[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Се чувствувам како кога те испратив прваче.
    Со среќа нека ти е првото работно место
    Се надевам како што ги редеше петките во дневникот и десетките во индексот ќе ти се нижат успеси.
    Нокогаш не се сомневам во тебе. Нека не ти бидат на срце ,лугето кои ја потценуваат работата.
    Никој со здрав разум не се срами од работа.
    Биди ми благословена ќерко моја.
     
    На Libera, lunicka, zarah и 61 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Си седам на кревет јас, си читам тука некои мислења и гледам еден гулаб наеднаш се удира во стаклото од балконската врата... Леле си викам кутрото, многу да не се удри... Тргнав да видам и одлета и јас си седнав пак на кревет. По неколку секунди пак се удри во стаклото :lol: :lol: :lol: . Ете сега му оставив отворено да ми дојде на гости, да не се срами толку... ахааха ми го разубави утрото :*
     
    На Divinebutterfly, Sara123, Marjan007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Се чувствувам како да ми е светот пред бездна.
    Вечер ќе си ја спакувам торбата и ќе одам утре вечер ќе си спијам кај другарка ми. За промена.
    Дома проблеми, финансиски проблеми, нервози, со сестра ми нервози, болести, дома реновираме и на се ова уште и Тој. Се враќа од минатото во некоја друга форма. Истите муабети, истите болки, исти лаги. Се е исто.

    Пред некое време и кажав на една пријателка. Ете ние не сме така „благословени“ да живееме мирен живот. Или има проблеми дома, или има проблеми со работа со финансии, или со болести, или со некој како Тој. А најболно е кога се собираат сите.

    И да, кукавица сум и ќе избегам од ова.
    :hai:
     
    На lunicka, Trnche, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Ни недостига едноставност.
    Да бидеш едноставен во размислувањата, да бидеш едноставен во материјалното... Она што вистински го сфаќам е дека токму од ова преголемо изобилие и во овој динамичен свет, од тоа посакување на се’ што другите имаат, ние немаме мир. Никогаш не сме задоволни со она што го имаме, а очите бараат уште и уште. Во меѓувреме се коваат планови за наредниот месец, година... а не знаеме што носи овој следен миг.
    Постојано сме сведоци на таа суровост од сиромаштија што не опкружува. Купуваме маички и блузички од брендови и со монструозни цени, а некој нема 100 денари да земе за храна, а да не разговараме за една скромна и најефтина облека.
    Таа изгубена едноставност во нашиот живот, предизвикала празнина, молк, пустош. Направила секојдневно да се гледаме себе и себе, а другите...
    Срцата ни станале скаменети ;( .

    Секоја чест на исклучоците. Ретки како вистински скапоцени камења, но сепак постојат :bow: .
     
    На Keti30, Libera, zarah и 27 други им се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК прво маникир па уште една потрага по една книга (нигде ја нема у п.м.) па ручек. Али каде на ручек?? Сакам нешто ммммногу вкусноооо... јес да јас кога си готвам ми е највкусно , но само за мене-ама баш уопште не ми се готви :?:
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.929
    Допаѓања:
    203.189
    Пол:
    Женски
    Вчера бев пријатно изненадена, се случи нешто убаво, а не ни очекував, да бидам искрена. Почнувам да работам наредната недела, во струка, на место каде што најмалку очекував да бидам :) И ќе речам, фала им што ми ја пружија оваа шанса, и се надевам дека ќе ја оправдам дадената доверба. Многу значи кога некој не гледа дали имаш врски или партиска книшка, а важно му е образованието и способноста.
    Па драги мои, нема толку често да ве дружам. Иако, сигурна сум, ќе ве читам од време на време. Кој сака, знае каде да ме најде ;)
     
    На Lilit, Mikako, Keti30 и 58 други им се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    -со среќа Annath :)

    -Нека и е со срека работата на твојата ќерка...да бидете секогаш весели и среќни виножито1.Се разнежнив од ова што го прочитав :*
     
    На Annath и vinozito1 им се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Благодарам Westlife за искрените пожелби :)
    Инаку тортата многу примамливо изгледа онака рано на сабајле ;) А како шо сум си стрвла..
    Имај пријатен ден,и само убави моменти! :*
     
    На Westlife и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Добредојде за црвената тетка и овој месец... :bow:
    Во наредните 5 дена нема возење на црвено. :!: :$ :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=jVO8sUrs-Pw

    Отидов да си дремнам ...
     
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Татко ми е сеуште нервозен затоа што не победи Македонија вчера. Јас го гледав натпреверот кај братучед ми, но можам да замислам што се случувало вчера кај нас.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    9.188
    Пол:
    Женски
    Сакам ваква да ми е љубовта :l: :l: :l:

    [​IMG]
     
    На kravce, Marjan007, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.487
    Допаѓања:
    183.846
    Пол:
    Женски
    Ја на пример...уште не добив! :doh:
    Ова пмс-ов си игра танго на моиве и не толку јаки живци ]:)

    Не знам дали Вие сте приметиле, ама на Сител 3, мењавајќи по тв каналите а стигнам до него е све еден ист филм The Jackal. Ок е филмот, се додека не го изглеаш поише од 857495867 пати. Почнав во сон да си ги зборам репликите. Знам да го изрецитирам цел на памет, дури можам и као мјузикал да го изведам, жими мајка ми! :)
    Го претераа веќе.
     
  13. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Мир. Денес мир.

    Се израдував на една прекрасна понуда, работа ама повеќе задоволство. Убаво, најубаво е кога некој ти го цени трудот, ти дава простор да се изразиш, те мотивира и благо те поттурнува да одиш напред. Ептен, ептен се израдував.

    Спротивно, вчера ми беше еден од најлошите денови. Со здравјето, лом. Не е дека е нешто што не се средува, него е нешто што ќе ме прати цел живот. Но колку побрзо се соочуваме со работите, толку сме поспособни подобро да ги решиме. Истражувам и споредувам, за да знам. А не за да се тресам на се. Знаењето секогаш е сила, и покрај лошиот образовен систем кај нас.

    И така, имам благо предчувство дека некој работи си доаѓаат на место. Подобро нешто. Барем нешто, кога веќе во толку ситуации сме статус кво.

    И секако среќен роденден Фреди!
     
    На zarah, Shelea, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Иииииииииии гром од ведро небо!
    Тест математика(полиноми,мономи,степени,геометрија,податоци...).
    10 задачи за 20 минути.Ај да ве видам.
    Ваљда ќе извадам едно двојче и ќе ми даде после да одговарам,пошто математика никад слаба страна не ми била.
    Иначе општо добро,денес пак се шлаев после школо,и сега си дојдов.Утре само 4 часа,па после другарка на кафе и вечер искачање.
    Како и да е,математикава ме секира,ама пројде више,џабе.
    Имајте си вие убав ден.
    Ве гушка Свит. :hug:
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.850
    Допаѓања:
    101.576
    Пол:
    Женски
    Живот...
    во принцип животот и е едно големо паѓање.И тогаш во текот на тој пад се фаќаме за некои гранки,или гранчиња,висиме на нив и убаво ни е,и забораваме дека всушност паѓаме.Гранката секако попушта и пак фијууу,до следната гранка.Па тогаш можеби и срушуваме некое гнездо,по пат.Па некој го турне нашето гнездо.
    И тогаш се загледаме во лицата на луѓето со кои паѓаме,и гледаме дека некој и се смешка.И не зарази со таа смеа.Па не зарази со живот.Па не зарази со убедувањето дека паѓаме нагоре.И тогаш паѓаме нагоре и се добро.
    И јас паѓам нагоре.
     
    На kravce, Agawa, Shelea и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Повеќе ја сакам Англија, ама американскиот начин на живот :inlove: го обожавам ! Најголема желба ми е да го искусам тој начин на живот, макар на неколку месеци, AND I WILL, I HOPE.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Бидејќи е заклучена темата СДП, па овде ќе си го поставам прашањето :!:

    Слушнав дека следниот петок е неработен ден, ама која ли е причината да биде неработен ден????? :?: :?: :?:
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Не е петок неработен,понеделник е, а петок е некој еврејски празник, сега прочитав на календаров.

    СДК ...
    Можно е јас да имам скоро 20 години а никогаш не сум прашала(или жалела) за тоа дали сум бремена, а кога ќе отворам профили од девојЧИЊА што прашуваат такво нешто имаат само 16 години? Можно е? :fubar:
    Па јас на 16 години водев ЖИВОТ, а вие водите СЕКС!
    Епа ај ЧАО
     
    На kravce, Divinebutterfly, WarriorAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Со текот на годините, се повеќе ми се намалува прагот на толеранција.

    Мислиш ќе пораснат.
    Исти се, биле и ќе бидат.
    Пробувам да не обрнувам внимание на тие ваши погледи кои ги праќате полни со омаловажување кон обичните смртници, пробувам да ја игнорирам таа ваша потреба да ве знаат низ големиов ни град, пробувам да ја игнорирам вашата игнорантност, неинформираност, лицемерие и површност.
    Пробувам, ама се помалку ми оди.

    Искрено? Ми се лоши од вас, ми се повраќа. Од тие ваши лажни пријателства, потребата за пари и моќ и пријатели кои тоа го поседуваат. Ми го стискате желудников кога гледам како си лижете газ едни со други, а во прв момент би им забиле нож во грб.

    Не можам да научам да ве игнорирам. Ми смета. Имам само една личност на која знам дека може да и верувам, и боже, ако ми ја чепнете неа, со заби ќе ве раскинам. :devil:

    Многу влијаат другите околу мене, нивната енергија.
    Ми го уништивте денов.
    Tо ест, не. Нема ништо што не може да се поправи со малку чоколадна торта и многу џез.

    Амин.
     
    На zarah, Sara123, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.