[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Мислев дека има друга, па му реков се. Сеуште се сомневам, не можам да кажам не... Но, ете се смиривме конечно. Те сакам, ме сакаш и така. Која е вистина уште не знам... :( Мислам дека ми значи, зашто ако не ми значеше немаше да мислам дали има друга или не, поточно сеедно ќе ми беше... Лоша вечер.
     
    На Divinebutterfly и Valentina.Vaki им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Секогаш се прашував каде одат оние соништа што не ни се остваруваат?

    Ги забораваме?
    Тука ни се во потсвеста,фаќаат прашина?
    Се откажуваме?
    Ги оставаме да умрат?
    Дали ни недостигаат?

    Ќе знам некогаш.
     
    На Claire, la-chicka, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 14 други им се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Според мене,најболната работа што може да ти се случи во животот,е забивање нож в грб од страна на блиска личност.Личност која ти е во крвно сродство,личност која би требало да ти значи се.
    Некаде имав прочитано,дека брат и сестра иако не се многу блиски,и се затворени во комуникацијата за меѓусебните односи,сепак бескрајно се сакаат и почитуваат.
    Ама праксата не покажува така.
    Јас на пример,иако имам по ладен однос со брат ми,од причина што тој има 25 години,па би ми било непријатно да му расправам за се шо ми се случува,го сакам бескрајно,повеќе од се,за него и животот би го дала.Иако гласно не му го кажувам тоа,тој го знае тоа.Сигурна сум.Кога ми е било тешко,знаев дека може на него да сметам.Потпора ми е.
    Е сега,цел ден сум разочарана од односот на братот на мојата најдобра другарка.
    Какво непочитување..каква измама..каков врв на безобразлук.
    Да ти ги украде братот парите од паричникот,и притоа да се прави невин? :@ Абе ајде..
    Незнам нема ли трошка срам,грижа на совест..таа макотрпно ги печалеше,барем јас знам.
    И да се колне дека не е тој,и тоа во сопствени деца? :o
    Пропалитет еден!
    наместо неа,јас те мразам..
    Кога најтешко ви е било,секогаш ви беше поддршка,а ти вака и враќаш?
    Да те снајде полошо!
     
    На eliesaab, kikikikirika и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ииииииии си најдов 500 денари во шкафчето мое во кое има сваштарија.
    И утре одам да си купам пудра и маскара.
    Оу јеа :rock:
     
    На sweet-star, LittlePinky, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  5. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Ќе ме боли и многу ќе ми фали
    а љубовта е поголема од сите океани
    што не делат на крајот сликата ќе биде цела
    душава полна е велат но зошто сите се селат
    еден ден се надевам ќе сопре
    тоа што не тера да си одиме сите од родно Скопје.


    Нема зборови што можат да опишат колку ми фалат прегратките на брат ми. Нема.
     
    На kate21, richgirl998, booba и 4 други им се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Сум ги изгубила чувствата или сум ги потиснала некаде длабоко во мене, не знам. Ја видов пријателката, ако може да се нарече така, која претходно ми беше најдобра другарка. Ниту добив желба да ја гушнам, ниту да се ракувам со неа. Здраво од далеку и ми кажа дека разгледувала по бутици, како што секогаш заедно правевме. Ехх, беше тоа некогаш! Не ја бев видела два месеци и не ми недостигаше, искрено. Не ми е чудно воопшто. Се навикнав иако јас не избрав да биде така. Не избирам никогаш јас караници, разделби... кога има друг начин на кој можат работите да бидат! Не ги раскинувам јас старите добри пријателства кога запознаам нови.
    Ајде, подобро да одам на спиење, утре е нов ден за сите :sun:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Ех да можев барем да се олеснам.
    Барем да можев да се исплачам
    Да можев мирно да заспијам,и утрото да се разбудам со мислата дека реалноста мие подобра од соништата...
    Не е секогаш розово
    Не е и не е ...
     
    На richgirl998, Ketrin.Moon, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Мразам разделби.И од секогаш сум се плашела од нив.
    Се плашам од денот кога ќе морам да се разделам од личност која ја сакам,било на некое време или засекогаш.
    Вечерва,повторно се соочив со тој страв.
    И му се молам на Бога да не замине повторно.
    Не ќе можам да го издржам тоа.
    Се плашам дека ќе ме заборави.Дека ќе мора да прекинеме пред да започнеме.
    И повторно ми стои таа грутка на срцево.Ме гуши.
     
    На richgirl998, DirtyQueen, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Дојде и 5 саат јас уште не сум легната..Не ми се спие некако..

    Видеово ме трогна...Стварно големи трагедии се случуваат низ светов..Колку била голема родителската љубов... ;(

    http://puls24.mk/galerii/video/video-sr ... gna-svetot
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    СДК ЈАС СУМ КРЕТЕН ! :devil:
    Што сакам од него? Ме чува како ни еден дечко девојка, внимава на мене, ми верува , верен ми е , внимателен е , ме поштува , а јас ?
    Не дека несум му верна или нешто од ова но само нешто се карам со него , и јас не го сакам тоа, незнам дали е период или шо но претерав, сега ми е жал НО ГО САКАМ НАЈМНОГУ ОД СЕ !
    И КАРАЊЕТО Е ЉУБОВ
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    102.069
    Пол:
    Женски
    Доживеав госпоѓицата,најверојатно зашто ми звучеше младо,да не сака да зборува за работата само затоа што сум од друг град,не од Републиката! :?: Значи не ја интересираше имам ли квалификации,каков човек сум,битно е да сум од Републиката.

    Досегашни причини за одбивање -стара сум,немам доволно квалификации,а тие се однесуваат како да имаа секојдневна деловна коресподенција со Кембриџ,не сакам да бидам швалерка,не одговорам физички на дадената позиција,нели после интервјуто во кое повеќе ти зема мерка ,а сега и местото на живеење е проблем.Фино. |(
    **********************************************************************************
    А вакви приказни ми го одземаат здивот,а покрај тоа и вистински.Значи станува збор за семејство на стариот кум на маж ми,поточно негов син.Синот е добро ситуиран ,со сопругата имаат 4 деца,но секогаш се водени со желбата да помогнат некому.Приказната ја дознав вчера,и ме допре зашто има сегмент кој ни е заеднички.Значи после третото дете посакуваат да усвојат напуштено детенце ,сакале да е поголемко барем 2-3 години.Е сега ,им понудиле бебенце,девојче од ромска националност.Луѓево без дилема го прифаќаат,но наидуваат на осудување од околината.Па што ќе им е циганче,па кој знае од што е болно,па кој знае какви проблеми ќе им прави кога ќе порасне ...итн.Луѓево не се обзираат на муабетите го прифаќаат девојчето,тоа расте и погодете што.Сега има 13 години и е како што викаат тие вуковец .Просек 5,0.Свири клавир,зборува англиски и германски,математика и физика особено ја привлекуваат.На една слика на фб децата се сите заедно ,насмеани со коментар,подобра сестра не можевме да добиеме.Се стопила со нив како да им е биолошка сестра.А изгледот...што да кажам.Сега е една негувана млада дама со ѕифт црна коса и маслинест тен.Се кладам дека ќе биде убавица.

    Сакам да кажам,се дури луѓето се полни со предрасуди од типот бојата на кожата или местото на живеење,не би сакала да живеам со нив на иста планета.
     
    На Micheleljubov, bittersweet, Marjan007 и 48 други им се допаѓа ова.
  12. lilili

    lilili Активен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Незнам кај да пишам,ве молам кажете ми го бројот за СОС да си ставам на моб... :?: :?:
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    Луниче, колку да најдат маана злато. Ниту е твојот роден град проблем. Ете, мене на интервју ме дискриминирале за спротивните работи:

    Затоа што сум од Скопје (од толку такви ситуации се` си мислам дека Скопје е градот со најголем број на газди и директори од внатрешноста). Како демек мене се` мазно ми било во животот, они се мачеле и бореле, а јасно е и гласно дека е исто за сите кои што немаат пари и моќ. А кога ги имаш овие две, никој не те ни прашува од кај си.

    Само, не си дозволувај од таквите да ти се јави отпор или шубе-чувство кога би одела на интервју во Скопје. Кога јас би била директор, би те вработила. ;) Нормално на место кое би ти одговарало на твоите можности и перформанса за да и јас бидам задоволна и ти да не се чувствуваш засрамена и да се потцениш себеси.

    Многу гледаат во квалификациите (кои не дека не се битни, зависно од одговорностите на тоа место колку всушност треба школско знаење за тоа), а малку гледаат во карактерот на човекот, па кога ќе ги измамат еден ден, наместо да си признаат дека направиле погрешен избор, полесно им е да речат дека тоа што бил преквалификуван/подквалификуван/од Скопје/од внатрешноста било грешка.

    Мене пак на интервјуа ме понижувале ради моите високи квалификации, вложувајќи во кои, од уста сме делеле со мм и сепак заслужуваат почит. Демек за работната позиција не требало толку многу. Знаеш ли каква е оваа работа? Со таквко образование тука ќе се чувствуваш како дно стил... Го имам тоа што ти го треба? Го имам. Шо проблем ако има и вишок? Ако од она што ти треба за работното место си задоволен, шо ти сметаат моите други дипломи? Глупости. И после ќе викаат дека сме пребирале, сме сакале одма по струка. Пребираат, ама работодавачите.

    Исто така, спротивно од тебе, мене ми ја дискриминирале младоста. Особено што сум млада и во брак се`уште без деца. Како можам јас некому да гарантирам дека нема да имам деца. Внимаваме, затоа што се`уште сметаме дека не ни` е време, но единствена 100% ефикасна заштита е апстиненцијата, така што ако се трефнам у еден од тие 10-30% случаи (зависи каква заштита користам) што сепак ќе забременам, немам намера да абортирам за едно работно место. И за мене не би било најпријатно изненадување, но одамна си се имам договорено со самата себе дека “под нож“ ако не е нешто зор и ризично за здравје не идам.

    За швалерај, да не почнам поарно со раскажување на ситуации, но тие сум ги детектирала уште при самиот телефонски разговор со кој ме викаат на интервју, така што не сум имала тет-а-тет непристојни муабети.

    Сакам да ти кажам, на оној на кој му требаш, ќе најде мотив, на оној на кого нема да му требаш, ќе бара изговор. Само никако не дозволувај ваквите да ти развијат отпор кон оние другите, младите, квалификуваните, Скопјаните, затоа што најчесто, и тие се во иста ситуација и исто се одбивани баш од тоа Скопје шо е веќе дискутабилно колку е Скопје.
     
    На rici.aaaaa, imelda, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    СДК завршив со моето утринско возење на велосипед, а воедно си добив и нов прекар- Германец. Така почнаа да ме викаат сега. :D Дека за Баерн бев, само ми се противеа дома „Челси ќе победат, подобри се, овие само утнуваат..“ Е на крај видоа кој утнува! ]:)
    Поздрав и имајте убав ден. :D
    [​IMG]
     
    На Dog-lover, richgirl998, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    13.489
    Да вистина е ,понекогаш луѓето во себе задржуваат многу „ми недостигаш„ ,ма верувајте ми,понекогаш задрзуваат премногу „уди у п.м„ :D
     
    На karenin, richgirl998, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Малце подранив со станувањево денеска,ама ок е.
    Ударна вест-Ферги се породила.А богами му го дале и најубавото име на детето-Axl Jack.
    Алал да ви е! :D

    И така.Денес идам да си купам нешто козметика,па за вечер ќе видиме.
    Имајте убав ден. :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=PfAWReBmxEs
     
    На Dog-lover и richgirl998 им се допаѓа ова.
  17. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Конечно и јас најдов време да ви пишам.
    Иако легнав во 3 и станав во 7, се разбудив целосно одморена и спремна :D Видеото е скоро до пола, чекаме да дојде 2 часот за да одиме кај езерото, и целосно ќе биде завршено до утре :D Едвај чекам :)
    И да се пофалам, досега имам направено милиони грешки, кои за сите страдаше дечко ми :D

    Глумевме демек дечко ми кажал нешо, и јас да му го поттурнам лицето, џоа шамар му мавам :D Леле јас, од 3км зедов залет и кога му ја стресив една на дечко ми, рака му оставив. 5 минути се освестуваше :D
    Ајде после тоа, со перници сме се мавале, пак му ја стресив една кај шо не треба :geek: Се виткаше на земја :D
    Којзнае што го чека допрва :!:

    Имајте убав ден :*
     
    На Dog-lover, LittlePinky, rici.aaaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.426
    Пол:
    Женски
    Да видиме до каде стигнавме, и што остаивме...

    Јас после 10 дена одмор избањана, богами добро исунчана и сеа сум белото циганче, со 1 кило минус(радости 8) ) пренајадена, изнашетана, во акваленд изнапушетана на сите можно тобогони и детски бакрачи, наполнети батерии и со скроз сменет биоритам, уште од 7ипол сум на нозе и разрабработена до максимум. Се испав и дома исчистив што не се пипнало 10 дена.
    Ми годел пензионерскиот одмор, очигледно.
    Добри сте? Аирлија нека ни е летово,скоро заврши.

    Добро ве најдов!
     
    На bittersweet, Annath, Sexybaby86 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Се разнежив... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • detstvo.gif
      detstvo.gif
      Големина на фајлот:
      1,7 MB
      Прегледи:
      359
    На sweet-star, CuteEva, Claire и 2 други им се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК денов ми почна со личностите кои најмалку сакам да ги видам кога ќе се разбудам, ама што е тука е. Ќе пробам да си го разубавам денот :) , нема да дозволам некои луѓе без осет да ми го нарушат мирот 8)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.