1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Луѓенцаааа... Да ве поздравам и јас, вака Септемвриски. И некако да се обидам да се искупам затоа што сум баш за карање, немам пишано кој знае од кога. :$

    Гледам, секој со свои дешавки и маки. Кој на школо, кој на факултет, кој дома, кој на работа...
    Мене, гледајќи ги вака основциве и средношколциве како се жалат и кукаат по социјалниве мрежи дека од денес им почнува затворот, ме фаќа невидена носталгија за тие денови. И им завидувам бе. Стварно.
    Не се ни свесни колку ќе им фалат кога ќе завршат и залудно им кажуваме, додека не почувствуваат на своја кожа. :)

    А кај мене, невиден пресврт. Некој да ми кажуваше дека вакво нешто ќе ми се случи веројатно немаше да верувам.
    Се навршува трет месец како сум без него. Некако се навикнав ама сепак чудно ми е. Ми недостасува премногу. Упорно го игнорирам тоа чувство. Или барем се обидувам. И не попуштам. А ни тој. И така си тераме.

    Факултетот... СТОП! Еден голем СТОП! и за чудо, не се каам. Вооппшто.
    Малку ми е криво што ги уништив очекувањата на моите блиски. Ама нивни очекувања беа, не мои.
    Имав сон. И сеуште го посакувам. Па полека, полека целам кон него и од најмали нешта пробувам да си го остварам. Па посакајте ми среќа. :)

    И иако немам спиено цела вечер не се чувствувам уморна. Ни најмалце.
    Разговорот со брат ми, јако кафенце, сега и еден туш... Рефреш, како нова сум! :D

    Па... Ви посакувам убав ден на сите.
    Ве гушкам! :hug: :l:
     
    На Loritaa, Someonespecial, dream.queen и 4 други им се допаѓа ова.
  2. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    СКД ... сабајлето без проблем станав во 6h :D
    Одам на училиште сега сум во смена со прва година и на секој ученик од прва година гледам загрижено лице кој каде ќе се падне, како ќе биде, и на секаде кружат исти муабети.
    И јас бев така пред 2 години само што не се замарав толку оти имав веќе една загарантирана познаничка во класот.
    Денеска бев сведок како на едно дете првиот училишен ден во средно не му помина баш добро.
    Јас му помогнав како поголема која што ги знае професорите и кабинетите. Си стојам јас во холот и го гледам како оде од ходник во ходник си го бара класот но не може никако да го најде. Иако машко мислам дека не му беше сеедно и беше загрижен, до толку што не му текна да праша некој професор.
    Така јас отидов и прашав каде е неговиот клас и одвај го најдовме, а додека баравме само повторуваше нема да се снајдам јас требаше да учам во друга гимназија, првиот ден ми помина лошо пола саат не можам да најдам никој. Го погледав чудно и само му реков што се замара толку, се случува да не го најдеш кабинетот огромна ни е гимназијата ти прв пат си овде и му посакав среќа а тој само ми се заблагодари.
    Овој навистина ептен се замара за првиот средношколски ден :geek:

    А јас, јас сега сум трета година и првиот ден во школо........... да кажам дека ми помина убаво ќе ве излажам, па да бидам искрена не беша како што очекував :(
    Ништо не се знае кој каде ќе биде, со школските паа добро беше ...
    Но главниот проблем е тој и само тој ]:)
    Кога ми презборе јас се побркав |( Променет е мноооооооогу тоа ме плаши, нема мжеби веќе да му бидам потребна како школска сега е изменет по моја прценка, најискрено се надевам дека грешам.
    Понекогаш сакам да се преместам од калсот само да не го гледам, бидејќи навистина ми е тешко, мнооогу тешко е невозвратена да е љубовта. Но кога ќе размислам подобро не ги сакам баш промените така да си останувам овде во овој клас каде што ми е добро до крајот.

    И ајде нека ни е со среќа на сите основци и средношколци и само 5-ки да редиме.
     
    На Someonespecial, dream.queen и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Извинете вака, ама мене септември сеуште ми е лето :wasntme: Не сакам коментар да чујам, уште планирам некој излет на море :angel: На што и да потсетува и стравот од новите работи што го носи, кога ќе погледнете малку пошироко (или подолго :D ) септември е стварно прекрасен месец. Златен. Ми носи некоја таква златна боја.
    Мислам дека лани овде пишував за Септември... сега веќе не ни почувствував дека пристигнал.

    СДК дека во последно време интелектуализмот со кој се перчи дел од нашата нација ми е толку негативен, одбивен. Да можат, своето Јас (со личните интереси, сознанија, филозофии) на фаца ќе ти го залепат, и без да ги прашаш за мислење или воопшто да ги погледнеш. Затоа што... не знам :^) да бидеме видени, слушнати? Имаше еден момент од едно филмче тазе што го гледав, вели дека ние луѓето постојано се трудиме да се допаднеме некому :^) Денес некако, сите градат ѕидови околу себе, намуртени фаци, или насмеани иронично, те гаѓаат со стрелки негативност, од нивното големо и свезнајно Јас. Или тоа е новиот начин да се допаднеш некому? Ох, заборавив... на нив не им значи туѓото мислење, доволни си се самите на себе. Не е лошо да си задоволен со себе, веројатно лошиот момент е да имаш карактеристика со која не би требало да се гордееш, но наместо да се трудиш да ја промениш, ти решаваш и со таа да се фалиш на светот. Како и да е...

    Што се замарам? :D Ајде еве ви позитива
    http://www.youtube.com/watch?v=_8AZaOUjND4
     
    На bittersweet, Someonespecial, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.741
    Допаѓања:
    17.705
    Прв ден во средно-смрт.

    Се паднав во клас со деца со кои најмалку сакав. Од предходно што учеа со мене имам само едно машко, кој е со другар му, другите ми се од ‘повисоки класи‘.
    Знаете колку е глупо кога сите останати седнати се смејат, си прават муабет а ти седнат сам во клупа пукаш прсти? Кога си во клас со ‘воџа‘, на кој никој несмее ништо да му пререче? Кога ќе дојдеш дома и нема да можеш да се воздржеш а да не се исплачеш?

    Само помислата на него ми измамува насмевка. Го гледам како светла точка, иако знам дека за некој ден ќе се стави големата точка.
    За што да се радувам?
     
    На Adi888, Someonespecial, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.229
    Е така бев и се вратив од чколијата ..
    Пак си бев изгубеното германче :tmi: ..бев договорена со школски да одиме заедно ги чекав ги чекав и ништо ги немаше па да не се закаснам тргнав сама цел пат одев и научилиште па никој не ни видов од моите малер седев со едни други на ѕидчето па со нив друштво дда не бидам сама да видам дали ќе помини некој мој школски и никој не помина кога требаше да се качуваме по скали пак сама се качував и влегував во училиште дури се искачив пополецка на 3ти сите ги вдиов а овие шо бев договорена не беа дојдени,тие да ти се успиале .. ги видов од лани симпатиите годинава иста смена ќе бидеме абе кевој. И да ќе си фатам дечко од друга држава !
    Имајте прекрасна ден Феминки ! :*
     
  6. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    (middle finger up)

    - на заебанција бе. Е па вие културни души.

    Идам да јадам.
     
    На richgirl998 и Christina.A им се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ајдее на арно да е денов! :D
     
  8. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    А мислев се е толку едноставно...
     
  9. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Ехх,ахх,ухх...што заборавив да кажам??
    1.Ми се падна една од најстрогите класни и тоа по Германски што не знам ни збор. :@
    2.Ни ставија две недели прва,две недели втора,е сега треба да заборавам на средбата со него следната недела.. ;(
    3.Не само во клас тукуво цело школо никој не знаев освен братучетека (втора) која е 4-та година средно и која ја сретанв сосема случајно....
    4. А од класот повекето си се знаеа помегу себе и се од исти школи....
    5. Јас бев единствена од оваа населба и ова школо што учев до 8-мо...
    6. Седнав на прва клупа и си се запознав со девојче кое што е навистина добро,срамежливо,повлечено и која што нема мн другарки.. :)
    7. Класната цел час ми задаваше нешто да пишувам,де за ова,де за она... :x
    8. Не ми мириса на добро-нема да бидеме сложен клас. :^)
    9. Една од најдобрите работи е што ни даваат униформи,баш убави и се осекам како во шпанска серија.. :lol: :rofl:
    .............Но сега за сега е добро.....Само не знам како ке излезам на крај со професоркава....... |(
     
  10. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Нека ни е со среќа во новата учебна година .. Само радости да имаме.
     
  11. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    абе јас 100 саати потрошив да го напишам средношколскиот ден во темата за него,а сите овде сте го опишувале :rofl: :rofl:
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    [​IMG]
     
    На dream.queen и vinozito1 им се допаѓа ова.
  13. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    сдк дека дадов отказ. Нему лично. И усно и писмено.
     
    На bittersweet, Trnche, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Она кога се враќаш од одмор полесена за некој кг, поцрна од било кога и плава како швеѓанка (без ниту едно расцветано влакно, девојки, се било до препаратите и мрснотиите во нив, знаете како се пржат компири? Во масло! Измиена само со брезов и лесен регенератор и уала,мекотии).
    Не, мене дефинитивно ми е местото покрај море. Сите го викаат тоа, ама сериозно се ми е полесно покрај море. И да станам рано после само неколку часа сон, да се пентарам до сите можни височини додека сите се на плажа, да живеам соништа и да бидам мирна за цело време... Да не се жалам дека сонцето пече и дека морам да се сончам наутро и доцно попладне, туку цело време да одам по жежок песок. И да пијам многу, ама многу пиво и да си подпевнувам Хакуна матата додека се смешкам зад наочари.
    За наравоученијата во некое друго време. И секако дека нема да направам прописно албум ЛеТо 2013, а и моето се уште не е завршено, ме чека еден планински врв, една светска метропола и еден мега голем куфер!
    Иронија на живеењето е кога некој од поморско место се сели во метропола заради отсуство на можности да се реализира повеќе, а друг од град цел живот сонува да живее мирен живот покрај море работејќи во својот маслинарник берејќи ги плодовите на природата дишејќи ја со полни гради.
    Запознав едно семејство, жената беше локалка, тој германец кој имал ненормално добра кариера. Живееле во Германија некое време, но сфатиле дека не им одговара тој живот и се доселиле во земјата на неговата жена каде ја реновирале вилата која и ја оставил дедо и. Живеат сега со нивните три деца и организираат одмори од соништата нудејќи сместување, магаренца, коњчиња, домашни производи, излети и екскурзии и секое утро ве дочекуваат со плодови од нивните бавчи и млекце од нивните козички. И изгледаат аристократски, но многу среќни и здрави.
    И да, награда за се ми е запознавање на прекрасни и исклучителни луѓе кои едноставно со отворено срце можам да кажам дека ги сакам!

    http://www.youtube.com/watch?v=hFAEYWQl1eM
    Ах...и вечери по сокачиња со калдрми и чувства само како да си заљубен и бескрајно мирен, потопен во мириси на храна, чувства, река луѓе и исклучителност на целиот амбиент. Брррррр... се ежам!
     
    На bittersweet, kate21, Trnche и 23 други им се допаѓа ова.
  16. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Си седиме сабајлево со мм пиеме кафе и си муабетиме и несто јас почнав експлозии дрн дупки и нешто што како пукало а моја луда свекрва да ти застанала под тарасата на некоја кофа да слуша муабетот,и јас му викам знаес ли као ке експлодира една бомба колку силно се слуша и само нешто ко направи па пауууу она кутра моја свекрва да и пукне тоа кофата и лом се направила.и мм вика што викам мајка ти како по обичај е под терасата он ко поглена има што да виде нози нагоре,таа на една наочари и кондури на др страна.ја ко ја видов и викам абе случајно некоја експлозија да не те е погодила од нашиот муабет и она дрн дрн почна со нејзините марифети.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    СКД, колку брзо ми помина летово бе ееј :!: како вчера да беше 10ти Јуни.. А како го поминав? - со гледање на серии по цел ден, секој ден :tmi: си ги заредив, можеби 5-6 серии изгледав.. и уште гледам.. за убав чоколаден тен можам само да сонувам, со овие гениве од мајка ми и по месец дена надвор да бидам излезена, пак бела ќе си останам.. Протезата ни еднаш не ја ставив, прашина собира некаде.. Летово се надевав дека ќе се сменам малку, ама ништо од тоа.. Цела учебна година зборувавме со другарка ми дека ќе трчаме, па дури и дека во теретана ќе одиме, а во цело лето само еднаш вежбав, диети не држев, и мислам дека дури и накачив килограми, наместо да ги изгубев тие 3-4 навреме, сега 7-8 имам вишок :tmi: Па сега дури и на училиште почнуваме, кога помислувам на тоа, паника ме фаќа :worried: Не дека ми е нешто лошо на училиште, си учам без проблеми, ама не ми се оди пак.. секоја година е исто, досадно.. Сакам ново училиште, ново опкружување, сакам одново да почнам.. Ај догодина ќе бидам средношколка, ама тогаш најверојатно ќе сакам со класот пак да си бидам :tmi: И кај се видело бе, уште на прв ден да не натоварат со книги :fubar: ?? памтам лани 1 недела и повеќе си бевме опуштени, некои книги не ги ни имавме, а сега изгледа уште од утре почнуваме со настава :swear: Сега ќе биде се монотоно - одам на училиште, учам/оговарам, се жалам за физичко, се враќам дома, домашно, нервирање и потоа конечно викенд, одмор.. и секоја недела така |( А па и летово колку возбудливо ми беше, никогаш не знаев што ќе правам следно - дали да гледам Dexter, дали да гледам AHS.. кои авантури сум имала човече 8) Ај сега кога ќе дојди зимскиот распуст, ќе ослабам, ќе си направам нова фризура, ќе ја носам протезата.. А под сето ова подразбирам - ќе си правам снешковци и ангелчиња во снегот, ќе си гледам Supernatural, ќе си се мазам со маченцето мое и ќе си се туткам во ќебенце со какао во раката, гледајќи го снегот како паѓа.. аах зима :inlove:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.842
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво чувство од тоа кога си апсолвент и со секој полежен испит знаеш дека се ближи крајот на студирањето. Со убаво почна сесијава нек се угоде. :)
     
    На senza.parole и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  19. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    11.843
    Секогаш ги оставам другите да грешат со мене колку што им душа сака...ама мој е изборот дали ќе ги оставам да ме заебаваат или ќе ги исфрлам од мојот живот за секогаШ ]:)
    Не знам до што е работава,ама периодов сум многу бунтовнички настроена,ми смета буквално СЕ! |(
    Посебно горенаведениве што се мешаат во сите манџи :D
    Демотивирачки нешто денес WTF со мене :?:
     
    На Someonespecial и Gordana10 им се допаѓа ова.
  20. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    1 месец???? Ти си единствена со вакво мислење :lol: Сигурно имаш негде 20 години :P
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.