Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Се почесто менувам расположение.
    Не,не сум во пмс.
    Некако како напнатоста да ми влегува под кожа.Полека,се впива и ме измачува.
    Ете сабајле уживав,се смеев,а сега сум со солзи во очите.
    Зошто?
    Е,и јас тоа се прашувам.Премногу чуствителност,осетливост.
    Никако да расчистам со спомените од минатото,ќе можам ли некогаш да ги прифатам сите тие ужаси кои ми се случија?Психијатар?Незнам дали тој би можел да ми најде решение.Толку е комплицирано,испревртено,што ќе му треба диазепам после секој третман со мене.
    Барем да можев да се помирам и да почнам од ново.Но,не сака.Еве со години истото па истото.Има ли крај?Каде е?
    Неможам,немам сили.Штетна сум за околината со ваквиот начин на живот.Час позитивна,час негативна.Средина неможе да ми се најде.
    Зошто ми се случува сето ова?
    Како некои луѓе знаат да простат?Како знаат да поминат низ се што им носи животот?Толку ли сум ранлива?
    Како знаат да уживаат без да размислуваат и да бараат одговор зошто им се случиле лоши работи?
    Им завидувам.Навистина.Кај мене постои желба за промена.Некогаш ќе тргне кон подобро,но како некој упорно да ми поставува сопки за да види колку пати ќе паднам.
    Знаете,има луѓе кои се трудат да ја променат иднината,и луѓе кои се трудат да го променат минатото.
    Јас спаѓам во втората група.

    Ми доаѓа да викам,да се дерам,се додека не искочи сиот бес и горчина.
    Залудно.
    Фемина нека биде слушателот овој пат.
     
    На srcekrsacka, richgirl998, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    - Мислиш ли на него?
    - Не.
    - Мислиш. Да не мислеше, ќе прашaше ''На кого?''


    Колку само точно..

    Времево ми буди спомени.
     
    На Hipster, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, CuteEva и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Баш тоа мене ме загрижува...Јас не планирам вака да си го воспитувам детето и нема да дозволам вака да се слика...После имало манијаци...па како нема да има... :tmi: Тие во тој период мислат јаки да се направат,хормони им вријат,а не се свесни што можат да си направат и да создадат куп проблеми...
    Многу ми е мило кога ќе видам воспитани тинејџери,а не ова на што личи :x
     
    На Ketrin.Moon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... и недај боже да им се пререче некој коментар на овие евтини... девојчишта.
    Добиваш одма - Млада сум, ми се може.
    Ако не сега, кога?
    А што, ти љубоморна си дека сум толку јака?


    Да, стварно сме. |( Не можеме да спиеме од мака што успевате да скренете нечие внимание единствено ако покажете голи полумесечини. После кука и плаче зашто не ја сфаќале озбилно... ама ајде облеката, нејсе... начинот, НАЧИНОТ на кој ја носи и како тоа го покажува, да му се згрози на човек.
    И ве молам коментари од типот - па ако е таква и така се облекува, не значи дека не е паметна.
    OMFG are u kidding me?

    Стереотипот не е измислен без причина.
    Сериозно, која паметна, разумна и респектабилна женска особа со доволно ум и самодоверба има толкава желба и потреба за толку вулгарно разголување?
    :^)
     
    На Hipster, Lov3, sweet-cherry и 28 други им се допаѓа ова.
  5. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    СДК 25 август. Да беше со мене веројатно на некој момент ќе го заборавев. Вака останува во меморијата засекогаш. 25 август.
     
  6. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Врескам, но никој не ме слуша.
     
    На Hipster, srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Си седам на терасичката и го гледам зајдисонцето. Прекрасно е!
    Само што се вратив од плажа (изгорена |( ).
    Во принцип јас не потемнувам. :D Јас горам. :^) :D
    Многу ми е жал што имаме само уште една недела! :|
    Но, и септември има свои предности и убавини. Нели? :?: :D
    Нејсе, ви посакувам оваа недела да ви помине најубаво.
    Ве гушкам :hug: и ве љубам. :*
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Пак ја фрламе топката кај девојките ...
    Мене лично ми иде да ги затепам овие организаторите .
    Јас кога ќе им ги видам лицата на девојчињата не ми личат на жени туку на дечиња а тоа и се , само телото им се развило .
    Несозреани се , ете се излажале да облечат штикли и шминка на базен , една дури и танга натепала , но аглите од кои се сликани се да повратиш :puke:
    Жално и срамно .

    Мали се несозреани , сакаат да привлечат внимание , им лета паметот уште се деца , нема ли родители ова да го сопрат , зар никој не реагира што прават еден вид легална порнографија со малолетници :^)
    Дај да не рипаме на девојчињата само , мене ова ми е болно и кој возрасен човек може да си дозволи да експлотира вака девојчиња и зад него да стои институција универзитет. :swear:
     
    На CuteEva и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Кој рече дека бајките не стануваат реалност!?
    Мојата се исполни 8) . Давам чесен збор дека од денес ќе верувам во бајки!
     
    На Doozy, WarriorAngel и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ^ И тие и тие се за ќотек.
    Да сум некој фактор на организаторот би му репнала парична казна или тужба, да сум некој родител што се грижи. Ама којзнае каде се родителите, кој ли агол од белиот свет го какаат или која турска серија ја следат со најголемо внимание, додека девојчицава покажува атрибути.

    И не го прифаќам тоа млади се, сакаат да се покажат, паметот им летал... и јас имав 16 години и ниту една девојка не се однесуваше вака. Сите имаа трошка памет повеќе од ова.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Живеам!
    Се надополнувам себе си,и го надополнувам пропуштеното.Можеби некои времиња е невозможно да ги вртиш,но ако навистина сакаш можеш да им ги надополниш срцата на некои личности кои заслужиле.

    Луѓето околу мене велат сум се разубавела,јас им велам се заљубив и блеснав,сјајот од очите стои и блеска,сите го приметуваат.Тој е мојот човек,човекот кој изгледа дека сум го чекала цел живот.
    Мајка ми порано ми велеше дека кога ќе го запознаам вистинскиот ќе знам дека е тој,се смеев и на шала и велев а што ако не приметам и не почувствувам дека е тој?
    Но сега знам,знам дека тој е вистинскиот.И се приметува,и се знае,еден ден некому и јас ќе му го кажам тоа бидејќи сега го знам и тоа чувство.

    Возбудена сум,брат ми се враќа од Америка за две недели,со душа го чекам,ми недостасува,како што ми недостасуваат оцените од не положените испити во индексот.

    Порција сладолед,сок и цигари во дружба со големата и грда книга за испит.
    Ве бакнувам.
     
    На Hipster, thelittle17, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    На масата стави свеќи, донеси црно вино, ете така ќе ни биде фино :geek:

    Зима... едвај те чекам љубов моја ]:)
     
    На ocila, dream.queen, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.955
    Допаѓања:
    177.775
    Пол:
    Женски
    Го будам во моите соништа.. онаа недопрена реалност за која викаат дека е подобро да не ја преспиеш..она јаве што е подобро од сонот.... ми се дешава за момент, а јас... блесава јас.. ме демне оној страв од непознатото...новото... макар и убаво да е... а е, верувајте..е!
    Се милуваме платонски, детски, наивно. Неговата рака преку моето рамо. Треперам. За момент се околу нас застанува. Застанува времето, сликите во главава кои непрестано ги вртам, застанува тој..застанувам јас, застанува дури и пајачето во аголот кое неуморно ја создава новата замка за новиот улов. Тогаш се свестам. Вдишувам длабоко, и одеднаш се наоколу има совршена смисла. Отварам очи...тој е сеуште тука. Се насмевнува на мојата шашавост и ми ја зема дланката..уште колку пати да ти кажам дека нема потреба да се грижиш повеќе?-прошепоти... пред било што да изустам.. ме гушна силно..и низ онаа заводлива насмевка рече...сега сме двајца, тоа е таа комбинација што ќе рушува системи... секој негов збор ме збунува, ме прави ранлива.... а тоа....смртно ме плаши.

    :)

    Оххх Господееее.... шта се мени догаџа?? :?:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Колку само сум се смеела :D

    Елемент: жена...
    Симбол: Ze
    Откриена од: Адам...
    Тежина: оптимална 54кг, ама варират од 50 до 200
    Големи количини, можат да се најдат во урбани средини...

    Физички особини:
    -Површината обично е премачкана со боја....
    -Зовриват наеднаш, замрзвит без причина...
    -Се топит ако се применит точната постапка...
    -Елементот многу ретко се наоѓат во девствен чист облик...

    Хемиски особини:
    -Лесно се соединвит со злато, дијаманти, и други благородни метали...
    -Апсорбират големи количини на скапи материјали...
    -Можит да експлодират наеднаш, без предходно предупредвење и причина...
    -Не се растварат во вода, ама активноста значајно се зголемвит ако се натопит со алкохол.....

    Најчеста употреба:
    -Најчесто како украс во скапи коли...
    -Можит да се користит за чистење, готвење, а и таканаречено празнење....
    -Одличен медикамент за релаксација....

    Извршени опити:
    -Поцрвенвит, ко ќе ја начекаш без амбалажа..
    -Позеленвит, ко ќе ја клајш до подобар примерок....
    -Зовриват ( на било коа температура, и притисок) ко ќе сте со ист елемент во близина...

    Опасности:
    -Многу опасен елемент, освен во раците на стручњак....
    -Илегално е да поседвиш појќе од еден, ама можит да имате и појќе елементи, ако се држат на различни локации, и не дојдат во директен допир меѓу себе....
     
    На Mayyya и Barbie20 им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Порано децата си беа деца точно е тоа се знаеше каде им е место на малолетниците и како доликува да се облекуваат , но да ги тргнеме штиклите на страна , на базен мора да носат купаќи нели , на што личи - сликање во задница додека се сончаат , додека рипаат во вода :fubar: Многу од сликите намерно се еротизирани .

    Мене ми е жал за децава , не се ни свесни каква штета си прават на себе ...Не знам во какво општество ќе раснеме ние деца :sweat:
     
    На CuteEva, Trendafilka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Ќе ми каже некој што е финтата со вашите одлични ФЕЈК постови?
    Стварно не ја сфаќам поентата на некои од вашите измислени, виртуелни, скоро-перфектни мислења во врска со било која тема.
    Нели е малку малоумно, да глумиме совршени цури/момци, измислувајќи секакви работи, само да привлечеме внимание, да бидеме во центарот(иако не ви текнува дека центарот се бележи со самата 0(нула)) и тоа тука, на форумот?! Да лажеме бидејќи вистината звучи неубаво?!

    Малку време сум тука, но веднаш увидов колку многу ве има вас-продадени душички. Без пардон на таквите би им плукнала во лице!
    :!: Да се разбереме, не навредувам, не осудувам, ни па го имам тоа право, а најважно од се`, не ни сакам. Само, решив да се испукам, и да си ја покажам оваа мала изреволтирана душа.

    Дај бе луѓе, колку и да живееме во овај виртуелен свет на форумот, да погледнеме малку низ призмата на реалноста.
    Можеби моите мислења се далеку од совршени, се глупи, бесмислени. Но, колку и да се морбидни и мрачни, МОИ се.
     
    На CuteEva, Agawa, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Некој се радува на нови кондури, јас кога ќе ми успее колачот. Нови кондури ми се асоцијација на нов плускавец, на разгазување, на нови и нови финти како да ти се ’пушти’ кондурата.

    Ама затоа кога ќе ти успее колачот :x . 4 пати одам до кујна за да го мириснам. Не да го пробам (иако и тоа бидна, совршен е) него да го мириснам. Да не ме гледаше мајка ми, може и ќе го погалев, ќе го бацнев онака невино детски. Ама треба и други да го јадат. Демек.

    Не знам кој има Fine Network Living ама јас благо се опседнав. Преуредување соби, дворови, пилатес, ароматерапија, се следам. Само тие за мода ги скокам. Квалитетот за наши телевизии очигледно е само долг збор така да се селиме трајно на странски. Прееска, случајно на Скај Нет фатив едно интервју со Сашко Коцев. Појма немам која беше водителката, ама поглупави прашања не можеше да постави. Со која актерка би сакала да ја споделите сцената? :^) Нешто поочигледно бидејќи не може. Каква е театарската култура во Македонија? Леле, инвентивност на завидно ниво.

    После се замислив, па и не ме чуди. Па тоа не интересира нас. Дали Сашко Коцев сака на сцена да биде со Анџелина Џоли или Ратка од Пехчево? Кое му е омилено јадење? Дали се снаоѓа во кујна? Затоа што ако се снаоѓа, дома ќе дојде јајца да ми спржи. Квалитетна дискусија, јок. Човекот изгледаше како да му е неверојатно досадно, а и така е.
     
    На Hipster, Mayyya, Edie.S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Зошто? Времето проклето ме потсеќа на бившиот. Јас не треба веќе да мислам на него. Во принцип не мислам, но времето е виновно. Времето ли? Ах, пуста носталгија. Дува свежо ветерце како оние убави есенски денови во минатата година :( Се заврши. Заеби Времето нема да се врати, тој нема да се врати. Нема да го видам никогаш. Денес имам друг кој ме сака покрај се и тоа е тоа. Таква е реалноста. Па, колку е убаво ова времето само за шетање. Дечко ми не излегува, другарките уште помалце, па морам да дремам пред екран. Сепак нема лошо да направам ако претрчам до најблискиот маркер да си купам чоколадо. Чисто за да ми се подобри расположението :D

    Па, имајте убава вечер феминки :*
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сликиве од базенов воопшто не ме изненадија затоа што на одморов се изнагледав скопски тинејџерки, кои бесрамно парадираа со голи г'зови, со крајно безобразно и бесрамно однесување.
    Воопшто не сакам да генерализирам, таман работа дека целата младина ни е таква, но еден добар дел...
    Порано на одмор кога ќе видиш некоја разголена со флертувачко однесување на плажа, знаеш дека е или од Чешка, Полска или сл.
    Сега, а видиш некоја како се пренемага нешто на плажа, им се дере на родителите и плус тоа бесрамно парадира со купаќите напикани во...знаеш дека е од Скопје (пазете се ограничувам на скопјанките).
    Она што е најзапрепасувачки е дека се работи за девојчиња под 18 години.
    Врв на се' беше во една ситуација, седевме со едни пријатели и со децава дојде едно девојче...ај физички доста развиена, ај купаќот не баш соодветен за возраста, а однесувањето...јас не знаев каде да се свртам. Едно флертувачко однесување, провокативно, а разговара со возрасен маж. Девојчето имаше само десет години. Потоа ја видов и мајката...и се' ми беше јасно.
    Убедена сум дека родителите ја имаат најголемата одговорност за однесувањето на своите деца, поточно девојчињата во таа возраст се огледало на своите мајки кои и самите во некој филм. Зарем може да се очекува од мајка да ја учи својата малолетна ќерка да не става слики со бикини на фејсбук, кога и самата ставила слики во купаќи во сите можни пози.
    Ај разголувањето, а ароганцијата. Не можеш ништо да им кажеш, да ги посоветуваш. Веднаш ќе ти лепнат нешто, да не знаеш каде да се свртиш.
    Баш на овој одмор неколку дена стискав заби и толерирав една таква 12-13 годишна тинејџерка. На еден ручек, откако ја разбуричка цела риба и ја остави и напоменав дека треба да јаде повеќе, а и мака ми падна за скапо платената риба. -Уф, па да имам стомак како твојот, ми одговори. Нејзините родители не прокоментираа ништо, а ни јас. На крај, секој си одговара за однесувањето на своето дете, и цврсто сум убедена дека кога и да е ќе ги трпи и последиците од тоа што некогаш изигрувал либерален и модерен родител.
     
    На Hipster, Doozy, Lov3 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се топам како мразче.

    ... А комплетно убава девојка е онаа која го слуша нејзиниот дечко како и потпевнува:

    http://www.youtube.com/watch?v=fmKu9PhwHJc

    Пеперутки девојки :inlove:.
     
    На tigerlady, 1209, Maya3112 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.