Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Убаво е чувството кога правиш нешто добро за себе. Кога се чувствуваш комплетна и внатрешно и надворешно. Нема подобро за една девојка кога си посветува целосно внимание за себе и за средување на своето тело. Ете така, вчера си посветив добри три саати за мене и само за мене. Депилација јас каква што си сакам, со секакви тинтрања и барање и на најмалото влакненце под лупа, туширање јас какво што си сакам, пропратено со триста гелови, маски, пилинзи и тракатанци на современово време, и после нормално уште еден неизоставен дел како и после секое бањање е шлакање со крема на цеееелоттооо тело, ама овој пат разликата е што си се шетав едно добар пола саат низ соба за да ми упие кремата. ^_^ И после си се галев, си го сакам телото такво мирисно. Не дека вчера направив нешто поразлично од претходните ритуали за негување :wasntme: ама некако си се чувствував посебно. Не брзав, си се тинтрав и си се размазив самата себе. И убаво се чувствував, да убаво. Плус почнав и да вежбам ама изгледа само јас си ги гледам резултатите, зошто сестра ми ми се изнасмеа дека сум си замислувала мускули. Јас битно си ги гледам (не знам само дали повеќе ги гледам или ги замислувам ама нема врска) па за другите не знам.

    Друго што сакав да си кажам е дека ме нервираат лицемерни луѓе. Мислев дека се сум елиминирала тоа околу мене ама некогаш ете неизбежни се некои луѓе. Едно зборат пред едни, а друго пред други ама да ви кажам многу ми е гајле. Мене директно овојпат тоа не ме засега и не планирам да се мешам.

    Исто сакав да кажам и дека многу пати, дури и премногу, се докажало дека годините не се мерило на зрелост. И верувам во тоа. Не знам јас како изгледам од страна и како другите луѓе ме гледаат во врска со тоа ама јас тоа што го гледам е во најмала рака смешно. Ама и за тоа не се замарам и тоа лично мене не ме засега. Како и да е сите мора да созреат, некој порано, некој подоцна, а некој богами и никогаш.

    И да, сакав да им кажам на сите машки и овде на форумов и на цел град, цела држава и цел свет дека воопшто не е привлечно чепкање на тој ваш најгорделив дел од вашето тело. Да, така да си знаете сите. Не само што не е привлечно туку е одвратно!!! Не знам како се јас на вакви налетувам. Изгледа дека ептен ми смета тоа па на улица само вакви одвратни глупости гледам. Секаде околу мене, ќе отидам до продавница обавезно, ама обавезно некој ваков изрод се наоѓа, ќе излезам до улица, исто... и се до недоглед.
    Не ми се смејте ама јас на почетокот на врската со дечко ми цело време го пратев и го зјапав (не таму ама гледав раката дали ќе му отиде таму :?: ) да видам дали ќе се чепка како што прават некои машки. Најсериозна сум за ова, и на него еднаш му кажав. Само ако еднаш го видев да го направи тој одвратен, а за мене НАЈодвратен чин ќе го откачев. Дефинитивно. Не се шалам, ќе го откачев. За мене такви работи се знак на (не)култура, а очигледно и (не)хигиена. Секако ова важеше за тие што го прават тоа, а тие што не го прават секоја чест, браво.
     
    На sweet-cherry, Inna5, ljubovche и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
     
    На Dog-lover, dream.queen, Marjan007 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Значи колку ги неќам луѓено по фб кои на секои 10 секунди ја менуваат сликата на профилот само за да добијат повеќе лајкови. Јас навистина не ве разбирам, шо ако зберите 100, 200 па макар и 300 или повеќе лајкови, шо тогаш? Побогати сте? Популарни сте? Или? - Не, според мене мизерични сте :nod: . А нешто најмногу шо ме нервира е тоа што на слика на една другарка ќе се тагнат т.е. ќе ги тагни сите другарки. Ма дај молим те... :swear:

    Иначе денеска сум била вредна. Сум седнала и сум сукала зелник. Ова сукала во наводници. Ми се чини се праев само не сукав. Незнам да сукам, тешко ми е, никогаш не сум знаела, ама ајде белки во иднина ќе научам. Како и да е на крајот излезе нешто, еве сега го ставив да го печам, па ајде кој сака сукано, домашно, нека дојди кај мене.
    Имајте убаво попладне девојки :*
     
    На Hipster, sweet-cherry, Marjan007 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Нема ништо подобро од шоља чоколадно млеко и добар филм на тмурно време.

    Сакам да е есен. Да застудува. Да го облечам есенското палто и фармерките. Со ќебе да се обвивам и да се туткам во прегратките на дечко ми,да се топлиме. Полека ја чекаме зимата,снегот и студените денови.

    Го чекам Октомври.
     
    На Lov3, sweet-cherry, Dog-lover и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Пред очи ми се реакциите и погледите на останатите случајни минувачи покрај мене, додека го правам ова :D :D :D
     
  6. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Оставете не нас што имаме зафркнати обврски за некој месец да си поуживаме во остатокот од Авуст. Не мора уште сега да плачете за Октомври и есента. Ќе дојдат во полна сила со сиот нивни студ. Пола лето беше тмурно, уште Октомври ми треба да го чекам. Речете подобро дека штета е што времето брзо минува.
     
    На zarah, Hipica, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Истрајноста можеби не прави силни,но откажувањето од се не прави уште посилни..
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ненормална ли сум што прееска се шетав низ парк со широчко кежуал фустанче и ниска сандала на прст? :wasntme:

    Пошто слушам у мода било дури и на базен да се иде со танга купачи и исклучиво со штикла 15 цм.

    И јас па колку сум старомодна значи... :x
     
    На Hipster, CuteEva, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    ауу дури сега видов каков лапсус сум напраила :lol:
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    више преку таквото да ти кажам од времево......
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    беше вчера роденденот на Д и отидовме со другарка ми О заедно и по пат ми се јавува другар ми и ме прашува дали сум се договорила со нашата заедничка другарка Ј -мене и на Д за да дојдеме заедно-таа е на седмо небо јас ке и се јавувам да ја прашам дали ке доага со мене како да не-многу е изменета и секогаш е центар на внимание, веке почнува да нервира ама на него му е ок и да не дојдеше другарка ми со мене О јас не ке знаев што да правам и една негова другарка што мене ми беше поинаку представена само што седнавме ме нападна-зошто не сум му се јавувала кога тој ме барал, не сум го прашувала како е и објаснив дека не е така, истото и на другаркава заедничка буквално и го плесна во лице ама доби за возврат повишен тон и која си ти на мене да ми кажуваш што јас ке правам :^) а јас навистина не бев расположена за кавги и знам каква и е ситуацијата-има тумор на мозокот па така да не мислам да и се силам ниту да и вракам :!:
    ја имавме таа чест и задоволство да го запознаеме партнерот на заедничкава другарка и другарот на славеникот и на девојката-напагачка симпатично момче со говорна маана навистина жалосно :x
    шеги, смеење,јадење и пиење-дури и јас се напив чаша бело вино-почна по малку да ме фака јас не пијам инаку-освен дома понекогаш црвно вино и кога се испракавме глумев пијана и се глупирав-да бидам интересна :D ама ме фатија дека не сум пијана-затоа утрово очите не можев да ги отворам :!:
    и колку јас да одбегнувам да го спомнам дебелко од партија, тој го спомнува-колеги се ке ме пецне и јас скокам ама тој не знае зошто е тоа така претпоставувам дека не му ни текнало-машко ко машко
    сватив две работи
    -треба почесто да го дружам Д и повеке да го слушам-за моите маки и проблеми одам на психијатар и здравје ке почнам со терапија
    -да му објаснам мегу редови зошто јас ,скокам, кога ке ми го спомне него оти ова вака не бидува-а знам дека и љубомора е во прашање :!:потсвесно
    инаку престанав да поминувам низ населбава каде можам на него да налетам-ме нема, така да не се гледаме ама на ф.б. го гледам-како-така го прифакам тоа ама кога некој ке го спомне :devil: а само психијатарот и една другарка знаат зошто е тоа така а ако има од Септември состаноци активности избори :x оф леле Господе и мајко помагајте да не почнам да викам или да бегам или да не му ја :punch: една :D
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Некако не жалам што летото е веќе на врата за да си замине. Убаво беше. Не, не беше убаво, најубаво беше. Но се што е слатко трае кратко. Почнува учебната година, мојата последна во оваа училиште. Пред мене се нови предизвици,ги наполнив батериите и се чувствувам спрема уште утре да почнам. Мислам дека нема за што да се жали и есента си има свои убавини исто така и училиштето. :)

    Да кажам нешто и за времето. Баш ми е некако убаво денес. Ниту е жешко, ниту пак врне дожд, таман е за прошетка. Мислам дека е време да станам од компјутер и да излезам надвор на воздух.
    Имајте убав остаток од денот. :*
     
    На dream.queen, Ketrin.Moon, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    На луѓето од кои еднаш си бил разочаран, не им верувај по втор пат! Жално е што таквите ги има многу, и тие што веруваат, и тие што разочаруваат. :|
     
    На Barbie20, Claire, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Малку злобно, ама им го набивам в лице на сите основци и средношколци:
    Јас имам еден месец плус ]:) :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Боже,Боже,исто ко порнографски каталог да сум разгледувала :tmi: На што личи ова бре???? Прво кај им е умот на овие чавките,а второ со кој ум ги викнале нив за реклама,тоа ли е реклама за базен? Дојдете,не да се разладите,туку пошто имаме јаки пи**и (пардон) ц ц ц...И она,штикли за на базен,шминка :puke: Го направија светот ненормален... Она што е нормално е заостанато? I DON'T THINK SO! Нека си ги потприберат малце родителите,ако воопшто можат тие родители да се наречат! :fubar:

     
    На Sexybaby86, CuteEva, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    А ова ако можам да го наречам универзитет ,што прокламира вакви вредности пу јазк .
    Собрале мали девојчиња и ги сликаат во вакви пози :puke:
    Барем да најдеа жени а не дечиња :worried:
    Веројатно ги частеле по некое сокче и им набутале приказни дека ќе бидат маникенки и сега сликај ги не знам како не му беше срам на фотографот кој и да е вака мали девојчиња да ги слика .
     
    На Hipster, Lov3, CuteEva и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Ти добра таго шилеста,
    ти песно тажна недовршена,
    раскрили се,
    појави се,
    на мојот лик.
    Те повикувам,
    види ме мое слатко проклетство,
    та пролеј солза стаклена...
    Ме зароби ли животе,
    во ова тело кршливо,
    ме затвори,
    та и земја да ме несака?
    Искупи ме збору безвреден,
    повлечи ме подлабоко во безднава,
    ако биде,
    да биде до крај!
    Не кружно засекогаш...
    Стопи се душо ненаситна,
    умов не ми издржува,
    подобро лудa наместо залутанa,
    подобро мртва наместо проколната.
     
    На Agawa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    253
    Бесмислено е да ги мразиш сите ружи бидејќи те изгребал еден трн, да се откажеш од своите соништа бидејќи еден не ти се остварил, да се откажеш од својот напор бидејќи еден ти бил залуден, да ги обвиниш сите пријатели бидејќи еден од нив те изневерил, да не веруваш во љубовта бидејќи еднаш си бил изневерен или не ти било возвратено, да ја отфрлиш секоја можност да бидеш среќен бидејќи не си успеал при првиот обид.Запомни дека секогаш може да се појави нова прилика, нов пријател, нова љубов, да се обнови снагата. Барај ја среќата во секој ден!
    Бесмислено е :!: .
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Agawa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Две големи парчиња торта и душата ми е на место. Дома, конечно!
    Ајт што се ближи 1-ви септември туку што знаеш дека си пораснал кога таа дата веќе ништо не ти значи. :geek:

    Сеедно, имам уште многу работи да протуркам до крај на годинава. Боже, дур да се свестам септември дојде...
    Ако, секоја промена за добро е. :)
    [​IMG]

    Cheers!
     
    На Hipster, WarriorAngel, Dog-lover и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Во контекст на порографскиот каталог од мислењето на Divinebutterfly.

    Страшно.Прситојноста вешто ги одминала нив или они неа.
    За жал денес не се знаат границите.
    :!:
    А особено девојќиве од 15, 16, 17 ...

    И јас имам сестра ,цели кон тинејџерските води.
    А домашната контрола игра голема улога.
     
    На CuteEva, Dog-lover, leighton23 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.