[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Доста им попувате на луѓето, никој тука не рече дека мрази или малтретира животни, туку едноставно имаат фобија.
     
    На QueenElena, CuteEva, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.847
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако најдете залутан сон,да ми го вратите.Почнуваат моите ноќи со несоница.Ќе се почерпиме нешто,секако по договор. :D
    Нека се чува интернетов ноќеска од мене.Ќе шпиунирам,ќе надгледувам,ќе слушам музика.Може и да се закачам на “оние„ страници,па кој знае можеби ќе уловам нешто по стари години. :lol:
    Денот утре испланиран,маж ми не е дома,децава во еуфорија од 1 септември.Примени нарачките за доручек ,ручек и вечера.Секако и десерт,по можност дупла количина.Туку,се мислам да си ставам огласна табла во кујната ,па нека лепат нарачки,чисто да бидам спремна за можни изненасувања.Сум станала мултипрактик.Правам јадење,пијам кафе,решавам судоку и крстозборки,се карам со моиве,зборувам на телефон...
    Туку,знаете што приметив на фб?Девојка си била на одмор,е сега нели со овие нови фотоапарати имаш милион слики,таа секојдневно постира по една.Се разбира да имаат сите можност убаво да ја простудираат сликата,случајно да не пропуштат колку е убава ,згодна итн.И секако да стегнат лајк.
    Втора ситуација,девојка која до вчера не знаеше да се изрази,да склопи реченица,сега исклучиво плеска статуси на англиски.Па тоа,Македонија ја преорала,па секој камен дури знае од кој век и од кој период датира.Мислам дааај, :wasntme:
    А да си изберам јас некој филм,најпаметно ќе ми е!?Или да гледам метеори на небото?
    Азган жена сум станала...
     
    На Lepaaa, Barbie20 и imelda им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    Мања, а дали тие пасионираните обожаватели на животни се сите добри луѓе?
    Хитлер и Парис Хилтон еве на пример ми паѓаат први на памет со нивната бескрајна љубов кон кучињата...
    Како можеш да кажеш таква изјава, значи сериозно се крстам, посебно зашто знам дека си убедена во тоа. Сериозно, мислам СЕРИОЗНО?

    Мене од друга страна ми е жал што денес љубовта и поврзаноста помеѓу човек и човек е маргинализирана, потценета, отфрлена и мнозинството се дрзнува да ја споредува со љубов кон животно.
    И ако не го чувствуваш тоа, ти си обележан како лудак и чудак, како ЛОШ човек.

    Луѓето знаат да бидат дрски, злобни, безобразни, но затоа имате избор да ги пронајдете вредните околу себе. И на крајот од денот мојата мака ќе ја споделам со човечко суштество кое ќе ми возврати со разговор и прегратка, нема да легнам до животинче и него да го гушкам место дечко ми.
    Треба ли сега јас да речам - навистина ми е жал за сите кои не ја почувствувале топлината и љубовта од човечко суштество ? На што личи тоа?
     
    На JuLleE, sesilija, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  5. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Денес му е на брат ми роденден :party: Полни 19 години :x ко вчера да имаше 15 :rofl: Јас му спремив изненадување :geek: излезе порано денес и му направив од омилените колачиња ( оние што се печат во калапи :rofl: ) му купив маичка и шорцеви :D дури и балони купив :rofl: сега го чекам да дојде излезен е, ако не му се свиѓа ми е гајле, ќе си ги носам јас за спиење :D
     
    На teddybear, kate21, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    И дека истите треба да се соберат од улица, да ги снема зошто пренесуваат зарази и сите ќе се заразиме. Значи јас што ги прибирам и ранам сум заразена сега а? |( Страшно и иритантно е тоа колку се ограничени некои луѓе во размислувањата. Не заборавајте, како што има улични животни има и луѓе, и за нив ли вака коментирате?
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    31.08.2013 ден кој засекогаш ќе има огромно значење за сите нас.
    Во присуство на најблиските, на оние кои не сакаат, кои несебично одвоија дел од своето време ... Нашето сонце стана христијанче, а мама и тато конечно го официјално го започнаа својот брак.
    Прекрасен ден, полн со емоции, моменти кои никогаш нема да се заборават.

    Крштевката ни помина одлично, цуца наша не плачеше, освен на два пати закенка кога попот и сврте грб, а она пусто друштвена си е :$
    Регистрацијата добро, си се осеќав како гостин :P , а прославата одлично, со прекрасна музика која дефинитивно многу многу влијаеше на расположението. Со само 50тина гости никако не се седеше, постојано играње и многу забава. Посебно ми се направи ќејф што времето не послужи па беше на отворено :$

    Во понеделник ќе добиете слики , јас си бев скромна невеста, ништо посебно, но морам да ви ја покажам малата, која смени 3фустани и беше главна зверка(принцеза на мама и тато) :angel:
     
    На Mrs.Bass, drugarka, Sweetheart87 и 44 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Трендафилка, стојам позади секој збор кој што го напишав овде. И зборував конкретно за луѓе кои што вистински сакаат животни, кои ќе му помогнат на било кое кученце на улица и ќе имаат милост за него а не за нафурани пуфли како Парис Хилтон затоа што верувам дека таа го сака своето куче само затоа што е накитена чивава која што ќе ја носи во ташна и ќе ја облекува во Луј Витон. Тука веќе станува збор за помодарство а не за љубов спрема животни.
    За мене сите животни, не делам ниедно, се суштества кои предизвикуваат само убави чувства кај луѓето, и неможам да сфатам како може еден добар човек да чувствува одбивност и омраза кон нив, немора да ги тепа, но да не ги поднесува? За мене тоа не представува добар човек и точка.

    Во мојот пост никаде не алудирав на тоа дека ја потценувам поврзаноста помеѓу човек со човек во однос со човек и животно. Сосема нормално е да ја сакам мајка ми повеќе од што го сакам миленичето, но исто така сосема нормално ми е да ги почитувам повеќе животните отколку питачите по улица. Не станува збор за тоа во каков општествен сталеж се наоѓаат туку за тоа дека секој доколку се потруди може да заработи. Може и мене ме прави лош човек тоа што наместо да дадам 20 денари на некоја питачка по улица јас ќе купам леб со тие пари за кучиња скитници. Секој има различна точка на гледање на работите.

    Што се однесува до љубов која ја добиваме од човечко суштество - ја добиваме сите. Можеби на различни начини, од различни луѓе. На крајот од денот секој од нас добива љубов и прегратка од човечко битие кое што е до нас. Сите ние имаме почувствувано љубов и топлина од родител, сестра, дечко, другарка, ама не секој почувствувал што значи во тешки моменти кога не сакаш да ги загрижуваш останатите со своите проблеми да имаш верен пријател на кој можеш и да му зборуваш и да тагуваш со него. Верувај ми, многу добро ја разбираат човековата тага и среќа, и се некој кој што без обзир на се е тука за да те развесели без ниеден збор. За таква љубов потенцирав дека има луѓе кои што нема да ја почувствуваат затоа што знаат само да ги мразат, а за љубов од дечко и мајка речиси секоја една од нас ја имала и знае што претставува таа за разлика од оваа другата која што во денешно време се помалку луѓе имаат представа што значи.
     
    На BlackSwan5 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Кога се цитира само дел од цитат, не само што се губи смислата, туку и постои можност за играње со зборови... секако туѓи.
     
    На antonina, kravce, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Денес полнам точно две недели откако се зачленив на формувов. :lol:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    СДК долги беа деновите, чекањето убиваше.
    Тоа посабајлечко разочарување го покри една предобра вест. Успешно завршена операција и Херојот е добар.
    А пак кога ќе помислам дека веќе нема да го гледам, срцето ми се крши ...

    Навидум исто. Го нема херојот, но животот продолжи.
    Стискам палци и на раце и на нозе и се молам да успеам.
    А јас сум шарена. Многу шарена!
     
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    September is here! [​IMG]
    Мојот омилен месец.
    Ја сакам есента, сакам да одам на училиште да имам обавези да се нервирам за некои предмети. :D
    Да го гледам тој што го сакам секоја ден.
    Јас сум една од ретките која се радува бидејќи почнува школото, пак во школските клупи сега трета година средно образование. Повеќе овабези ќе се зачленам и во една невладина организација и во некои други активности.
    Еуфоријата за 2ри Септември вече е почната, купување ранец тетратки и останатите материјали кои ми се потребни. Се чека само Понедлник [​IMG]
     
    На Monna.Monna, dream.queen, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И јас потврдувам дека се‘ се случува кога најмалку се надеваш..
     
    На Inna5, Hipster, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ставете месечен хороскоп за септембар бе,сакам да си прочитам :( :D
     
    На RiRii, LittlePinky, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Наеднаш седејќи ми пристигнаа во главата прекрасни мисли. Се чувствувам среќно, исполнето, целата блескам од позитивна енергија. Имам дечко на место кој го сакам многу и умирам од желба сега да го видам, а знам дека и тој неизмерно ме сака, бидејќи во многу дела ми докажал. Срценце тој :lol: Па, драги мои заврши и ова лето господово 2013. Не можам да се пожалам ова е најубавото лето во мојот живот досега. Први септември. Убав месец. Почеток на есента, почетокот во училишето. Неопишливо е чувството кога чекориш низ паднатите лисја и го вкусуваш мирисот на тазе направениот ајвар, додека пак низ ладниот воздух се шири мирисот на чадот од оџаците. Милина. Понеделник стартуваме во училиште. Кај мене за разлика од кај некои други ученици, нема никаква еуфорија. Сигурно е затоа што веќе не сум почетна средношколка и ми е јасно како ќе се одвиваат работите. Всушност одам во училиште за да учам. Останатите работи се за надвор од училиштето. Глупаво ми е тоа што некои училиштето го сфаќаат како за забава, па одат таму накитени како новогодишни елки и се палат на машките лудуваат, врескаат по нив и што не. Знаете, лично и персонално повеќето од мојата генерација се ,,за грев''. Како и да е, нема потреба да се занимавам со такви работи. Фала богу имам попаметни работи на кои треба да мислам сега. Со почетокот на месецот веќе времето е прилично ладничко, па утре време е летните работи да ги прередам и да ги ставам во летниот плакар. Жал ми е што не успеав сите алишта да ги ставам, но тоа е така бидејќи сум немала многу прилики за некои посвечени алишта. Како и да е, тука е наредното лето. Исто така треба да направам една добра депилација, затоа што од понеделник започнуваат обврските и истите ќе си го направат своето, па ќе немам многу време за депилации и такви работи. Сепак, понекогаш треба да наоѓам време за себе. Ќе има и такви денови. Моментално гледам во часовникот, па јас доста сум закаснила. Не е веќе почетокот на летото, па да дежурам цела вечер пред компјутерот. Па, доста беше за денес мислам дека време е да ја погушкам перницата :lol:

    Добра ви ноќ на сите убаво да спиете и сонувајте ги тие што ги сакате, а за тие што останувате пред екраните имајте убав остаток од вечерта :*
     
    На LittlePinky и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еве дојде и први... септември. Мојот најлош месец во љубовта, а по него и октомври, делумно. Господе те молам да го преживеам месецов... :doh:
     
  17. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Еве ме мене после неколку денови. :)
    Со завршени обврски. :geek: 8)
    Со килограм плус. |(
    Без грам енергија.
    За крај останаа само утешните прегратки од мојата најсакана личност. :inlove:

    Ви посакувам добра ноќ драги феминки. :*
     
    На richgirl998 и hermosa им се допаѓа ова.
  18. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Помина и распустот, помина и август месец. Колку се брзо тече и колку се се менува....panta rei.
     
    На richgirl998, Someonespecial, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    ми отиде летото, толку, ајде сега, учење секој ден, нема излегување, домашни.
    не ми се оди во школо, несакам.Кој ќе ги трпи дволичните секој ден, па станувај рано, па спремај се, па што да носам,прави косата, секирај се дали све си научил..До сега во 6 си легнував,сега во 6 ќе станувам.Не бе, мене ми треба 6 месечен распуст, двапати во годината.
     

    Прикачени фајлови:

    На richgirl998, Someonespecial, united и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Да ти се множат :*
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.