Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ...ами, и јас станав академски граѓанин, и мене ме примија на факултет. :rofl:
     
    На Divinebutterfly, Trnche, Serafima и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Сакам да си ги средам мислите, да расчистам сама со себе, да знам на што сум. Сакам да престанам со колебањата. Сакам да си стојам цврсто на своето. Сакам да одлучам што сакам.
    Многу работи сакам, многу... |-)
     
    На sweet-cherry, Barbie20, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    И сакам да кажам а воедно и да прашам Како е можно да ти недостига нешто што никогаш не се случило?! :?:
     
    На Monna.Monna, crazylady, cheetah.girl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    17.214
    Е, сакам на мајка ми да и биде јасно дека нејќам да се замарам што ќе кажеле комшиите ако сум седела во машко друштво и сум се смеела, ако сум излегувала во кратки панталони кога било ладно, ако сум излегувала касно во 10 саат и незнам таму што.
    Мој живот бе луѓе, ќе правам како што мислам дека треба да правам.

    Текстот растура!
    http://www.youtube.com/watch?v=oTyg-nrjEHI
     
    На Dog-lover, Golden, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.225
    Допаѓања:
    140.066
    Што е иронија?

    Да го избереш најдоцниот лет за назад за да имаш цел ден пред себе да го прошеташ градот, а временската прогноза да предвидува дождови и грмотевици.

    Ни дома, ни на шетање. Цел ден со куферот на аеродром.
    Ова излезе лаком г'з - трагедија :D
     
    На Hipster, bittersweet, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    СДК дека кога бев мала брзав да пораснам, сакав да бидам голема девојка, но тогаш не знаев дека не е се така розево во светот на воздрасните, сега повторно сакам да се вратам назад во детсвото,не сакам да пораснам НЕ ! Колку си поголем толку ти се поголеми и обврските,но јас не сакам да го прифатам фактот дека растам и дека со тоа доаѓаат и моите обврски.
    Затоа уживајте додека сте мали, колку сте поголеми толку поголеми проблеми и ќе имате !
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Денес со облаците и дождовите и мене многу работи ми надвиснаа над глава...
    Денес ми беше тежок ден..

    Колку посакав и од друг да случнам дека му бил тежок ден... Дека не ми било вака само мене...

    Долго време бев црврста и на нозе...веќе нозете ме болат...
    Таква сум по природа. Насмеана, жива, весела. Некој ќе рече: колку весело девојче.
    Никогаш, ни во најтешкото не искажувам тага.
    Очите една солза не ми пуштаат. Ни кога сум сама.
    Не сум од камен. Само, не се предавам и прекажувам лесно.
    Но, вечерва чувствувам реките ќе излетаат од мене...вечерва е таа ноќ...
     
    На Bozica1980 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни одговорите на прашањето ,,Дали кога би имале можност би смениле нешто во досегашниот живот? Некоја одлука,избор?“ Можеби треба напишам одговорот,пошто задолжително следува ,,Па,не.Грешките што сум ги направила ме направиле тоа што сум“.

    :^) |( А тоа,несомнено е совршенство,па зошто да чепкате и да расипете идеал.Многу нормално,кој би го сакал тоа. ;)
    Врв на хипокризија и суета.Првин не им верувам воопшто.Никој не е искрен(и подобро да не е) и ваквиот став целосно е во склад на утехата на лисицата за киселото грозје што не можела да го дофати.Кога стварно би било можна таквата опција,сите ќе се истепате па само тоа има да се прави. :lol:

    Па втората претпоставка,дека некој од пуста суета не би се свртел назад за да направи нешто подобро ми е уште поодвратна.Од грешките се учи.Па нормално дека се учи и искуствата се користат за да не се повторат,тоа не го оспорувам.Но,да имаш можност да се вратиш и таму каде што си згрешил да постапиш правилно, а да не сакаш да го искористиш тоа...не го разбирам тоа. :|

    Епа јас,бесрамно изјавувам дека кога би имала можност да ги поправам сите грешни потези во минатото,абе сите до еден би ги испоправила.Па нека станам кој сака ако треба. :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.738
    Сељак од типот само шо стига на одмор и се чекира,као нас не заболе пенис за тоа што така небитна личност прави.Замисли колку треба да си полн со себе си така јавно да ги известуваш сите,а освен на домашните на никого не му е гајле.До душа тоа беше глупоќа и неизживеаност.Инаку пофино у живот не ми било.Ако ме снема на подолго да знаете сум загинала во некоја моја опасна авантура.Да не се фалам ама светам у темница од среќа.Мора да најдам безбедни начини за кревање на адреналин,зошто веројатноста да изгинам е себпиголема.Ама па живеам со остварени соништа.
     
    На rici.aaaaa, Trnche, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Кога ќе ми стигне порака од некоја дигната фуфица: бројот што го баравте, е веќе достапен.
    Ми иде да и пишам назад: Да, ама јас веќе сум трезен |( .
     
    На Barbie20, richgirl998 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  11. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Она кога и покрај се` решаваш да останеш дома.
    Во мир.
    И тишина.
    Без да те интересира каква е новата средина што ќе те опкружува.
    Без да излезеш надвор да видиш што е тоа што ќе се случува околу тебе...на тебе.

    Останав дома вечерва.
    Се чувствувам поспано.
    Но да спијам-неможам.
    Тешко е за објаснување.
    Бесмислено.
    Несфатливо.
    На некој начин дури подбивно.

    Зошто секогаш кога сакаме да избегаме од нешто, се повеќе и повеќе налетуваме на истото?
    Се среќаваме со него?
    За да боли уште повеќе?
    Па верувајте, успева.
    Боли.
    Но, нека.
    Ќе му здосади и нему.
    Или пак, ќе му биде толку убаво, со што ќе потрае, ќе ме натера да се навикнам.

    Ќе се навикнам.
    Ми кажа: „Ти си мојата хероина! Ќе бидеш добра! Мора да бидеш!“
    Му поверував.
    Ќе успеам.
    За него.
    За мене.
    За...НАС.
     
    На Barbie20, richgirl998, EleonoraLovato и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од сабајле немав ништо јадено, и сеа со мерак си напраив пица лепчиња што брзо се печат, и одам по 10тина минути и ги гледам загорени. Баш ми се скрши цел филм и сега уште повеќе ми се јаде ;( не сум ја за овие работи и тоа е факт.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    ^И мене многу често ми се случува тоа,баш кога сум најгладна она што го припремам мора или да изгори или да не го погодам :fubar:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Здравје ако ми оди се според планот наскоро ќе имам и работа :wink: ќе си го обновам бизнисот :wasntme:, се борев многу време и еве ме на прагот да го постигнам тоа што го сакав. Време беше нели ^_^
     
    На Serafima, teddybear, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Во нормални услови би го хејтала дождов и свежово време до немајкаде,но денес ептен пријатно ме изненадија облациве и ме усрекија. Па не можам бре полудев од жешко.

    Сакам да си живеам на некое медитеранско место. Би го одбрала Капри. Не знам зошто ама мислам дека тоа е местотo за мене да пуштам корења. Некое куќаре поред плажа,немора да е големо. Само да е поред плажа. Би била сопственик на некое мало медитеранско ресторанче ,а јас во него би била главен кувар. Би живеела мирен и спокоен живот со Него. Нутро кога ке станам првото нешто што ке го видам ке биде Неговиот лик,а утринското кафе би го пиела на малата и скромна тераса со поглед на морето додека ветерот ми го милува лицето. Мирисот на морето ке ме опива а брановите ке ја успокојуваат мојата душа.
    Ах пусти желби ...

    [​IMG]
     
    На kravce, bittersweet, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Крајно револтирана.Бесна.Ма нема збор со кој ќе може да се опише како се чуствувам.
    Имам болен член од семејството.Ненадејно и се слоши и неможеше од кревет да стане за да одиме во болница.Бевме принудени да викнеме брза помош.
    На нашиот повик знаете каков одговор добив?!
    -Нема да дојдеме,малку луѓе сме на смена.Нека се напие диазепам.

    Е*бате државата,е*бате. :@
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Еден од најголемите и најубавите настани конечно се случува во родниот мој град, сензација во бело, Битола во бело, а јас сум во Скопје... :@ :@ :@ и ајде после не се нервирај... :@ Ех, тоа ти е ... ајде можеби наредната година, лани беше супер... сигурно оваа година ќе биде уште поубаво... ако имам среќа наредната година...

    Ми се оди дома ама не многу на два-три дена, колку да се прошетам и да излезам, па пак да се вратам...
    Ајде нека помине 2ри Септември и тие уписите нека поминат, да одам дома на неколку дена, па да се вратам и да почне факултетски втора година... :tmi:

    Изморено се чувствувам... вечерва дефинитно вратата од балконот не си ја оставам отворена... сабајлево замрзнав. Сега прозорецот само хахах :rofl:
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Да, морам да се согласам со Имелда, не сте виделе вие дожд. И мене ми сметаше во Македонија, ама тука гледам на луѓево временските услови не им го менуваат многу текот на животот. Почиња да врне, да плуска, ама ненормално врне, како по филмовите. Сум се чудела како може за 3 минути да те направи како бањат, ѓоамити тоа само на филм, не бре бате... Не за три, за една минута си утоп, за три веќе под вода пливаш, за пет минути риби пливаат околу тебе и еден кит пушта вода сред полето.
    :D

    Јас од ситно поситно бројам, најситно можно. Да се одјавам од пустелијава, немој случајно да ме бараат и да не можат да ме најдат, да се допакувам, уште нешто ситно, и тоа е тоа. Завршија глупостите за мене. Будалите не знаат веќе што да направат од бес, уште не чиниме, малку ни се мрштат и не ни викаат здраво и чао, а пред некој ден имаше премиера на филмот - како ќе функционирате кога нас ќе не нема. :rofl: Стоев и се смеев, како тетки кои цело лето се лицкаа на места кај што не се работи воопшто, со гелни олкави ноктиња, или батиња кои ги гледав цело време надвор на пуш пауза, или ,главни, навикнати само на утрински и вечерни смени, а не на попладневни кога се рмба најмногу... е тие, се туткаа, не знаеја да прават сендвичи, изгубиле кондиција, заборавиле како се работи... Како се трча, се поти, како болат нозите, како не може вода да се напиеш кога има муштерии, еееееее, тешко било, ееееееее, а за нас ништо не беше тешко, а? Се фрцкавте три месеци, ама готово, крај, ди енд, финито. :D

    Живчана сум станата ненормално. Прееска ама ме фана една нервоза, ама една таква лоша нервоза, ама Бог да чува. Ми текна дека животот си го ставив на стенд бај, и дека и дома имав проблеми, и нервози, и ми текна на тоа каква никаква бев пред да дојдам, и ме фана еден бес... Тука ми беше тешко, имав проблеми, ама знаев дека ќе заврши кога-тогаш. И ми текна дека, уф, не знам, пак борба, пак едно, па друго... А јас сила само да спијам. И не сакам да се замарам со ништо и со никој.

    Од друга страна пак, сфаќаш дека и некои проблеми не биле и баш проблеми. Некако се учиш повеќе да ги цениш работите и тако то.

    Абе само да тргнам и да стасам дома, ќе му ја мислам после.
    Ууууууу ла ла!
    8)
     
    На Hipster, Serafima, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Секогаш ќе бидам онаа тргната на страна.
    Секогаш ќе бидам онаа чудната.
    Секогаш ќе бидам онаа со големи очекувања.
    Секогаш ќе посакувам.
    Секогаш ќе немам.
     
    На deedee0, Hipica, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  20. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    само ова сдк 8)
     

    Прикачени фајлови:

    • large.png
      large.png
      Големина на фајлот:
      135,6 KB
      Прегледи:
      186
    На sweet-star, Anonymous996, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.