[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Добар ден луѓенца мили! :* :rofl:
    Иако вчера се разбудив тажна, нервозна, без никаква мотивација и воља за живот, а и цел ден ми беше таков, денес сум како нова. :)
    Се разбудив сама, без аларм и сосема наспана во 08:30. Среќна, мотивирана, со воља за напред и наспана. Се надевам дека таков ќе ми биде и остатокот од денот. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На LittlePinky и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Уште денес одлучи татко ми да останеме да ја гледаме со Летонија, па утре да се вратиме во Скопје. Ме извади мајка ми од школо и денес и утре, ама од среда почнуваат стари маќи! ;( Ајде сега мора да одиме во фан зоната, а вие останете поздравени! :)
     
  3. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Се разбудив полна со желба за гушкање. Се чувствувам убаво, бидејќи малите нешта го прават животот посебен.Сакам ова убаво расположение да биде покрај мене секогаш.
    Ви посакувам убав ден феминки мои :*
     
  4. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Сдк:еве го мојот омилен кошаркар :P :P
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, jjoovvaannaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... добар изглед, памет и став плус сопствена слобода, денес е веројатно отров за околина ... :| !? :^)
     
    На Someonespecial, Lemonade, Dog-lover и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    СДК многу чуден ден, ова кошаркава здравјето ми го зема... Многу повеќе влијае на мене отколку што мислев. Ама не можам бре луѓе да се правам дека ништо не се случува и да се тешам дека европско има пак за две години. Сакам победа, сакам да се раскокаме сите, на плоштад да навиваме, а не вака... сите сме down.

    Друго што сакав да си се пожалам, дечко ми ми фали. Отиде еден ден на планина и како 15 дена да го нема. Не знам што промаја го има фатено во последно време ама знам дека почна нешто многу здрав и смирен живот да ми води. Сега отиде на планина, малце да се опуштел и чист воздух да дишел |( , а за друг викенд резервирал риболов.
    Стварно што му е на дечково? Уште повеќе си се чудам вака сега, некоја брачна мирна еуфорија го има фатено или па одлучил пензионерски живот да води. Ќе да е првото зашто на работа сите колеги му се тазе женети и му вршат индиректен притисок :lol: , а со пензионери нема нешто многу контакт колку што знам :?: . Како и да е нека се враќа што побрзо да не почне многу да се навикнува на планинскиот воздух, па да почне и во глава многу да го удира, може почнало кога ќе размислам подобро, следна авантура ќе ни била спиење во шатор, погодувате.. мммм, да, на планина. :tmi:

    И така, јас деновиве јадам како да ќе е крај на светот, господе боже како храна да ќе снема. Во ПМС сум, затоа. :worried:

    ПС. Ќе почне кошаркава за едно 20тина минути ама искрено не ми се ни гледа, се плашам дека повторно ќе се разочараме. Ама ај да не зборам многу може и ќе се радуваме, штознам...
     
  7. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    И што ке добиеш од тоа?
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.361
    Се будам,го барам до мене-го нема.Само една перница.Ја нема неговата.
    Го нема она гушкање сабајлечки,бакнежи и милувања,телото да ти трепери од убавина.Незнам зошто,но не ми беше вака претходната година кога се вративме од одмор.Ми фалеше и тогаш,но не како сега.Овојпат е поинаку.Посилно е.Ми недостасува.
    Ќе ми треба време да се адаптирам.

    Уште еден убав одмор.Сонце,плажа,море,јас и тој.Што друго да посакам?
    Деновите исполнети до максимум.Смеење во високи количини.Како никогаш до сега.Нема време за сериозни разговори,и за разјаснување дилеми.А можеби и подобро што немаше.
    Едниот прави доручек,другиот го спрема кафето.А бре организација на ниво :wasntme:
    Ќе не биде :rock:

    Направивме и добар шопинг.
    Колку убаво му стојат шорцевите...ах повторно се заљубив.Фраер низаеден. 8)

    Додека бевме таму,стигна до мене убава вест.Распоредот за факултет ми е супер.Релаксирачки и лабав.Со слободни денови и малку време поминато на факултет.Ајде уште една година и тоЉку.

    И така.
    Уште неколку дена и ќе стигне 15ти Септември.
    Имам енергија за новите предизвици,и сила за уште 9 нови оценки во индексот.

    Имајте убав остаток од денот.
    А да,и стационирајте се пред телевизор за да ги бодриме нашите кошаркари. :)
     
    На Sara123, Someonespecial, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Убаво расположение, среќни лица, насмеани, радосни, не знам што друго би требало да се добие? Мене тоа ми е доволно, прво зашто ја сакам премногу кошарката, омилен спорт ми е, а второ си ја сакам и земјата во која живеам и убаво ми е на душата кога знам дека сме постигнале нешто како што беше пред две години. :)

    Е добро, нема пари за нас нели? Ако на тоа алудираше ете ама мене лично животот не ми се врти околу пари. А не сум некоја размазена богаташка па да мислиш дека затоа вака размислувам. :)
     
  10. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Првото ајде некако поминува.
    Ама второво.Каква врска има бре спортот со Македонија? Не мешајте баби и жаби..
    Ама на кој му зборам јас,на ѕидот изгледа..
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А зошто да нема поврзаност помеѓу спортот и Македонија? Што сме ние физички подоле од другите земји? Што, две леви нозе да не имаме? И кај нас има таленти и кај нас може да се постигне успех, всушност ете тоа го докажавме пред две години. Проблемот не е талентот, проблемот е вложувањето во таквите млади луѓе. Што мислам дека со тек на време се подобрува и тоа. Така што не сакам да имам вакви мисли воопшто, многу работи сами си ги правиме. :)
     
  12. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Кје победиме,осејкам :* :D :inlove: :rofl:
     
  13. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Очигледно не ме сфакаш.
    Не Македонија не е подолу,туку вие,Македонците што се замарате со вакви сра*а.И го губите животот за ништо...Абре краток е животот,моментите поминете ги поквалитетно...
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам со ова што сакаш да кажеш, а воедно и да постигнеш, ама навистина. :?: Секој како сака си го живее животот, секој на што сака ќе си се радува и тагува. Мене еве ти не си ми јасна со ваквото размислување, искрено без навреда, извини ама ми изгледаш на многу огорчена личност според ваквите постови. Ама тоа е твој живот, јас не ти наметнувам ништо, ниту пак ти судам. Не знам зошто толку ти боде во очи ако некој пише дека се радува на, еве конкретно кошаркава? :^)
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Добро, ако не добиваме ништо од тоа не треба да го правиме?
    Ако гледаме така во животов треба само да јадеме, спиеме и работиме, само од тоа ќе добиеме нешто, се друго е напразно?
    Зошто сум на форумов, и јас, и ти и илјадници други? Што добиваш ти од тоа? Ништо, а сепак го правиш.
    Аман веќе од ова негативен став за се и сешто.
     
    На Dog-lover, Annath, prettyliar и 3 други им се допаѓа ова.
  16. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    1. Не сакам ништо да постигнам.
    2. Нема врска дали сум јасна или не.
    3. Не ми боде во очи.
    4. Не сум огорчена личност,туку искрена.
    5. Едноставно,кратко и јасно.Во животот има мн поважни работи,а не се знае утре дали ке бидеме живи,затоа не треба да се троши залудно времето за рабоите кои вие мислите дека се добри.
    Од мене толку..
     
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Животот ме е*ееееее... Зашто си бе животе ваков,зашто?! Многу сурово,болно,со нервози и солзи,зарем заслужувам јас вака? Нели сум само јас човечко суштество на кое му треба да си ја одмори главата? Па и машина да беше од волку нервози одамна ке цркнеше а не пак јас.. и на крај кога се е супер и кога јас сум уште нервозна и се дерам без потреба што ми е тогаш?! Па најверојатно живците ми се попуштени од нервози!!! :@ ;(
     
    На Inna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Во последнава недела немам многу време за на фемина. Порано бев поактивна, сега не толку. Почна учебната година и морам да мислам на учење. Доста беше на компјутер седење :lol:. Штом имам време, убавезно се пуштам да видам што има ново на фемина. :)

    Како и да е, се надевам дека нема и овој пат да загубиме во кошарка. Се надевам...
     
  19. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9

    Мила,џабе се нервираш..Обиде се да решиш,ама смирено..Верувај подобро ке ти биде..
     
  20. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300

    Пробав се,ама џабе,викаат за се имало решение освен за смртта,ама решението за овој проблем е едно а јас несакам така да заврши оваа ситуација.. Само нервози и стресови аман,каде ми е мене крајот? Многу лошо се чувствувам,МНОГУ!!! ;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.