Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Арно е речено: Во Бога верувај, а кај луѓето проверувај.
    Ме плаши интуцијава скоро секогаш, колку сака нека се камуфлирани некои работи, џабе, ќе сетам дека нешто не штима.И на крајот на светот да е човек, ќе осетам дали зеза нешто или не.Та и ме дави интиуцијава некогаш, како некој коментатор :talk: |(
     
    На Dog-lover, nati44, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Народите бунтуваат поради сегрегација,нееднаквост и сите неправди кои можат да го уништат општеството и хармонијата во една држава.
    А ние бунтуваме оти мисицата била грда и и имала грда вилица.
    Покољ. Како смеат бре да ја пратат да не срамува таму?!
    Ех,дебили. |(
     
    На Hipster, WarriorAngel, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    ке го сретнам во понеделник и ке имамм трема .. не сум го видела два месеци :inlove: :inlove: имам тон измешани чувства во мене
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Вртам на такси и :
    -ало такси повелете
    -имете ли слободна кола
    -да,имаме кај Че трбеа
    Јас:кајче не ми треба туку кола!
    и од таму слушам ХЕВ ке те убија хаха викам ме позна а :D
    (другарка ми од ох мажена во источна мк)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Ајде, сеедно.
     
  6. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Проклета да е Америка и овој океан што не дели!
     
    На Hipster, richgirl998 и ariela09 им се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.806
    Допаѓања:
    11.263
    Пол:
    Женски
    Воопшто не го сакам крајот на летото. Од секогаш во мене ќе разбудеше некоја моментална тага, депресивен период... Цело лето си во гужва, луѓе расшетани, посебно навечер и кога дојде септември наеднаш штама :| . Ни се испразни малото градче, а јас не сакам тишина, ја мразам. Сакам раздвиженост, кога е полно, кога и старо и младо шетаат, некако повеќе тогаш се чувствува позитивата кај луѓето. Во ова мало градче од каде што сум јас, само на лето го почувствуваме туркањето меѓу луѓето, преку година е штама |-).
    Имав убава недела и покрај крајот на летото. Ќе станам тетка :angel: . Братучетка ми ќе си има принцеза, здравје Боже за некоја недела. Едвај чекам :inlove: . Оваа недела бев растрчкана по фустанчиња за принцези. Уфф какви има, на човек памет да му штукне, ама со цените мислам претерале. Кога купувам за бебенце сакам се !! Го сакам ова, го сакам и ова и се сакам да накупам. Нека ни бидат чести и вечни ваквите убави моменти, здравје еден ден вака да трчкам за моја принцеза, мамина принцеза :inlove: .
     
    На ilipili, mal.ecka, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  8. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Можеби глумам дека ми е добро,но подобро ми е. Можеби е поради ПМС-от кој ме изненадува деновиве. Но знам што чувствувам. Си решив се во главава.
    Проблемот е што ако го спомне некој тоа,повторно се враќа болката,можеби во помала количина но сеуште ја има. И секако дека ќе ја има долго време затоа што проблемите си ги решавам во главава. Си ги знам само јас,само јас си ја чувствувам болката. Друго е кога ќе ги споделиш со личност.

    Како и да е. Го чекам утрешниот ден, и се надевам на подобро.

    Утре ќе се смеам.
     
    На Dog-lover, Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    253
    Си штракам нешто по јутјуб, се мислам што да пуштам, нешто од постарите песнички, „Зелката има кошули 300“ или „Наташа од трето 3“ или пак некоја епизода од „Во светот на бајките“. Не, подобро „Умни глави“ или „Втората смена“ или „Големи и мали“ или, или... Ехее ги има толку многу. И одеднаш низ умот почна да ми се врти една подзаборавена песна:
    Почнав да пеам, ејј, не знам од каде се сетив на оваа песна :wasntme: . Патувања со рабробил.
    Се сетив како патуваа низ времето, секоја недела, кога сите работеа на струја, а сосетката Мара од трети цел ден брчела со правосмукалката. А за да соберат пари за бензин, отворија театарче. :lol: :lol: . Еј , а како се викаа децата. Коки, Деспина, Филип, Сотир, Гоце. После чичо Наум, или како што го викаше едно дете: Господин Научник, Волот Владо. :^) :wasntme:

    Детство-врати се! :nod:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Sometimes I wonder is it better to wake up in New York and go to work, or wake up in Paris and go to coffee shop!
     
    На sweet-cherry, Dog-lover, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ако Алачки ви беше неподнослива и смешна во студио , гледајте ја сега во природа :D па да видиме како ќе ви се чини :lol: ...како пештерски човек околу огнот врти .
     
  12. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    121
    dali na denesno vreme na 20+ nekoja goinka e vo red da ne znaes sto e toa vrska
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Чудно е како родителите ни се тресат буквално, патат еднакво со нас без трошка резерва, како и покрај цело тоа пазење, мазење, држење нас во стаклено ѕвоно, примајќи ги сите вакцини, сите витамини, одличните услови за живеење и се добро околу нас - ние сме толку кревки, толку лесно ранливи.

    Сум заспала некогаш без чорапи зимоска, боже мој, одма утредента носот ми тече, грло ме гребе, или па недај боже печката доволно време не ми ја згреала собата, утредента крајници до Стамбола! Или па има вирус во градот - нормално, каков вирус е тоа ако не ме проба мене и не ми го зашлапа мојот организам?!

    Не можам да не воочам околу мене, чувани, чувани, гледани, цели ноќи тресејќи се над нас, и сепак, ние сме пак толку лесно кршливи.
    Има толку многу примери и примери. Последно размислував за една моја постара комшика со која вчера пиев кафе. Секое утро во 5 часот станува, оде аргатка по лојзиња, до 2 часот поручек, после си иде, па со мажот и одат на нејзинито до стемнување...
    И викам, како издржуваш, од каде таа сила, над 50 години си?!
    Знам дека е немаштија, животот бил суров кон нив, а се прекрасни и предобри луѓе, о животе каде ти правда, кому кратиш, кому даваш врска немаш!
    Муабетот ми е, не се пазат, ни таа ни мажот и, какви апчиња бре, домашна аптека сме имале, тие немат слушнато за тоа, а се постојано изложени на ризик од најразлчни болести, цело лето се на сонце, цела зима се изложени на ладно со гадни услови, и како тоа јас пред нив сум на ред во болница нонстоп, 10 пати повеќе од нив болна зимоска?!
    И на крај станувам сабајле, наспана 10 часа, си пијам кафе на тераса и ги гледам нив без душа како се прибираат дома после аргатскиот ден, и сепак, со живот во гласот ме поздравуваат и ми прават муабет, и после ладен туш и добар ручек - тие се како нови...
    Вчера цел ден беа на нашето лозје како аргати и вечерта седат сите во двор кај нас, пијат, јадат, се смеат, а јас која цел ден лежеше дома на ладничко, скриена од сонцето, гледајќи серии и јадејќи што ти душа сака - лежев истоштена, едвај дишев, некој вирус ме фанал...ВИРУС - МЕНЕ |( ?! Која логика си игра со нас! Од што мене ме фатил вирус - од германското кафе или од што серијата не ми била погодена...незнам стварно.
    Или па братучедка ми на која родителите не и се опулуваат ни едно посто, која спие на ладно цел живот и се храни толку нездраво - а само 3 пати била во болница и тоа заради гнојна ангина и систематски прегледи, ништо друго страшно...А јас - за што ли уште не сум била(јас ми е земено како пример, под јас мислам јас и уште стотици деца кои се како мене)

    Чуден живот, чудни организми, јас само знам дека од денес почнувам одново, по незнам кој пат со диета.
    И сакав уште нешто да кажам ама ќе дојдам после пак, имам еден битен разговор да свртам - кој може денот да ми го уништи!
     
    На Hipster, Adi888, Doozy и 22 други им се допаѓа ова.
  14. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Се вработив јас во Министерство за труд и социјала, факултетот го упишав вонредно! :rock:
    Си добив и службена кола, и канцелариска работа!
    Сите среќни и горди на мене.
    Почетна плата 25.000, потоа како напредувам така се зголемува.
    Следуваа частенки во кафани, кафулиња, диско, се бре на моја сметка!
    Многу бев среќна, и сите околу мене...

    ...И ме разбудија сабајлево!


    Станав нервозна, лута зашто ме разбудиле, најубав сон што сум го сонила до сега, дефинитивно.
    Психа ме уби, ајде нека ми кренат овие од Министерство, цела недела ги барам! Почнав веќе да ги сонувам.

    Еве јас си го пијам кафето, и се враќам во реалноста! :D
    Добар ви ден драги феминки, на здравје кафенце :*
     
    На Ema.Sk, Hipster, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  15. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Проклета недеља. Ми мириса на некоја невкусна манџа од кај комшиите или сепак од кај нас е? :lol: Ма не, не верувам мајка ми да прави манџа со таков вкус.

    Не требаше може потполно се зафркнав, но го манав жилетот. Убаво си бев навикната со депилатор, но многу ми имаа израснато, па вчера толку ме мрзеше, а морав во ,,кратко'' да се облечам и се избричав. Сега пак ќе се вратам на депилатор. За убавина се трае

    Го нема дечко ми денес ни да се јави, ни да пиши. Ама ако да дишам и јас малце треба без него :lol:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Искрено да ви кажам, само за една работа и завидувам на Берта Додевска. Жената го прошета светот, како дел од своите работни обврски, си прави ќеф на душата, а зема плата и за сработеното и друг и ги финансира патувањата. Баш вчера гледав нејзина емисија „Незадолжително“ и кога ќе пораснам, сакам да бидам како неа !!!
     
    На Elena69221, ilipili, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Драги фраеришта
    Плукањето на улица пред девојки не е воопшто ни фраерски ни шмеќерски ни типски потег
    Напротив
    сељачки е
    одвратно е
    Благодарам за разбирањето :tmi:
     
    На Elena69221, Dog-lover, Agawa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    1.832
    Бев повторно неколку дена Охрид, но овој пат со дечко ми и неговите родители. :)
    И бевме на кафе, од кои 2 пати порачав капучино, а ми донесоа макијато. Што е работата, Охрид не прават капучино, или пак ако му порачав макијато ке ми донесеа капучино? :^)
    Многу убаво си поминав, одмор во права смисла на зборот, сега кога веќе сум дома, се чувствувам некако тажно, се ми е исто, се досадно, сакам промена некаква.. :?:
     
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    премногу кошмари не е на арно де во сон де во јаве веке нз што да направам,а да се повампира?!? :^)
     
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Застрамота е ова за државава.Чекаја пожарот да се рашири толку многу за да почнат да интервенираат со хелихоптери.Пожарот е од вчера ова време а сеуште не е изгаснат,па замислете која борова шума е тоа.На 100м до куќите е дојден,а вчера не мрднаа ни со прст.Застрамота,За што ги користи држава авионите за гаснење пожар не ми е јасно.А застрамота и за тој што го подметнал пожаров,90 % е од човечки фактор.Со која цел не ми е јасно.Постојат секакви псхиопати.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.