Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    За едно нешто сум им најнајблагодарна на моите родители. Тоа што ме научиле дека парите не се' се во животот, им благодарам што ме научиле кои се вистинските вредности, дека хармонијата по дома, насмеаните лица на сите четворица е многу по вредна работа отколку едни нови патики од 100 евра, а намуртени лица.
    Им благодарам што и покрај сите тешки моменти, финансиски падови и издигнувања не се променија и домашната атмосфера ни остана иста. Полна со љубов и среќа.

    Кој вели дека кога сиромаштијата влегува од една врата, љубовта излегува од другата? Најголемата глупост што сум ја слушнала. Сигурно ова било измислено од уште една материјалистичка душа на која ова и' било единствен изговор за да си замине од љубовта кога не можела да си ги дозволи луксузите на кои е навикната. Моите родители се доказ за целосна спротивност. Секогаш и покрај се, сме биле сите заедно. И кога сме имале и кога сме немале сме седеле на иста маса, сме јаделе на иста трпеза, сме биле насмеани, сме се зафркавале, сме гледале заедно филмови, сме биле тука еден за друг и секогаш имало волја и надеж за подобро утре, ама најбитно е тоа што сите сме живи и здрави. Не сум приметила дека кога сме имале повеќе пари дека моите се сакале повеќе, а кога сме немале дека се карале или дека не се сакале. Впрочем нели љубовта беше да се сакаме такви, какви што сме и да бидеме заедно и во добро и во лошо? Не сфаќам каде се тука парите?

    Ги жалам луѓето на кои парите и воопшто материјалните нешта им се' се во нивниот беден живот, навистина ги жалам. Уште по тажно е тоа што они самите не се ни свесни за тоа. Мислат дека така треба, така е убаво, така се среќни... Понекогаш сакам да можев да им помогнам и да ги видат вистинските убавини во животот ама невозможно е. Таквите луѓе ги гледам како да имаат некој невидлив црн превез пред нивните очи и гледаат само доларчиња и евра. Сериозно така ги гледам.

    Како и да е, мило ми е што и до мене си имам личност која за мене е целосно олицетворение на љубовта, животното искуство и смиреноста. Само со таква личност можам да патувам низ животот, само од таква личност можам да се хранам со волја и надеж.
     
    На Cataleya, Monna.Monna, Hipster и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Збунета сум... незнам дали постапив правилно!! Нешто во мене ми велеше дека е во ред да ставам крај на ова, а друго дека конечно имам причина за тоа ништо не ми рече да не постапам така! Не се каам, само незнам дали постапив правилно! ПОмирна сум и мило ми е што ете така бидна :)
     
  3. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Ја читам темава скоро секој ден и сега слабо има трудни, готово мина сезоната на трудни феминки. :lol:
     
    На richgirl998 и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова само мене може да ми се случи

    ем седативи & антидепресиви да пијам
    ем циклус имам
    ем почнува да ми се покачува температурата-изгледа ке се разболувам
    заклучиок: катастрофа ама фала и на другарка ми што барем ми подари тегличка :* :hug: -нешто да ме израдува денес
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Еј не сакам да се мешам, ама знам дека со прашањево се мешам, но - колку години имате вие феминки што пиете антидепресиви секој ден? За вас не е убаво до толку да се навикнете на тие "апови".

    Јас кога треба аналгин да ставам во уста се размислувам дали да го земам или да ја трпам болката, а не па за нешто како АнтиД. А верувајте и јас сум била во доста шашави моменти на болка. Сеуште не сум го запознала вкусот на дијазепамчето или лексилиумчето и така тие натаму. Осеќам дека ќе кркнам едно такво кога ќе летам накај Америка.

    Имав прилично досаден ден. Само си лежев. Безработник сум ја и то во права смисла. И не, ич не ми е убаво вака.
    Од кај соседите се разлева мирис на супа. МММ.
     
    На bittersweet и imelda им се допаѓа ова.
  6. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Доста ми е од лицемери. Ако не ви се важни парите во животот, фатете се за мотика и работете нешто колку да имате за леб, за другото љубовта ќе ви заврши работа, така? :^) Ама не, во пракса поинаку се однесувате.
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да си во студентски дом е како да си на екскурзија 4 години...
    Друштво, утеха од некого ако ти треба, можеш да ги споделиш проблемите со некого, мали забави - со еден збор, скоро никогаш не си сам...и да имаш недостаток од финансии, или федерите од креветот да ти се искршени - лесно ќе го занемариш тоа...
    Им завидувам на тие студенти.
     
    На WarriorAngel, dream.queen, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Иако ми беше досадно пред неколку часа, денот и не ми беше толку лош. Всушност беше убав (освен тој еден час кога ми беше досадно). :)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katarina.91

    Katarina.91 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Мразам навреди!
    Сите не сме совршени, нели?
    На една блиска личност, нон стоп го зафркаваат за физичкиот изглед, и многу ми е тешко дека неможам да помогнам. Знам, дека јас не треба ништо да враќам, ама луѓе тешко ми е дека го навредуваат и тоа само по фејсбук, и го навредуваат едни помочли, јас да сум на негово место нема да трпам ама баш ни една секунда некој да ме навредува.
    Многу би сакала да му помогнам, стварно :( :(
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    :D
     

    Прикачени фајлови:

  11. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Многу ми е страв за во понеделник,не се паднав во клас со ниедн моја другарка :(
     
    На Dog-lover, tirkenbal, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не можам да поверувам дека ја нема :( Не можам. Премногу се поврзав со неа овие години :worried: Кој ќе трча по мене кога ќе отидам некаде? Кој ќе се радува кога ќе се вратам? Тебе никој не може да те замени. Господи те молам врати ми ја ;(
     
    На senza.parole, leighton23, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    Еве...ова беше еден од оние кратки мигови кога сфаќаш дека животот би бил совршен, доколку времето би можело да застане. Во таквите мигови стануваш свесен колку се` околу тебе е кршливо, исто како кога невнимателно од средината ќе извлечеш само еден камен, за потоа да падне целиот замок.

    Мигови, создадени за разговор, за расчистување со сомневањата, за објаснувањата, меѓутоа, прашањата се лепат на ѕидовите од стомакот и гледаат едно во друго, како да си кажуваат: „не,не, те молам, не, после тебе!“
    Волшебниот збор измина, и јас се вратив во реалноста.
    Мигот измина.
    Ме врати таму каде што бев.

    Овојпат не прашав „Зошто?“.
    Едноставно, се навикнав.
    Се препуштив.

    Стравот и понатаму беше таму.
    Беше моја ѕвезда водилка.
    И така остана.
    Нека ме води.
    Знае тој.
    Ако ме оставеше, јас ќе го скршнев патот.

    Колку бурно, но ништо не се случи.
     
    На ines.h, julie77, Izaabella и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ова фејсбуков стварно знае да е проклета работа!!
    Му го пратев профилот и немав храброст да го аднам,па се радував на малкуте слики коишто беа дозволени да се гледаат и се јадев во себе си зошто не можам да видам се!!! Сеа коа конечно собрав храброст и го додадов посакувам никад да не го направев тоа...Открив многу работи кои ме спуштија на земја и ме вратија во реалноста...а убаво ми беше таму некаде у мојата фантазија..коа се си беше затскриено..
     
    На senza.parole, SparkyAngel, tirkenbal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    Релаксирање пред пц .. со шолја топло чајченце од нане ...
    Со нетрпение ја чекам Есента златна :hug:
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon и richgirl998 им се допаѓа ова.
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Она што во Америка е Џенифер,во Македонија е Марија :D
     
  17. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Зошто секоја вечер кога легнуваме сами, кога остануваме сами, потполно сами секогаш мислиме на тој-некој што не оставил, што ни го распарчил срцето, личноста поради која ни стои грутка во градите, празнина која не гуши, а убавите спомени поминати со тој-некој не пратат како ѕвезди во ноќта и тогаш посакуваш тој некој да е тука да те прегрне силно, толку силно за да се изгубите заедно во тивката ноќ. Но помислата каде е тој-некој, во кои прегратки се крие вечерва како лоша вештерка ја уништува целата магија, а душата пак се стега и пак се враќам на почеток од поново тука си до мене, се до зори
     
    На Monna.Monna, Beaty, COollLady и 11 други им се допаѓа ова.
  18. anna-tessa

    anna-tessa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    22
    Не мисли така, биди позитивна, тоа нема врска ти во текот на една недела ќе запознаеш многу, ќе си најдеш нови другарки од сокласниците .. верувај ;)
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно.Јас кога се запишав во средно не само што во клас немав ниту една позната личност,туку во цело школо не знаев никој.На почетокот ми беше тешко бидејки сите си се знаеа од порано си беа поврзани само јас се осекав како аусајдер.И можеби подобро што беше така бидејки кога најмалку се надевав улета девојката која и ден денес ми е најдобра другарка.Цело средно го поминавме заедно и сеуште се дружиме иако после тоа продолживме и на различни факултети.Истото ми се случи и на факултет кога се запишав.Немав никој познат во групата во која се паднав. Првата пауза ми беше ужасно депресивна бидејки ја поминав сама за да на наредната пауза ми пријде една девојка и ме праша дали сакам да седам со нејзе во клупа. Така започна нашата дружба па понатака полека полека почнав да се вклопувам и со другите луге.

    Не гледајте на промената како на нешто лошо,бидејки колку и да изгледа трагично во моментот од нејзе може да произлезе и нешто добро.Ако ништо друго ке запознеш нови луге и ке го зголемиш кругот на пријателставата. :)
     
    На pamelche и prettyliar им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Чудно.
    Секогаш сонувам зад прозорци што се движат.

    Знаате оние сонови,кои кружат околу вас ,додека минувате некој краток пат.
    Тогаш кога ништо не е погласно од тишината.

    Зарем има нешто погласно од тишината?
     
    На Someonespecial, Dog-lover, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.