[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Кога јас ќе дадам комплимент на девојка значи стварно е УАУ!
    Ама да дадам зашто и таа ми дала, е тоа мало морген...
    За јас да речам дека си убава треба да си убава навистина, а да ти правам лице нема...
    Доволно е едно благодарам на твојот комплимент и толку од мене!
    Повеќе среќа следниот пат!
    Но, искрено некогаш ми значат повеќе оние коментари „еј Мацо, види ја каква е...“ отколку „леле Ејнџел, е права лепотица си.“ :!:
    И што има лошо ако искоментирам нечиј стајлинг?! :^)
    Независно дали позитивно или негативно...
    Пак важи истото: или е УАУ или е АУ!
    И не, не се замислувам Коко Шанел зашто сум далеку од неа. Не се замислувам никаков моден критичар, само сум отворена!
    И уште нешто СДК: момци, ако неколку водки-џус се доволни за мозокот да не ви фукционира по пропис, тогаш не пијте! Испијте една ако веќе сакате, ама не правете будали од себе сакајки да сте јаки фраери! Остава лош впечаток кај девојките, не за друго... ;)
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Имавме прекрасна вечер, полна нежности.. Јас, Тој, пица, вино, свеќи и гитара. Свиреше и тивко ми пееше, ме топеше.. Ахх :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Adi888, FBI, CIA и 10 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес ми е петок.
    Утре ќе ми биде сабота, и не ми е гајле.
    Менструацијава тапа касни ли касни ... не е убаво да касни, некултурно е навистина.
    Јас не каснам, никој никогаш не ме чека. Нека дојде бре.
    Ма и не и се замарам.

    Покрај големата свеќа, добив капче и снешко рачно изработен од него, и добив слонче свеќник од маливе прасиња.
    Сакам кога ме размазуваат и галат и сакаат.
    Кај и да е треба да им стигнат честитките. Не ... мене ми е денес петок, ама на поштата и е сабота. Ај понеделник или вторник би требало. Го отвори поклонот. Направи фацичка me gusta. Па и мора да му се допаѓа кога е биран и купен со целото срце.

    Во животот не сакам многу работи... ама сакам да ги имам сите работи што ме исполнуваат.
    Ги имам, добро да речам воглавно ...
    Уствари човек може да има се, ако сака ... и ако се потруди, од небото ништо не паѓа туку така.
    Е јас во животот за едно нешто кое ми е навистина да речам битно не се трудам доволно.
    Поточно да речам едвај и мрдам со прст.
    Но ајде, подобро е да се движам како полжавче и да успеам во тоа, отколку да протрчам и да биде за џабе.
    Нели сум во право? Ахам знам дека сум ви благодарам.

    Кога ќе видиш ... животот е навистина краток, но никој од нас не го живее така. Како да нема утре. Па и нема многу врска, тоа е во сржта на луѓето ... битно е човек да се труди да намали со нервози, бедови, осудување на другите, и за се нешто да се гледаат другите а не себе. Ние сме битните ... и ако на некое лице не можеме да предизвикаме насмевка, која ни е потребата да му предизвикаме болка?

    Па да е некој до толку да не може да се насмее барем малку, и да не го фати малку оваа еуфорија не можам да сфатам. Т.е можам ама морално ли е за истото да се шири негативна енергија? Јас сфаќам да не ја сакаш нова година, или ете Божиќ ... ама да не ти е мерак да излезеш да разгледаш се шарено, или да гледаш деца со родителите, па насмеани па весели, па не знам, како може да не се стопи нечие срце во овој убав период. Сегде накитено, дедо мразовци, снегулки, продавачи на честитки ... луѓето со кеси со лампиони, дворови светат ... сите се некако чудно среќни и за некој момент забораваат на проблемите.
    Убав е периодов. Убав. Убав. најубаФ.

    Проблеми имаме ... добро де кој ги нема. И после нова година, да ќе ги имаме истите проблеми, и после Божиќ ... па добро де, зарем секое човечко суштество не треба да си дозволи да си ја отпушти малку душата, и да се смири и да се рече ма у пи*ку матер бре, ќе си уживам со фамилијата, што биде нека биде. Епа треба ... колку и да се нема пари, ќе се подновиш нешто... не викам да отидеш на зимовање ... ама ќе купиш два украси од по 50-60 денари, некоја свеќичка ... кифлички човек да направи ... да стави искрена насмевка на лицето ... од срце.

    Мене ми е мерак кога гледам постираат новогодишни и Божиќни песни, мене ми е мерак што во џамбо не може човек да пројде од растрчани и весели луѓе, мене ми е мерак што во секој маркет, продавниче, бутик свират преубави песни.

    нема потреба од нервози зошто 100 пријатели ја постирале ол ај вант фор кристмас ... тоа им лежи на душата, и тоа и е вистината.
    Па да, мене тој би ми бил сосема доволен ... да си лежам само.
    Тоа е среќата ....
    Не е среќа да се дотераш, туку да имаш за кого да се дотераш.

    И јас периодово си уживам ... ооо да, во благодетите на животот. Делам подароци, сакам луѓето да се смеат, готвам, пустам, се смеам, тргам негативности на страна ... ги сакам дома, го сакам него, ги сакам сите мили во животот.

    Си одам по улица Македонија и од чичкото си купувам костени, му се насмевнувам и се смее, и не е прв пат .... зошто па да не? Што ако е непознат? Се смеам на луѓето. Можеби не секогаш, но никогаш не сум одела со црни мисли во главата. Во овој период па ич. Си купувам честитки и со жената се смеам ... Луѓето се полни со позитивна енергија.
    И чувството кога непознат ви возвраќа на насмевка убаво е. Убаво и убаво.

    Баба ми ми вика внучке како ги кажуваш работите човек и да не ги сака ќе ги засака(таа затоа што мрази зима) ...
    Вчера ми падна филџан во кафе ... некој среќен ден ми беше ... па и купив на баба бинго за нова година. Може ќе ми падне некое количе да се возикам наоколу. Ха ха, и да не падне, нека се фали баба дека играла бинго а внуката го купила.

    Со секое мое излегување периодов дома се враќам со по нешто ... украси, свеќници, лампиони, книги, сокови, пакетчиња за брат ми, благо ...

    И зошто децата да не веруваат во дедо мраз? Јас на малово му викам да спиеш цврсто за кога доаѓа дедо мраз и влегува низ оџакот да не те разбуди зошто тој е дебелко како мене. И се смееме ХО ХО ХО ... што има врска? додека душата ти е смирена ...

    И вака и онака, се ќе биде во ред ...

    Па ова е период кога треба се лошо да се стави на холд. Затоа што во животот мора да има и лошо, не може цело време да е вака пријатно и убаво ... ама овој период кога е вака, и кога животот ни пружа убавини и убавини и убавини зошто да не грабаме со рацете колку што можеме, и да пикаме среќа по џебови и капи да ни се најде понатака низ годината ...

    Стиснете стоп, облечете капутче, шалче и омилените чизмички и прошетајте, насмејте се на некој ... и тој некој сигурно ќе ви возврати.
    Ма периодов уживајте со целото срце и душа... ја имаме цела наредна година за да бидеме лошо расположени и да решаваме проблеми.

    И сакајте ... и себе, и другата ви половина, и сите околу вас...

    И за крај како јагода на шлагот, еве една песна што мене ми го полни срцето и би му ја пеела и на Божиќ и на нова година, и во било кој ден од годината ... Затоа што го сакам, а поголема среќа од тоа нема ...
    http://www.youtube.com/watch?v=n9MF9P7pAqs&ob=av2n
     
    На ines.h, AnaKarenina, FBI и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам да го споделам оваа со вас, прекрасно е :)

    Четири свеќи полека гореле. Во тишината се слушал нивниот разговор.

    Првата свеќа рекла:
    „Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат ... нема потреба да горам понатака ... мислам дека ќе се угасам“ и веднаш се угасила.

    Втората свеќа рекла:
    „Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат само површна вера и јас не ги интересирам ... нема смисла да горам понатаму ...“ Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.

    Третата свеќа жално проговорила:
    „Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила ... луѓето често забораваат на мене ... “ и истиот момент се угасила.

    По кратко време во собата влегло дете:
    „Што е ова ... “? запрашало детето. „Требаше да горите до крај“ и почнало да плаче.

    Тогаш се огласила четвртата свеќа:
    „Не плаши се ... додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи ... јас сум НАДЕЖ“.
     
    На AnaKarenina, Cynthia, FBI и 9 други им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Се замислувам вака како CERRIE па мора и мора и ќе мора да се исполни овој мој сон кој почнав и јаве да го сонувам ,да го опипувам,допирам ,скокоткам ,поттикнувам ,будам, остварувам .
    Сакам книга и ќе ја напишам ...............и ќе ве спомнам ВАМ феминки ,за сите денови кои сум ги поминала тука за секој совет ,за секое ново искуство стекнато на овој женски сајт .
    ЕВЕ ВАКА ќе бидам како дете со лижавче ,како дете на рингишпил.
    Како девојка со ПРВ оргазамммммммммммммм.
     

    Прикачени фајлови:

    На CIA и dancing.queen им се допаѓа ова.
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ама ме фатила некоја нервоза и негативна енергија :| Ме викаат на кафе, знам дека убаво ќе си поминам ама не ми се мрда никаде бре не знам во што се претворив, ова не личи на мене.
    Во собава е пеколно жешко и мислам дека тоа ми ствара дупла нервоза. А јас сум ставила една дуксерка на мене дебела како за на скијање да сум се спремила, а не можам да ја слечам зашто ќе треба да облекувам градник, а многу ме мрзи. Значи фино ќе си зовријам за брзо време.
    Ноктите ми се катастрофа, поточно лакот ми е полуигребан а немам ацетон, не ми текнало да купам.
    Ацетон и шампон ми се двете работи што ми текнуваат дека ги немам откако ќе ми притребаат во моментот, откако е доцна.
    Си реков денес ќе тркнам да купам некој украс плус, ама не отидов, знаете зошто? Зашто ме мрзеше.
    Ако, има време, денес ваква, ама утре може да ме здрма вишок енергија и... тогаш сум уште полоша :D
    Навистина е подобро откако ќе му се пожалиш на некого, во случајов да напишиш, иако пишувањево на постов беше само waste of time :D
    Au revoir mucacas!
     
    На Ema.Sk, angel92, Hiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не знам што се случува. Воопшто не знам што се случува. :|

    Не знам што сакам, и не знам што сакаш.

    Ми умре мачорот сега нема на кого да се дерам и да му кажувам колку ми е тешко. ;( ;( ;(

    Сакам да си легнам ама никогаш не сум легнала пред 1, со тоа ќе си потврдам дека воопшто не се чувствувам добро. Види ги ти мило мое овие глупи саботи, секогаш по нешто усеруем у нив,а? :)

    Абе знаеш, не мораш толку многу да се грижиш,не. Не мораш ниту да ми се јавуваш. Кога ќе мора-тогаш. Не мора воопшто да ми обрнуваш внимание. Јас сум една од оние вечито угрижени души која увек се ќе усере и на крај ќе ти стане одбивна.

    Не знаеш ти колку се закопав јас во тоа твое лиценце,нели? Не знаеш. Ц.
    Ај сега скокотни ме, не можам да мрднам ни да реагирам,а камо ли да се одбранам..
    ама скокотни ме,сепак скокотни ме....

    Ти кажав дека си ми помил од мачорот, сега кога умре шо ќе праиме? ;(



    Ми се пие вино, ми се пуши трава и ми се крева паника.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Christmas with the in laws
    Родителите на мм си имаат традиција сите деца да им се под ист покрив за Божиќ, иако сите живеат во ист град се знае за Божиќ се преспива во родителскиот дом.
    Свекор ми ја играше најомилената му улога, дедо мраз за внуците, дури и на Матео му измами насмевка иако нема појма што се случува :lol: не му е лесно да забавува 8 момчиња.
    Со свекрва ми ја украсиле цела куќа, елката е преубава, подароци еден куп, се е подредено за внуците.
    Јас сум станата од 5 саат и ги слушам децата како шушкаат во соба, нестрпливо ги очекуваат постарите да станаат за да можаат да видат што им донел дедо мраз :lol:
    Се надевам дека и јас ќе ја доживеам оваа убавина, полна куќа внуци, чувството сигурно е магично.

    Иако мене не ми е Божиќ, имам причина за славење, денес моето сонце теткино полни 5 години, после ручекот продолжуваме на неговиот роденден, денот ќе ми биде максимално исполнет со убавини :inlove:

    Нека им е честит Божиќ на сите што го славаат денес.
     
    На mims-89, zhap4e, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.131
    Пол:
    Женски
    СДК неможам да се одделам од Фемина и пцво дури и за да јадам :| |(
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    После три и пол е*ани саати поминат во мрак и студ, конечно ЕВН или Господ се сети дека има некое залутано делче од Скопјево во мрак! Да не треба фала да ви кажеме што со платени сметки од по 5000 и кусур, во зима сте главни за дефекти во струја ?!?!? :@



    Битно јас и мајка ми под ќебе журка со радио правевме.
    Јас пуштај музика, она со ламбата трепка, пали-гаси,и завиваме на:

    http://www.youtube.com/watch?v=BBMriOspUvA



    :rofl:

    Да не види било кој, ќе рече: „Алал нека ви е за позитивноста“.
    Ако таа не беше, не знам дали уште ќе бевме на светов...
     
    На Ema.Sk, lovely91, Cence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.241
    Допаѓања:
    67.760
    Пол:
    Женски
    Уф, уф, не сум шкртнала ништо за Новава Година. За вечерта не сакам ни да зборам, ниту се замарам, нити ме интересира.
    Ама 2012 година дефинитивно со душа ја чекам. Сакам веќе да и кажам иш на оваа баксузнава, никаква 2011.
    Велигденски пости на 27.02 почнуваат, таман со постите и диета ќе си мавнам. А завршуваат пред мојот роденден, па конечно ќе можам да си го прославам со винце. Уф, ама се израдував кога видов. Јас и мојата љубов заедно на мојот роденден.(виното де :rofl: )
    И догаџајот на годината, долгоочекуваната ми свадба, кога конечно ќе го стави прстенот и ќе бидам негова форевр енд евр :!: :rofl:
    Вака гледано може и треба да го прославам крајот на оваа година, а почетокот на новата со повеќе душа. Имам причина. :)
     
    На Chocoholic, Buttterfly, AnaKarenina и 29 други им се допаѓа ова.
  12. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    СДК едвај чекам да дојде распуст, смачено ми е од учење. За понеделник и вторник не сакам ни да мислам колку имам само за учење.... Шангриска кожа едвај исчитав 20страни има надеж до 300 :( , повторување на цела тема физика, сите лекции хемија последната најважана од 10стр, географија повторување на 10тина лекции и.т.н.
     
  13. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека ненормално мн ми се спие.
    Па така да ве напуштам феминки :)

    Имајте добра ноќ,само убави сништа :*
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Summa summarum, стварно незнам што да правам на форумов.
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Украсив елката, и куќата и мојата собичка. ^_^ Конечно. :whew:
     
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Ви пишувам со изгаснати светла, само светлинава од лап топот и сијаличките на елката :D
    Накитивме, еден час работа беше ама не мрзеше со дадичка, засрамота :tmi:
    Новогодишна еуфорија и има и нема....поима немам, ама прослава ќе има.....и :d: ќе има :mm:

    Се израдував и кога ја видов новоста на фемина за колумнистите, одамна ја имав напишано идејата во предлози за сајтот....ама сега незнам дали да се пријавам, па има толку добри писателки....јас неможам ни колку една нивна реченица да напишам така добро.....а дали ќе биде интересно и ќе се чита, а дали ќе имам инспирација.... :?: Има време, може ќе остане да се радувам и да читам колкумни :wasntme:
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Ја направив истата работа од пред некој ден, не знам ни дали можам да ја наречам грешка.
    Срам ми е пак да се обратам кај личноста од форумот што толку ми помогна :| .
     
  19. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Се почесто гледам статуси по фацакнигата од типот: "Ауууу ку*ва најголема" "Проститутко,муштерии си полна".
    И глупо е. И ниско.
    Шо,тарифа и знаеш па да знаеш дека е ку*ва? Боже.

    Авреџ деј.
    Бутовите уште ме болат од дрифтовите на ридот со вреќата.
    Ауч! Ама го сакам снегот.
    Абе колку и да е ладно,ако има надвор снег,мене ми е топло на душата. Едноставно го сакам. :)


    Бела милка,топло чоколадо,и музика. Ич уво да не ми чуе!
    Бидете ми поздравени феминЌи. :*
     
    На Miss.Ricci, Grunge и WinnieThePooh им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.391
    Допаѓања:
    142.897
    Хау д Гринч Стоул Крисмас?!?

    Желна да ја украсиме елката со децата (желбава ми стои веќе една недела, ама конечно се скрасивме дома), се симнувам во подрум по елката, и гледам - елката ја нема. Ги нема ни кутиите со лампиони, сите новогодишни украси, лампиони, сијалички.

    Имавме ангажирано работници за расчистување на подрумот од триста глупости, имавме и доста мајстори оваа година, па очигледно некој и го удрил меракот и сега си ужива во новогодишна атмосфера со нашата елка.

    А ми текнува во каква финансиска криза бевме кога ја купивме - нашата прва нова година во куќата, 3 месеци по вселувањето, со ќерката која тогаш имаше 1 година. Купивме некои евтини лампиони кои воопшто не ми се допаѓаа, ама поентата беше да има новогодишна атмосфера. И самата елка беше неквалитетна, и паѓаа ливчиња цело време, и страшно ме нервираше. Сепак, не сакам кога ми фалат работи од дома, се чувствувам неубаво и несигурно.

    Како и да е, ова е можност да се купи нова елка, поквалитетна (ако има такви), и со нови, поубави лампиони во 1000 бои! И новогодишната атмосфера конечно да се почувствува и во мојот дом!

    Ајде сега да видам по форумов дали има тема за новогодишни елки, да знам каде да барам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.