене засекогаш,и уште нешто да ви посакам цркнете.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Е, баш би да видам, како ни чепкаат во... фејсбуковската, во твитерската, во блогерската, во форумската слобода.
    Можда тогаш, дуууури тогаш(!) ќе се озубиме.
    Уствари, е како па да не.
     
    На Hipster, Lov3, Trnche и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дури и со промена на обликот на веѓите,се чувствувам ко нова :D
     
    На dream.queen, Hipica, molikaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ич ги неќам луѓето кои се прават дека се многу подобри, попаметни од другите. Со еден збор дека се "посебни".
    Многу ретко паѓам на провокации од страна на вакви луѓе, се трудам што почесто да ги одбегнувам и да не влегувам во дискусија со нив, но ова денеска ептен ме изреволтира и баш ми е мило што и покажав кај и е местото и колку е само "интелегентна". Тоа ќе и биде лекција за друг пат :nod:
     
    На Hipster, Barbie20, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Изгледа сите си имаме по некоја комшика радознала, такозвана Продужно уво. :D
    Ме немаше видено 3 недели, и само што им појдов на гости од врата ме виде и констатира дека уопште не сум поцрнела. Во превод: џабе си била на одмор! Мојана изгоре на сонце, ќумур се врати.

    *

    Случка бр. 2 со тенденција да се повторува стално кога ќе ме види намирисана како проаѓам покрај неа: Каде бе *, кај ќе шеткаш? Маж и еднаш и врати на тоа: Што ти е гајле кај ќе оди, молим те не и кажувај :rofl: а таа му возвраќа: Па комшии сме, како да не знам :rofl:

    *

    Доаѓа кај нас на кафе, и јас и кажувам еден маалски трач со кој таа не беше запознаена, и ги ококори очите, видно возбудена зема друг стол да седнам до неа, да и кажам уште некој. :D

    *

    И покрај нејзината радозналост со која ретко кој може да се справи и единствен начин за да ја одбегнеш е да и одговориш на поставеното прашање, ни се нашла за мал милион работи, и ние сме им се нашле на нив, среќа има на кој да се ослониш кога во 5 до 12 ти дошло нешто попреку.
    Си ја сакаме многу тетка ***. :rofl:
     
    На Hipster, Lov3, Trnche и 18 други им се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Има две работи за кои им завидувам на другите....

    Првата е чуството за комбинирање на облека. Така тажно ја следам темата Модни критики , ко сираче кое ѕирка низ прозорецот срекно семејство за Божиќ. И навистина посакувам да пишам некоја критика, ама како да пишам кога и на чорапа со балетанки јас би пишала ‘‘одговара, само да се чорапите друга боја‘‘. Си мислам да ставам моја слика, кикикикирика комбинација, па ке изумрете од смеа бе , ке отворите во категоријата хумор тема Стилот на кикирика :( Е така од што сум забегана, од 1000 комбинации кога купувам една ми се погодува толку екстра што нема шанси да остане незабележана. Мислам и другите се забележани ама со потсмев. Така, кога одам јас да купувам обавезно другарка си зимам или брат ми да ме критикуваат (повеке ми се смеат тколку што ме критикуваат ама ај). И кога ке излезам скоцкана сите ми викаат леле колку си дотерана колку убав стил, а да знаат оти за една комбинација да средам цела маала ја викам за жири :(


    Второ што им завидувам на другите е способноста да се изнаплачеш кога ти е тешко. Јас во 3 години еднаш плачам и тоа треба ептен да ме згазила некоја ситуација па да заплачам. А бе ке ми стои тешком ке се нервирам, нема да јадам, ке медитирам да се смирам, ке скршам нешто ако треба ама да заплачам не можам :( А баш такви денови ми се, ме гази се околу мене, ме донесе животот на дното, и наместо да се исплачам ко цел нормален свет јас гледам во една точка 6 саати ко цел ненормален свет .
     
    На WarriorAngel, Sw3et.Ang3l и LittlePinky им се допаѓа ова.
  20. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    дека денот ми е тапа,буквално тапа..постојано мозокот си го оптеретувам со нешта за ои не треба ни воопшто да размислувам..и згора на сето тоа не можам ни да престанам |( ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.