Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Знаете зошто женските секогаш ќе бидат како род победни од машките? И послаби, и подолу, и поглупави и се`? Затоа што ги менувате ликовите како чорапи во зависност од дечкото со кој излегувате, ете затоа. Затоа што нема девојка со свој карактер и свој став, туку на сите ви се позајмени на неодредено време, па кога ќе раскинете се чувствувате ко изгубени кокошки во свемирот. Епа така е, со раскинувањето на врската си оди и „вашиот“ карактер. Буквално, не познавам девојка што не го сменила најблаго речено вкусот за музика заради дечкото. Или ако имаат ист вкус на музика, жанр и такви работи, обавезно на девојката омилен артист и станува омилениот од дечкото. Спротивно на тоа, не познавам дечко кој се сменил за девојката, освен ете, можеби, евентуално и единствено, само музиката, која сепак не станува негова омилена, туку едноставно, започнува да биде дел од плејлистата. Да ве гледа некој од страна...всушност еве јас гледам од страна, и колку што ми е смешно толку и ми е жално. Всушност не, само жално ми е. И да биде уште пожално, плукате по претходните работи кои ви се допаѓале исто како што плукате по бившиот и се чудите како сте можеле. Не знам зошто толку е тешко да се каже да убаво ми беше ама сега заврши и тоа е тоа. И продолжи си со животот не мора да правиш будала од себе си пред другите. Всушност, секој еден бивши дечко, е дел од вашиот карактер, односно вашиот карактер претставува целина од сето она низ што сте минале низ животот. Не е само еден мал дел на кој треба да се насочите и да го одржувате, гледајте ја целата слика и извлечете го најдоброто. Најдоброто треба да ве претставува, не најактуелното. Ете тој лицемерен сегмент од женскиот архетип засекогаш ќе претставува слабост кај вас. Тоа што вие сте тие што се адаптирате на некој друг, на крај останувајќи со празни раце, без концепт на функционирање и заглавени во тој маѓепсан круг да мора да се адаптирате на некого за да имате што да кажете за себе, тоа ве прави глупачи.

    А сликите од базенот со малолетничките на штикли, се таму каде што и припаѓаат, на портали, во весник, по можност и на насловна. Погрешен е концептот со кој беа претставени. Требаше да има цел елаборат за правецот кон кој цели денешната младина, за изместени вредности, за педофилија, а не да бидат претставени како секси мачиња. Но, не можам да кажам дека го очекував тоа или било што паметно од македонското „новинарство“.
     
    На Monna.Monna, Hipster, Divinebutterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    ^ Воопшто не се сложувам со твоето мислење. Знам премногу ситуации каде машките биле тие што пателе, менувале карактер и се опседнувале со другите бивши дечковци на девојката. Изгубен петел во свемирот ете баш така :rofl:. Ако тој слушал не знам Бјело дугме или Тони Цетински сигурно дека јас нема да почнам да слушам нешто заради некој. Секој си има свој вкус за музика.
    Карактерот се менува на секои седум месеци, ова психолошки е докажано и нормално е човек да се смени ако прекинал да контактира со личност која му значела( ова важи за подолгите врски).
    Не може некој да се чувствува изгубено ако одел со дечко два-три месеци, за толку кратко време не можеш ни да се заљубиш како што треба, а не па по разделбата да се промениш...
    Не е до женските...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Машките што се менуваат се бројат на рака. Тоа е мал број, неспоредлив со бројката кај девојките. И сите така викаат, нема да се сменат, ама чудно е како сите се сменети. А инаку дека нормално е човек да се смени, знам дека е нормално, и јас го делам тоа мислење. Но, тоа не значи дека треба човек да се менува со раскинување на секоја врска, фундаментално и есенцијално. Нормално е дека секој остава свој белег во нечиј живот, и секој сака да промени нешто после некоја разделба, но тоа нема врска со менување на целосен психолошки профил. Не зборувам јас за ситници.

    А за врските од 2-3 месеци, тие се тие најтрагичните. Просечна девојка, пред да почне врска со некого, веќе му имаа избуричкано до толку во животот што може и натална карта да му направи на потенцијалниот дечко, својата мета. Тоа замарање е жално, но уште повеќе е тоа што уште пред да се пушти во врска, девојката веќе се променила, само за да добие нечие внимание.
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Е за тоа се сложувам... ама јас не го сфаќам она 24/7 потреба да се биде со дечкото... во случај да не се заедно мора на секој 5 мин јавување и слушање, зошто нели многу се сакаат. Па девојката заборавила на дружењето со другарки и нормално после раскинувањето нема со кој да излезе, нема другарка и ако има некој нов на располагање ја гледаш со нов и пак истата приказна... :x
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Се рашишах :rofl:

    * * * * * * * * *

    Нека ни е честит денешниот празник и само убавини да не пратат :)

    Имајте убава вечер :*
     
    На sweet-star и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Има моменти помислувам дека никогаш нема да ги соберам парчињата од распарченото срце, има моменти и кога помислувам дека дел по дел полека но сигурно повторно се склопува.
    Понекогаш мислам дека имам надеж за повторно да се отворам некому, повторно да сакам, но секогаш еден дел од мене се противи, еден дел не дозволува повторно да ризикувам. Не дозволува да бидам повредена..
    Искрено не ги сваќав луѓето кои имаат изградено ѕид околу себе и не пуштат никој внатре, а ете сега сум и јас една од нив... :|.. Сега знам дека тие луѓе всушност се обидуваат да се заштитат самите себе.

    Нека ни е честит денешниот празникот :) Имајте убава вечер.. :) :)
     
    На Divinebutterfly, Serafima, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Фризурата ми е како на кловн. Виткана и бушава. Утре морам да ја сменам.
    Ме болат рацете од глупавата кошарка...нозете ми се за никаде оф балетанките...Колку „прекрасен“ ден...
    Па дури мораше и облачно да биде времето... :( :@
     
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.797
    Допаѓања:
    4.916
    Пол:
    Женски
    Да, имам предрасуди во врска со баби - сеништа што на 60 и кусур години запнале деца да учат. Пушти срце бе човек, остави млад кадар да се вработи, да не кисне по дома. :@
    Не генерализирам воопшто, знам дека си има и такви кои си имаат причини, ама од пуста себичност - зошто да зема 15 000 пензија кога може да си зема плата од 25 000? :devil:
     
    На mila89, Izaabella, Espadrila и 2 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Замислувам дека сум во еден манастир,со верници и оние другите ,кои упорно го повикуваат Бог да го заврти клучот на будење и да ги отвори капиите на сознанието.Тука не се проповеда ниедна вера,ни едно учење,ни едно откровение и мудрост.Тоа се само згради над карпите и над нив високи кули на самотијата.Тишината е внатре во ѕидовите и соочена сум со својата суштина и оголена на острицата на искреноста.Еден мал плоштад,мермерни статуи на голи демони и насмеани ангели,градини со кринови и винови лози,едне дрворед маслини...И тука да се игра игра на вистината и победник ќе биде оној кој ќе ја изгуби сопствената лага....
    И замислувам, како е да се вратиш назад,во стварноста,на улица ,во кафана и на пазар ..и ти одиш таква меѓу луѓето...да бидеш соочена со светот и со другите, и пронајдените вистини за себе.И тогаш да се појави ТОЈ,дека постои,но ете малку замолчал.
    И замислувам дека на крајот не треба да најдеш таков манастир,туку да го изградиш во самиот себе,и да се скриеш во него.Одвреме навреме.
     
    На vinozito1, Serafima, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Не постои нешто победно од преземање туѓи заслуги, од китење со туѓи перја.
    И не можам да разберам, што е користа од тоа што искористувајќи туѓа идеја и туѓ труд ќе ги добиете посакуваното внимание и пофалби? Не ви спласнува ли целата сатисфакција кога ќе ви текне дека тоа не е ваша заслуга, дека сето тоа е лажно?
    Без разлика на постигнатите резултати, можеш да се гордееш и да бидеш задоволен само со нешто што е твое дело...
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly, WarriorAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Колку ми се срцкасти девојчињава што измислуваат нови зборови во овој случај болесначка со цел да те спуштат на нивно ниво,и да се испокараат со тебе,и на крај коа ке им речеш неколку збора,што не ни знаат што значат,ке видат дека неможат со тебе,немаат што да ти одговорат,и после цело дебилно однесување ќе ти се извинуваат,башка по се тоа ке ти кажат дека се и поголеми од тебе, па дури цела година,лошо,лошо...Господе,не фрлај цигла,цела зграда фрли и биди прецизен те молам :x
     
    На richgirl998 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Посакувам да сум здрава, љубена и среќна!
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      71,2 KB
      Прегледи:
      788
    На Libera, dream.queen, WarriorAngel и 40 други им се допаѓа ова.
  13. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    Среќен роденден драга моја
    Сите желби да ти се исполнат и да си бидеш љубена и заљубена секогаш
    Голем Поздрав :*
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Здраво Марфи, знам оти ме мразис!

    Ме зафркна другарми Марфи, си имав цел пост написано кога марфи реси да ми снема интернет бас во магиЧниот момент кога требасе да кликнам на "испрати" и да ми избрисе се! Марфи, и јас не те љубам.

    Како и да е, денес го прокопав форумов малку, проЧитав многу интересни мислења и се просветлив.
    Збоувам многу за тоа какви се девојките на денесно време и дека се тие виновните за како момците не третираат.. и ондааак тадададааам.. И јас не сум нисто поарно!
    Од сабајле, 100 пати му го отворив профилот и исто толку пати проверив пред колку време влегол ла ФБ.
    Едно 20 пати го додадов во блиски пријатели за да видам кому стиска лајк и пред 2 дена му го превртев цел, буквално цел профил. |(

    Абе дете, разбери дека не те сака! Уствари мозе те сака ама само за секс.
    Реков јас, изгледа треба усте многу пати да го изгледам "He's just not that into you".
    Ако сака да те слусне, ке ти се јави ке писе... ке те покани на пијаЧка. Вака на сто се надевам и јас не знам..

    И да, се мразам сто се нервирам за глупости, сто дуплата вага ми меса прсти и во најбаналните одлуки како на пр. Да облеЧам црна свилена или розева памуЧна танга? Хелооооу!!
    ..Сто не знам да играм тактиЧно, овој мој издепилиран јазик мора да си издрнда тоа со му прдне, ох бре!
    Сто многу ретко ми текнува колку вредам, колку сум силна и колку мозам да направам од себе.
    Мислам, јас самата не знам да си ја ценам лиЧноста сто ја носам, како оЧекувам некој друг да ја цени и дури пак и да се заљуби во мене?!
    Не не не... Гуска сум.

    Мислам дека сега ке одам да си мавнам една воспитна.
    Останете ми во здравје.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Некогаш може да имаме безброј пријатели,најдобри другарки/другари,но тоа што ни лежи на душа да не можеме да го раскажеме.Не сака да искочи од нас,зошто знаеме дека никој нема да не разбере.Можеби треба само да не ислушаат,а некогаш секој не може да биде добар слушател.

    Одам да спијам,така не мислам.Поубаво ми е.Утре ме чека нов ден.
    Што ќе донесе,нервози пак?
    Навикнав веќе,ќе ме зачуди спротивното.... :yawn:

    Среќен роденден лепаа,биди најсреќна и се што сакаш да ти се оствари
     
    На Adi888, richgirl998 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.274
    Пол:
    Женски
    Моментално сум невидена катастрофа :| . Такви ми се овие 2,3 дена. Ме демнее некоја вознемиреност, грутка во стомак, со еден збор ужас. Најтешко од се, е да имате време на претек и да не знаете што со себе. Дури и она малку кое треба да го сработите, едноставно е со зор, небива и небива. Незнам веќе на колку места аплицирав, барем културно е да одговорат кога добијат нечиј емаил, мислам човечки пред се :| . Ма кому му е грижа. Мислам дека одвнатре ќе почнам да се јадам што вака дремам, работата го одржува човек, а мене вака мислам дека се ме дотепува. Кога имаш обврски си исполнет човек, немаш време да мислиш како се чувствуваш кога е облачно , кога си во ПМС, и да си набројуваш по незнам кој пат проклети симптоми... абе невиден ужас сум, знам :| Чувствувам дека хормоните коло играат, а мене ме излудуваат, ме дотолчија.

    **************************
    НО :!: Јас знам дека за месец, два ќе ми се исплати трудот, ако не друго имам верба :lol: . Мора среќата некогаш да се насмее. Не може постојано да има облаци. Знам дека наскоро и јас ќе можам да ги израдувам моите. Искрено мечтаам за тој ден кога ЈАС ќе можам да си дозволам да ги почастам моите, да ги помогнам иако не бараат ништо од мене, но заслужија, премногу заслужуваат. Доста се трошеа за мене.
    Животот ваков или онаков, убав е. Понекогаш солза, понекогаш насмевка, тркалото се врти. Здравје нека има, вербата и упорноста секогаш да биде во нас, се друго полека ќе се среди :) . Убавите мисли ќе ни отворат многу врати :) .
    Имајте убава ноќ, јас безделничар, допрва за мене ноќта почнува :geek:
     
    На Barbie20, bittersweet и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  17. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Истото и јас си го викам за мене, истооо тотално
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.133
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ваквите не се менуваат само поради дечкото, имаат друго лице и со другарките, едноставно немаат свое јас. Сакаат сите да имаат позитивно мислење за нив и затоа ставаат ново лице во зависност од тоа со кого се. Не се сигурни во себе и секогаш се согласуваат со другите, се плашат да застанат цврсто позади својот став. Работата е што да, со дечкото можеш да се преправаш, можеш да лажеш дека ти се свиѓаат сите работи што тој ги сака, но што кога врската ќе прерасне во нешто многу посериозно, во заедничко живеење, во брак? Тогаш настануваат сите проблеми, кога маската ќе падне. Никој не може цел живот да се преправа.
    Ваквите личностите почесто се од женски род, бидејќи се понесигурни. Но има и машки кои исто така се однесуваат.
    Така што бидете свои, подобро на некој да не му се допаѓате поради вас самите, веројатно тој некој не ни заслужува да биде во ваше друштво ако е така, отколку некој да биде со вас поради тоа што не сте, поради една лажна претстава.
     
    На Monna.Monna, Barbie20, Claire и 8 други им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам......сега сум горда мајка на два сина....се породив.

    Маж ми ме заебава дека ќе ми купел турбан и кристална кугла да почнам да се бавам со предвидување на иднината на народот а предходно ако било можно да сум ги сонила бројките од лото :lol:

    Се роди мажево мое баш како што сонував на Богородица а патештвието до чинот, филм да снимам, не знам само во кој жанр да го сместам во комедија, траги-комедија или драма.
    Си станав сабајлето порано, немав никакви симптоми дека денот пристигнал, со нудистот 24 часа предходно имав болки, се спремав заедно со малиот да одиме во црква да се причестиме, се мислев дека можам сама да возам до црква, среќа татко ми мислел поинаку па таман кога влегував во кола дојде и ме натера да седнам да ме вози.
    А маж ми си го испратив на работа уверувајќи го дека нема шанси да има нешто тој ден, не чувствував никакво наговестување.
    Стигнавме во црква, постоевме малку дури се одржуваше литургијата, заврши се тоа, застанав во ред за причестување, се причестив, го кренав малиот и тој да прими причест, како го кренав така само осетив вода по нозете, леле која срам ме изеде во сред црква, пред еден куп народ ми пукна водењакот.
    Попот се стаписа, дали помисли дека сум се помочала, му викам да го најде татко ми ако не сака тука во сред црква да се породам, се растрчаа луѓево, де вода ми носат, едни брза помош ќе викаа, место да сум легнала ми направија а татко ми како во земја да пропаднал (тој па сирот се заглавил во вц, не можел вратата да ја отклучи :D) ајде го најдоа татко ми, ме качија во кола, дури и вода фрлија по мене :rofl: а син ми цело време скока покрај мене радосен конечно ќе излегувало бебето од стомакот.

    И така стигнавме во болница, дојде сопругот и после 3,5 саата од push, push на 28.08 во 13.25 излезе синчиштето мое 4585/57.


    Првата мајчинска реакција кога ја видов бројката..МИ СЕ СЛОШИ :sweat:
    Мајко мило што сум истуркала низ себе, си побарав шеќер и вода а на маж ми му викам дека чувствувам како да сум војник што се вратил од некоја битка и сега треба да ми се даде орден за храброст/ издржливост :D

    Кастиел како име отпадна, нема смисла, роден е на голем празник православен, во црква ми пукна водењакот од имињата што ги имаше напишано кумот (го имаше и Кастиел) се мислевме помеѓу Максим и Константин и бидејќи на Матео повеќе му се допаѓаше Константин иако не може да го изговори како што треба а и треба големо име за големо момче се одлучивме за Константин :inlove:
    Првиот што ќе му го скрати името во Коки или Тино нека се пази ]:)

    Матео го обожава, синоќа си спиеше тука во болница со мене и со бебето, да не се врател назад во мешото :rofl:

    Леле ама сум се изнапишала па, па, па :talk:
    Почастете се :hai:

    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    • PB160532_opt.jpg
      PB160532_opt.jpg
      Големина на фајлот:
      11,9 KB
      Прегледи:
      576
    На Mama25, Anja98, Nati.P и 131 други им се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    24.074
    Пол:
    Женски
    Честитки, Битерсвит ! :*

    Живо и здраво нека е и да ве слуша сите по дома. :D

    Ептен се израдував. ^_^

    Ајде си признавам, сакам и јас едно синче. :wasntme: :inlove: :rofl:
     
    На Mama25, Adi888, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.