[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК доаѓа есен и мене ноземе ме вртат,ми се со температура - .
    Сношти измрзнав (во нозете)...Сега иако сум со ќебенце на мене повторно се со - температура и ужасно ме вртат.

    Сношти.Нокаут.Коњак.Солзи.Есен.=осамена!
     
    На Ketrin.Moon, Adi888 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто што моментално ме боли, е што не добив шанса да бегам од овде. Истите луге, истите места, истите муабети, се е исто, банално, досадно. Лаги еден куп, не знам колку пати ме имат викнато на гости луге со кои можам да направам убав муабет, и не ми се оди. Само лажам, ахам ќе се видиме, а уствари ме маваат депресии и само сакам дома да седам и да си размислувам каков би можел да биде ми животот, ако на пример, среќата ми поработи малку. За промена да ми се погоди нешто во животот и да мрднам од мртва точка.
    Само шанса, една, не треба многу, и бегам. Би оставила се и би избегала што е можно подалеку. Нема никој и ништо да ми недостасува. Еднаш во животот би направила нешто за мене. Имам 22 години и сум цел живот тука, не правејќи ништо. Заглавена сум некаде измеѓу.
    Сакам нови лица, нови места, нови доживувања. Животот ми е толку досаден што единствен доживљај цела година, ми е седумдневниот одмор на лето, кој е со погрешни луѓе бтв. Во Мај-Јуни најверојатно ќе се слави 5години од матура. Моја генерација соученици, видоа за овие 5 години во животот нешта, што нема да ги доживеам за милион години. Тоа е така бидејќи се воспитени да не се задоволат со малку. Секогаш да барат повеќе од животот. Јас on the other hand, се задоволувам со монотонија, со малку. Се задоволувам со “да завршам факултет и да најдам НЕКАКВА работа.“ Е не глупачо. Така не треба. Е знам де. И што да правам, од каде да почнам. Соништата се големи, ама кој ми гарантира успех нај на крај?
     
    На tweety26, Espadrila, CoverGirl10 и 33 други им се допаѓа ова.
  3. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Недела, ден што ме подсетува на чистење и стрес преку школската година.

    И така јас денес дури се депилирав заклучив дека депилаторчето исто брчи како миксерот. :?:

    Шетав пред некој ден и наидов на еден бутик што си имав бендисано едни штикли и ај си реков да влезам случајно да не се намалени,и беа како за среќа некоја стотка намалени, чудото големо, ама ако, битно ми се погодија. И се размуабетив со продавачката, абе шоо, муабети, муабети како да се знаеме цел живот. 8)
    Ги пробав едни високи, одам, одам демек да видам дали можам да се движам слободно и ко сум се засопнала ц ц ц за срамота. :x И ми вели, што ке ти се толкави штикли, јас се чудам како одат на толкави, вакви за некоја пониска, ти имаш висина и ај си зедов едни пониски. :)
    Конечно си купив штикли што ќе можам да одам слободно, дури и да трчам! :?: :whew:

    Глупости.

    Ај сега да одам да си дочистам јас. :* :(
     
    На ana-girl, Someonespecial и richgirl998 им се допаѓа ова.
  4. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    СДК:9 Месеци учење , 3 месеци одмор.
    - 5 Дена на школо ,2 дена одмор .
    -40 Минути учење , 5 минути одмор.
    ТОА ЛИ Е ЖИВОТ БЕ?. :^)
     
    На Someonespecial, Lovy1 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    За жал така е :?: :|
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Brace yourselves, “Wake me up when September ends” posts are coming!

    Септември веќе одамна ми е асоцијација за последни шанси во форма на нервозна испитна сесија, истрошени маркери, доцни капини на планина и празен парк и стаза на кеј.
    Годинава се надевам на убави промени, на исполнети денови и посакувани резултати.

    Месецов го започнувам со генералка низ дома и убави (по малку заборавени) песнички :dance:
    http://www.youtube.com/watch?v=Gs069dndIYk
     
    На tweety26, teddybear, LittleChili и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    1 септември.Не ми се верува колку лета времето.Од утре нова школска година, незнам како ќе се навикнам.Ајде само за добро да е.
    [​IMG]
     
    На Barca-Gril, Someonespecial, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Летото ги пакува своите куфери. Му помина времето за гости, време му е да си оди. Полека но сигурно не напушта. Добредојде септември. Ти се радувам како мало дете. Се надевам дека нема да ме разочараш.
    Нови почетоци, нови предизвици, спремна сум за нова борба. :)

    [​IMG]
     
    На Someonespecial, Ketrin.Moon, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Денес ме опфати некоја меланхолија, ќе да ми е од простиов ПМС..
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Ууффф колку мразам неделаа :@
     
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Јас повеќе го мразам понеделник. ;)
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    па баш затоа дека утре е понеделник.... :D
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Колку само се пронајдов,како јас да сум го напишала.
    Не е важно дали успехот од остварување на сништата ни е загарантиран,важно е да пробаме..ако не пробаме нема да знаеме.
    Нели,ризик ствара капитал ;)

    ПС,Ајде да ја разбиеме монотонијата малку!
     
    На Ketrin.Moon и creshicka им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да живее Софија Теодор, ми го продолжи животот на едни 5 години :D , а на сестра ми и го скрати :lol:
     
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Аман бе до кога ќе ставате статуси од типот:
    и одоздола гледаш другаркиве, swc te sakam! Najubavaa!<3, Mwa, mwa. Wepotica.... |(
    Абе ајде бегај таму, зарем толку сте желни за внимание бе?
    Ми иди да го деактивирам профилов и ајт таму, а и ќе се случи тоа некој ден :nod: .

    Инаку да се пофалам, кај нас денеска со пристигнувањето на новиот месец и официјално започна сезоната на правење зимница. Еве денеска правиме мармалад, а јас бетар од децана само се вртам околу него и прашувам кога ќе биди готов. Што да правам си сакам марамалад, така топол на лепче со сиренце, мх мх мх. А и со душа чекам ајвар да правиме, оваа година ја натерав мајка ми дупла доза од ланската да направиме, а не како оваа година да снемаме.
    Си го сакам месецов, како по некое непишано правило сите овој период прават зимници, целото маало мириса, кај нас од минатата недела почнаа со припремање, а еве од денеска и ние.

    Трето, смешни ми се основциве со тие нивни статуси, жалења, кукања во врска со утрешниот ден. И јас се жалев кога бев како нив, но како што растам се повеќе сакам да се вратам во тие денови, кога единствен проблем ми беше станувањето и тоа дали сум напишала домашна работа.
    Јас би им рекла, учењето е најлесната работа и најмал проблем со кој што ќе се соочите во животот.

    Еве сега гледам, многу пишав, малку кажав ама ајде. Бидете поздравени и имајте убаво неделно попладне. :hai:
     
    На eliesaab, Barbie20, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.436
    Пол:
    Женски
    За мене после дооолги четиринаесет години денешнава дата не значи ништо. :)

    Од некаде на средината на месецов почнувам нов живот, со нови навики, луѓе, имиња, судбини, табиети, места кои ќе ги посетувам, нови автобуски линии кои ќе ги запознаам, нови предизвици со кои што искрено се надевам дека ќе умеам да се справам!
    Почетокот ме плаши по малку, ама изборот е направен и нема назад. Се надевам дека постапив правилно и не си ја запечатив иднината со лошо.

    Денес денов ќе го поминам кај баба и дедо кои вчера се вратија од одмор, а јас буквално препукнав за нив овие денови. Ептен ми недостигаа.
    Им го најавив моето присуство, па се надевам ќе има ручек каков што заслужив неделава зошто бев умна девојка и потоа со полн стомак ќе си дозволам уживање на лежалката во дворот, со слушалки на уши и пеење на цел глас. А, може и ќе ја убедам баба ми да направиме од оние мафинчиња со растечено чоколадо од сите страни! Мјами! :smirk: :nod:
    Фала му на Бога што постојат.

    Си го читам постов и гледам дека има многу „се надевам“. И онака деновиве се` се потпира на надеж. :sun:

    :hai:
     
    На WarriorAngel, Barbie20, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ти благодарам на „корисниот“ совет.
    П.С Мајка ми не работи во ветеринарна станица, туку работи како инспектор за безбедност на храната од животинско потекло.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Нека ми простат студентите кои имаат сесија сега и се нервираат, ама има некоја невидена убавина и леснотија кога ја отварам групата на фејсбук од факултет и само информативно ги разгледуваш постовите и без некоја вознемиреност помагаш на некој залутан без никаков поим за испитите и материјалите. Без стесови и бозбуда, смирено и ноншалантно...
    Не залудно се потевме во jуни, бркваме професори во jули во жештините за потпис, се смее една другака, сега сме за заслужен одмор.
    Е убаво е кога се ти е исчистено и септември ти е само продолжен распуст, месец за уживање.
     
    На teddybear, ludoto19, Mishela и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Знаеш дека тоа не е исто со ветеринар, нели?
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Исто е. Има завршено ветерина.
    Ветеринар не е само оној што лечи животни.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.