[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Ми недостига бабичка.
     
    На senza.parole, richgirl998, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Млеко и бисквити за вечера!
    Ја обожавам мајка ми кога ми прави вакви изненадувања!!!

    Добра ноќ! :*
     
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Летото заврши. Престанете да мислите колку ви недостига и одете напред. Не заборавајте дека ако не постоеја облаци, нема да знаевме што е тоа сонце, ако не постоеше есен, нема да знаевме што е лето...И јас не ја сакам есента и дождот но тие едноставно постојат и ние не можеме да направиме ништо во врска со тоа...
     
    На richgirl998 и deedee0 им се допаѓа ова.
  4. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Среќна сум :D .. за мене голема причина, најголема, која цел ден ми мами насмевка на лицето :D :D

    п.с. Сакам да ја кажам и причината ама ете неможам да најдам зборобви..

    Важно... Среќна сум :D :D
     
    На Barbie20, bittersweet, cheetah.girl и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Епа некогаш навистина треба да се покажат заби.
    Преку глава ми е од прости луѓе, а занесени, со носот до небото.
    Денес на една и’ го покажав местото. На културен начин, ама и’ го покажав. |(
    Не знам до душа дали ме сфати, пошто на таквите не вреди да им објаснуваш, изгледа треба да се спуштиш на нивно ниво, па да те сфатат.

    Аман од простотилук... |(
     
    На Trnche, Lemonade, richgirl998 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Една од подобрите работи што си на факултет е тоа што утре додека средношколците ќе стануваат рано да се спремаат за убав ден каде што професорите ќе ги мачат психички , академските граѓани утре може и до 12 саат да си спијат и ич да не им е гајле .... се разбира освен ако се заебавале цела година и сега мора да учат многу за испити .

    |-) |-) |-) |-)
     
    На Ann.94, Barbie20, Ammy.Lee и 10 други им се допаѓа ова.
  7. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Ах па тие што се заебавале цела година, сега ќе се убијат од учење. Ќе страдаат од несоница поради грижа на совест што не исположиле се' на време 8) ( Мене само еден ми остана, не зборам од искуство уштеlпокулlфацичеlсоlрејбанlнаочариl)
     
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.155
    Дали во животот сте запознале личност која ве иритира со самата појава?
    Јас да!
    Лично ми нема направено ништо, дури немаме ни муабет, ама ете едноставно ми гази на нерви
    Со таа фаца која на еден подмолен начин кажува: Подобра сум од тебе.
    Одвратни ми се луѓето кои секоја реченица ја започнуваат со: Чекај јас да ти кажам...
     
    На Barbie20, CoverGirl10, Agawa и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Денешниве паметногазловци кои ми расфрлаат пуфки насекаде |( ]:) ...
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, richgirl998, Shery и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Не, па и не е се` така црно!“ ми одекна непознат глас во главата.
    За момент, во сиот овој мрак видов светлина.
    За момент, во сиот овој студ почувствував топлина.
    Една мала светла точка блесна.

    Беше неверојатно.
    Погледнав подобро.
    Да. Сјаеше.
    Сјаеше како ѕвездата Северница.
    Најголемата. Најблескавата. Ѕвездата-Водилка.

    Погледнав подлабоко.
    Се сепнав.
    Го видов неговиот лик.
    Господи! Беше преубав!
    Беше ист како и последниот пат.
    Ветрот му ја вееше разбушавената црна коса.
    Очите го имаа оној стар сјај.
    Сјај, кој умееше да осветли 100 срца со брзината на светлината.

    Тргнав кон него.
    Доближувајќи се, тој исчезнуваше.
    Неговиот лик избледуваше.
    Застанав. Се скаменив.

    Не беше тој.
    Тоа беше само споменот за него.
     
    На Barbie20, leighton23, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК аман од овие лажниве профили на фејсбук, аман |( Ама не можеш со мене бе, не можеш :devil: :devil:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Кога сакам да си се релаксирам, да одморам од се’, си пуштам некое романтично филмче или барам некое љубовно романче. Џоа да ме опуштат... Морам да престанам со тоа - контраефект има! :D
     
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Еден човек може да побегне од се, но од самиот себе не може..
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Едвај чекам да ми пристигне јадењето, па да јадам како свиња и да му ја легнам во мојот мек и топол кревет :lol: :rofl:
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ризик...
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      9,7 KB
      Прегледи:
      323
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Каде отиде прогресот, себе надоградувањето, успехот ( освен оној на личен, семеен план и кој не го занемаруваам воопшто), среќата...?
    Шансата чука многу тивко...или јас сум оглувела или одамна нема гребнато, а не па чукнато....
    Животните соништа не се остварувале со вечно спиење.....а бе инсомнија имам па пак не се остварени......
    СДК дека луѓето се утепаа ...јќи се без никаков срам, а јас ќе се срамам да си прашам за пристојна работа....
    Ајде ајде....а бе нема срам веќе....
    Потребно да се превземе судбината во свои раце. Глава горе, срце јуначко, јави се....или заспа некаде во градите...????
     
    На Barbie20, Serafima, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК ВИ СЕ СЛУЧУВА ЛИ И ОВА НА ВАС ?
    Редовна појава док се бањаш:

    Бањаш се и од едн пут слушаш глас:

    Мајка ми: хајашдуссџџсууа

    Ја: штоооооо?

    Мама: хдаиииивееав чагегееефкк

    Ја: мамо не те чују, што викаш?

    Мама: аассеедфгвоофоф

    Ја: ај мори, не можу се истуширам од тебе, кажи с'к ?! (искључу туш и чекам)

    Mама: ништо, ништо, бањај се
     
    На Espadrila, Barbie20, HoneyBun и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Колку....

    ...тага,среќа,мудри зборови и оние што болат,насмевки лажни и оние другите,мисли ,грижи,надежи,
    љубов, омраза,заборавен чувства,стари рани, соништа реални и нереални....

    ...лебдат над градов кога сите ќе потонеме во сон.
     
    На Monna.Monna, Barbie20, M.a.r.i.l.y.n и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па и не е баш така, ако некој до сега се влечел и не положил барем половина од тоа што требало, не верувам дека сега нешто посебно мувата го лази. Тие што се заглавени со факултетот, се заглавени со причина, и нив не ги интересира факултетот, површно или длабоко во себе некаде, не ги интересира и затоа си играат мајтап.

    Туку, кога ќе видиш дека машко ја цитира Лајла Грејс, знаеш дека денот ќе отиде по ѓаволите. Ова заљубениве девојки можам да ги разберам со глупостиве, ама како што не можам да поднесам патетично машко, ништо не можам да поднесам. И навистина, навистина не можам да ја сфатам потребата од сета таа глума на фејсбук, па и во реалноста, сета таа желба за внимание, и потреба од докажување некому, дали љубов или успех или колку некој прошетал или колку е паметен или забавен. Или луѓево немаат пријатели на кои можат да им се доверат и да им ги раскажат доживувањата па мораат јавно на фејсбук да кажат за да прочита било кој.

    И така ќе започне уште една залудна година, а јас сеуште не сум ни на почеток од менување на мојот живот, ниту сум направила еден единствен чекор кон промената, ниту пак можам, додека некој таму, со двојно повеќе храброст од мене, си го живее сонот, си доживува. Онака само си сонувам денски, само тоа можам да си дозволам. Во последно време многу ме јаде времево и стравот од стареење.
     
    На Trnche, kravce, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Здраво девојки јас сум жива и здрава. :lol: Долго ме немаше,но најчесто пишувам кога нешто се случува во мојот живот.Во последно време ништо посебно не се случи се додека не сфатив дека многу луѓе кои ги сметав за блиски ме изненадија во негативна смисла.Поточно кажано ме разочараа.Почнувајќи од најблиската пријателка потоа прва братучедка и завршувајќи со дечко ми. За првите две дотични особи нема да коментирам,но љубовта ме мачи,многу е љубоморен и секој ден се повеќе ја искажува неговата болест ,односно љубомора-посесивност.
    И така.Се трудам да најдам решение и доколку (дај Боже) го решам проблемот ке бидам најсреќна девојка на светоооооовввввв ]:)
    Поздрав и среќна и успешна учебна година на сите ученици.:*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.