[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Многу чуден ден луѓе многу ептен.А да више 3 дена имам 12 години.И да ептен голем малер сум и ми иде да се отрујам али нема везе :) Поздрав и со среќа на сите нека ни е новава учебна година(иако мене ми тргна лошо ама нема врска).
     
  2. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Чуството кога пред спиење си замислуваш дека гледаш сенки на ѕидот :fubar: и таква уплашена се туткаш под ќебе и одеднаш слушаш како ти крчат црвата и пискаш во ист момент и сите дома стануваат од спиење :rofl: од цревата мои се исплашивв бе лелел :fubar: :D
    ^^ Денес си го земав сведителството и сум завршила со сите 5ки :dance: навистина не очекував, уште 8мо да го истерам со сите 5ки и таман 8) ама среќата кратко ми траеше кога дознав дека донеле нов наставник по Физичко кој јасно и гласно ни кажа дека веќе женските неможе да играат фудбал, туку морало одбојка :headbang: Се на се, убав ден во училиште, се видов со другарките и другарите, некои ги немав видено дури цело лето, се зафркававме со класниот, убаво беше :D

    Имајте убав остаток од денот, се надевам и јас.

    :hai: :*
     
    На Someonespecial, eliesaab, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам да споделам со вас една моја успешна приказна :) Како успеав да ослабнам 10 кила за 6 месеци?

    Имено, до мојата 25-30 година (сега имам 42), имав нормална тежина за мојата висина, околу 75-80 кг, а висок сум 177 см. Потоа, полека и постепено почнав да се поправам, без да бидам свесен за тоа. Мислам дека некаде околу 2006 година, во Берлин, станав свесен дека имам над 10 кг. вишок, т.е. околу 91-92 кг. Видливо (ми) беше дека имам пивски стомак, проблеми со копчето на кошулата :) , наведнување при обување на чорапите и кондурите. Нормално дека дотогаш јадев било што и општо земено не обрнував внимание на исхраната. И проблемот т.е. слабеењето го одлагав. Се до оваа година 2013 март месец.

    Решив да се натерам да пробам да ослабеам и да почнам да внимавам на исхраната. Мислам дека правилата за здрава храна ги знаеме сите горе-долу од општа култура, па така јас на мој логичен начин решив да пробам помалку да јадам и да бирам што и кога јадам. Не сум воопшто вежбал, освен што одев повеќе пешки, наместо со кола, автобус или такси, тука низ Скопје.

    Првото правило за храна, ми беше околу количината. Знаев дека е лошо, можеби и најлошо навечер да јадам, и решив да престанам и да издржам после 8 навечер воопшто да не јадам или само некое овошје: лубеница или праска, на пример. Правилото е дека треба да јадаме количински повеќе наутро или на ручек, и како што одминува денот и се ближи ноќта и спиењето, јадењето треба да се намалува. Количината на храната исто така ја намалив наутро и на ручек.

    Второто правило беше што да јадам или што да НЕ јадам. Стандадрно, пак по општа логика, престанав да јадам месо, или многу ретко, или јадев само пилешко и риба. Не дека кој знае колку јадев месо и пред тоа, значи пред март 2013, ама сепак јадев.

    Потоа, намалив со благите работи, торти, колачи, чоколадо итн. Или скоро ги исклучив или еднаш неделно ќе си дозволев нешто не-здраво слатко. Нормално дека јадев овошје, и тоа по правилата како што јас ги знам, го јадев пола-саат пред јадење, а не после јадење.

    Престанав да пијам и газирани пијалоци. И оваа е стандардно правило. Пиев најчесто обична вода.

    Леб јадев малку наутро и на ручек и тоа само црн леб.

    Значи, јадев салати, патлиџани, сирење, млеко со мусли, краставици, компири, грав, пиперки со ориз, шпагети, наутро јадев и бурек со јогурт понекогаш...

    Првите резултати ги имав можеби за три-четири месеци, и бев околу 85-86 кг. Не сум баш сигурен, оти не се сеќавам точно кој месец (мај, јуни) вагата ми покажа 5-6 кг. помалку. Продолжив со истото темпо и еве денес вагата сигурно ми покажува 80-81 кг.

    Пивскиот стомак скоро ми го снема или многу ми се намали, копчињата на кошулите, токму на стомакот, без проблем ги закопчувам или дури кошулите ми се големи, каишот за две-три дупки ми се помести, немам проблем при наведнувањето и секако, полесно се чувствувам.

    Сите што не ме беа виделе повеќе од 2-3 месеци ми велат дека сум ослабел.

    Значи, успехот е можен, со само-дисциплина, толеранција, трпение и љубов кон себеси :D
     
    На Libera, Ariel, Elennaa и 17 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.852
    Допаѓања:
    101.601
    Пол:
    Женски
    Ако ти ,тој,твојот брат,неговата комшивка,нејзиниот братучед не дознале и доживеале вистинска љубов,ве молам поштедете ме од -Љубовта не постои.
    О да,постои,длабоко верувам дека постои и не се откажувам од неа!
     
    На Libera, bittersweet, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.890
    Допаѓања:
    163.685
    Тајната е во станување во 7 сабајле и интензивно пешачење по планина, потоа пливање по шема и секако, јадење од се горе наведеното и ништо минус,та дури и плус би додала. :D
    И бонус, адреналин. Ко што адреналин ќе те смрзне и ќе ти забрза пулс и метаболизам, ништо друго,ама тоа не го препорачувам освен ако не си убеден дека го сакаш. :D
    Оваа диета е само за места каде што не е само една плажа, ами 100 и сите да ти се оддалечени по 15 км од сместувањето. :D Минус 4-5 кг се враќаш, од бојата плус, изгледаш ко 10 кг да си ослабел. Не доаѓа у предвид смештај-плажа,опнат на лежалка-смештај. :D
    И најбитна е храброста да не пикаш баба купача, туку поштено да си купиш полутанга и да си го исончаш поголемиот дел од задникот лезетски! Е така! За ќејф, да пукнат душманите!

    Инаку вака...си ги гледам сликите и гледам слики од луѓе што ставаат слики од одмори на фб и се чекираат и се декларираат како ТРАВЕЛЕРС (а она отишла у Ханиоти на викенд и не мрднала од таа точка, се убила од позирање на залез сунца и она е блажо разбираш, травелер, манекенка, "авантуриста",парти енимал, ма све бре!!!) ),па ми оди да фатам да се распиштолам како лезетски ги терам работите,а не ко глупа некоја ни чек ин не сум удрила да не бидам сељанка :( . Ама си викам ствар укуса,ама не е бре ствар укуса, стварно си завидувам и ми оди да фатам и да отворам албуми за сите могучи доживљаи. Не дека е моето најисправно, ама ако не ми се подслоши од претерувања у се не ми е одмор. Така возејќи од многу дишење со полни гради почнав да хипервентилирам, ми се сврте!
    А и рака на срце освен на мене и моите блиски моите полни батерии никому не му значат и можат само да ги испразнат со завидлук.

    Туку, другарка ми како ме изнасмеа... после 10 дена едвај чекам да ја видам да ја гушнам. Заклучокот ни беше, кој го менува драстично физичкиот изглед со текот на времето, останува шуплив во внатрешноста. Животот се состои од физичко и духовно,па нека го направат рачунот поедини особи колкава им е вредноста. И нека не ми ја чепкаат и нервираат другарката зошто и ќотек може да изедат!
     
    На Annath, mims-89, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Решив да се натерам да пробам да ослабеам :clap: :up: -е Johny баш тоа е вистинското кога човек ке реши да ослабне тогаш навистина ке успее и јас успеав 5килограми да симнам се додека личноста психички не се подготви дека ке слабее никогаш нема да успее диетата,од проста причина секогаш ке се теши добро сега ке си каснам,ама од утре готово на диета сум,а така нема слабеење...уште еднаш за тебе браво :clap:
     
    На eliesaab и Johny им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Или како мене мимс да си отидеш на акваленд на 22 години и да изгледаш посреќно од 8годишни деца, да се спуштиш на се, ама на сите тогобани и тоа по 3 пати дури, и од среќа да забораиш да јадеш и ПУШИШ ЦИГАРИ! Ми рекоа дека ќе се собираат пари да ме праќаат секој месец специјално да откажам цигари и шланг да се сторам, зашто за мене само акваленд било мајката. Али пази не било кој акваленд, јас зборам за оној во Крф, зашто другите се ништо во споредба со тој, кој бил знае, кој не бил обавезително да го види, обавезително!
     
    На kravce, mims-89, caroline.costa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Среќен почеток на новата учебна 2013 - 2014 година на сите наставницу,професори и ученици првооделенци,средно,факс
     
    На Someonespecial, eliesaab, richgirl998 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Денес ширам позитивна енергија,бесплатно ја пренесувам на луѓето околу мене.
    Не е за верување фактот што карминот што го ставив денес ми предизвика толку голема самодоверба...

    Во позадина мирис на пржен кромид за моите шпагети со болоњезе.Потоа добар филм за заслужен одмор,и на крај обнова на мојата врска со книгата (ова последното и не е нешто совршено)..
    Бато си доаѓа утре,неможам да дочекам,саде убавини што би се рекло.

    Среќна сум многу,онака без причина,таков ми е периодов веќе подолго време.
     
    На bittersweet, kravce, WarriorAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... почнувам да чувствувам вистинска одбивност кон жени со голи фотографии.
    Додека еве порано да речеме до некаде ме фасцинирала таа храброст, таа слобода која ја уживаме за бестрашно разголување и славење на женското тело и облини, денес ми се повраќа.
    Зашто слободата ја силуваме, ја напнуваме и не знам ни зошто го правиме тоа.
    За пари секако, за моќ (каква побогу, и онака доминираме во сексуалните фантазии на машкиот пол), внимание (кога ќе ни е доволно, кога навистина ќе ни прекисне од внимание)?

    Зошто не докажуваме други работи, зошто упорно пркосиме со соблекување, дај нека ми објасни некој.
    Порано беше можеби интригантно и револуционерно, денес е под дното, просто и вулгарно.
    Го гледам насекаде, во списанија, сајтови, филмови, спотови, драми, ауууу цицки покажа, голема работа. |(

    Сакам да видам жена закопчана до грло, облечена во фармерки и да успее да возбуди маж, да предизвика нечиј интерес, да биде пренатрупана со покани за кафе, да стимулира со интелектуални разговори, да не се кикоти како простакуша, да не прикачува разголени фотки од себе на ФБ и тајно да си се воодушевува за 100-те лајкови и коментари како - Маче палиш и жариш, Грееш, Газиш, Грмиш !
    Најака (со испуштно двојно ј), Цуца, Маца, Цица!


    |(
    Оф леле, значи пак се враќам на тоа - слободата која ни ја дадоа да може да се разголуваме како сакаме и кога сакаме, не ни ја дадоа за претворање во најобични курви и парче месо!
    :puke:
     
    На Sweetheart87, nekoja85, bittersweet и 44 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Не повикаа на интервју од заводот за вработување-Арабска фирма барала касиерки и технички секретарки, а претставништва низ цел свет-кај ги најдоа само незнам
    посредникот Арап а сопствениците допрва ке ги запознаеме-кандидатки премногу, секако сите жени
    касиерките со нив друг пат ке се разговара а со техничките секретарки уште еднаш ке сме се сретнеле-прво ни рече да сме му се јавеле ние :fubar: , за срека се вмеша таа што е вработената од заводот во разговорот па тие ке исконтактирале па таа на нас ке ни се јавела а неколку пати го прекинаа господинов бизнисмен на :mp: и имав прилика на Арапски да слушнам како зборува-најинтересно ми беше јала хабиби :D и кога кажав кои јазици ги знам ми рече да знаеш Арабски двојна плата ке добиеш :D
     
    На Barbie20, WarriorAngel, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Внука ми е прваче. Колку среќно изгледаа тие сини очиња сабајле. Светеа од радост. Розово фустанче, коса собрана во плетенка, мама за рака и: правец во школо. Стоп! Ајде прво шутни ја чашичката со вода.. браво. Сега може. :D

    Кога поминав сабајлево покрај основното и кога ги видов сите тие деца таму си помислив: не завршив толку одамна да не знам никого. Јас сепак скришно ѕирнав надевајќи се на некое познато лице.. но ништо. И гледајќи ја толпата од родители и деца, ми се врати филмот во времето кога јас учев таму. Со поглед ја барав наставничката од прво.. Но сега си велам: подобро и што не ја видов. Ќе се расплачев на сред улица. Колку ја сакав таа жена. Пардон: ја сакам. ;(

    И конечно се качив во автобус за по неколку минутно возење да стигнам во школо. Читајќи овде како сте нервозни и исплашени за првиот ден во средно, можам да кажам дека тоа што го видов немаше допирна точка со тоа. Новите дечки беа се` само не срамежливи и исплашени. Слободно ќе кажам дека однесувањето им беше дрско. Тоа нема место да се разминеме во ходник, они не се помераат бре! Како не, зашто да се помери? Нека се види кој е главен уште од прв ден. Фалеше уште да го разрушат школото. Абе дечки полека, средно е, (скоро) сите завршиле и не е некоја голема работа да ви кажам право. No hard feelings. :wasntme:

    И уште една работа. Во школо не се иде со тооолкава количина на пудра со што при една бацка фали уште руж да си стаам на образов и можам за насловна да се сликам. Добро, додуша не можам пошто цело лице ми се нафрла ( :swear: ) кога дојдов дома ама..
     
    На bittersweet, Someonespecial, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Колку празни и површни оние од мојата генерација (не сите) можат да бидат? |(
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Monika.J

    Monika.J Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    да ви :swear: децата невоспитани..
     
    На richgirl998 и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    :D Арапски да слушнам како зборува-најинтересно ми беше јала хабиби :D и кога кажав кои јазици ги знам ми рече да знаеш Арабски двојна плата ке добиеш :D еј слатко се изнасмеав човече за Aрапски двојна плата..... :D јако нема што ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ич нејчам мрчала кои постојано само мрчат потреба и само колку да кажат нешто. :headbang:
    Денеска се враќам од Скопје со автобус и едни две наспроти мене што седеа до Велес уста не затворија. Ајде прво многу бавно возел шоверо, оти клима уклучил, оти тв не уклучил, во Германија биле ептен њубезни шоферите, ич неќеле во автобус да се возат во Македонија пошто шоферите биле невоспитани и нељубезни. Па како да биди кога на секои 10 минути го прашуваш кај сме и уште колку има до Охрид |( .
    Па ако неќиш да се возиш со автобус, не се ни качувај бре жено, седи си дома, оди пешки, порачај си кола, ете во Германија си била, па и ти треба да бидиш малку културна и да им додеваш на сите. Шо мислиш ти на шоферо лесно му е цел ден наваму-натаму за една мизерична плата? Па уште и ти на глава му рипаш цел пат. Најмногу ми беше мило кога шоферот им рече ако не прстанат ќе ги симне :muscle:
    После да видиш дали нема да ќутат цел пат.
    Така за такви само така.
     
    На WarriorAngel и Daydream им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Отсега натаму кога ќе ја слушам Хабиби на тебе ќе ме потсеќа. :D Ах бре срце, жити дешавките, која од која...
     
    На srcekrsacka и Hipster им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Strejken pocetok na ucebnata godina na malata Anastasija, gordosta na tato Nikola i mama Borkica...da bide pametna ko tato i ubava ko mama pa da go nasledi tato za nekolku godini hehehe DA ZIVEE MAKEDONIJA

    :rofl:

    *

    И изгледа веќе нема да важи онаа: Никнуваш ко печурка после дожд, туку Никнуваш ко откуп на злато.
    Уште во двор да ми отвореа фали. |(
     
    На kravce, Antoninaaa и tessie им се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мојата прва најсакана внука, денеска тргна прва година средно училиште и тоа во Скопје. Се одделивме од неа со цела мака, бидејќи не ми се верува дека my little girl is all grown up now. ;( (солзи радосници). Многу сум горда на неа. Примети на време, и го прифати советот што сите и го дававме дека овде не се останува. Можеби е сеуште дете, 14 години, ама децата кои на таа возраст се одделуваат од дома заради образование на страна, подоцна во животот каде и да ги остават, секаде ќе се снајдат. Самосталност, нешто многу битно.

    Нека и е со среќа, и посакувам се најубаво, срце на тетка. :*

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Annath, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.