1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Септември секогаш е месец за преуредување на плакари, менување на гардероба, фризура и расцепување на чуства. Доаѓа неочекуван пад, толку силен и добар што ми го раздрмува ѕидот на сејф-зоната што претходно сум ја урамила околу себе. Среќна сум. Сама со себе. И никогаш нема да ги сфатам тие луѓе што имаат константна потреба од некој покрај нив. Да ги исполнува со лична сатисфакција, да ги направи да се чувствуваат живо и разиграно покрај нивниот емотивен инвалидитет. И потоа најпроникливо и најбезболно го зграбуваат со канџите и се провлекуваат по патот на туѓа сметка од морални вредности.. и стигаат најбрзо и најбезбедно.
     
    На bittersweet, Someonespecial, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ух,добро беше.Очекував полошо. :D
     
  3. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Ете.Помина и овој ден.Толку беше.Заврши.Исчезна тремата како и стравот.Како цело време да учев во тоа училиште.Ќе се запознаам со школските,ќе биди добро,подобро,се ќе е во ред,ќе ме дружат,ќе ги дружам и јас нив.Колку што можиме,колку што знаеме,за да на крајот се завржи најдобро. :)
     
  4. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Прекрасен ден! :sun: Многу сум среќна денес. Си ги видов другарчињата од клас, си се изнагушкавме сите :D. Цел клас ни е тип топ, само класната ни штрчи :D. Жал ми е што најдобриот другар од клас си замина, и сега нема кој да ме смее по цел ден. :| Инаку, секој ден имам по 7 часа. Ќе си пукнам ;(
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Не се разочарувајте толку, мене во средно ми беше најубаво... Маките ќе ви почнат на факултет... Еее да можев сега повторно во средно да си бидам...

    Патем, јас кога се вратив првиот ден од училиште... е баш вака беше :tmi:
     

    Прикачени фајлови:

    На richgirl998, COollLady и ohana им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    Дечки, да не ве забрињавам, али првиот школски ден е најмал мотив за страв. Обично се има класен час и 1/2 часа плус. Пред тромесечие ќе биде она главното кукање. :D

    Многу петки! и нека е со помин :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Someonespecial, Petunia-Queen и Hipster им се допаѓа ова.
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ај нека ни е со среќа новава учебна година на сите :* :wasntme: .. Јас сум од 13часот и еве сега ќе тргнам ајде чао :* :D
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Се смеевме со една другарка ја пеевме Брзај прваче ама однопаку

    Првај првај брзаче
    кон дворскиот школ
    таму те учи чекателка
    со зборчински мај

    И сега му ја кажувам на мм и ми вика ај сега кажи ја правилно, и замислете незнам да ја кажам ми се меша. Неможам да престанам да се смеам :)
     
  9. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Септември, месец кога сите ученичиња и ученици тргнуваат на училиште..
    Исто и моиве внучиња.. Најголемиот е 3 одделение, а средниот е прваче.
    Не го разбирав поголемиот како може да не му се оди на училиште.. Јас се би дала, само да се врати тоа време, да имам 8 години, да одам на училиште и по цел ден да играм со другарчињата..
    Се вратив и јас во детството. 13 години наназад.. Кога за прв пат го пречекорив училишниот праг, кога за прв пат ги видов новите другарчиња. Имав трема, но бев пресреќна.. Боичките и тетратките си ги чував како очите.. Но, помина и тоа време, летнаа 13 години одтогаш..
    Сеуште се осеќам како прваче :) :D Мило ми е што и оваа година ќе учам букви и бројки со внучињата, ќе учам колку е 2+2 и 5-3, ќе цртам и ќе бојам, ќе изигравам учителка :rofl: :D
    Ви посакувам среќна чебна година на сите ученички :* Само 5ки да носите :D
     
    На Ketrin.Moon и tirkenbal им се допаѓа ова.
  10. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Ајде на сите нека ни е со среќа новата учебна година! ^_^ :hug:
     
    На Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Можам да замислам колку беа возбудени првачињата ,денес.
    Мирни, питоми облечени во сино-розева боја.
    Помалку исплашени,се држат за рачиња.Сите ги сликаат.
    Чоколатца и цветчиња.
    Боички и моливчиња.
    Мајките и татковците пресреќни. :) :)

    Нов почеток.Нека им е среќа.

    И на сите кои почнавте денес
    Ви посакувам со лесно да почнете и завршите.
    Убави денови.
    Се паметат. :hai:
     
    На Barbie20, Someonespecial, Marjan007 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Еве ве читам како сите од одмор се враќате со некој килограм минус, како ви успева тоа? Можно ли е само јас од одмор да се враќам со килограми плус? :( Тука не ми се јаде многу многу, во лето освен салати ништо друго не јадам и не можам да јадам, ама кога ќе отидам на одмор тогаш дизната ми се отвара и немам осет колку пати ручам и вечерам, добро е што од сабајле само еднаш ми се јаде. Буквално одам и секаде влегувам за да јадам нешто, крофна, тестенини, гиро, пченка, лигњи, сипички, школки, пица, салата, тирамису, сладолед, крофна со сладолед, крокети, компири со 49284892 зачини... се ми мириса толку превкусно, се ми излега толку вкусно, и кога сум штотуку јадена пак ми се собира желудникот и ми се лачи плунка во устата и неможам да одолеам. Идам на одмор у топ форма, со рамен стомак, се враќам ко трудна :puke: Реков еднаш, кога би живеела во Венеција нема да ме собира низ уличките.
    Кога ве читам за први Септември се ежам, тажна сум што веќе ништо не ми значи тој ден, а со колкава возбуда сум се спремала, што ќе се облече, кој ќе има, како ќе биде... еуфорија, а сега.... ништоооо, од што не гледам на календар да не ве прочитав немаше ни да знам дека дошол Септември.
     
    На femina90, bittersweet, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  13. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Нека ни е со среќа на сите!
    Многу петки(може и по некоја четворка :lol: ) и да имаме живци како сајла :!: за позезнатите професори. :D

    [​IMG]

    Еве, фрлам вода за полесна година |( :D (како и секоја година кај мене дома) :D

    Аирлија нека ни е!
     
    На Someonespecial, richgirl998, Anonymous996 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК не рекле за џабе ќутењето е злато :!: Во многу ситуации ми се исплатило тоа... :)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    За мене денешниов ден не претставува само почеток на новата учебна година, ами е еден прекрасен ден.
    На моите родители им е роденден. :)
    Да , да на ист ден, само 1 година разлика. Девици во хороскоп. ;) Уште матичен број да кажев. :lol:
    Како и да е. Пред се нека им е среќен роденденот, како прво им посакувам здравје , среќа и љубов , а другото само ке си дојди.
    Родителите ми се на прво место.Тие се родители на место, родители кој се заедно од прва година средно, родители чија меѓусебна љубов секојдневно расте а и љубовта кон двете ќерки.Родители кои од ден на ден ме прават се погорда, посозреана личност и кој и покрај огромните проблеми кои ги носи животот се тука за мене и за сестрами да не насмеат , расположат, изненадат..
    Според мене имам огромна чест што поседувам вакви родители па затоа се трудам и ке продолжам да се трудам еден ден да бидат горди што имаат ќерка како мене.
    Ги изненадив многу пријатно со мало изненадување. Всушност мало но припремено со огромна љубов и трпение.
    Ве чекам сите на торта. ;) :)

    Денес денот лудница. Во 7 часот цела Битола пред Епинал се чекаше.Смешки беше.
    Имаше некои деца кои воопшто не легнале ноќеска, имаше и такви кои поспале 2 - 3 саати колку да се рече одмориле, а имаше и такви кои не ни излегоја синоќа џанам се спремаа. :lol:
    Мене искрено ми беше баш гајле си излегов , си прошетав па и временцето се погоди свежичко, таман да го испратиме летото и да не ни е жал, иако очајно многу ми е жал дури и солзи си пуштивме со другарките бидејки нема да се гледаме секојдневно и да шетаме цела вечер по улици смеејќи се...ама тоа е , ќе си учам сега. :lol: Можеби си велите ненормални ама премногу сме блиски , така да..

    Имајте убав ден. :*
     
    На Dog-lover, bittersweet, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Како за прв ден во школо беше океј.Многу сум уморна, а неможам да заспијам :@
    Кога ке се сетам дека утре треба да станувам рано ми се дига косата во вис. :@
    Ајде од оваа година повеќе да учам, и да си ја задржам стипендијата :)
    Со среќа нека ни е.
    :hai:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Денес и покрај тоа што имав добиено и не се чувствував нешто нај нај, заборавив на тоа и си го започнав убаво денот. :)
    Си станав сабајле си се напив кафенце со моите и си тргнав накај училиште така што баба ми фрли водичка пред врата :lol:. Си ги видов другарките и другарите со кои се дружам и си поминав најубаво.
    Потоа си отидовме сите на кафенце и си помуабетивме на раат. :D
    Ви посакувам на сите среќен почеток и многу петки да редите, а тие на факс, многу десетки. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.441
    Пол:
    Женски
    Хух, нов распоред во соба, нови бои, зелената од секогаш ми била вистински погодок, а посебно сега и новиве свеќници, рамки за слики и саксиички во истата боја, ситници кои уште толку ми го дотераа катчево!
    Нови фотографии на место на старите, дел се потсетување на детството, дел се оние кои носат спомени од новото време, старо-новите луѓе, со еден текст пред и потоа..
    Оние старите дел беа со него, па решив да ги извадам, на нивно место си ставив слика каде што сум сама, среќна и насмеана, зошто таква планирам да бидам без разлика дали е присутен во животов мој или не.

    Инаку, за промената која ми беше потребна и поради која што одлучив да си ја скратам косата до степен да не можам ни една убава фризура да си направам, нити испеглам и извиткам како што треба, ќе се каам уште мнооогу долго!
    Другпат таква промена - никако!

    И тако то.. лагана музика низ соба, мирен дом, а од утре почнува кречењето и сите тие придружни работи што значи морам да се изгубам од дома пред татко ми да ми ја пикне хеблата (ваљда вака се викаше :D ) во рака и да ми каже од кај треба да почнам со работа, кај да завршам!
    Боље ќе перам теписи со луѓето од сервисот.

    :hai:
     
    На Barbie20 и dream.queen им се допаѓа ова.
  19. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Сите сме луѓе нели? И правиме грешки што е нормална работа. :?:
    Но некои луѓе треба да престанат да го расејуваат паметот како тој да е семе од цвеќе и очекуваат да порасне, да расцути. Епа жал ми е, не е ни семе ниту пак цвета. :!:
    Подобро е да си го соберете паметот во Вашата глава зошто и тоа како ќе Ви треба. :nod:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Оф, изгледа само на мене денов ми е шашав. :rofl:
    Нели така прв ден од школо, треба на време да си, дотеран и све тоа, арно АМА ми се јавува прво другарка у 8 ипол а јас требаше во 9 да станам и ај си викам ќе поспијам уште 15-20 мин, а тоа се сторија саат и 15-20 минути :D и станувам ко улава во 10, гз преку глава за 10 минути се спремив да не ми избега и следечи автобус, и пази тој касни. |( Ај дојде што дојде стигнав во школо КОНЕЧНО арно ама ме остави овој пред семафори и трчам ја преку цела Илинденска некоја кола да не ме собере :rofl: кога еве ти го симпатијава си иде накај дома гледајќи ми го маратонот, абе бруки живи уште фалеше да паднам негде, е тек тогаш од школо ќе се отпишев. :D После па идам на автобуска на Партизанска и гледам 15ка, двокатна, уште со отворен кров абе мераци 8) па по таа кога се затрчав, уште и со книги. :!:
    Ако видовте некоја лудача да трча по Илинденска и Партизанска таа сум. :geek:
    А вака мислам, фамилијарно да се одбележи денов сестра ми имаше некоја приредба во школо за првачиња, нешто играа со другарки и ај се тоа добро прошло, и отишле во новово школо кај нас што се отвори и таму да играат.И почнале све децава ко што треба пред Грујо, Спиро и компанија :D и таап на пола им се прекинала песната, греота децава. :D
    Ооо Боже, ко што тргнало, по весници ќе не даваат утре.
     
    На ohana му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.