1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    nice day.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    епа тоа е Теси-потрагата по работно место кога нема кој да те турне :worried:
    незнаеш на кого ке налеташ, кој ке запознаеш :)
    мило ми е што те насмеав Ричи :)
    додека конечно се вработам, којзнае уште што не ке поминам-тоа само еден Господ знае :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Богами srcekrsacka навистина си во право кога нема кој да те турне жалосно,денес една моја пријателка т.е сега баш ми расправаше за синот демек готово ке го примеа,ништо сосем друг дечко е на работа....и таа вели кога немаш некој!!!тоа е тоа во наша мила и убава земја Македонија!Да се надеваме на подобро
    само надеж остана друго нема ама баш ништо!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Се прибрав и почнав да ги читам моите стари постови и сватив зошто сте ми се смееле!
    Како пример првиот бакнеж и мојот одговор за сега никој но за неколку години сигурно ќе ви пишам еј се згазив од смеење ахахахаххахаха :D
    За неколку години :^) 10-15 години можда хахаха!
    Ми идеше со митролез да се пукам хахаха зарем 2 месеци толку ме сменија :^)
    Да стварно влегов во пубертетот готово :sweat:
    Изгледа се заљубив.Многу знам што е љубов како да не нека си трескам јас нешто :D
    Ама симпатија имам де!
    Денес убав ден 2 септември прв ден од школската година ден кој нема да го заборавам :inlove:
    Преубав ми беше денов и случките во него.
    А да секој ден се повеќе и повеќе растам од 154цм во февруари стигнав до 163цм 8)
    И така јас со измешани чуства си се смеам на моите мислења ах бе Ариелке во право беше дека ќе се смеам на моите мислења понатаму и еве се смеам.
    А да си се пофалам за роденден добив преубави подароци.Денес сум се облекла сум се средила и отидов во школо сите буљаа у мене ослабена извишена абе мераци 8) Алиштата спиеја на мене хахаха :)
    И да од оваа година си ветив дека нема да шкрткам по тетратки и дека ќе учам на време а не пет до дванаесет и кујзнае како 5ки вадам.Али кратко траеше ветувањето почнав со шкртање на тетратките а се сомневам дека ќе учам навреме.Него каснам јас се договорив со другарка ми за надвор па да не ме чека кутрата таа.
    Поздрав :)
     
    На srcekrsacka и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Ете, и мојот прв училиштен ден за оваа година ми помина.
    Го започнав со шолја чај.
    Изладен.
    Не! Подобро кажано-смрзнат.
    Поради големата возбуда изумив дека треба да го испијам.

    Дојде пресудниот час, а јас уште не си го знам името на школото.
    Но, добро. ќе го научам. Е-хее. Дај му време на времето.
    Му дадов.
    И повеќе од потребното.

    Отидов, видов, проверив.
    Се запишав во новото школо. Ме примија.
    Адреналинот на уште повисоко ниво.
    Расте. Имплодирам.

    Сега што? Каков ќе ми е класот? Никого не знам.
    Татко ми беше со мене. Ме тапкаше по раменцето, праќајќи ми погледи со значение:„Се` ќе биде во ред!“
    Мора да биде, помислив.
    Но, не. Не беше.

    Останав на часовите. Сама.
    Буквално, се изгубив меѓу толпата од сите тие непознати лица. Сите тие странци.

    Но, бев силна.
    За себе.
    Издржав до крај.

    А сега?
    Сега се надевам на подобро утре.
     
    На Monroe, Loritaa, tirkenbal и 9 други им се допаѓа ова.
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Прилично досаден ден. Бев во училиште, ма да кратко бевме таму, па нормално и доста е за прв училишен ден. Распоредот ни го кажа класната, се видов со класот, се поздравивме со сите, потоа еден круг завртивме и дома. Го фатив креветот, а кога станав бев во кома. Кој ден е, вчера бев во училиште..? :^) На крајот сфатив дека денес е понеделник, втори септември и бев претплатне во училиште и установив дека денот е премногу долг. Ете сеуште клепам, се досадувам и така чекам да заврши денот :yawn:
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Четири лета како не сум дома... Последен Септември што сум била дома, е оној кога тргнав прва година на факултет, па еве сега. Денеска низ град беше прилично еуфорично, ученици, гимназијалци, родители со своите првачиња..Сите носеа учебници во раце, книжарниците беа преполни, кафичите измеѓу смените исто така.. Се присетив како се собиравме пред часови на кафе, или после часови одевме на кафе или во парк..И како капак на се на крај на денот се качив во школскиот автобус. И толку ми требаше.. Одеднаш осетив налив на емоции, и почнаа да ми надоаѓат спомени од гимназија. Можев да го почувствувам мирисот на новите учебници расфрлани по седиштата, можев да ги слушнам гласовите на моите комшии кои ме довикуваат од позади дека е време да се симнеме на нашата автобуска станица.. Го фатив телефонот во раце, очекувајќи дека ќе ми заѕвони. Ми се јавуваше на точно 8 минути откако ќе се качев во автобус, знаеше дека толку има до мојата станица. Одејќи си накај дома, ми шушкаа ливчињата под нозе, се колнам дека во еден момент бев убедена дека си доаѓам од втора смена од гимназија, низ глава ми се вртеа рандом сеќавања од професори, моите школски, од лекции и што треба да научам. Ми фалат гимназиските денови, ми фалат тие времиња..Ми фалат одредени луѓе, луѓе што заминаа од мојот живот и никогаш повеќе нема да се вратат.. Проклето боли ...
     
    На Domino, CoverGirl10, anuskaNESTLE и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    СДК дека премногу ми е спие иако преспав,незнам како ке ме биде оваа година со станување ама ајде се тешам последна е ке поминееее :D
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто секогаш кога ќе одам во паркот на секоја втора клупа мора да има „заљубени гулабчиња“?
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    неееееееееееееее , не ми се одит нашколоооо -.- не сакам не сакам не сакамммммммммм и не сакам и не не и неееее :(
    сакам летоонцеееее <3
     
    На Barca-Gril, anamariia.x3 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сакам утре пак да одам на училиште...
    Луѓето едноставно се навикнуваат на нештата кои не им се допаѓаат...наместо барање начин да ги направат тие нешта подобри...
     
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Да си прошеташ надвор од нашата ни дотична државичка и да видиш што е живот!
    Друг менталитет,друго се ..милина бе.. ех нашата ЧУДЕСНА ни земја.
     
    На Elichka, hermosa, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Знаци на некои луѓе единствена цел во животот им е да те изнервираат!
    Аман бре..
     
    На BlackPiano му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ОД МЕНЕ.ПРИЈАТНА ВЕЧЕР :*
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Пријатна вечер. :)
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК...не знам од каде да почнам ...


    2ри септември...да да. А мене тоа веќе ништо не ми менува. Веќе не сум од оние што го мразат септември затоа што почнува школската година. И знаете што? Тоа колку што ме исполнува и ме прави среќна - ме прави и тажна. Ми недостига моето училиште...и јас не можам да поверувам во тоа но ете така е. Ми недостига вревата низ школскиот двор,па тоа кој како си го поминал летото,пиењето кафе после часови,бегањето од часови,барањето оправданија и слично.
    Ах убави времиња беа...

    *******

    Од друга страна пак...времево почнува да влијае врз моето расположение. Само името на овај месец прави се чувствувам некако поинаку. Чудно... растревожено...
    Не знам што ми се случува. Не е лесен овој период..
    Депресија? Не би рекла.
    Грдо чувство. Многу грдо. Ужасно.
    Јас ли многу барам?? Или само ја чекам вистината...
    Ми треба нешто. Нешто што ќе направи да не се чувствуам вака празно ..
    Не,не сум осамена. Опкружена сум со луѓе што ги знам и ми значат но сепак фали ОНА нешто.
    Или ОНОЈ ...
    Оној што ги буди пеперутките во мене... Што прави морници да ми поминуваат низ телото...Што буди некое чувство во мене што никој друг не може да го разбуди...

    Не...ова не е исправно. Но не можам против самата себе.
    Не можам да ги контролирам моите чувства...
     
    На Adi888, Loritaa и Barbie20 им се допаѓа ова.
  17. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Првиот училишен ден..добро помина,подобро од колку што очекував,само не ми е јасно зошто родителите би сакале да му наштетат на своето дете?!?Зошто да го префрлат во училиште каде што одат најлошите деца кои што ќе му се потсмеваат на детето?Во класот имаме дете но, со посебни потреби,не може да биде како и сите други деца,му треба посебно внимание,а тоа го добиваше каде што беше досега,со нас,да, сега со сила го префрлија а таман почна да напредува...сега се ќе биде како порано,ќе го игнорираат, ќе го зафркаваат..само се надевам дека на крајот ќе испадне добро :(
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Пријатна вечер. :)
     
  19. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Носталгија. Повторно. Треба да сфатам дека некои луѓе остануваат во минатото и никогаш повторно нема да се вратат. Тоа е тоа :x
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, CoverGirl10, Loritaa и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Глупав, глупав ден.
    Step aside coffee, this is a job for alcohol. ]:)
     
    На Hipster, kravce и richgirl998 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.